Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Како може да постојат такви глупави,прости,нецивилизирани бездушници што трујат кученца?
    ;(
    Безрезервно мили и искрени душички?
    Ми се повраќа од такви суштества -бидејќи тие "луѓе" не можам да ги наречам,а не ни заслужуваат!
    Уффффф :(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    е мн сдк дека ми е убав овој ден бев во парк .
    Инаку сите со диети ја јадам..... јадам торта со вишни ..... :?: :lol:
    и нели сега ќе се туширам , ќе учам и ќе пишам со некои феминки.....


    п.с драги феминки ја сакам гушки ако сака некој пишете :$ ( виртуелни :!: ) :D :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека конечно и јас добив цветче на форумов :D
     
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сакам да кажам...

    Се нервирам... Вчера пробував светли фармерки и воопшто не ми стојат. Па добро, јас сметав дека тамам сум на килажа, дека не треба да слабеам ама изгледа се лажам, не знам што сум гледала во огледало :tmi: Па ако сум тамам треба да ми стојат било какви фармерки, а не вака да бидам ограничена :@ . Во нозете не изгледав толку голема, ама колковите и задникот :o Па стварно нема правда... Не сте свесни феминки колку внимавам на исхраната и пак вака да ми се случува :@ Па не дај боже да се опуштам, да не внимавам воопшто, којзнае што ќе биде со мене :^)
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Малку облини не се на одмет,уживај. :)
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Оти бе само се жалите малце ви се смајлиња :wasntme: :wasntme: :wasntme: :wasntme: :wasntme:
    Ставете и 100 ако сакате, еве избројте ги[​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    ;)
     
    На karak, la-chicka, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку бедно ми делува кога ќе видам како некоја ставила на статус: Еден живот, една љубов, Барселона!
    Ма дај, молим ти се, иди заврши средно па прави се дека си познавач и фан на некој фудбалски тим. А не, слушнале пубертетликите дека е кул да навиваш, па ајде сега верни навивачки сме! |( |( |( |( |( |( |(
    Не сум го разбирала и нема да го разберам женското фолирање дека ужива во фудбал. Знам дека постојат исклучоци, ама убедена сум дека од тие 30% што се прават фанови, ни 2% не знаат еден играч да наведат.
    И нема да гледам вечер финалиња, нема да седнам на кафе и да правам УУУУАОАОАОАО не секој гол. Имам многу подобра идеја за тие 2 саата.
    Фала многу.
     
    На Gargamel, Evellyn, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    ...седам на под замотана во пешкир...
    ...јадам мрсен комбиниран со врат од Попе и ништо не ми е јасно.

    Собата ми е во хаос, мењам летна со зимска гардероба, се прашувам од каде ми изникнаа толку парчиња облека? Кабелот од батеријата за лаптопот личи на змија, на фб ми се ставаат 17годишни хипстери, вчера во Менада и бал и дупка, возот за патот што љубов значи замина, Ена има бебе, мене ми е рано, а ме спопаѓаат пориви, вино со капка лимон е убиствено за пиење, Чалгија и дајре, и муабети за вонземјани до 4 сабајле...
    Еден куп рими, неслучајни, а можеби и така само сакам.
    Веќе ми спакуваа 10тина песни на кои ќе треба лелеаво да го залепам својот вокал.
    Јас, само сакам да се спакувам во куфер и да ме прошверцаат на пустичок остров среде Пацификот.

    Ех, желби.
    Да си речам, оти друго нема - мисловната линија ми се црта од врвот на носот до папокот. Подолу, само за јуначко срце.
    Е*ате мажите во Скопје, со мало м.


    суперБ, обратно - Брепус, или Бре, пус! (преводот, си знаете тие што си знаете).
    Многу тикви јадам, морам да се приберам.
    Сладолед со лажица, седум филмови и чао пријатно.
    Демет.
    Животот пишува романи, а јас поезија.
    Јбг.
     
    На la-chicka, mims-89, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    скд дека мн мразам избацивачи... ама мн... одвратни се и глупи.
    Им се остварила животната желба да висат во некоја дискотека и ајдеее...
    И мразам машки што љубов да се пијанчат и да кршат чаши на Аца Лукас и сл.
    И мразам мажи што сеуште го имаат менталитето на дедо, дека треба да ги командаат и вртат жените.
    Затоа мн се плашат од паметни жени, затоа што тие сакат кариера, не им се седи дома, додека нивниот маж си пее во некоја кафана. Затоа овие си наоѓаат некоја со средно...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    Сакам да кажам...

    ... не, симпатијата им навива за тимот па ова веројатно е беден начин да му влезат под радарот, ко мислиш машките не го забележуваат женското преправање и незнаење на темата спорт. :D
    Бедничко. Ем жално.

    Него овај, дечки... сакам да кажам, а воедно и да прашам - интензивно читам постови како многу имате за учење, тестови, испрашувања во средно... кај учите побогу?
    И константно се жалите дека не можете да постигнете.
    Не обвинувам никого, чисто онака се интересирам - што толку имате за учење и што не можете да постигнете сега, а тек ако одите на факултет и имате испит од 800 страни, па коси ќе искубете.
    Не кинете живци сега, и онака веќе сите се запишуваат со пари.
    А и колку е тешко да поминеш во средно со 5ка жити се' ?
     
    На Strumfeta93 и Neytiri им се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... дојде време во парк да одам,
    времево не мом да го погодам.
    Очајно звучи, јеа, ај ноу ит. Само ако врне утре... Еднаш во животов мој дојде време да ги гледам Фолтин и Беј д Фиш во живо, а тоа се к*рчи и сака да врне.
    http://www.youtube.com/watch?v=CDAfPjYKtfo

    А пропатно цел ден денеска низ град во себе си ја пејам I'm on my own, од новиот албум на Беј д фиш. Ризикувам на последен тест да добијам слаба оцена, а времево ме заебава.
    Пред малку ме изеде и првиот комарец годинава, аирлија. Коленово ми е како јаболко црвено, чеша ненормално. |(
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.437
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ех,Трендафилче,во гимназијата каде што учам е прилично тешко да се помине скрос одличен.Имаме лоши професори,не попуштаат никако,мора секоја оценка да се добие со труд и работа.Јас лично многу се трудам да поминам скрос одлична и многу се замарам со школо.Верувам дека и на факултет ќе бидам таква,едноставно не можам,а да не се замарам премногу за се во животов. :^)
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Трендафилче, а ти навистина мислиш дека имаат еден тон материјал од кој боли глава? :D
    Ахааам, како не.
    Тоа се фрази на секој еден средношколец.
    Тој никогаш нема време, посебно за учење. :!:
    И јас така викав, бев прееемногу зафатена, а за едно чудо ништо не правев. :D
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Амм..исто и кај мене.
    Секој професор ти бара многу,попушта само на врскаши,а ние смртниците снајди се па живеј.
    Многу има за учење,а не дај Боже да ти се соберат,никогаш нема да научиш.
    3 теста во ден,една писмена,ич не се замараат дали имаш време,живот. :^)

    Можеби ни е тешко зошто не сме го поминале факултетот, за нас до сега е ова најтешко,а кога ќе бидеме на факс ќе се смееме за тоа како не сме можеле да научиме 5 страни.
     
  15. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Сакам да кажам...

    Сдк дека има луѓе кои навистина проклето не ги разбирам. Зошто луѓето се толку комплицирани?! :?:
     
  16. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сакам да кажам...

    ^^^ Во контекст на муабетов погоре, уште се смеам кога ќе се сетам на прва година средно, кога се жалевме по предметот Уставно право дека многу големи се лекциите - по 10 до 15 страници :rofl: .

    Како и да е, јас во средно не се жалев дека имам за учење. Реално, учев најмногу во прва година, па после живеев на така наречената „стара слава“. Башка, снаодлива бев бре, се случуваше еднаш да научам дома или пак пред час и тогаш интензивно кревав рака, двете прстиња кренати до таван само за да ме испрашаат. И ќе ме испрашаа, па после гајле си немав наредниот месец- два :rofl: . Знае Мајгрл, така си мислеа професорите и не ме испрашуваа :rofl:. Ма да, ми се случувало да добивам и слаби оценки, имав дури и тестови 1 и 2 :lol: .Но на крај ги поправав.

    И Багуфче, не се малтретирај толку. Мислам учи си, ама не толку да се напињаш. Од мое искуство, кога се запишав на факултет, некако многу повеќе почнав да се замарам и да бидам одговорна, исто и некои други школски што не беа толку солидни во средно, а некои пак, од оние што цело време учеа и што беа најодговорни, со секогаш научен материјал и напишано домашно, на факултет попуштија :o .
    Чудно е, знам, и јас се чудев што се случува со нив, па со такви амбиции беа во средно, а сега...
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.318
    Допаѓања:
    28.103
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми е преку глава од немаштија.
    Друштво излегува, те вика, ти неможеш да одиш и они се нудат да ти платат само да дојдеш. Фала им, и среќна сум што имам такви другари, и ок е ова да се случи еднаш ама не сакам цело време да се влечам на туѓ грб.
    Некогаш се чувствувам како нешто најдолно...
    Бар да имав потпора во животот. Смачено ми е се да правам сама, и за се сама да се борам.
    Да ме направи животот посилна, ама што ќе ми е силава?

    Ајде да завршам побрзо па да најдам работа.



    (ке ми помине апатијава на 1 ви кога ќе ми стигне пензија. мала, ама моја си е!)
     
  18. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    35
    Сакам да кажам...

    Седнавме,се сместивме убаво,си прибравме грицки и чекаме да почне финалето на лига на шампионите 8)
    Напред MANCHESTER UNITED!!!
     
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк проклетство незнам што ми се случува. Какви чувства имам јас во мене. Што е ова.
    Мора ли вака да биде. Ма несакам ништо од ова, сакам да бидам самааа. Зошто не разбира.
    Ја нема таа хемија која ја имаше меѓу нас. Те молам прекини! Јас неможам повеќе.
     
  20. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Сакам да кажам...

    СДК .. зарем морам ја сеа да го чекам него со саати и да неможам да излезам само затоа што нема клуч? |(

    Ии да,се надевам Барса дека ќе тепа :P
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.