Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Сакам да кажам...

    + грмотевици...се е пореметено
     
  2. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Сакам да кажам...

    Сдк... девојкиииии утре ми е роденденннннннн .... пре среќна суммммм :D :D :D :D :D
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    Ајде конечно да се случи тоа што го посакувам... Искрено под голем притисок сум, незнам до кога вака. :devil:
    Колку повеќе сакаш нешто, толку повеќе тоа се оддалечува од тебе. И ме нервира тоа. :@ Едноставно и јас неможам да се помирам со некои работи.
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк цел стан мириса на бомбици,слатки,ролати,шербети,обланди,желе,бананки,локуми а ништо не смеам да јадам :(

    Не е фер ми мириса на убаво лигички ми течат ;(
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сум исцрпена скроз, а воедно и пресреќна.
    Добив нов папагал. Целиот жолт. Срце тоа мое, добиен од другата ми половина.
    Иако нагласив дека не сакам пиле, сепак бев пријатно изненадена и си го сакам најмногу. И папагалот и него.

    Сакам да кажам на баба ми прееска не и беше добро. Моето срце застана и плачев и плачев ... Фала Боже сега е во ред се.

    И сакам да кажам жално е, навистина жално што некој не знае да си го живее својот живот. Што сака се да знае, што се ги интересира, што сакаат да навлезат колку можат и не можат во нечија приватност. Дајте веќе.

    И така. Ценете се што имате, иако е малку. Можеме да имаме се што ќе посакаме, ако не сме алчни и дрчни, и ако мааалку, ама само малку се потрудиме.

    И за таа работа не ми е потребна ни Вмро, ни Сдсм.

    Ајт со здравје. :)
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека не постои ден да не ме изнервираат моиве.
    АМАН веќе. На моменти ми доаѓа да си заминам од дома, искрено. Се` за некои глупости го тупат, па уште се нервирале. А многу ми е гајле, јас не се нервирам, нели?
    Чувајте си го Тито позади врата и не ми се обраќајте повеќе. Ене ги сега оговараат. Уф, аман веќе.
    И на крај јас го окркувам. Ме нашле најмала тука.
     
  7. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Сакам да кажам...

    Феминки феминки 8)
    Јас положив Граѓанско :lol: ама не знам дали ќе ми додаде професорката поенчиња за 6ка :angel:
    Нека ме прати среќава до петок па да си ги положам сите предмети.
    Бидете ми поздравени ја се враќам на учење :*
     
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Не е за мене тој негов живот досаден,колку и да е он убав :D

    И така,со секоја нова симпатија :$ што се запознавам,се повеќе сваќам дека единствено можам да бидам со дечко ми и со никој друг.Најверојатно за него и ќе се омажам :^) :lol:
    А кој друг ќе ги свати моите чести испади освен него.

    Е сеа,не дека неможам кафе да си испијам со комшичево :?:
     
  9. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    716
    Сакам да кажам...

    Колку ме нервира онаа фраза, излитена и патетична до максимум: "битно е да се учествува, не е битно да се победи" |( Кога веќе учествувам во нешто, вложувам енергија и труд, настапувам со елан и борбеност, секако дека најмногу од све ќе сакам да излезам како победник односно да ми се исплати трудот и маката и работите да се завртат во мој прилог...И секако доколку не запали ќе си се тешиш со погоре споменатата фраза...Таа фраза е само утеха за губитници и ништо друго, фраза која ти кажуваат кога ќе те видат поразен...

    Во моментов си мислам ако стварно на 21.05.2011 дојде крај на светот, настане катаклизма или некоја глобална катастрофа што ќе ја истреби човечката популација...Најискрено, ќе ми биде многу криво - што некои луѓе нема да го окркаат заслужениот стап по глава од мене...
    Вечерва сум малку негативно расположена така да ќе одам да си легнам...Чаоос на сите...
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Во мојов град е буквално пола Македонија дојдена! Не можев да ги добројам сите автобуси, комбиња и автомобили кои поминуваа пред моето работно место и сега се испопаркирани низ цел град.
    И си мислам кога сето ова би се претворило во повратни карти + сендвичи па бројката е баааги голема ама нема врска тоа се наши пари :D и најтрагично е што ако некој сака да ја чуе програмата ќе си ја слуша во родниот град, не мора да оди на сите митинзи, ама нејсе барем шетање ќе падне ако не друго и заработка за кафулињата, сендвичарите и други услужни дејности вечерва. И згора на се‘ овие дојдениве веќе имаат нешто искористено така да што ќе ги убедуваат нив? Митинзиве се нонсенс и не е битно која партија ги организира. И ќе бидам вечерва оној Штрумфот кој се‘ мрази за да речам мрчаторски „МРАЗАМ МИТИНЗИ„! Не е целта да се придобива раја туку да се влече огромна раја која ќе симболизира приврзаност кон партијата. Под раја читај огромен број деца!
    Дури и огномет на дожд имаше, |( !
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Нема ништо да кажам. Ќе го зачувам сјајот во очите.

    Мојата прегратка ќе ја задржи истата топлина. Повторно блескаво ќе се насмевнам. Hо, нели насмевката беше само една крива линија?! ]:)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Во едно интервју Хорсман рече "Како да очекувам , очекувањата се од старт разочарувања.."
    Неможам да кажам дека се соглсувам со Којот , но ниту би му се спротиставила.
    Барем не во моментов.
    Во природата на човекот е да очекува , да планира , да посакува..па крај краева и да се разочара.
    Ова разочарувањава..почесто.
    А почитуваниот Паоло , вика ако нешто посакуваш душата на Универзумот ќе направи се' за да ти се оствари желбата. Но , ако посакуваш вистински.

    Не дека животов е кучка..па ај ќе се жалиме.
    Но , за работи мали и глупави..јас јадам бед.
    Ништо не посакувам .
    Немам за што да кројам план , за што би ги употребила силите.
    Ниту има нешто што би ме разочарало.
    А толку посакувам да се грижам за некого..но кога ќе дојде време , сум себичњак најголем.
    Само магионичарот.
    Ама ни него како да не го посакувам доволно , па ко мало дете се кријам. Си играм топло ладно , ко малоумен да е.
    Ќе го изгубам и ќе цмиздрам.

    Кај се деновите кога сакав огномет под прозор ? Или оган на отворено ? А гледање ѕвезди ?
    Или , играње на дожд ?! |(
    Не е до сонцето , ниту до дождот..таман помислив дека ми се регенерира срцето , се премислив.
    Станав рамнодушна и кон дождот. Гајле ми е и за сонцето , ѕвездите , месечината..па и дупло виножито нека има.

    Ниту ми се зборува со него , ниту со него..ни со нив.
    Со никој.
    Ни Колдплеј не сакам да ги слушам .
    По автоматизам ги мрзам сите песни шо ме будат сабајле.
    Мрш мрш..ишш , одете си дома.
    А да си легнам ?
    Ај уште гриз два од јаболково пораснато во инкубатор.
    Премногу се предомислувам...?! Или па..не ?!
    Сама себе се прогласувам за прашалник.
    Е не се сакам ваква бе , не се сакам. Ќе си удрам бокс , да можев и клоца.
    Понекогаш , понекогаш зимата е толку долга , бескрајно ледена . Но не е до зимата , до мене е..а веќе утре ќе се смеам. Ако не утре, тогаш некој друг ден во сончевиот живот.
    :doh:
     
    На zhap4e, Strumfeta93 и broken099 им се допаѓа ова.
  13. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Сакам да кажам...

    Мразам хемија!!!
    Денот ми го униште таа и такозваната професорка по тој предмет.. По џомитка е професорка.КОЈ ТИ ДОЗВОЛИ ТЕБЕ ДА ПРЕДАВАШ?! ДАЛИ ИМАШ УЧЕНО ПЕДАГОГИЈА ОФЦО ЕДНА!!!

    пијам кафенце,и се трудам да ја сватам лекцијата за амини...
    ви посакувам убава вечер,со кој и да сте и каде и да сте :*
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК врти - сучи, ама газда сум.
    Не гледаа јапански, индиски и турски серии, jaс седев цело време пред компјутер, а беше пуштена гала вечерта од Идол што јас сакав да ја гледам и како јаготка на шлагот место јас да се изнервирам и да си отидам во соба - тато отиде. :rofl: :muscle:
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    сдк баба ми е у кафана на прослава,и и се јавуе на мајка ми и пушта некој хит од 50тите(кога таа била девојка) и и вика е ова ти е живот 8)

    се надевам не се начукала уз пут :rofl: и да не ми најде некој дедо таму :rofl:
     
    На baguf4e, la-chicka, Neytiri и 3 други им се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Треба во Гинис да влезам, кивам по 500 пати во минута.

    :@
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Мразам кога некој непожелен си се самопоканува и натрапува... Особено кога тој „некој“ е неподносливо напорен! |(
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Сакам да го видам, премногу сакам да го видам, барем на кратко. :worried:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    Глава ми пукаа !!! неам тронче енергија и ме делат часови до полагање :sweat: Имам немогуча мисија да поминам 200 страни вечерва никаде со време никаде со учење :@ .Аман веќе амааан .И згора на се ми се лепат очињава мои не сум спиела како што треба од почетокот на месецов |( . Си нема венди избор, од кукање аер не се видело :tmi: ќе си земам нес кафето , ќе го дочекам утрово ,ќе си се нервирам ќе си учам и директ на полагање па со Господ напред :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.878
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК мразам кога чекам нешто. Мразам кога не можам ништо да првземам, туку морам само да чекам со врзани раце. Уф, ме убива тоа чувство на исчекување.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.