Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Сонце - ти се плукнам у убавината, кога не можам да те оставам да ме галиш како што би сакала :wasntme:

    Не знам бре ама мене ми се оди на МОРЕ. Во овој момент, сакам да сум во Стар трек и да знам да се телепортирам под жешките палми во Хрватска рецимо.
    Сакам да се џитнам во студената вода, и трчајќи да излезам од неа. Сакам да истресам песокот од г’зево. Сакам да се избришам со пешкирот и да истресам косата, оставајќи капките нежно да се лизгаат по моето тело и да го ладат.

    Сакам да легнам, да мирисам на кокос и на уље за сончање. Сакам да се нервирам што по некое ситно камче ми се залепило на телото. Да ме нервира водата која премногу брзо се суши и остава бели траги од сол на моето чело.
    Сакам да легнам на стомак а тој да ме мачка со уљето и да ми го плесне па
    бубне газето
    :wasntme:

    Сакам да наметнам на себе тенкиот саронг и да седнам во ресторан. Да нарачам коктелче, да запалам цигара, да ми донесат еден куп морска храна, да го исцедам сочниот лимон врз неа и полека да јадам и да уживам во летното време. И да не ме боли за ништо.

    Сакам се да ми е лесно и сончево.

    Сакам да сум на одмор бре! Рајт нау - демит! :doh:
     
    На Miss-Independent, marama, Strumfeta93 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    мене ми е 9 ден денес!
    -3 кила! мора уште да се ослабе :D Tи праќам среќа! ни јас не се откажувам, а чудно ни кризи не ме ни маваат!
     
    На teddybear, Trendafilka, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Прекасно е колку мали нешта можат да ме направат среќна :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Ништо не се споредува со чувството кога дознаваш дека во петок полагаш 250 страни, а ти уште не си ни почнала да учиш. Бре што ќе беше со светов. Ми се бега ми се плаче. Дали Марс дали Меркур не е битно. Уствари сега целам кон Плутон, па таму е ладно бре, не како тука пекол. Кој што сака нека ми каже во зима кога ти е ладно можеш да се облечеш, а во лето кожава како да ја соблечам???
    Е сега одам уклучувам бојлер, додека се грее пијам кафе и пушам цигара (што се случува 1 во шест месеци) и после тоа избањата седнувам и учам.
    Те ло промето Диос мио.
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.556
    Сакам да кажам...

    Комши, исклучи тоа хавајската турбофолкерија што ми ечи низ ѕидовите, да не ти влезам у кичма со укулеле!
     
    На Phyramide, mims-89, TammyDeyn и 3 други им се допаѓа ова.
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Кога ти е најпотребно да станеш и да направиш нешто,немаш енергија.И обратно.Ние в село тоа го викаме иронија братче.Да,да..да не си играме асоцијации..пуцам директно: досадно ми е од иронија,кај што нема простор за истата.
    Досадно ми е од хемија,кога ебано не ме занима и пази НИКОГАШ :!: нема тоа да се промени.
    Бблабла..општа култура.
    Не е проблем,немаме општа култура. Радо би одела да си свиркам Аквариус..ама заеби, правила се правила.
    За прекршување? Јес ју хорс. Освен сама себе шо се прекршувам дур одам,ради клинецот од сношти..ќе прекршам некој,се така ми мириса.

    Благодарам од напред,а богами од назад за внимание.
     
    На Miss-Independent и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  7. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    177
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми е преку глава од серо*ава колега. Дај работи си таму, не замарај луѓе кои си евоцираат спомени во глава и мислат што да вкусно да зготват денес. :D
    Секој ден ми се врти еден ист филм во глава- Како безмилосно му ја мавам главата од биро, на сите страни фршти крв- у тилот на Тарантино а он како расипана лента продолжува и продолжува да збори :devil:
    Ме нервираат луѓе како него. Мочковци кои изиграваат паметњакович, бучни, неуредни фалбаџии. Извини дечко ама ич не ме интересира тоа дека ти си бил вчера со една девојка, вечер планираш трета итн. Дај молим те заќути и остави ми да уживам во Portishead- Glory box
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што убав ден.
    Сонце си пече, си мава од некаде мирис на печени кифлички, си пијам турско кафе со лажичка шеќер, немам веќе испити и......... и ми касни. |(
    Ако има нешто што повеќе мразам од добивање, тоа би било кога ми касни. Ете што ми направија проклетите испити, неспиењето, менувањето на 4 лета за 2 дена и дувањето со витамини. Напната сум до коска и мислам дека ако некој ме допре ќе му го одгризам увото.

    Од сабајле ме спотера некое чувство за лежење на песок и печење под сонце. Па уште и песничкиве што ми одат во позадина, што плачат за една пена парти на плажа, ме дотепуваат.
    Деновиве ќе безделничам, некорисна за општеството. Ќе се влечкам ко полжав од соба во соба, од кафич во кафич и ќе чекам да дојде денот и да се мавнам од тука.
    Имајте убав ден женски. Од утре започнува Јуни! :sun:
     
    На la-chicka, marama, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И макар што со своиве очи го гледам онака како што и го слушам со ушиве, јас се уште чувствувам исклучително голема потреба да некој ме штипне, ама доволно силно да ме заболи, нејсе ми треба за да поверувам дека ова не е кошмар, а само уште една страна на реалноста.

    И добре дојдовте во реформираното издание на Дизниленд продукција.
    Дизниленд ви ја прикажува приказната за принцот, кој откако ја убил принцезата, посакал да ја воскресне, само за да и каже „ќе умрам, ако не си со мене“ :wasntme: .

    А :?: , многу добро знам дека од сите оние филмови, што филмските мајстори ги склопуваат во неколку продолженија, првиот речиси секогаш е врвот.
    Ама оваа продукција на Дизниленд имаше направено две продолженија.
    И по првото извонредно издание, на една сага за нечија смрт и нечија победа, веќе видов втора бледа, перверзно лошо направена краткометражна копија на првово издание и пак со истот крај. Дури не се сетиле нити да го изменат.
    Побогу!
    Пу јазк ви велам на минус креативноста од која си патите!

    И зашто би сега јас глумела во третово издание?!?
    Зашто би воскреснувала лик, кој ај што се уморил од воскреснувања, ама очигледно ужива во ваквото мртвило.

    И да. Кога си исправен пред прашалник, многу е битно од која страна ќе му пријдеш.
    Ако му пријдеш од десно, можеби ќе ти даде само дијагонална вистина.
    Од лево те чека хоризонтална.
    Во очи погледни го вертикална.
    Затоа широка фронтовска војна тука.
    Прво фати го за м*да и го имаш од сите страни!
    Па-па Дизни па-па!
     
    На Miss-Independent, marama, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Официјално влезена во 9ти. И не можам веќе. Тешко ми е, мачно ми е. Ај жалете ме и вие малкуцка шмрц (на сите си се жалам како не можам да издржам повеќе).
    Се ме нервира околу мене. Особено дотичнава личност. Чирибирибела, од твоја уста во Божји уши, нека ја стигне казната што така се однесува со трудна жена :devil: .

    Коцка по коцка, се средуваме дома (смајли што се крсти)
     
    На TammyDeyn и Blumarine им се допаѓа ова.
  11. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    Врти-сучи пак на Фемина :)
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Сакам да кажам...

    Дојде денот кога фемина ја отворам пред фејсбук :)))
     
    На mims-89, Strumfeta93 и blond им се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СД и К на Фемина дека утре е 1 Јуни да не заборави да го смени месечниот хороскоп :wasntme:

    Дали на некој друг му погодува се хороскопот на фемина, ама баш секој ден? :^) чудно али истинито :D
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК малку да исфилозофирам и јас сега.
    Стигна и стипендијата, за неполн месец потрошени 100 евра, а за мене не купив ништо, буквално ништо. Дај пари за ова, дај за она, и си летаат. Епа така е што си мислеше ти? Едно е да мислиш, друго е да почувствуваш. Па ова ме натера малку и да размислувам за други работи. За што се нервираме сега, за какви глупости, а оние нервози понатаму, навистина што тежат? Мислам, ова е нормално, секој го знае дека е така, но ајде се со годините, се со тек на време... ако не друго барем ќе се жалиме тука :lol:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    скд дека конечно си ја пронајдов тетратката со цитати од романите што сум ги читала.

    И бидејќи порано го парафразирав еден од моите омилени, сега ќе го напишам како што е.

    "Во пролет е светло за тажните души, како што напладне е светло во визбите." - Виктор Иго
     
  16. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Некогаш одамна си живееле штурецот и мравката кои биле големи пријатели. Мравката цела есен работела и спремала залихи за зимата.


    Не одмарала ниту еден сончев ден. Не се напила ниту едно пиво со пријателите. За тоа време штурецот се шетал по кафани, се забавувал, пеел, свирел и уживал. Воопшто не се замарал со зимата која веќе била на вратите.


    Стигнала зимата, и изморената мравка се сокрила во својот скромен дом полн со храна.

    Само што ја затворила вратата, слушнала пред врата некој како чврчка.

    Стоел пред ферари со кожни седишта облечен во армани одело.

    Штурецот и рекол на мравката:

    - Поздрав пријателе! Одам јас за Париз! Ќе може ли да ја причуваш и мојата куќа зимово?

    - Па секако, рекла мравката. А, ти, како, од каде пари за да одиш во Париз? За Ферари и Армани?

    - Е, драги мој – среќа. Летово додека пеев во еден локал ме чу еден познат француски продуцент со кој потпишав договор за турнеја низ Франција. Сакаш ли да ти донесам нешто од таму?

    - Не фала! – рекла мравката. Но, ако го сретнеш господинот Ла Фонтен, испрати го по ѓаволите од мое име!

    А, поуката од басната?

    Искористете го животот и најдете вистински сооднос меѓу работата и слободното време. За премногу работа награда може да добиете само во басните на Ла Фонтен.

    Не заборавајте! Уживајте во животот затоа што е единствен!

    Ако не ви успее да ја најдете својата половина од портокалот, не грижете се. Уживајте во лимоните! Зашеќерете ги и со неколку коцки мраз промешајте ги во чашата...


    Животот е убав!

    Преземено од црнобело


    :up:
     
    На marama, Theodora, Chocoholic и 2 други им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    ако си по хороскопи отвори ја и оваа страна, типката прави месечен хороскоп ама не е нормално тоа колку искачаат така работите
    http://www.astrologyzone.com/
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    СДК сите што имаат вишок на килограми нека ми ги дадат мене. Сакам сало бе. САЛОО! А не само коски и кожа. :worried:
     
    На Andzelika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК животот е убав, каков - таков убав :rofl: а и времево убаво-преубаво :sun: сонце печит ли печит,па како што тргнало и боја ќе фатам :D како црнкиња ќе бидам :rofl: испечена :D после што ќе ми е езеро,море, вака тука низ град и ете боја ]:) :D

    Обожавам кога е вакво времево :sun: а бога ми и вакво кога е :rain: :D
     
  20. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    177
    Сакам да кажам...

    Кажи колку ти требаат и адреса каде да ти ги испратам моиве вишок :D :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.