Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Често се чувствуваме повредени од другите затоа што тие не ги исполниле нашите очекувања. Дури и Љубовта има свои трње, па ако не сме ОК со тоа, ние не сме ОК со љубовта. Ако очекуваме од другите да бидат континуирано добри со нас, тогаш конитнуирано ќе бидеме повредени. Дозволете им на другите понекогаш да погрешат, па така, кога ќе бидат добри кон вас - уште повеќе ќе го цените тоа.
     
    На afroditaa, la-chicka и 2468 им се допаѓа ова.
  2. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    временце те молам подржи вака, ладно дождливо и никакво, за да не ме мами сонцето да излезам надвор токму кога имам за учење! Благодарам :D
     
  3. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Како ли може да се положи,ако колквиумот ти е утре ,имаш 200 страни за учење,од кои не си научил ни една,а и понатака само бледо буљаш во компјутерот и планираш кафе средби? :^)

    Одговорот е еден и единствен.
    Ако си Супервомен и имаш супер моќи :)

    А пошто јас не сум, ете веќе од сега чуствувам дека почнувам да паѓам :?:
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК сум станала ко прасе.Ма какво прасе - свиња не ми е рамна.
    Само јадам одсабајле.И пак не ми е доста.
    Лето иде а јас наместо да слабеам се дебелеам.Браво бе.
    Сакав точак да возам по кеј ама и времево ми се инаети!Врне ли врне. :rain:
    Па барем да седнев да учам, и тоа ме мрзи.Абе мрза невидена сум ти јас.
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Проблемот е од самиот старт, што сме си створиле било какви очекувања во главата, што ги поврзуваме со други живи суштества, кои сепак си имаат свои цели, интереси, потреби.
    Кога човек би се препуштил на моментот, би уживал без да си го преоптоварува мозокот со хипотетички ситуации, работите секако би добиле поинаква боја.
    Тоа што другиот не ги исполнил очекувањата не е негова вина, а наша, бидејќи очигледно сме му поставиле превисока цел, која и самиот не можел нити да ја следи не пак да се одржи до крај.
    Дали е врска во прашање, дали е пријател или што годе да е, човек треба да сфати само едно нешто, ништо не е вечно. Сите сме луѓе и имаме само еден живот и целта на секој од нас е да го проживее најдобро што знае и умее. Не можете да знаете што се’ спаѓа под тоа да го проживее најдобро што знае и умее за оној до вас. Тоа би било веќе обид да го контролирате нештото, што секако е невозможно да го контролирате и ограничувате, не зависи од вас.
    Само опуштено, живеј од денес за утре, а се друго, од типот што сакаш да постигнеш во животот, некои си општи цели, е тоа нека си го прави секој за себе :) макар и самите си знаете дека дури и тоа не секогаш излегува по ваш план, иако сте во прашање вие лично :), а пак, што останува за целите (очекувањата) што сте им ги поставиле на другите, кои не го побарале тоа од вас.

    ЕДИТ: да демонстрирам, по ѓаволите дур да ми текне на песната како се викаше ќе ме стемни. Старост.

    http://www.youtube.com/watch?v=7PSIynZ_ ... re=related
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Станавме бетер од Британци. 80% од постовите во темава се однесуваат на времето, сте забележале ли? :D
    Оно фино е да си направиш муабет за времето во случај да не знаеш за што да збориш, ама толку се фокусираме на времето, чудо!
    А виновна сум и јас, таа сум, признавам. Кревам раце во вис! Камај камај!

    Јас отидов на повисоко ниво, јас сум ви на моменти британска теткица. Или наша теткица, сосема е доволно. Знам да си затерам муабетче за доматите, па за пиперчињата, па за марулчето, па како сум го утнала гравот и слично. Баш здрав домаќински муабет.

    Абе, живот шта ќеш. Некој турпија нокти јас мирисам домати по пазарите :D
     
    На Johny, Theodora, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.416
    Допаѓања:
    68.552
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, СДК...
    Од денес почнува ново поглавје во мојов живот и се надевам дека ќе биде многу подобро...
    Впрочем и тоа е се што ни останува, надежта...
     
    На Strumfeta93, Miss-Independent и teddybear им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...

    Да, и јас морам да го спомнам времето |(
    Го измамив сабајле и си останав во кревет, ма каков факс ;( времето е криво, кога нема да ги забележам сончевите зраци како ми прават виножито во соба низ пинковските венецијанки не станувам бре! Зошто да станам, косата ми се прави катастрофа на влажно време, доста цела зима ја носам собрана...
    Ќе помине и пролетта, најубавото годишно време, а сонце не видовме :@
    Ме загрижува оваа клима веќе, планирав да си направам журка во двор за роденденот, ај нека се оправи!
    Плииииис (смајлиштотрепка)
     
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.126
    Сакам да кажам...

    Колку само ја сакам пролетта ... а времево е недај боже :'(
    да се надеваме дека ке се поправи ... :)
     
  10. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Сакам да кажам...

    СДК разбрав дека времево ќе било вакво никакво две недели :@ , цели две неделиии, ужас ;( ;(
     
  11. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Сакам да кажам...

    Gospode daj mi sila da ja zavrsam cela ovaa rabota vecerva pa i da si umram posle nezalam
    [mod-kirilica:3ff800ih][/mod-kirilica:3ff800ih]
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ми е роденден, и вчера убаво си заспав и денес очекував убаво време како што му доликува на Мај :sun: :f: , но нема... ;(
    Ма гајле ми е, убаво ми е си пиев кафе сама дома, ве читкав и си уживав ... А мајка ми ко за утеха кога и реков дека времето е ужас ми одговори: „Аххх ќере ова не е ништо, пред 20 години кога се пораѓав со тебе уште парно имаше по болниците, беше ладно ко Јануари да е, не Мај.“
    Да бидам искрена не ме утеши, зошто не се ни потресував какво е времево, вечер ќе си седам дома со најблиските, некако се заситив со сите тие помпи и славја за роденденов ми мој .

    Ехх кога ќе ми текне уште од Март ги организирав моите роденденски журки, еден куп луѓе, многу алкохол а локација небитна двор, дискотека, кафана, кафич, викендица, слаткарница, пицерија и тако даље... :party: :^: :dance: Не е битно каде, битно да се дружиме, да се начукаме и да си поминеме одлично.
    И ете моите родендени за кои се збореше на долго и широко неколку дена потоа дојде време и да ги славам во мирна и опуштена атмосфера, иако сите очекуваа што ли денес спремам ќе се разочаарат што нема да присуствуваат на уште еден спектакал, кој секако нема ни да се случува...

    Некако сум заситена од се, оваа година одмарам ама за следната ќе биде 2 во едно и дипломска и роденден па тогаш може сега не... ;)

    И СДК 2 девојчици мои мили и драги не му дозволувајте на денов да влијае на расположението, утре ќе има сонце...или не... :?:
    Како и да е, имајте си убав ден :*
     
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк иде ми се да фатам усвета и да не се вратам ужасен ден :(
    Да идам во пи*ку мајчину и деф од мене :(
    Само коба би можела знам сите сме излегле од таму но ниту еден не се вратил :| :^)

    Се нервирам бе се нервирам вака кога сите проблеми се враќаат од почеток а решението е многу болно,посакувам пак да сме си она семејство што си бевме срекни и задоволни но ништо повеќе не е така...

    ;( ;(
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    СДК
    Се чувствувам ептен добро. Не верував дека по прекинувањето на долгата врска ќе се чувствувам вака.
    Исполента ми е секоја минута, секоја секунда. Не се нервирам повеќе, луѓето околу мене ми го разубавуваат денот. Ме тераат едноставно да заборавам на многу работи. Епа ќе го искористам максимално. Мој е редот сега ;)
     
    На Strumfeta93, mims-89, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  15. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    :rofl: :lol: poveli
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    го сакам... не не не, го обожавам Волт Дизни, ме фати некоја желба да гледам цртани филмови. :wasntme:
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    СДК еднаш некаде прочитав дека најуниверзална тема на сите времиња е времето. Од тој момент до ден денс ова се потврдува да биде вистина. Кога некој ќе почне за ми зборува за време прва мисла што ми доаѓа е: Аман бе толку ти е досадно па за време ќе збориме??? :D :D :D
    Мене ептен ми е мерачки дождов, најдобар ИДОЛ на сите времиња. Плус имам бонус, не ми е толку изразена алергијата.
     
  18. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ајде, се фаќам за работа. Овојпат конечно.

    Кутрата јас. :angel:
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И чудни мити ветришта го дуваат обичниот Македонец во државава.
    Дали кун лево или кун десно, ил’ кутриот на среде продавничка сака со пивце мирно да си седи и саламчиња в уста да си реди, без притоа нити трошка зачинче од политичките збиднувања да му падне в цетврт лепчето дур си мези.
    Но, за оние што се веат на ветриштата е особено важно дал’ ќе биде ил’ не промена на власта :clap: и тоа со три извичници дури е некако облигационо да се потенцира :nod: .
    Па, слушам на вестиве началник на Генерал штаб ќе се мења, и Иванов президентето ни, свој човек си спрема, па прибидејќи ние од времето на Кирца, кутриот имаме една пракса на вражески односи Влада-АРМ, питам се питам, дали ова ќе да ти е првиот предзнак за промени :?: :wasntme: , а побогу од преѓе сум си дома, и никакви ветришта не ме дуваат, и не само што не ме дуваат него си се умотувам во ќебиња да не ми процури промаја од некаде.
    Туку ова, заличува на едно време кога БЦ си беше претседател па си го постави Стојановскиов, пак АРМ бел ден не можеше да види, бидејќи Коњановскион не го миришеше оној на Стојановци хм. :rofl: Ми фали едно смајли тука што трие рачиња и осмех на хиена.
    Бај д‘ веј, има ли некои јасновидци меѓу советнициве ни на Фемина да се каже збор два по прашањево, бидејќи јанѕа ме јаде од вестине кога чув .
    И не за друго се мислам, дали пак да почнам на огласи да одам во министерствоно за надворешни, бидејќи овој пат дури и овие да ми речат а кинески?!? сега директива ќе си речам, пфф, со него баратам као у Кина да ме правеле, арапски ми е втори матерни, а по дома понекад само си збориме по мандарински, чисто онака увежбаваме мишичи на јазик со татено и мамана мои.
    Хм... јасновидци :wasntme: ?!? да прашам пак, случајно да не ме прочитале погоре :wasntme:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Сакам да кажам...

    СДК утре преку школо ќе се оде за Крушево а јас бидејќи во петокот не бев на школо и не се пријавива -.- сакам да се обесам на првата бандире на мојата улица :( ... ама стискајте палци да има место преку школото кај што предава мајка ми па така да отидам ... баш сакам да си ги видам другарките и другарите и секако поранешната љубов :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.