Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    сдк оваа од рекламава на Eлена за пелистерка, збори ко божем кој знае какви оргазми доживува :rofl:
    екстремно природна ааах,да не требало да каже екстремно природен ваљда и
    долг и дебел
    :lol: :rofl:
     
    На Strumfeta93, Izaabella, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Изгледа дека требаше поубаво да го прочитам упатството на лековите, зошто сега немам глава.
    Уствари имам, ама имам е*ено тешка глава. Ме влече во кревет.
    Не си го слушам гласот, зашеметена сум, ми се тресе левата рака...ама важно носов не ми е чешма. Веќе 5 часа како мрсулче не ми истекло, па дури почна и да ми недостига дразнењето на носот со тоалетна.
    Ужасна сум!
    И се радувам што денес дечко ми не ме видел. Се поштеди кутриот, а и јас исто.

    И морам да кажам дека се убив од читање денес. Само ве читам и си се смеам. На толку книги, мене вие сте ми поинтересни.
    Добра ноќ на сите. :hug:
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Аууу колку сум имала за учење а времето си летнало, ко га брига?
    А променлива сум бетер времето.
    Еднаш така, после 5минути вака и на крај онака :) .
    Секогаш полесниот начин :lol: .
    Добра ноќ :*
     
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.208
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Неможам да издржам веќе со носов. 2 дена без престан тече. Цел котур хартија потрошив и едно шише капки. Рани ми се направи. Па мајка ми и Ацерола ми купила денес. Ја пробав и :puke: . Многу ми беше гадна. Ама ми рече да ги изедам сите, скапи биле :^) . Па човеку не те терав, задоволна сум и со исцеден лимон со некое семче и малку шеќер.
    Башка и несоницава ме убива. Еве една недела скоро. Заспиј во 5, стани во 8. И немам потреба да спијам. Ама немам ни концентрација веќе.
    Се прашувам дали да голтнам пола дијазепам? Да поспијам конечно.
    Добра ноќ женски. Наспијте се и свежи станете си сабајле. Јас одам во кревет да се измачувам
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.591
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    8 месеца со ханито мое :inlove: нека ни се бројат уште многу, многу :* :l: :l:
     
    На Wild-GirL и MacaLove им се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека е редно време веке да одам и да си ја гушнам мојата перничка која од прегеска ме повикува :* довиџења или дочитења феминки мои мили до утре. :* :* :*
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    5.533
    Сакам да кажам...

    I feel like a virgin .. :lol:

    Незнам што е работава, ама кога ќе врни тешки филмови ме маваат. Ми доаѓа да скокам низ соба и да лудувам ... :^) Особено на песни кои се позитивни, или од постари датуми...
    пример:

    http://www.youtube.com/watch?v=s__rX_WL100
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    сд ви к да пуштите сител и да го видите транвеститот од фолк пеачка :D
    леле шминкава :$ :$ јас се засрамив :rofl:
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    сдк дека баш се израдував сабајлево,

    една од колешките ни е нова вработена, хигиеничарка и денес ми купила чоколадо оти сум ја поминала платата минатата недела и сега части. ептен ме разнежни со гестот, платата не и е голема, има фамилија и сепак помислила да ме части... ,могу пријатно ме изненади и баш убаво се чуствувам.

    оваа жена ја познавам еден месец а се грижи за мене како мајка.... мислев дека повеќето вработени баш и не обрнуваат внимание на колегите, некако како сите да се огорчени и чекаат да си одат дома.

    но сепак се покажа спротивното, има и позитивни и насмеани личности без разлика колку е тежок животот...

    и благодарам што ме разнежни утрово
     
    На Theodora, Strumfeta93, julie77 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    СДК дека утрово ми почна со пропаѓање во земја :$.
    Татко ми ме гледа и ме прашува (загрижен човекот): “Што ти е тоа на вратот??“
    И што требаше јас да речам ???!!! ШЛИВКА тато, ШЛИВКА............... :tmi:

    Реков дека другарка ми ме гризнала, затоа што сум ја закачала а нејзините раце биле зафатени. Ни самата не поверував во тоа, а на татко ми му стана јасно и само почна да се смее. Сфати дека прашањето му беше глупаво.
    Колку сакам да ме снема од лицето на земјата во вакви ситуации :D
    А од друга страна, нели правењето шливки го оставивме во тинејџ годините?! Дечково е изгледа стара школа хахахаха :D

    Толку смеење. Да преминеме на посериозното. Денес на листата: увид (падната сум за 1 поен) и разговор за работа уффф. Битно имам шливка на вратот, што е друго битно ??? :D

    Посакајте ми среќа, т.е. пуштете ја во мој правец :*
     
    На bittersweet, Theodora, Miss-Independent и 13 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сакам да кажам...

    Денес на увид кај најодвратната професорка во цел факултет, абе не ми е јасно како можеш се да напишеш и пак да ти ги симне поените на пола... Абе бимав колеги цел учебник испопрепишаа, смалени уцебниците си ги носеа со нив... И паднаа... Абе не ми е јасно што сака женава...
    Згора на се од денес ми почнува колоквиумска... утре полагам првпат... абе не знам кај ми е главата... А да не зборам дека ми доцни, а немам време ни на гинеколог да идам :(
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Денес ранобудник.
    Ненаспанко. :yawn: :yawn:
    Уф, би сакала да ги повикам оние од екипата на Ајде дома, па да ми го средат домот побрзо и да ме однесат дома.
    Што би рекол Владо - само дома си е дома...

    СДиК на Жоел, чекај ме денес за заеднички појадок :* :*
    ФБИ, страшно добара сцена си направив во глава (за дијалогот со татко ти :D ) и сум :rofl: :rofl:

    Женчиња женулиња, имајте убав ден.
     
    На FBI и joelle им се допаѓа ова.
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Е ова ме насмеа ептен :rofl:

    Опозицискиот СДСМ првпат од своето постоење одлучи да не се рекламира за избори. Кандидатите на опозицијата за време на изборната кампања нема да висат по билборди, туку за гласови ќе лобираат од врата на врата со кафе и локум. Причина за менување на маркетингшкиот концепт е беспарицата, која, според опозицијата, владее во државава, па безобразлук било да се трошат милионски суми за предизборни цели.

    Јас ќе бидам во Скопје и само ако не сте дошле кај мене на врата да ми дадете локумче да си каснам, нема да гласам за вас така да си знаете :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    289
    Сакам да кажам...

    СДК дека многу ми се спие во моментов и дека цела вечер не можев да спијам. :lol:
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    45.926
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Еуфоријата ме држеше скоро пола ноќ будна.Врне ли си врне, ќе бидеме матуранти на дожд, абе романтики :D Сабајле мислам ептен рано сабајле си го распослав новиот мат за јога, смирував живци и собирав енергија за бурната ноќ...сега баш сум свежа, јогата ми делува чудотворно :lol: Хороскопот денес како сама да сум си го пишувала,ми велат неочекувани парични средства и ептен бурна ноќ ме очекувале WOW ај лајк ит ^_^ :party: :dance: :rock: :d:
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Сакам да кажам...

    Луд ритам и бесна музика. Жешко кафе и вкусни наполитанки. Поспани очи и крцкав врат. Шумење на дрвјата и ѕвечкање на алките. Луди соништа и бујна коса. Несоница, Хосеини и моите спори чекори.
    Одлика на еден вторник.

    Шефот не е тука а ние се спремаме да правиме сплав по ходнициве. Рецепт? Земаш фотељите, се спојуваш со нозете испреплетени околу фотељата на колегата кој е пред тебе и веслаш. Ете така :D

    Ме фати носталгија, ми се оди во Франција. Повторно. Се мислам, да не сум сепак создадена да живеам таму?!
    Сакам да опнам ноншалантно едно шалче или марама околу врат. Да го грабнам кафето во шоља, кроасанот во рака. Да се качам во метро и да отворам Lе Моnde додека трошките од кроасанот се ронат врз буквите носејќи информации и мене да не ми е гајле. Бидејќи сум во Франција. А таму на никој за ништо не му е гајле. Па да одам до Les Halles, да фатам по некој брејкденс, јадејќи ја багетата за ручек. Па да одам до Palais Royal, да собујам кондурите, и да се оптегнам на сонцето на столчињата покрај фонтаната во паркот.

    Сериозно, ме фати носталгија и ми се оди во Париз. Или во Барселона. Малку мањана.

    Вчера и честитам роденден на една пријателка, која треба да живее по мои информации во Луксембург.
    Ми враќа. Грасиас Рајмунда (така си се викаме заради филмовите на Алмодовар). Изненадување: јас се преселив во Барселона. Кога ќе ми дојдеш на гости? :o

    Сериозно. Ме фати носталгија. И ми се оди во Париз. Или Барселона. Секаде каде што има виулици од народ и каде што никој со ништо не се замара. Како само би се влеала во таа река, уф! Со мерак и сласт. Лааааста би направила и би рипнала! ПАУ! Наместо тоа, одам да веслам.

    Ајде веслајте и вие во вторников, мудро и со сласт. Ако ви фали вкус, додадете му чоколадо или ванила на денов. Без никаква грижа на совеста ;)
     
    На Bescheiden, Theodora, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ох и мене ми се оди некаде.
    Ми се оди во Прага.Слушам на радио 279 евра,со авион,три ноќевања со појадок,за пиво фестот во Прага.Не пијам пиво,ама шетам.Како би се расшетала низ Прага,ма ни пиво гледам ни фест ме интересира.
    Ама имавме повеќе трошоци.А и земјичкава наша не е за фрлање.Може ќе тркнеме некаде викендов.Да не останеме непрошетани де.
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Времево е мрзеливо и јас сум со него. Топло чајче и бисквити победничка комбинација. :coffee:

    Туку прочитав и го одзеле детето на мајката која и ставаше ботокс на 8 годишната ќерка. Заслужено, до кај оди светот ц ц ц ! :o

    Ноќеска како што сум се чуствувала морбидно никогаш во животот не ми било така. Бевме на терен на планински места да истражуваме жаби. Мојата група се поделивме на сите по една бара и да чекаме мажјаците да запеат да привлекуваат женки и да избориме колку единки слушаме. Седнав на едно трупче, одсјај на месечинтата во барата која беше полна но на моменти темни облаци ја покриваа, гледаш силуети на дрвја, лилјаци те надлетуваат, кукавица се дере. Ухх леле колку само се ежев. Кога некој се движеше некај мене трепкаше со светлото за да знам дека доаѓа. Еван кој беше 20 метри подалеку од мене имаше средба со стадо срни. Мозоков мој си правеше филм како ќе со појави волк од негде хухухху. Претходно врнеше нозете ми пливаа во вода, толку ми беше ладно лелеее. Кога конечно завршивме накај 23 бев среќна у буквална смисла и се чуствував многу сигурно за прв пат, хахах срамови, рокнавме музика во комбе и правецот дома. :)
     
    На la-chicka, Strumfeta93, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Девојки, од сабајле лиги ми правите со тоа шетањето. Не е на арно. ќе земам куферот и ќе тргнам :D

    Туку, од 7 саат се чмаам низ дома, како мува без глава, кој да чисти бре кој .... ама ај жал ми е за мајка ми а нередот и така е цел мој ... ако не и зачистам денес малку после ќе ми рече ... ќеркоооо тешко во таа куќа твоја нога кај што ќе влезе ... и јас мамоооо жити се што ми фали ... и како по обичај ќе ми каже мозоко ти фали и немој да си мислиш дека свекрва ти ќе ти чисти кога ќе се омажиш. :D Свашта. И уште ќе ми се изнасмее.

    Па јас не ни си мислам де, ама еве во младоста некогаш по малку ме мрзи да чистам бе. :D За понатака здравје, од сега психички се спремам пф. :rofl:

    И уште нешто да ви кажам, која е единствената работа што е добра кога имате добиено??? Па тоа што цела недела ништо во уста не ви се става, или што би рекла баба ми, бабе не ми се зинуват. :D
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Аххх бре какви утрински постови, лиги ми потекоа ;(
    Абе и јас сакам да шетам, ако одите некаде не заборавајте да ме земете, ок?
    Дотогаш ќе си разгледувам http://www.googleartproject.com/, фала Гугл. ;(
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.