Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Магично, волшебно и сакам да се повтори .
    Нозеве ми стапнаа во вечниот град, се надевам дека ќе имам можност пак да прошетам на плоштадите и да брцкам со нозе на плажа во Лидо Ди Јесоло.
    Фрлив паричка во фонтаната Ди Треви за пак да се вратам, па белки ќе се исполни желбата.
    Се изнаденсав во диското во Лидо Ди Јесоло видов убави типци, ама никој Италијанец не смував (и професорите секаде со нас идеа :devil: )
    Јадев италијанска пица, го видов мостот на воздишките, купив маска од Венеција и го вдишав венецијанскиот воздух и на копно и на брод в море ! :)
    Се возев на траект и бев во диското од траектот, почувствував како е да се биде неспан цел ден и пак да неспиеш .
    Во 3 после полноќ шетав низ Фиренца заедно со уште 90 луѓе, а сретнав само околу десетина, го може некој ова? :D
    Ги видов фонтаните во Тиволи и се изнауживав во зеленито и прекраснотијата таму .
    Го видов Рим раздвижен од сабајле, видов луѓе од 7 до 77 како си џогираат спокојно покрај брегот па дури и по улиците , богами сакам и јас да го правам ова секој ден таму.
    Македонското знаме го развеавме и покрај Колосеумот .
    Видов како се возат со велосипеди како превозни средства поразлични од нашите, слични ко партизанки беа (од времето на дедо ) само некои помодерни .
    Ја видов куќата на Јулија и ја фатив за града :D
    Уште многу многу спомени кои ќе ми останат засекогаш врежани во меморијата.
    Екскурзија која никогаш не се заборава, не смее да се пропушти.
    Сега сакам назад пак, би си заминала и не би се вратила.
    Дур се возев в автобус помислував неколку пати на вас признавам и еве ги ветените слики од Венеција се по ваше барање ;)
    Гледајте што видов, моево форумско име по упаљачи, ех колку сум популарна, треба да им барам процент од заработувачка, овие ги сликав на еден кош поставени ко на пазар за продавање од едно продавниче пред влезот кај фонтаните во Тиволи :D и тоа успеав да го фатам
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN3427.JPG
      DSCN3427.JPG
      Големина на фајлот:
      251,8 KB
      Прегледи:
      215
    • DSCN3434.JPG
      DSCN3434.JPG
      Големина на фајлот:
      319,1 KB
      Прегледи:
      215
    • DSCN3381.JPG
      DSCN3381.JPG
      Големина на фајлот:
      307,3 KB
      Прегледи:
      215
    • DSCN3326.JPG
      DSCN3326.JPG
      Големина на фајлот:
      253,3 KB
      Прегледи:
      215
    • DSCN3256.JPG
      DSCN3256.JPG
      Големина на фајлот:
      410 KB
      Прегледи:
      215
    • DSCN3410.JPG
      DSCN3410.JPG
      Големина на фајлот:
      281,4 KB
      Прегледи:
      198
    На GarpovaV, julie77, Theodora и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека разговор многу ми помогна, со личност која е поголема, а и поискусна од мене.
    Некогаш солзите мораат да се сокријат. Ќе им ги покажувам само на плочките во тоалетот и на онаа која ја гледам во одразот од огледалото. Пред другите треба да се биде храбар.
    Не сум била единствена, тоа ме теши.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Лукс убо сликите, преубави се :inlove: :D срцкото ќе ме фатит :D

    Туку сдк дека ми недостигаат некои драги луѓе :worried: цел „ универзум“ не дели :worried: ај фала му на Бога, тука е интернетот, скајпот :D да ни е жив и здрав и да не служи :rofl: да не прави пречки некакви за да може да комуницираме :D
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Сакам да кажам...

    СКД да кажам дека во една дискотека каде што славеа матура имаше и возрасен човек кој имаше оклу 55-60 години.Се изнасмеав кога го видов :worried: :worried: :worried:

    СКД дека поминав прекрасен ден со оние кои ги обожавам :inlove: :inlove: :inlove:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам...

    СДК - многу ме нервираат луѓе заглавени во минатото. :fubar:

    ,, Ееее ние порано вака правевме", ,,Ееее на времето како беше а сега како е ", ,, ЕЕЕЕ порано со лажички сме мереле зејтин, сега ти цело шише истураш ". |(

    Искрено, многу ми е гајле како било порано. Јас гледам сега како ми е. Тоа време било и поминало, ич не ме интересира кои биле нивните можности и услови. Па зошто да не се прифатат новите изуми, новиот начин на живот... Се се менува, само тие не. Не можам да ги сфатам, никако! Наместо да уживаат во се што ни нуди модерниот свет, ми се мрштат на се и сешто. Барем денес е лесно да се ужива, да се опушти човек. Колку и да се жалиме, животот ни е стопати полесен од тој што го имале нашите баби и дедовци, па многу ме иритираат кога се жалат! :swear:

    ,, ЕЕЕЕЕЕ ние порано, со внуците од Австралија се слушавме еднаш годишно, а се гледавме еднаш во 10 години. ЕЕЕЕЕ, сега секој ден се слушаме а идат секоја година, ама порано поубаво ни беше,, :geek:

    Македонска работа, затоа ние 100 години поназад сме од другите. Кај нас Тито уште е жив. :x
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мирис на тазе испечени крофни, лате во рака и пречек на железничка. Се чуствував како да чекам (не) дојдена љубов. Ги набљудував луѓето како и по обичај и се смеев на мали слатки ситници. Го видов најслаткиот бакнеж на светот не знам ни како успеаа да се бакнат додека возат велосипеди. Збунети кинезни и брзо групно вртење на глава насоучување на своите базуки (камери), штракање како луди ама многу чудно усогласени. Не знам ги доживувам како мравки.

    Копенхаген е град кој може да ти овозможи чудни доживувања. Со моите две блесави а потоа ни се придружи уште една македонка, крстаревме по водите на Балтик, ладна струја во нашите глави, времето беше збунето, се менуваше на секои 5 минути. Ги видов убавините да се биде жена и да се влезе во секоја продавница како пубертлетики соблекување и пресоблекување, одење и смеење на улица, јадење кинеска храна, гледајки во живите статутеки, чудејќи се и анализирајќи како успеваат.

    Секој момент беше возбуда, се додека не отидовме во населбата Кристианија. Ух место каде се продава марихуана, хашиш на тезги отворени. Се ежев од лицата кои не опклуваа познато како хипи место каде полицијата никогаш не оди, не знам ни како завршивме таму, ама беше разочарување за мене гледајки ги 13-14 годишни деца како купуваат дрога, кафичи каде седнуваш и нормално на мени е некоја 2, 3. Но возрасната граница беше 13-60 годишни луѓе. Од левата страна збиралиште на алкохоличари и ороспии, на една зграда имаше нацртано лик кој толку ме подсеќаше на Гоце Делечв, земавме по едно пиво се напивме и заминавме покрај едно мало езерце да впиеме малку сончева енергија. Бездомници запалиле в канти оган и се грејат. Тоа беше област каде е забрането да се слика леле кој страв го имав ако ми го видат апаратот. Ух колку се воодушевував на убавините толку бев зачудена како тоа земја како Данска го дозволила тоа и сите тие испиени лица ухх!

    Како и да е денов ми беше доживување и учење што се постои.
     
    На zhap4e, anima, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дојдов пред некои 40 минути.
    Се опрчив со такси зашто еден саат чекав автобус и немаше абер да дојде, а јас бев пред колапс.
    Од 6 сабајле ... бев во друг град на блиска другарка и е слава. Трчи работи трчи работи, душата ми излезе, спиена едвај три саати.
    Ајде пројде се, си дојдов. Се силам да заспијам неколку саати за да станам рано да учам и не можам, ми се мота во глава сликата од сообраќајката што ја видов. Човекот беше ужас, здробен, столчен ... цела улица хаос ... не можам. Не можам, се мачам.
    Пробав и да учам сега, утре полагам по втор и последен пат и ништо не знам, ништо. Не можам ни да ви кажам колку пати само ја прочитав првата реченица и пак не ја знам.
    Бедно се осеќам. Боже да не беше тој да му се јавев ќе се пореметев.


    Едвај чекав да дојдам во моето вц (цел ден трпев за мочање, бубрезите ме уништуваат сега од болка)
    Едвај чекав да мијам раце со мојот течен сапун,
    Едвај чекав да ги видам моите,
    едвај чекав да се напијам ладна вода,
    и едвај чекав да се ставам во пижами и да се кутнам во креветов.

    Единствен позитивен заклучок од денов е, САМО ДОМА СИ Е ДОМА !!!!!!! :!:
     
    На Strumfeta93 и kelly.r им се допаѓа ова.
  8. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Сакам да кажам...

    ОД УТРЕ ВРТАМ НОВ ЛИСТ ...
    - сите глупости не може да ги собере на една страница
     
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Му се смешкам онака шмекерски на Кољо и слушам ептен секси песна. Ете паф пуф ..не сум веќе намуртена. Сеа се смешкам и на мртва природа. Наздравје , дека денот на Киро и Мето беше уствари..добар вторник.
    А , ако некогаш некој ми фали во животов после старциве...тоа ќе биде тој. Епа прекрасен е <3
    Не го давам , ќе го сакам до последната капка.
    И што е поскапо од детето во тебе ? Ништо , нормално. Цел живот се лутев ако во собава влезе дим најслучајно , а денес се испушија 2 кутии цигари. Во ред е :) марширавме низ Охрид..ама вистински марширавме , изгледавме ретардирано..седевме и јадевме семки .

    И шо беља си барав па се ставив на чет на фејсбук..сеа глава неможам да кренам. Демек изгореа сите по мене..50 пати прекинав со пишување . Ми избега мислата..а баш сакав да пишувам.

    Еве ви
    +18

    http://www.youtube.com/watch?v=cOrc37wNUqU

    На крајот на краиштата , сите приказни се љубовни.
     
    На teddybear и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ОМГ за малку ќе си ја заборавев годишнината од врската со дечко ми :( Ама тука е фемина да ме потсети :lol: Гледам денеска некаде околу 6, ми пишува доле на ова апликацијата 9 години и кога ми текна :o Па годишнина од врска ми е :) :party: Хаха и викам ќе си молчам, да видам дали на овој мојот ќе му текне, ама му текнало бре :) А само што се спремав жив да го изедам што не се сетил :devil:
     
    На baguf4e, julie77, Miss-Independent и 13 други им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакам да кажам...

    Поминав 3 саати на тарасата стуткана во ќебе и во моите мисли.
    Размислував со топол чај во рака. Сосема сама. Ми требаа овие моменти.
    Морав да размислам убаво што ми се случува, од каде тоа незадоволство... што е со мене по ѓаволите.
    Џабе... незнам ни јас.
    Или пак знам.
    Како и да е, мислам дека добро размислив, и покрај тоа што овој пат навистина ме погоди и ме разочара, ќе ти дозволам да го направиш тоа уште еднаш. Да. За тебе не е толку трагично знам, но ова си го должам себеси. Морам да си докажам самата на себе, морам да го направам тој тест врз самата себе за да видам дали ќе издржам. Потребно ми е тоа, неморам никому да објаснувам зошто.
    Мил мој, ти сепак не го заслужуваш тоа, го заслужувам јас, јас и ќе го добијам.

    Премногу работи ми се смотаа низ глава. Се сетив на многу болки и падови.
    Додека Скопје вака од високо молчи и звуците на Диана Крал се слушаа од внатре пуштив и по некоја солза. Ми дојдоа емоциите на површина. Се сетив и на убавите мигови со него, и со една мината(?) љубов.

    Резултатот од моево размислување се сведе на тоа дека е многу подобро да те љубат одколку да љубиш.
    Кога оставаш некого, остави го за цел живот. Не го мачи барајќи го повторно отварајќи ги старите рани.
    Тој што го сакаш пушти го да оди.
    Не си поигрувај со срцето на тој што те сака.

    Што треба да направам за да сфатиш колку вредам? За да сфатиш дали неможеш со или без мене?
    Да те оставам нели?
    Така.
    Давав, давав, давав, земаше, земаше, земаше без престан, без фидбек.
    Сега јас ќе го искористам тоа што го научив од тебе.
    Сосема спротивно од тебе, како тивок крадец, нежно, ќе ти земам се што ти дадов несебично.

    Спијте мирно.
    Не разочарувајте ги луѓето што ви значат.
    Нив ќе ги боли повеќе одколку вас.
    :l:
     
    На Go-Girl, julie77, Miss-Independent и 17 други им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк утре рано патот под нозе и да си видам крајните оцени...
    Знам ке се изнервирам, знам заради глупавата 2-ка по математика нема да можам да го фатам просекот за со 5-ка да поминам и оваа година...

    ....сакам да кажам ме мачи некоја тежина грутка во грлово .... :worried: од што :?: не знам ...
    сакам искрен разговор,малку внимание само малку :!: :(

    Искрена прегратка :(
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Сакам да кажам...

    Изјава на денот

    Љубе сака да стане сват со Бранко.
    Син му на Љубе води љубов со ќерка му на Бранко.
     

    Прикачени фајлови:

    • амди.gif
      амди.gif
      Големина на фајлот:
      4,2 KB
      Прегледи:
      204
    На lolyta777 и Offspring им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се е до вербата, ако веруваш во нештото дека го има, ќе го има, а ако не веруваш, нема да го има, без разлика дали станува збор за Бог или општо, многу едноставно е.

    Секогаш наоѓам да филозофирам во ниедно време |( |( :D
     
    На Angelche и xxAngelxx им се допаѓа ова.
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    СДК мимс ме остави без зборови.... верувам ретко кој не се пронајде во ова .... :x :(
     
    На mims-89 и xxAngelxx им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ме уби девојче... цел ден бев емотивно лабилна... Ете на крајот од денот, пуштив и солза на делов....
    Ми фали мојата искрена насмевка. Ми фали мојата искрена среќа.
    Ми фали детето во мене.
    Дојдов до тој степен да кажам дека ми е тешко да седам во Скопје, поради него.
    Да, не се срамам да кажам дека е поради него...
    Зошто е тешко да го пуштам да си оди?
    Зошто му е тешко па него да ме пушти мене? Барем он мене не ме сакаше... Барем не на таков луд, искрен, детски начин како јас него...
    И сеуште го сакам... Само, на некој начин, позрело...
    Не сум несреќна, не сум ни осамена, не сум дури ни тажна без него...
    Убаво ми е... Ми фали нешто, го осеќам дека ми фали, ама се гура и вака низ животов...
    Стигна Јуни скоро... Поминаа 5 месеци од годинава, а не се нешто за фалење....
    Јас и понатаму ќе си седам на фемина... ќе пишувам патетични постови и ќе чекам подобри времиња. Времиња како оние од есента кога се зачленив на форумов... Најсреќни...
    Очекувам дури и подобри :)
     
    На mims-89 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сдк дека крајно време е да одам да си легнамм оти утре во 6 ништо не ме станва...
    П.С ..не можам да се одделам од форумов :lol:
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Сакам да кажам...

    Сдк несоница ме убила.Ма не е ни несоница,не сум ич уморна и поспана,не ми се спие ич,имам елан нива да копам,математика дури и да вежбам...ма шта чеш!Читав едно научно истражување кое докажало дека луѓето кои се ноќни птици се поинтелигентни од останатите!Тоа е!Индиго! :D :D :D Љооољ!

    Читав книга,јадев јагоди,гледав филм,средував документи,ми прекурчи,читав списание,читав фемина,читав портали,пишував мејлови...сега што ми останува?!Да застанам пред огледало и да си ја вежбам најубавата поза за на фотографија,зошто немам таква и секогаш грдо излегувам на слики!!!!!
     
    На Strumfeta93, mims-89, Mygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    Сакам да кажам...

    ^ и јас ќе ти го пишев истото.
    Индиго, оди па заспиј.
    Тешко е за индиговците, верувам, а јас што не сум таква, у која група да се пикнам?
    Барам образложение!
    :D
     
    На mims-89 и Offspring им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Сакам да кажам...

    Мааа индиго си бре!Фурааај!Има место за сите!Као у воз,брод,автобус од Бомбај до крај на светот ќе се пикнеме и сите ќе бидеме посебни! :D :D :D :D :D

    Земете го ова индиго од мене,сакам да заспијам ко човек со нормален биоритам!Прост и обичен човек,ама среќен и наспан! :(
     
    На mims-89 и Trendafilka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.