Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Сакам да кажам...

    СДК .....woooowwww ја феел ногу гуудд :D :D Ептен ми е погодена вечерта, надвор си слушам цел ден музика, ора, песни, еден куп матуранти има и е многу весело :dance: :party:
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам...

    СДК 21 ден откако паднав а ногава уште ме тупи во здрав мозок. Мислам дека ја напнав од завчера, 20 дена лежење и оп, после 16 часа на нозе. Не можам ни да доседам асално на ниедна матурска, роденден, едно обично испаѓање да истерам... Ако ми е преврзана и во патики, немам проблем, можам да трчам. Ама кога е одврзана... болки, болки, болки. :(

    Ај белки ќе мине побрзо, ех... беља работа е. :doh:
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не сум мн мн расположена поминувам некоја транзитивна сесија од мојот живот и сфаќам како поминува времево а јас не го трошам на нешта на кои сакам....точка.
     
  4. PoisonGirl-Valo

    PoisonGirl-Valo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    35
    Сакам да кажам...

    СДК дека би сакала некој да ме разбира како личност
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    Сакам да кажам...

    There should be a "restore to an earlier point in life" button ...
     
    На LivingGlam, Lov3 и Hopeful им се допаѓа ова.
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Лазањи и две/три парчиња пица , маринара. Аха , и палачинки..малку нутела и пола леб.
    Аргета една и биено сиренце со патлиџан. Мдааа , полнати пиперки и ќофтиња и пире , плус сос од печурки. Аааа и една чинија макарони со меко сирење и многу кечап. И уште малку со гулаш.
    Еј!!
    Се од горе наведеното би изела , се ..сега одма! А возот одамна помина - така да во понеделник ќе немам утеха.
    Еј..а
    ...еден гриз од јаболкото и да си легнам , може ?!
    Не , неможе. Имам чувство дека и водухов што го дишам се лепи на мене..ама најубава сум , се колнам дека сум најубава!

    Амаааааа..се сеќавам кога ми кажа "Прави нешто. Посакај да бидеш нешти бори се да бидеш тоа. Еве , на пример посакај да бидеш диџеј. Ќе ти помогнам да бидеш диџеј."
    ...ќе продолжам во што би му кажала , и онака..

    ми се мочка.
    А баш ме мрзи да станам..ее , педер !
    4АОООООООООООООООООО
    po33333333333333333333333333333334@0 8)
     
    На LivingGlam, Strumfeta93 и teddybear им се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ни алкохолов не е тоа што беше...
    Си дрмнав едно 3-4 ракии, и гледам нема никаков ефект нема врз мене, па ај реков да свртам на коњак, и од него неколку, така 5-6 али ефект слабо. А баш реков дај да си се подначукам крај на светот нели денес можда нема утре да се разбудам али џабе.
    Или сум станала врвен алконоличар пошто нели ракија си пијам и мука си немам, или како што кажав ни алкохолот не е тоа што беше... :)
     
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.437
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пресреќна сум! :D

    Ноќва ќе спијам со новиот член на мојата фамилија, Леа!
    Најадена е, напиена е, си игравме заедно, ја избањав и сега спие на мојата перница. Неверојатно е како ситниците можат да те направат најсреќниот човек на планетава!
    Знам дека ќе ја засака и мајка ми, само треба време.
    А јас, јас ветувам дека ќе се грижам за неа и дека ќе и возвратам за ова прекрасно чувство кое што владее моментално во мене.

    Едвај чекам да се раздени за да ја сликам и за ја покажам на целиот свет! Горда сум, многу. Иако е џукелче купено од циганчиња, горда сум на неа.
    Ја сакам.
    Многу! :)
     
    На LivingGlam, teddybear, BeYourself и 6 други им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Една прекрасна особина имаат луѓето, никогаш нема да престанат да те изненадуваат. После долга прошетка, голем коктел (денес немаше мали бе, па не е фер, сакав да пробам уште еден) и музика кубана, со другарка ми уствари сфативме колку сме слични. Ги опфативме речиси сите важни и големи теми, изоговаравме цел куп на луѓе и беше прекрасно.

    браво за другарствата :clap: :clap:
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.862
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вечерва не знам што всушност сакам да кажам...нема да ми замерите нели !? 8)
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Зар може некој против судбината?

    Не знам ни зошто го поставувам прашањето.
    Пасошот е спремен, островот не чека нас 4, и знам дека ќе ни биде добро.
    Цел ден го поминав во патики, славев туѓо поаѓање во туѓина, пиев бунар и сонував улички запоседнати од еднорози. И секогаш, секогаш кога тага ќе ме облее како детски цртеж солзи, оваа песна:
    http://www.youtube.com/watch?v=uiCRZLr9oRw
    ... е песна што гушка, носи надеж, припадност, место за одмор, љубов.
    Маестрална помош низ ноти!
    Треба да добијам, и ми се кенка, а и ми текнува на мал милион глупости што мислев дека се одамна согорени во пресилниот оган.
    Но, ако, така се гледа подобро, откако ќе го намирисаш чадот што прво испарува низ уши, а потоа и од туѓото постоење.

    Зарем, човек може да биде сигурен, воопшто во нешто?
    Само, во љубовта, дури и кога отпосле не ни била тоа.
    Ах, колку ми треба само да испарам или барем да стиснам нечија дланка, како кога преминуваш улица а си малечко.

    Би ги заробила седенките, смешките и нацртаните хипи знакчиња на војничкиот ранец, виното со степ од малина, мини вицовите и првата фаза на бакнување со јазик со еден младич во парк, сонцето што не мамеше да мамиме на тестови, носталгијата на печените јаболка со цимет закачени зад увото, кога наслушнуваш, ама не доразбираш, кога пеевме во различни гласови, ти високо, ко геј, јас ниско, басовски и се церекавме дека никој не ни може ништо, кога пролетта се римува со полета, студиите ни се при крај и не ни се седи во амфитеатар па пиеме црнечка пот - кафе и се шлаеме по ходници... Во ѓевреците ни се криеја сите студентски тајни, мачки галени и криени под пенџере, киселата вода со меурчињата потурена на катедра, солзите по смртта на авторот, а животот на песната...
    Каде ли ќе се собере сиот овој багаж приказни, во толку краток живот... И без прашалник, доволно е само да претпоставам.
     
    На LivingGlam, teddybear и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  12. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ми фалат оние емоции сто буквално ти ја обземаат целата дуса и тело, кога срцето ќе се надува како балонЧе :l: , кога имас Чувство дека можес да направис сè, нема нисто невозможно...ах..колку ми фалат.Како жив вулкан сум и кога не еруптира внатре си врие.
     
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    животе, каков си таков си, добар си :lol: , ја те сакам!
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакам да кажам...

    Седам гола. Ме окупираат филозофски мисли.
    Сакам да кажам дека љубовта не е доволна, мора постојано да менуваш и да додаваш нешто, мора постојано да доградуваш, да растеш, да зголемуваш, да докажуваш.
    Љубовта не е ништо, љубовта се гради, љубовта се создава.
    Љубовта е проста.
    Да или Не, и ништо измеѓу не е потребно во љубовта. :P
     
    На teddybear, najubava2010, Shelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Сакам да кажам...

    Убава ноќ...
    Тивко е,по некој автомобил ќе помине од време на време да ме потстети дека сеуште сум на тераса и дека е време да влезам всоба зошто е доцна.
    Ама ако ќе останам уште малку да му се радувам на животот и на неговата слика,темни очи потонати во тага... Ќе ти кажам само едно ПРЕКРАСЕН СИ!
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК да не постоеше алкохолот ќе бев многу посиромашна :drunk: :rofl:
    КОЈ ПРОБАЛ ЗНАЕ :rofl:
     
    На Shana, Hipica и anima им се допаѓа ова.
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    5.531
    Сакам да кажам...

    Немам инспирација за пишување :|
     
  20. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Сакам да кажам...

    Сакам само да ви кажам леко утро на сите...ноќта помина пред еден час :lol:
    Заминав да спијам |-)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.