Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Имам предчувство дека овој дел на твојот пост се однесуваше заради мојот пост, поточно заради ова

    Значи грешно си ме разбрала, мене воопшто не ми сметаат искажување на емоции, седење на клупи по паркови, држење за рака, разменување на гушкање, покажување на вљубеност. Тоа е еден од најубавите делови од една врска, сите сме седеле по паркови, сме се бакнале и на улица и во кафич. Мене тоа не ми смета. Мене ми смета кога двајцата партнери на таквите места се налегнуваат буквално. Значи да ти опишам ситуација која би го поразјаснила она што го мислам. Излегувам јас, седиме со школските во парк, а наспроти нас седи еден пар. Значи фалеше машково да ги турни пантолоните и тука да си завршат работа. Беа легнати на клупата и буквално нивното на предигра личеше, фалеше уште главниот дел. Е тоа ми смета, најискрено. А за она нормално однесување на пар во јавност, немам никаков проблем. А за геј паровите, хм не знам колку е паметно да го прават тоа во јавност. Пример ти се шеташ со детето твое, кое разбира што гледа, и те прашува мамо зошто оние батковци го прават она кога треба тоа да го прават машко и девојче? Во таа смисла мислев, инаку кажав мене не ми сметаат, така си одлучиле тие во животот.

    Ако не се однесуваше на мене овој дел, извини однапред :) Сепак мој став, не мора да му се допаѓа на секого, затоа и се дебатира, да се искажат најразлични ставови :) Другпат цитирај ме, радо ќе ти разложам што сум мислела кога сум пишувала, а не вака по други теми :)
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    О не, нема врска со твои, не беше коментарот за тебе или било која форумџика, беше директ за девојката со другарот :). Имам јас и таму коментар за неа. Нема врска со твоето. Тема има една за емоции искажување во јавност. И за сите емоциите се тоа што јас објаснувам. Тоа сакам да кажам дека ни се поместиле некако работите. Генерално е оценка на се што имам прочитано. Не е нешто што некој треба да се навреди. Бидејќи тоа е првото што секому паднало во глава да го напише на темата. Тоа е тоа. А ова со геј е друга тема. разлчни ствари.

    ЕДИТ, :) твоево мислење во темата Геј ли е, јас дури сега го прочитав :) последно таму прочитав на Ливинг мислење, беше последно и ставив лајк :) така да уоман, нема како да си ти, кога и мене ми смета оној другиот дел од емоциите во јавност и за хетеро и за хомо и за сите врсти што постојат на белиов свет парови.
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.863
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Направив белја и ме гризе совеста, се осеќам ко Расколников иако ова моево нема врска со убивање луѓе - скраја да е! И немам поима како ќе испадне овој мој план Б, а за план Ц - тешко, значи или ќе биде џа или бу! :^)
     
  4. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Сакам да кажам...

    Ти не се враќаш не не се враќаш кај мене,ќе се жениш!!! Алоооооооооо имаш 24 години НОРМАЛЕН СИ!!! Ако имам дечко,љубов,ти си нешто непреболено што ќе живее секогаш во срцево.Те мразам зошто те сакам ахххххххххххххххххххх подароче не треба да мислиш на глупости туку треба да учиш...Оффффффффффф овие мои мисли...Ама тоа ти е непреболена љубов!!! Ај ќе помине,кога ќе се ожени знам дека нема никогаш ни да го погледнам него... ;( ;( ;( И покрај се му посакувам среќа ( Што можевме ние да ја имаме :@ :@ :@ )
     
  5. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    716
    Сакам да кажам...

    За недела дена негде мислам дека конечно ќе дојдат моите 5 мин во животот...Значи мислам :!: , ама не сум 100% сигурна...Држете ми среќа срцки... :worried:
     
    На easyyyyy и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сакам да кажам...

    СДК дека јас сум...Абе има да најдам, па ако треба ќе се превртам на глава!
     

    Прикачени фајлови:

  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк не ми се учи денес!!!
    концентрацијата ми ја нема, читам а мислам на се, освен на материјалот што треба.. поинтересно ми е да зјапам во чашата во која останало малку сок отколку да читам.. во вакви денови мислам дека и готвењето би ми било занимливо :?:
     
  8. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Сакам да кажам...

    СДК колку само почнаа некои работи да ми влијаат во последно време, самата на себе се чудам :?:
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк ауууу ама среќа имав денес туф туф да не се урочам. 8)

    А и сакав да кажам дека ми е скиснало да слушам лекции, лекциии во школо па и после кога дојдам да ги слушам ланските па и за догодина оние. Како да им кажам да овие моиве цимерки кои учат на глас дека ми е преку глава слушајќи ги. А па и како шлаг на сето тоа како микрофон да имаат вградено додека зборуваат :lol:
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сакам да кажам...

    СДК...his pressure on my hips
    sinking his fingertips
    into every inch of me
    cause he knows that’s what I want him to do
    !
     

    Прикачени фајлови:

  11. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Сакам да кажам...

    Чудно е во нашава ни држава... Ако одиш по правилен пат не добиваш ништо,ама затоа пак ако одиш по лошиот ехее добиваш и тоа дупло повеќе.
    На високи функции се луѓе со 7 одд што не знаат ни два збора да сврзат а камоли за нешто повеќе...
    До кој степен дојдовме ние!?
     
    На Strumfeta93 и 2468 им се допаѓа ова.
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си го сакам сопругот многу, ама од вчера навака, никако да му објаснам дека во мене има нешто кое се вика ЖИВЕЦ,а тој упорно скока врз него!!!
    Не, дефинитивно е страшен ПМС во прашање, се што е благо пред мене сушам, само ме страв што ќе се случи кога ќе го сретнам комшијата од прв спрат (иначе човекот е дијабетичар) :lol:
    И крадам чоколади на ќерка ми, бркам во фрижидерот како гологузо циганче во контејнер.....ц ц ц ц нездрава работа!
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    СДК имам мачиња на таванооооооооот :inlove: Утрово една маца ги донела малите бебиња-мачиња и многу се слатки :inlove:
     
    На Primavera, Neytiri, Strumfeta93 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сакам да кажам...

    Марс денес влегува во бик, вашата разговорлива трета куќа, па тешко ќе можете да си ја затворите устата во следните неколку недели. Ќе бидете склони да озборувате дури и за најмали ситници, а нема да сте пребирливи во однос на вашата мета, па ни вашите најблиски личности нема да останат поштедени.
    Зборувањето ќе ви донесе и многу предности, па ќе успевате да добивате максимум во сите преговори.


    Ааа добри сте :clap: Му верувам јас на хороскопот!Секогаш ми погодува.
    И да се надоврзам на ова:вчера баш влегов во конфликт со татко ми :$
    Ми вели дека јас сум била родена за провокации.Хмм :!: па можеби :^)
    Епа вака Драг Тато:јас нит сум лоша личност,нит се карам!Јас само не дозволувам друг да тропа глупости за мене.И најважното!Јас имам право на свое мислење и ќе си терам по мое до крај :wasntme:

    А сега да го загреам столчето :sweat: .Го можам јас тоа,ќе го направам тој глуп тест :nod:

    Чекај..дојде брат ми.Дали тоа носи ТОБЛЕРОНЕ или ми се причинува :o
    Го сакам бре :*
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.880
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денешново време ми го опишува животот, сонце, па дожд, па пак сонце, па пак дожд...
    И се така по редот...
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Ми се погоди денов, а посебно дождот.
    Од сабајле инспирирана со четка во рака и бидна мојата нова слика ,,Виножито,,. Само што помислив колку добро би било да бидам на некоја ливада, далеку од градов со густа трева и Бела рада, слушам динг-донг.
    :o Љубави излегол порано од работа, накиснат од дождот со чоколадо во рака, ете ти го на врата кај мене. Ахххх каков ден, поминат во мазење и гушкање... некој рашлакан од бои, некој мокар до гола кожа. :inlove:
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Офииии сакам едноооооо[​IMG] Мноооогу сакам!!!

    И како ми тргнал денов, не можам да дефинирам што се случува. Заминувам од Скопје, тоа сигурно. Кога, точно не знам. И додека да се испланираат сите тие глупави ситници, јас ги потрошив парите на шопинг. Фино-лепо, си изнакупував сешто ми требаше, а и тоа што не ми требаше. [​IMG] Ама па среќна сум си, ако ништо друго.
    И на сета таа среќа мораше да ми се укака денот. Фризерското студио ми се затворило.
    СЕ ЗАТВОРИЛО!![​IMG]
    И јас пак ќе останам нечовек со расцветани косишта. Е така ми е кога чекав заден момент за да се ишишам. Ќе фатам сеа ножиците и ќе сечам, сама!
    Па и дождов фино ме затушира, балетанките во кал целите. Возачине гајле си немаат, нит да подзапрат нит да успорат. Шибај брате, туширај пешаци наоколу, гајле ти е, ти во кола на суво си седиш. Каков народ...
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Запознајте го господин Багс дебелко, новиот потстанар во мојата соба. :) :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG0075A.jpg
      IMG0075A.jpg
      Големина на фајлот:
      172,3 KB
      Прегледи:
      256
    На Monna.Monna, Sweety-Tweety, broken099 и 33 други им се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    дека едвај чекам да дојде матураааа :) и се радувам ко циганче на раскрсница што би рекла една моја пријателка :D
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    :lol: :lol: Не ни дава да им се доближиме, се плаши да не им направиме нешто, многу жално мјаука. А па тие малите се силат, едното фучи :lol: Изгледа ги има родено на друго место, па денес ги донела тука. Не се тазе родени :lol: Многу се слатки, има едно сиво со бело, и едно цело сиво. Другото не го видов :) Битно многу се слатки, и многу убави фацички имаат :inlove:
     
    На starfish и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.