Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сакам да кажам...

    ^^ Хах, јас па се чудам зошто секоја вечер не можам да спијам како нормалните луѓе. Море јас Индиго да сум ти била бре :D :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сакам да кажам...

    Наполеон Бонапата го сметал секој човек што спие повеќе од 4 часа за идиот.
    Ајнштајн спиел по 12 часа

    И јас ич не сум по спиењето,како залудно губење време ми е... Си легнувам во 5 станувам во 11.
    инаку... што сакав да кажам...

    СДК дека утре полагам, пак паника, пак фама, како на доделување на оскар да се оди, а и фризура си направив, косата пеглана после тоооооолку време, абе треба да се има дебели нерви да се испегла ова мое чудовиште на глава... свински опавчиња се едно до едно.... И таман на пола испаглана ете го моето маченце на врата. и онака јас со пеглана коса, за 2 секунди станав шмизла.... Ох леле, ни јас не можев да се трпам, а не па тој, абе шмизлетина ипол, ама затоа кога станав утрово косата веќе беше полуправа па одма го сменив однесувањето. и после нека каже некој дека косата не го прави човекот. Да бев јас на негово место ќе си раскинев сега.... Ама тој си е многу добар, па не се лути за глупости...
     
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    На работа сте?!
    Да бев жив сега убаво ќе се одмаравте.
    Среќен ден на младоста и за сите што се чувствуваат како омладинци.
     
    На Miss-Independent, julie77, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сакам да кажам...

    СДК:
    не е светот црно-БЕЛ. Си има тој свои сиви минути.
     

    Прикачени фајлови:

    На Theodora, karak и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Скопје никогаш не ми било поубаво :) . Се шетам, го мирисам секое негово ќоше, уживам, но во исто време и сум разочарана. Се чудам :?: што се никнало наоколу. Едноставно останав :x
    Имајте ми убав ден :sun:
     
    На la-chicka, lolyta777, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Ете, се јавија титовите пионИри :) Орхидеја :hai:

    Епа среќен ден на младоста другарице и другови! Ви текнува на штафетата на младоста? Па сите пред школо искочени со овенати цвеќенца во рака, ги чекаме да поминат овие што одат од Триглав накај Вардар и обратно, абе за гревови - кога ќе ми текне :D
    Па братучетка ми една година ја избраа да учествува на самата манифестација во Белград. И јас прцул со експлозија на главата сум седнала пред телевизор и ја барам ли ја барам - и мислам дека ја најдов во таа толпа, ама никој не ми веруваше :wasntme:
    Па се врати кутрата настината, ги терале да играат боси на тревникот на стадионот во Белград. Ма све за другар Тито.

    Ал денес сум нешто распеана. И не знам зошто, ама стварно не знам зошто, чисто онака шпартајќи по форумов ми текна на една песна од Бајага и си ја пеам.

    Дај да те пратим и да будем сена
    да не будеш усамљена
    кад по води будеш ходала
    Хајде, плаааави мој саааафииииру


    А убава песна и во овој ден со комунистичка арома, ми буди спомени. Убави југословенски спомени. И ми текна на онаа книгана за човекот што си ја изгубил сопствената сенка и тргнал низ цел свет да ја бара. Пф, тешко било денес да се најде сенка?! Ај да те видам напиши ја денес книгата. Ај ако можеш! :)
    Ама срцки ми се таквите душички. Познавав такви, желни за учење и инспирирање од други. Па те гледа со тоа големите очиња, те следи кај и да одиш, прави што и да правиш, ти тапша за што и да издејствуваш, па тука така малку се осеќаш ко ѕвезда. Па те сретнува по ходници и ти вика - еј ти беше вчера на телевизија?! А јас збунета.
    - На телевизија?! Ау да бе бев! (ија славна сум конечно ме препознаваат на улица!)
    - Супер беше. Сакам и јас исто така.
    - Епа пробај бе.

    Се додека си нечија инспирација ок е да имаш сенки. Се додека сенките се млади и желни за позитивни подвизи, макар и барале инспирација во некој друг :)
    Стокери нејќум! Ме стра!

    Е така. Ајде одам сега да се конфколуем. Што ти е капитализам и глобализација во едно. Демек сите сме многу битни и важни за бизнисов, и немаме ама ич ич време за ништо, а оно заглавена на слушалка по саат и пол секој ден |(
    Среќа што телефонот повеќе не е на вртење.
    И среќа што сме млади.

    Среќен ден на младоста другарице и другови, бидете млади, умни, убави, разиграни, поинерски, сенкасти, или следени. Се додека има сенки тоа значи дека има и сонце. А сонцето е добро. И јас го сакам.

    Друже Тито ми ти се кунемо, да са твога пута не скренемо!
    Ма здраво! 8)
     
    На Theodora, Strumfeta93, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Син ми ме прашува сега скоро,додека поминувавме низ ,,Лавов мост" ,Гоце Делчев мислам де.
    ,,Мамо на лавовите им изградиле споменици дека живееле порано ,се бореле и умреле".

    Детето си мисли дека споменици се градат на некои народни херои,некои кои се бореле и во таа чест се гради некое спомен обележје.Така и за лавовите ,не му е јасно што точно симболизираат и зошто,ама ЗОШТО има споменици.
    А и мене не ми е јасно,навистина.Што да му одговорам!?
     
    На la-chicka, Bozica1980 и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    716
    Сакам да кажам...

    Знаете што? На форумов изгледа има еден маж, кој се претставува како девојка и фетиш му се женски нозе во хулахопки и високи сандали и штикли... |( Gerberce е профилот...Откако ја прочитав убаво темата за хулахопки го приметив тоа...И бидејќи јас имам напишано за моите омилени летни хулахопки од Ползела, ми праќаше лични пораки пред месец два, дека е опседнаТ(а) со хулахопки, дека ме сака бидејќи јас носам такви и ми викаше да (му)и праќам слики во лична порака, каде што ногата ми е во таква хулахопка и сандала...Дури сега приметив дека ова е некој фрик... Свашта има по светов значи, цццц... |( |( |(

    Да имав време слики да правам, ќе ги постирав јавно таму, а не преку лични пораки да ги праќам... |(
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Оооооооо... Имам таков еден сретнато на друг форум. Ама ептен ГОЛЕМ фетиш му се стапалата. Само игнор!


    СДК баш волим овај режим, сви раде а ја лежим :D
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк ве читам,ја спомнуваме дата ,месецот и годините наназад едно убаво минато време,време кое и јас бев дел од него.Сите бевме другари и другарки бевме титови пионери постоеше другарството,допишувањата со писма другарчиња од цела Југославија со кој се запознававме на некој работни акции или летовања преку извиднички поречански одреди,логорувања, се пееја најголемите југословенски хитови на гитара околу логорскиот оган до касните саати.Наутро го дигавме знамето,заставата сите наредени во ред по двајца и ја пеевме химната ''Хеј словени.....''се уште ја памтам.Поздравував со ''Татковината за Tито...''одредеот се викаше ''Елпида Караманди''јас бев потпрецедател и најодговорно ги вршев сите задачи.Албумот ми е полн со слики од тоа убаво време,безгрижно детство сите бевме еднакви немаше сиромашни богати се почитувавме и сакавме....Се распишував ми навираат солзи,а душиката ми се разнежни....Да е вечен 25МАЈ денот на младоста роденденот на другарот Тито.
     
    На Theodora, lolyta777 и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сакам да кажам...

    СДК само што и‘ се јавив на мајка ми да и‘ го честитам денов на младосва. И‘ велам Мајче, ти за мене вечно млада ќе бидеш :D А таа ми се изнасмеа и се израдува што имало некој аир од интернетов, затоа што на форумов дознав дека денес бил ТОЈ ден.
    Патем, и мајка ми била Титов пионер и учествувала во штафетата и кога и‘ се јавив фати да ми пее Друже Тито, ми ти се кунемо..., а во позадина ги слушам колешките нејзини ја придружуваат во хор :D

    Луди жени :D
     
    На julie77, Theodora, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Хаха јас баш пред некој ден се смеев за тоа на фликр имаше неколку профили со мажи опседнати со хулахопки и потпетици, какви се не гнасоотии видов, ама значи и кај нас забегале! Само игнор не му пишувај или отворено пиши му една порака да не те замара..
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Порано кај нас вистина и имало лавови споменици само не знам на кој точно мост. :) Во времето кога Бугарите си заминувале и бегале од тука, меѓу другото ги зеле и нив :P абе имам многу приказни за ова али ај ова нек е доста си имам друго што си сакам да си кажам, само да ми текне сега некако ми мозак не ради.
    Тито, да си знаеш, јас ти бев последниот пионер, после мене други немаше.
    Али јас секако не те сакам толку многу, што да правам таков човек си бев си читав книги истории, политики и не ти ја сакам политиката.
    Али да живеат одморите наши на море, да живеат продавниците во кои во тоа време имаше што да се купи и не беа празни како кај Бугарите ааа е тоа ти го сакам :D Мада .. ајде не се пишува за се. ццц
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Девојки пионерки или не, отворив една ваква екс ју носталгична тема :wasntme:

    Па ако сакате бујрум таму, да можев бре и кафе ќе ви направев!!! :D
     
    На LivingGlam и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Значи многу, многу, многу понеделнички се чувствувам денес!
     
  16. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    ме фатија болки се укочив во кичмата ама ја сум си таква па се изнасмеав .....

    http://www.youtube.com/watch?v=DDnKE7Rr0z4 :lol:
     
    На Nightwalker, Marilyn-Monroe и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Сакам да кажам...

    Ако сте расположени да се посмеете пуштете А1!
    Цветка, Златка и уште не знам која..Така се имињата на Blossom, Bubbles, и Buttercup од The Powerpuff Girls. :D

    Мене ме фаќа срам од лошата синхронизација! |(
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...



    :bow: :bow: :bow: :bow: :bow: :bow: :bow: :bow: :bow:
     

    Прикачени фајлови:

    • cestitka.JPG
      cestitka.JPG
      Големина на фајлот:
      97,8 KB
      Прегледи:
      252
    На ph.orhideja, julie77, Theodora и 9 други им се допаѓа ова.
  19. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.203
    Сакам да кажам...

    :D
    Тооо!Ние сме Титови, Тито е наш!!!!!!!!!!!!!!!!!! :rofl:
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Во животов има многу работи,кои одат заедно.Заедно се надополнуваат и победуваат.Едноставно,некои работи заедно се непогрешлива добитна комбинација.
    Како билдер со кило злата око' врата,малолетни4ка и деколте,како бела чорапа и шиптар,како..циган и старо купувам.Како ладно пиво и скара на ливада,фустанче од кокосови лушпи во Тајланд.Како јас и тој на плажа со оган..така,дури и подобро Демиан Марли и НАС.
    Да,тоа е тоа.Тоа е се.Заедно неможат да згрешат.Би ги слушала одново и одново,уште еднаш и уште еднаш.Симнувам капа,го задоволувате мојот вкус во секој поглед,без утка.

    Се сеќавам,минатот лето..имаше комбе,целото со тагови и пишуваше Зиги Марли.Од Низоземска доаѓаше.Ааааах,љубов.Кога ќе ги видам тие три бои,црвена жолта и зелена..ми текнува на слобода,безгрижност,насмевка.
    Тоа е тоа,насмевка..i stand for it,i'll fight for it.
    A,како ме учеше Демиан..only the strong will continue,i know ya have it in you..

    Одамна престанав да се возам со такси.Подобро ми е.Мајка ми е Шумахер,се гордеам со неа.Уствари со двајцата се гордеам,прекрасни се.
    Ја сакам и баба ми.Каква жена,репер како треба да правиш во животот.Жена со неверојатна смисла за хумор,жена со неверојатен стас,неверојатен вкус за мода.Толерантна,модерна,искрена.
    Да живее уште долго.
    А баш сега ми се јави да ми каже да излеземе петок,да ми купела машка кошула.Ѕвер <3

    Баш си викам ај да видам неделниот хороскоп,сигурно е сменат..и се сецнав,среда е бе.Таман,ни ваму ни таму.Интересно е кога ќе сретнам уште еден човек,кој луѓете умее да ги перцепира преку наталната карта.Убаво е :). Ми фали магионичарот,но сега незнам што би му кажала.Немам што,за некое време ќе се сменат работите,си велам.

    И за крај,му се лутам на продавачот што не ми даде јагоди..помини покасно,не се мерени.Епа,заспивам бе..сакам јагоди,сега,одма,веднаш! Гриииииииизззззззззззззззззззззззз
    Опаа, грми !
    Се одјавувам,а вие..имајте убав ден.
    Слушајте ги фамилијата Марли..и чилајте.
    Мир
     
    На la-chicka, Theodora, viki44e и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.