Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    5.535
    Сакам да кажам...

    I'm baaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaack :)
    Ахххх, викендов беше лудило. Почна прекрасно али заврши трагично. Незнам до каде ќе се одвива се - ама се надевам во добра насока. И секако роденденот ми е за 8 денаааа :))
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Од возбуда ја утнав и темата .
    -
    Капата на криво , ме боли цеф .
    А зошто ? Зошто Бичд и Ице мразат кучки.
    Мир.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Гледајќи ја рекламата на Би милк, решив!
    И јас сакам да бидам кравичка 8) !
    Барајќи сликичка за кравичка, сфатив !
    И животот на кравичките не ти бил едноставен :wasntme: !
    Но, :smoke: како и да е, бар сите ќе ме мазат, пазат, галат, чешкаат, а да и ќе си имам убаво именце, бидејќи кравичките на Би Милк се среќни кравички.
    А, после ќе му ја мислам, ако присакам нешто друго да си станам .
     

    Прикачени фајлови:

    На la-chicka, LivingGlam, macence85 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Фудбал ооооо фудбал!!! |(

    Најважната споредна работа во светот!
    Барса и Реал, Реал и Барса, боли ме к*рац, ама баш!
    Неможам да се преправам, да глумам дека ме интересира, што е случајот со 80% од жените што ги познавам. Можам само да гледам заради јаките момци, ама ни тоа не ми е доволен мотив да изгубам 2 саата гледајќи во бело лоптиче што се тркала во трева.
    I just don't get it. :shake:

    И може не ви се допаѓа како размислувам, ама за мене е апсурд колку време и пари се вложуваат во нешто вакво.
     
    На la-chicka, caroline.costa, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    На The.Rainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ми е преку глава од глупави и празни муабети.Сакам малку повеќе забава. Мај е бе луѓе. Најубавиот месец во годината а вие на кафе ме викате.А за што да оговараме ко немажени тетки од село. Жити малдината наша :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Сакам да кажам...

    Мислам дека Ј-lo зела погрешен маж баш убаво си одговаарт со Леви ;) :rofl: :rofl:
    За спот4ево немам коментар :x :x
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    720
    Сакам да кажам...

    Само што се утепав од пцуење една познаничка, која го опсипа фејсбук со „поттикнувачки“ коментари за Барса, уште изнапишала триста имиња на фудбалери, судии... мислам ало девојко! Претеризам. Јадни се. Тотално глумење на лудило. Од мене си доби блок - не дека значи нешто ама полесно се осеќам. :lol:
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Доста ми е од Вана би модел девојки во Скопјево!
    Каков е тој модел со криви нозе ,гз до колена?!
    A интелегенцијата им е на виско ниво и е јааако забележлива :!: ....
    Барем ако се суди по целулитот како IQ мерило :smirk:
    :puke:
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    Хороскоп за овен

    По 16 мај ќе започнете да гледате на љубовта многу посериозно. Ќе ве привлекуваат партнери од „домаќински“ тип, кои со гордост ќе можете да ги претставите пред вашите родители. Мажите тип „плејбој“ ќе ги игнорирате. Ако сте во врска, во овој период напати може да имате разговори за пари со вашиот партнер.

    хахаххахахахахахахахахах :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: никогааааааааааааааааш!
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Да се запознаеме хејтери. Јас сум антихејтер кога е во прашање нечиј сопствен успех,кој не му штети на мојот лик и дело.
    Сакам да кажам дека не е ни малку kewl, тоа што пред компјутер се правите ебачи.
    Сакам да прашам што имате вие драги мои постигнато во животот?

    Ете толку од моето сакам да кажам.
    Овој е пост испровоциран од феноменот наречен "хејтам на успех бесплатно"
    Некој друг ден со поголема креативност и без пред мене да се наоѓа домашната студена штрудла од јаболка,ќе пишам нешто поопширно за ваквиот хејтеризам.
    Исто и за Friday.
    WOW песната е ГЛУПА!
    Да,можеби е. Не ме привлекла и за чудо не сум отворила јутјуб за да ја слушнам.. зошто НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА,па зошто да ја серам.
    Поздрав HCMC, од твоето Hard Core ни H немаш!
     
    На la-chicka, beached и Lilit им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Сакам да кажам...

    Многу се лаже оној кој мисли дека може да живее без луѓе,а уште повеќе се лаже оној кој мисли дека луѓето не можат да живеат без него.
     
    На Johny, Go-Girl, Phyramide и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Се чуствувам моќно - научив историја за утре 8)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.864
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Миссче, само ќе те потсетам на групата на фејсбук на која наидов поодамна - Цел град билдери и манекенки се напрај! - воедно ќе се надоврзам - какви се тие манекенки (ваљда некоја нова генерација) со висина од метар и шумска јаготка !? Абе ај 1.68, 1.70 се џвака некако и може да пројде, ами оние од по 1.50 кои се ''наденале'' на штикла 15ка,20ка, 100ка.. и се замислуваат дека се божици и демек го вртат светот, ова де, градот... ма од вас само нагон на повраќање може да добие човек ! :puke:
     
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    сдк дека ја направив најголемата глупост. потклекнав и му се јавив за да се видиме :( , за на крај пак да сум јас таа облеана во солзи ;( . Се мразам себе си :@ :@ :@
     
  16. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    БОЖЕ МОЈ!!! Јас не знам што е со машкиве по светов ама јас сум извадена од памет у моментов!!! Има еден дечко овде од босна, негде околу 28 години, дојден службено исто како мене и сме сместени на исто место. Вчера и завчера задно со група други колеги имавме тури низ франкфурт и се шетавме што му се причинило како прилика да ми се пушта..Нешто што, јас, како веројатно изузетно тапо створење - не го приметив додека не ми се јави во соба синоќа... Тогаш како уште поглупо створење, бев фина и му правев муабет при што му дадов до знаење дека имам дечко и не сум заинтересирана...
    Утрово, за време на кафе паузата од состаноците ми оставил чоколатце со порака- Овај слаткиш би можел да поједе само неко сладак као ти... На овој гест, не реагирав никако БИДЕЈЌИ не сум заинтересирана и го сметам за дрзок откако синоќа изгубив добар пола саат објаснувајќи како имам дечко, со насмевка и милозвучен глас како факинг учителка у градинка... Подоцна во денот, ме викна да ми покаже нешто во музејот каде што не носеа и ме праша зошто сум ЛУТА... |( Реков не сум. БИДЕЈЌИ НЕ СУМ ЛУТА АКО СУМ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНА...за на крајот... да се приберам во соба вечерва... И пак да ми се јави. Овојпат со воведна реченица - зошто си ми лута? - објаснив, по 100 пат дека не сум, и дека сум нормална како секој друг ден и како со сите други колеги :devil: На ова он ми рече...добро можеби не ти бил денот... Јас повторно објаснив дека денот ми е тотално ок, и дека се понашав сасвим нормално КАКО И СО СИТЕ други..На што он така СЕ НАЉУТИ и ми рече добро нема да ти сметам извини ако направив нешто лошо...Реко нема потрба од извинување... Нр глрдам како сум му оставила таков впечаток..на што добив некој ПОВРЕДЕН тон на глас и фраза НЕМА ПОТРЕБА ДА МИ ОБЈАСНУВАШ...Со спуштање на слушалка. МИСЛАМ ДЕКА Е ТОТАЛЕН ФРИК И СЕДАМ ЗАКЛУЧЕНА ВО СОБА...ОПРЕПЛАШЕНА И ФАКИНГ САМА!!! :| :| :|
    Не знам што да правам сега....
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Не би јас да изигрувам Ками,ама не знам дали поапсурдно е да ја сфатиш бесмисленоста на животот и да продолжиш со сознанието или да не го сфатиш ова и мислиш дека си дел од нешто битно,посебна коцка на некој посебен мозаик.Јас и не се распоредувам во категорииве-мислам дека не е доволно да продуцирам идејни решенија ако немам услови за реализација.Човекот и онака е усложнет примат или еволуирана коацерватна капка,ама со вечен нагон да трупа искуства,да изживее цел распон на емоции.Мислев дека ултимативната среќа е да бидеш сакан-искрено,безрезервно,безусловно.Сега и во тоа не сум сигурна.Може поради овој став и си се автосаботирам,може многу сламки му пукнале во рака,може ова е само бесмислено трагање по смисла.Сите грди чувства и мисли се еднакво застапени како и љубовта иако не се пријатни,заради рамнотежа.
    Туку ноќ е,сите што мижат не значи дека спијат.А патот до рајот или пеколот се наоѓа и со затворени очи.
    Немаше потреба од тешки предполноќни филозофии ама ај,трпи подлогава.
    На молитвите кои не се изговаарат гласно никој не им вели „Амин„ некогаш треба да излезе нештото на светлината на денот или светлечките тела од ноќта.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.444
    Допаѓања:
    143.627
    Сакам да кажам...

    Којзнае што сакав да кажам кога го отворив хороскопов, а тој ми вика:
    „Ќе имате желба да се вклучите во некоја акција за помагање на развојот на општеството. Можно е да станете дел од хуманитарна организација.“ :D
    Бре, ми ја улепша вечерта, ѕвездите така ако сакаат, што се може :D

    Туку, шала, на страна, би требало да сум одморена, спијам редовно, се правам редовно, а се чувствувам како да сум прекопала 2 хектари (до душа не знам како изгледаат ни копање, ни 2 хектари, ама некако страшно ми звучеше :D ).

    Новостекнатите 3 кила, фризурата упропастена при минатото шишање после кое не собрав храброст ни да поминам покрај фризерница, а камо ли да влезам внатре, испуканиот капилар во окото, бубуљицата која ми е задолжителен декор во ПМС, и најмногу од се - самиот ПМС страшно ми влијаат на опаѓање на расположението и губење на самодовербата. А тоа не би требало да и се случи на една 30-годишна жена!
    И ај да не глумам лудило, знам дека ме тишти тоа што куферот ќе ми биде 3 недели во сред соба затоа што нема да има потреба да го соберам. А уште повеќе тоа што во последно време баш и немам поддршка. А за тоа сама сум си крива. И сама треба да си го решам.

    Се утепав од пишување, а ништо не кажав - очигледно немам што паметно да кажам, и затоа сега ќе си легнам. Немој утре уште подочњаци да имам, одма ќе ме мавне депресија :D
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    „Never forget yesterday,
    But always live for today…
    cause you never know what tomorrow can bring,
    Or what it can take away…“
     
    На baguf4e, senza.parole, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк е толку бидна што бидна и ја оплескав работата ...(шљапппп една силна воспитна за мене) <--- ќе се најде некој да ми шљакне или сама јас :?: :bow:

    Секако само јас можам да оплескам арно викаат по играчка иде плачка....Само во мој случај по зезање иде губење блискост :worried:

    Погоден ми е хороскопот денес аххх глуп близнак
    Туку ајде утрото е попаметно од вечерта идам на мачење и гмечење на перницата :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.