Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК полудечу од овие книгулиња,книгишта |( ми иде да ги запалам :D :wasntme: еден куп, немам кај да ги ставам :devil: :D уште фали кај комшиите да ги распоредам :rofl: :@ оти немет место веќе :rofl:
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Слушам секси песни и читам поезија од Ј. Амихај. Просто неверојатно е како стихови од шеесетите, се толку безвремени.
    Мајка ми е настината и само нешто ми кенка. Да не бидам лоша, и направив чај и сега ми дрдори нешто во соба а јас со слушалки на уши тотално сум далеку од дома.
    Неморалист и убаво ќе си платам за тоа :devil:
    Се зезам!
    Во петок одам да снимам вокали за една груви хаус песница, којзнае на што ќе личи тоа.
    Веројатно на многу познатото чувство на адреналин и три минути трема што ми го разубавува животот.

    Сакам да кажам дека викендов ми беше толку преполн со луѓе, ситуации, динамики и енергии, што и да цркнам сега како магаре, би ми било гајле.
    Понекогаш се чудам од каде таа енергија и желба во мене, ама добро ми е.
    Премногу сум, баш, Премногу, со големо П. Во се’ што правам.
    А, господинот флертаџија, многу лесно влегува под кожа...
    Молчам, молчам, оти како што реков, да не изгорам!

    Како би си го јавнала точакот сега, уф! Ама ми врне, а баш би ми дошло фино бар саат време движење по пуст Кеј.
    СДК дека кај и да е ќе си акнам една заушка, сама на себеси. :fubar:
     
    На LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И макар што времето на принцови на бели коњи одамна заврши, или пак можеби само заглави помеѓу забите на овие модерните твенти фирст сенчири, полни ветар и магла дечки, некои девојки одбиваат да излезат од страниците на бајките и да му се нурнат на вистинскиот живот, оној со обичните ние.
    Разбирам јас, тоа, срцето не бира за кого ќе чука, но, како ли само тоа продолжува да чука за некого пред чии нозе сте клекнале илјада пати плус два пати повеќе, сте си ја продале душата, сте си ги распарале градите, само да му го подарите тоа што, секој друг би размислил два пати пред да му го фрли на кучето.
    И, доколку овој ви се насмевнал чисто од навика да ги зарадува со дупчињата на образите сите девојки, што очите му ги регистрирале по улица, ви бутнал едно шарено лижавче в устата да ви ја заблажи плунката, а пак, веднаш потоа испарил од вашиот животот, како никогаш и да не бил дел од него, само тук-таму по некој ден од месеците се појавува, колку да ви фрли по некоја коска да ви го залаже гладот за негово внимание... како тогаш вашиот мозок успева да го изманипулира времето, да го дотера часовникот на истиот ден кога последно сте коленичеле пред него, како тоа тој успева да ги прелаже вашите солзи, со привидна приказна, небаре тие никогаш ниту капнале по него, или телото, кое се виткало во агонија, паѓало во безнадежноста на самотијата... како тоа верува дека отсекогаш било страсно љубено во прегратките на оној, за чиј глас ниту вашите уши чуле, ниту вашите очи виделе, а пак усните ви се исушиле како земја в пустина.
    Затоа драга моја, доколку ти забораваш, што знам е твоја навика, јас одбивам да бидам замајана од сликите од тебе во сето тоа време, одбивам да ја премолчам твојата вистина, одбивам да ти ја хранам душата со невистина, да ти садам надеж, каква и тој ти продава, нека тој си биде твојот херој, но јас не се палам и не се гасам по американските соништа, не живеам во филм, не умеам да молчам и глумам лудило, како вие двајцата.
    Ти уживај со твоето ништо, а јас избирам да не те гледам. И не бидејќи ти завидувам на среќата, а бидејќи сакам да ти ја избегнам несреќата. Не би јас да излезам ѓаволот кој ќе ликува кога ќе те собира со лажичка од земјата. Моето го одработив за без пари. Бев верниот ваш слуга во секоја несреќа. Време е да научиш ти самата, како се станува од земјата.
     
    На teddybear, LivingGlam, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  4. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Сакам да кажам...

    СДК ова е период кој би сакала да го отспијам ама ете.... мразам вакви периоди... полагам наредниве 2 недели, се осеќам напнато и лошо, ПМС ме дрма.. се ме нервира... Ахх златен јуни нека доаѓа побрзо...
     
  5. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Сакам да кажам...

    Ахххххххххххххх божееееееееееее :@ :@ :@ :@ :@ Пред 20 минути бев среќна и насмеана а сега само што не сум почнала да вриштам на глас :yawn: Ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа!!! Значи онаа мајка ми не разбира ништо,само ми збори како сум била дебела,само ме прашува од утре на која диета ќе бидеш,денес ми вика сакаш во Силуете да ти платам!!! БОЖЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ женава е ненормална бре!!! Од таквите коментари и работи ќе умрев имав 40 кила,бев болна од анорексија одвај се оправив органите почнаа да ми откажуваат,кај треба да правам операција и само се нервирам она додатно ми ги КОРНЕ живците.КАКО НЕМОЖЕ ДА СФАТИ ДЕКА СУМ ЗАДОВОЛНА ОД ТОА КАКО ИЗГЛЕДАМ СЕГА,НЕСАКАМ МОМЕНТАЛНО ДА ДРЖАМ ДИЕТИ МИ Е СТРАВ,ТРИСТА ИНФЕКЦИИ И БАКТЕРИИ ЗАКАЧИВ ОД НАМАЛЕН ИМУНИТЕТ АМА НЕ НЕ ОНА НЕ РАЗБИРА ТРЕБАЛО ДА СЕ СЛАБЕЕ КОЈ ЌЕ МЕ САКАЛ ВАКВА :@ :@ :@ Имам дечко кој ме запозна во ваква состојба и знае се за мене не кријам ништо од него и ме сака баш ваква каква што сум.Сега ми е важно да оздравам а не да држам диети...НЕНОРМАЛНА ЖЕНА!!! 200000000000000000 илјади пати и повторив и не сфаќа леле сега пак да плачам,неможам да се смирам неколку дена од се што ми се собира и уште ова ми фали на глава да ме растажува.А така бев среќна леле па :@
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Уф, кој викенд! Уф, колку доживувања! За 3 дена! Кога стигна да се случи сево ова?! Некогаш со месеци не се случува ништо а некогаш ќе ви се падне паричката и ќе си испуштите една воздишка само - УФ!

    Никогаш не сум го сфатила делот - не ми се излегува на мене. Стара сум веќе. Јас сум го поминала тоа време. Како успеваш живти се? Од кај имаш сила и енергија? Јас сум веќе во години (30 :^) ), не ми личи. И пак ќе направам :^)
    Епа од газево ја вадам. И оп, одеднаш доаѓа сабота, и ги вадам една по една надвор, на искачање, ко цврсто влакно со пинцета, внимателно и полека, и за саат време ги гледам раце горе, насмевка на лицу, штикли во вис, враќање дома во 6 сабајле, и буб на чело со едно - благодариме.
    Молам девојки и момци, драго ми е и огромна чест што ве влечам понекогаш од вашите стереотипни секојдневија ;)

    Да бе, ептен ви поминал периодот на искачање :D Си викам, кого лажете?! Мене нема да ме излажете.

    И така Пирамидата беше вчера кралица на подиумот! Морам скромно да признаам :$ Штикличињата ми 10 сантиметарски го издржаа напорот на енергијата која ми избиваше со секој beat кој го чув вчера.
    Друштво топ. Музика топ. Пијачки - топ. И ништо друго не ми треба кога излегувам.
    Оружјето - насмевка и расположение со мене. Што друго ти е потребно за да си поминеш убаво се прашувам?! Можевме вчера и во скривница да се набутаме, мислам дека пак ќе го растресевме цел град :) Или барем себеси, и тоа е сосем доволно. А кога гледаш весели луѓе околу тебе, како по правило, расположението се шири како мексикански бранови. И тоа го забележав вчера.

    Со неколку стресни исклучоци резимирам - ТОП викенд. Му ставам круна, заслужено! Гласајте за светски мир, јас одам да им направам третман на стапалава и да си ги измасирам мускулите на нозете. Ќе ми бидат потребни некој нареден пат.

    Са са са са оп оп оп! Shake that booties! 8)
     
    На Go-Girl, LivingGlam, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Сакам да кажам...

    Сега пред малку на ХРТ 1 играше квизот „Еден против сто“.
    Многу ме интересират кој е типот што играше. Црнокос, 19 години... ама како се викат ич не можам да се сетам.
    Ако некој гледал и знае кој е да ме извести, благодарам однапред :)
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... Оу ноу, нат аген. ;(
    Се пренамирисав, рацете на брусница, нозете на малинки, косата на глис, пижамите на Ленор, а јас на Шанел. Колку ми се повраќа не можам да ви опишам. Готова сум. :x Истото ми се случи и на одмор еднаш, црева истурив, ама никако памет да ми дојде. :worried:
     
  9. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Сакам да кажам...

    СКД дека денес бев на Вевчанските извори и супер си поминав,многу убаво место.Кој бил знае,а кој не треба да го посети. :)
     
  10. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека одамна немам ништо кажано. :)
    Не дека не сакам, немам(в) време. Обврски ова-она...

    Дека читав редновно - читав.
    Дека не ви е вас гајле за тоа - не ви е. Ама јас битно сакам да кажам :D

    Исто така сакам да кажам дека времево не личи на мај (како божем вие да не знаевте).
    Друго. Абе многу ни е среден форумов. :) Низ колку форуми сум поминала, се нешто хаос е.
    И така натаму и така наваму... јајца.
     
  11. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Го слушнав најглупавиот изваден муабет за мене.
    Фала што постоите хејтери.
    Продолжете да си лечите комплекси.
    ;)
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Сакам да кажам...

    Не ми се верува какви луѓе шетаат по земјава .. Да не се одеше во затвор ќе убиев денес .. Ццц срамота ств .. |(
     
  13. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    Едвај чекам да почне Мафија на А1 да се изнасмеам добро, потребно ми е :rofl:
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека многу си го сакам зајачето во потписот. Ме тера да се смешкам додека го гледам како си ги тегне нозенцата :lol: . Ептен ми е слатко :wasntme: .
     
    На Miss-Independent, la-chicka, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Сакам да кажам...

    Таман си мислев вчера, после напорната недела со шест работни дена, да си се релаксирам малку со најдобрата другарка и баш нив ги сретнав. Па почнува важната да ми кажува што зборел такозваниот и’ „дечко“ за мене... :fubar:
    Колку проста маса, чудо едно. Поглуп викенд, здравје.. :doh:
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Никогаш не ми било јасно тоа- во чашата имаш малку течност, ама ако не сакајќи ти се истури настанува хаос, мислиш една кофа си истурил а не неколку милилитри :devil:

    Има некоја финта тука, знам јас :lol:
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    Дека ме фати напад од аватари и не можев да одолеам и земав ги испостирав сите што ми се свиѓаа само во различни 4 поста зошто ако редактирав ќе ми се свртеше во глава :$ :lol: :!:
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Женава ми е просто неодолива. :x
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На Izaabella, femina90 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  19. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Сакам да кажам...

    Сдк дека обожавам да ја читам Shelea :) Девојко, просто ме мотивираш и ми ја подигаш креативноста :rofl:
    До каде стигна збирката со поезија, сакам да ја купам. И настапуваш ли некаде да дојдам да те слушам :D
    Сакам да имам едно другарче - уметник како тебе, што го интересира музика, уметност, литература, астрологија (чинам :!: ) и што ли уште не :D :rock: :rock: Ај биди ми другарче :D

    ... :fubar: значи цел ден решавање задачи не е на арно :D
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК во три-четирилема сум and I think I need help :rain:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.