Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Arhangel-maniac

    Arhangel-maniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    СДК - Обично ретко сонувам ама вчера го сонував Иван од Идол :tmi: Ептен манијачки ми изгледаше самиов случај.. Како опседнато тинејџерче :lol: Тинејџерче сум, ама опседнато не сум :shake:
    ваљда :think:
    Можеби дека во понеделник ми ја пее омилената песна од Пере :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=hng4V2XnhNw
     
  2. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Сакам да кажам...

    Го пишувам ова овде затоа што после се поминато, незаслужено останав сам, а душата сама со себе не се празни, колку и да сакаш, колку и да се трудиш гневот насобран од секојдневието не ти дозволува, бара начин да излезе и да се искаже, за да и олесни на душата, да и дозволи повторно да биде лесна и чиста, како некогаш порано, да си најде мир и да може повторно да се раздава на секого, на тој на кого што му треба помош, на тој на кого што му треба утеха, за да некој нареден ден повторно биде преполна и сама и да не неможе повторно на никого да се искаже, да се пожали, затоа ова го пишувам овде, не го пишувам ЈАС, го пишува мојата душа која секогаш беше спремна да помогне, да утеши, да се најде на секој бездушник, и све тоа повторно ќе го прави, без разлика дали некој ќе и се заблагодари или едноставно некогаш ќе и биде благодарен за тоа што го направила за него; но во моментов таа душа е уништена, ранета, згазена, искористена и крвари, крвари додека не и зараснат раните за да повторно го помине истото, незаслужено но реално затоа што е искрена, затоа што нејзе не и е местото во овој реален свет, не и е местото во ова себично секојдневие, каде што треба само да се дава самата себе за сешто и за секој до изнемоштеност, во овој свет на лажни морални вредности, во овој свет каде што се вреднува само површинското и светкавото, на неа и е место каде што ќе биде среќна и слободна, каде што ќе може да најде барем на момент утеха и мир, каде што ќе биде барем на момент ценета, за целото нејзино несебично давање, за тоа што го преставува, каде што ќе и се врати со љубов, со нежност, со топлина, нешта кои и требаат, нешта кои и значат, но тоа во овој "реален" свет го нема, ја нема љубовта, ја нема нежноста, ја нема таа душевна топлина, има само бездушници, стрвници, сивило и бескрајна празнина која ја јаде секоја таква душа; затоа на душата и останува само да заздрави за да може повторно да се раздава додека не ја покрие целосно мракот и не ја однесе на некое многу поубаво место од тоа во кое се наоѓа во моментов. Исповед на една душа
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    Сакам свашта да изнакажам ама неможам никако да почнам... Се ми е испомешано и... :@ :@ :@
     
  4. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека од утре сум на диета и почнувам озбилно да вежбаммм :$
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
  6. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека лошите луѓе се претежно несреќни луѓе. Нивната лошотија (да не речам злобност) и спремност да ги повредуваат другите луѓе доаѓа од нивната внатрешна несреќа.

    Овие луѓе се нашите повредувачи и лажачи, кои во суштина се срамат од самите себе пред нас, ама пустите никако да признаат, па трескаат разни глупости трудејќи се или да се претстават еднакво добри и паметни како нас, или пак дури и над нас. Нивната желба да се (из)мерат со другите доаѓа од нивната внатрешна несигурност и упорна желба за признание. Бараат други, кои ќе им кажат колку се вредни и успешни, наместо сами себеси да си се позиционираат во општеството и никому ништо. Но, не...Тие упорно ни се наметнуваат и претставуваат како големи луѓе, и тоа самите си кажуваат и си се фалат.

    Најчесто сакаат да се претстават како добри професионалци, но и како добри, хумани луѓе, иако не се ни едното ни другото во суштина. Некои од нив се сепак добри професионалци, но тоа не ги прави по автоматизам и добри луѓе во меѓучовечките односи. Може некој да е професионално доктор на науки, министер, директор (на некоји си к***ц), шеф, проект менаџер, или кој знае што, а како човек да е морално ѓубре по карактер. Во тој случај овие луѓе се трудат својот професионален и институционален идентитет и стаус (многу често по партска линија добиен или уште од комунизмот од југославија да им е), да ни го продадат како свој личен човечки идентитет. Демек, високата бизнис, политичка, институционлана и не знам каква позиција, ги прави исто толку и добри луѓе по карактер. Се трудат и во слободното време и во слободните и секојдневни приватни односи, да го истакнат својот професионален и инстутуционален статус ... мале, мале... Тоа што ти упаѓаат во збор, што не знаат да слушаат, што не знаат добар ден да кажат кога влегуваат во затворена просторија, што не покажуваат никаков интерес за нас обичните т.е. другите луѓе, тоа за нив не е проблем. За ова, тие или не се свесни, или пак свесно се влезени во филм на себе-издигнување пред другите. Повторувам, нивната логика е замена на тези - јас сум добар професионалец и експерт, и тоа автоматски ме прави добар човек. Но, зошто тогаш упорно се фалат, бараат восхит од нас обичните и сакаат од нас признание дека се добри, ем како луѓе, ем како експерти. Тука ги препознавам и тогаш почувам да ги жалам и сфаќам дека се внатрешно несреќни.

    Вистински среќен човек не лаже и не поврдува други луѓе. И не премолчува и не чува некоја наша слабост како тајно оружје или вечна закана. Ќе ти каже тоа што има да ти каже и ќе те остави на мира. Секогаш, и професионално и приватно, ќе те третира како еднакво вреден на себе, (без разлика на неговиот и твојот професионален и институционален статус), и ако може ќе проба од тебе да направи уште посреќна и поразвиена личност. Но, најчесто и нема да проба. Ќе ужива со тебе таков/таква како што си. Ќе ти каже еднаш, и само еднаш, искрено и добронамерно ако увиди нешто лошо кај тебе и ќе заврши во стилот на турските серии - „ти си знаеш“. И толку. И никогаш нема свесно, самобендисано и злонамерно да ти се фали, и да очекува од тебе пофалба и признание. Ќе сака својот успех да го сподели со тебе, како што ќе ја сподели и својата мака, но нема да биде упорен и досаден и во едниот и во другиот случај. Среќниот човек дефинитивно ќе не' усреќи. Со своето присуство, со своите зборови, со својата блага ненаметлива насмевка дадена без причина. И нема да бара ништо, ама баш ништо, за возврат. Среќниот човек сака среќни луѓе околу себе. Но, нема да влезе во невозможната мисија за промена на светот и менување на лошите и несреќни луѓе. Едноставно, ќе си замине од нив, што подалеку, бидејќи тие му ја одземаат енергијата, го растреперуваат, го ужаснуваат, го плашат, го обезличуваат и не му даваат да биде тоа што е.

    Ете тоа сакав да кажам. Инспирација ми беа овие минати три дена, поминати со среќни луѓе, кои ја видоа во мене и мојата среќа. Не ни верував дека до толку ќе се препознаеме по среќата :D
     
    На Elenuskaa, Gea, Monroe и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК, дај ми 25 часа на ден, и ПАК ќе ми се малку!!!
    Во моменти како овој, посакувам да пиев кафе... :tmi: :lol:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Сакам да кажам...

    СДК, ми се спие,ама телово како да не ги прима сигналите од мозокот да станам и да си легнам,веќе пола саат се убедуваме :yawn: |-)
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Сакам да кажам...

    СДК пиј си каВе, пиј си тутун, азното само ќе си дојде :D А јас би го кажала во моја верзија... Ксни си чоколатце, најади се мрснотии и безгрижно легни си 8) Убавини :mm:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Сакам да кажам...

    Твоето се вели,целулитчето ќе ти дојде! :lol:
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Трудна жена, не е препорачливо да седе на Фемина (после полноќ) :x .
    :pizza: :beer: :pizza: ....
    ... И јас, во пмс |(
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Утре одам Битола. Ако има некоја што сака да ме прими да ја поминам ноќта, нека ми пиши. :lol:

    Него, одам да си го гушнам креветчето и да се пикнам помеѓу ќебе и јорган.
    Аман, мислиш Февруари сме. |(
    А баш си сакав да си патувам со маиче со куси ракавчиња, и така разголено... а не да се мрзниш по патиштана. |( Али тоа е, барем вреди, има зошто да одам. 8) Љубим веее...
     
  13. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Сакам да кажам...

    Нов работен ден со нови сили, а после залужен викенд за релаксација :)
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    СДиК на тие што ги користат 4 и 6 во зборовите да не го прават тоа повеќе, глупаво изгледа!
     
    На la-chicka и Nightwalker им се допаѓа ова.
  15. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    А, ти благодарам од сега ќе престанам. По ѓаволите, пак имево не можам да си го сменам :). Поздрав до тебе и не се вознемирувај со околината. :) Кажи 6то има6 да каже6 друго занимливо. Денот како ти поминува?!? Петок е ама еве јас би сакала да е 4етврток. :wasntme:
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Си го кажав јас своето.
    Поздрав огроомен и до тебе. ;)
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Утринава сум ко девојчуле со прстето пикнато во уста и со очиња кои гледаат во горното, лево ќоше, wondering...ија, пајажина! :^)
    Не разбирам многу работи и се чудам.
    Не разбирам безобзирни и безобразни луѓе.
    Не разбирам невоспитани луѓе - добро со што ве ранеле кога сте биле мали? Кој ви го труел воздухот?
    Не разбирам некултурни луѓе.
    Не разбирам крајно его-све луѓе, јас, јас па јас. А ти? Ама чекај ЈАС да ти кажам.
    Не разбирам луѓе полни со омраза, гнев, и крајно иритирачки мрчаторски став. И си мрчи. Онака ко добар јутар и добар ден. Си мрчи ли мрчи и упорно троши енергија на такви глупави тривијалности, што си велам, да ја искористеше и пренасочеше енергијава у нешто пополезно за себеси, ќе беше милионер досега. Ама, полесно е да се мрчи и да се јадат гомца за нешто што му е познато како тоа дали врбата ќе роди грозје.

    Си седам и едноставно се чудам, и се прашувам, луѓе бе, што ви е побогу?! Или е до комбинацијата на гените или е само до гените. Или место јогурт ви давале за доручек нешто друго. Или сум јас последното смотле на планетава земја кое не разбира дека ОВА е во суштина стандардот а се друго е нешто hors de realite.

    И не разбирам како имам сили за викендов. Значи таква некоја еуфорија ме има обземено уште од вчерашниот ден што ми иде да си го грицнам газево од убавини. Знаете, она, кога ќе ве обземе некое интензивно чуство на среќа без причина и после ќе ви се случи нешто убаво и си велите - аха, ете зошто. Ете така некако.
    А викендов сум можеби со причина расположена. Двајца високи и згодни примероци од Прага ми доаѓаат на гости, а јас ќе бидам фуфа во друштво на мажи батка и ич нејќе да ми чуе! Биќе фино и интересно, коктелче ваму, коктелче онаму.
    Импонира бе кога се дружиш со убави луѓе, импонира. Убави во целост, да не звучам површно и просто. Беверли Хилс, грицни ми од малото прсте на левото ноџе, јас викендов сум O.C. California :emo:

    А вие бидете Melrose Place, малку рамнотежа нека има, и бидете ми sexy, crazy, smartass, funny and beautiful mamasitas ;)
     
    На Go-Girl, zhap4e, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК утрово ми е исполенто со галвоболка и чудење аман колку сум се здебелила. Обем на стомаков огромен, и виси слаце. Од надвор слушам камиони и дерење истураат некои камења мислам дека кога секој камен ќе падне главоболкава за еден степен поголема ми е. Ух ми иде да одам да им го плеснам секој камен од глава. Ова е вака веќе 4-5 дена. :doh:

    Аууу. Се чудам на мојата неорганизираност толку сум станала хаос. Се чудам како да си решам многу проблеми. Правев cv и изгубив добри 2 часа, ма и повеќе. Сега си викам еве ќе завршам мастер тука и ќе најдам ли подообра работа во Македонијава, тоа ми е всушност и целта?! Леле леле толку многу прашања а одговори нема док не пробаш. Се надевам дека нема да одам пак на 15-6 интервјуа да ми нудат да идам да делам фалери и да нудам производи од врата на врата. Па чекај малку за што завршив фак.? А државата не може да ти овозможи ни една пристојна работа. Потполно разочарување.

    Денов ќе пробам да го организирам и ќе поработам на случајот слабеење. :nod:
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Сетилата за мирис утрово ми се интензивираа...
    Во кујна се пече леб, тато пие кафе во дневна, има свеж магдонос оставен на плотната и засечкан - мајка ми ќе прави сос од морски плодови....
    И згора на тоа, на пулсните точки, мирис на Jill Sander, Summer, и неговиот микс, од цигара, вино, омекнувач и љубов.
    Ме заплискуваат чудни емоции, измешано ми е во главата, во срцето. Го гледавме Панкот не е мртов, и јас ем што го гледав филмот, теоретски, се случи да ми дојде солза кога Фердинанд отмено го закопаа.
    Си имам бубалки насекаде изгледа!
    Вечер сум на Стринг Форсис, ми доаѓа да пеам на глас, аурата поврзана со вечер, си ја чувствувам под прсти. Нов здив, нови веројатности, нова среќа.
    Најсреќна сум кога чоколадата од бурбон ме чека насмеана.
    И одам со кафево да водам љубов на балкон со денов.

    Поетизацијава, едноставно можеби и не е крајно потребна, но јас сум си така потребна себеси! Ух...
    Станува премногу во премалку, секоја смисла.
    Во ретроградието... Еден куп мачори, но... Ниеден со правилните чизми.

    Останете ми слатки и свои!
     
    На mims-89, Theodora, Neytiri и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.