Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Чудно како си ветувам себеси постојано попладневен одмор после напорен работен ден, а не успевам да си го обезбедам, како жабата изложена на декапитација сум па на галванска струја, уште ме дрма некој рефлекс и не ми дава целосен кам даун ефект.
    Се‘ повеќе има мажи кои не треба да го носат тоа име и се срам за полот кој барем физички треба да е доминантен, џабе им се нишаат тестиси меѓу нозе кога од храброст ни милиграмче немаат и радо би да им се направи на сите вакви еден брзопотезен зафат а ла Брус Ли стајл на кајгана во меѓуножје.
    Друго сакав да кажам јас сум ти магаре во работна средина дозволувам да ме товарат со милион обврски и имам инает за извоз за да покажам како ќе совладам се‘ затоа често кога ми е напнат системот за правда и пукам вербални рафали и пак ме поднесуваат навидум, по принцип незгодна(карактерно) ама неопходна(не незаменлива туку самоиницијативно екстраексплоатирана). Во општинава работат неброен број луѓе не знам дали и тие од статистика успеале да ги пребројат сите бидејќи локалнава ни е под опозиција, а имаме и позициски кадри тука во УЈП итн и бидејќи постојано има потреба од фреш флеш кадровски :^)
    Огромен број се принудени да се мотаат т.е. шетаат бидејќи ни стол веќе нема, биро е научна фантастика да се обезбеди. Има личност која лично ја знам која има целомесечен ангажман кој се состои во неколкучасовна активна работна оствареност да испринта некои документи и да напише адреси на примачите на истите. Треба да имаш :!: посебен вид достоинство да бидеш дебело платен за толку тенок учинок. Нејсе, не сум љубоморна само мило ми е што не сум ни метил, ни вошка, ни крлеж ни пијавица ни било кој друг вид паразит и мирно си го џвакам моментално Мусли тропсково плочкиче макотрпно ми е заработено и си го ценам. И си се ценам себеси бидејќи на личната ми берза на вредности си котирам сеуште високо независно од светска рецесија и други мадафака параметри.
     
    На Phyramide, n.a.t.t.y, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    На Miss-Independent и apple12 им се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека си купив сандали на плута. Што ги купив ги купив, по три неуспешни обиди да ги најдам, четвртиот се исплатеше. Ама мака имам со одењето. :rofl: Колку смешно изгледам, пооди, подзастани. Уште од дома не сум излегла, а ако не се научам до полуматура, ќе одам со старите. :D Сигурно си е сигурно! :D
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Сакам да кажам...

    Сдк секој ден се повеќе се разочарувам и се изненадувам од луѓево (најблиските). Толку сите станале без осет и гледаат само свои интереси тоа е нешто невидено! :@ Илјада пати им напоменав не ме чепкајте овие два-три дена имам обврски некои ама џабе. Ко за инает сите ете ги кој дошол, кој на телефон...
    еј што правиш? - учам! - аха добро ај ако можеш ова и ова да ми направиш!!!
    Луѓеее ко само вие да имате потреба од нешто!!! Не е убаво да ги научиш вака луѓево зошто сите изгубиле осет за се и се прават на Тошо, ко само они да си имаат работа!!! :@ :@ :@ :@ :@
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Многу торта не е на арно... :puke:
     
  6. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    До каде со моево променливо расположение??? :?:
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Морам да извадам еден камен од мојата душа.
    Не сте приморани да читате.

    Се туширав 15 минути, тушот тече, солзи течат.
    Стигнав до степен да се изгубив, да плачам и да се нервирам пак.
    Брат ми ме виде, ти си срце човек ми рече и излезе.
    Можеби ми ја разбира маката, не е прв пат да ме види скршена и распарчена.

    Кога сите ми викаа немој, немој пак со него, пак ќе патиш, тој не те заслужува, ни трошка не заслужува, ни муабет да му правиш не заслужува, јас пак верував во него и во нас.
    Пак вложував се, пак дадов се, и повеќе од се.

    Еве ме сега, со еден нож забодена, пружав поддршка, го слушав, плачев со него, се смеев со него, го направив човек, за на крај да ми рече дали некој те тераше со сила?

    Ете сме, ни здраво не си викаме. Ете го мразам, можеби не толку него колку себе.
    Зошто толку пати паѓав, зошто толку време дозволив да изгубам на него.
    требаше да пресечам кога беше дојдено времето.
    Не знам зошто пак простив последниот пат.
    барем да ме почитуваше како човек.

    Знам дека почнав да ги лажам другарките, да не им кажувам дека пак се гледам со него.
    не можев да ги поднесам нивните погледи кога ќе го спомнев, знаат што се поминав.

    А јас пак си викам не бе, они од кај знаат, не го знаат. Тоа само јас во нервоза лошо што им зборувам па имаат лош впечаток. Ахам да.

    И татко ми, ме виде еднаш ваква, ми вика што ти е, плачев за видео. Не можев полошо да го излажам.
    Ми вика не се нервирај за .. на раб беше да каже идиотот, ама рече само за глупи видеа и излезе од мојата соба.

    Мајка ми, од првиот пат кога дозна што ми напправил не го сакаше, а јас одев како слепец во ѕид и не си ја слушав. Кога ми викаше дете сфати не ти мислам лошо, кој те повредил неколку пати пак ќе те повреди. Кој изневерил еднаш пак ќе изневери.

    неее, сите во криво а јас во право. Јас, дебилот.

    Заради кого се уништив ... заради кого немам еден предмет од семестаров исчистено, заради кого пукав од нервози, заради кого хормоните ми се пореметија, заради кого толку ноќи имам непреспиени.
    Ах бре ... Мозоку кај си бил.

    не, не мислете дека се каам.
    И малкуте моменти со него убави ми биле. Научив многу од него.

    После се станав посилна.

    Знам дека пак ќе ме бара, знам дека пак ќе ми плаче. Се молам да не потпаднам пак и пак и пак.
    го молам Господ.

    и онака сега фраерот ме избриша од фејсбук. ОФ муки мои тоа ќе правиме нати го дај ми го.

    сега се соочувам со реченицата ти реков ли, ама ти не слушаш.

    Не сакам никогаш, ама никогаш повеќе вака да се чувствувам.

    Сакам некој да ме сака, да ми обрне внимание. Дали ќе се најде некој таков во мојот живот ... Да ја заслужи мојата љубов и се што можам да дадам и сторам.

    Боли. Боли. Боли.

    Убаво ми викаше баба, кога ќе се заљубиш отвори 24 очи, а јас проста, замижав и со овие две што ги имам.

    Но знам, дека утре ќе биде подобро. Ќе биде се добро.
    Утре е нов ден.
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Теди мече, ме натажи читајќи го постот :(
    Читајќи тежината на каменот е голема, исфрли го и не го чувствувај повеќе, да не ти тежи.
    Силна личност си ти, докажи му дека не вреди и дека можеш и без него !
    И ова не мора да го читате, ама морав да реплицирам.
     
    На Miss-Independent и teddybear им се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк ....Спадни Господе собери си тоа.. вересиите :|

    Сака да седи на две столици господинот епа извини не може... :^)
    Гледај си девојка ти и да ти кажам згрешив и се каам ама не ти признавам :devil:

    Аххх глупости....
    Жал ми е за девојчето што го лажи,не заради него,него Господ не го жали јас ли да го жалам :^)

    Тоа сакав да кажам,разни машки постојат кој од кој по прост...со чесни исклучоци.. ;)
     
  10. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    сдк марш у п**ку матер!!!!!!!!! Добро како можев да сум толку голем баксуз, за 2 поени не положив :@ :@
    Сдк ми треба ОРГАЗАМ БРЕ!!!!!!!!
     
  11. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Уште еден успешно совладан испит :muscle: Ајде ајде уште два во четврток,можам јас,јака сум 8)

    Леле во последно време само за учењево ви зборам,дури и ја сама на себе сум си досадна :D Ама па шта чеш..Ништо друго не се прави деновиве,освен што се учи..
    Освен нели што идам до продавница ко од поплава избацена,и ги сретнувам сите,ама баш сите личности кои не би требала во тие моменти да ги сретнам.
    Кога ќе се научам дека имам убави комшии, кооога ?!!! :fubar:
     
    На zhap4e, marama и Lux им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сакам да кажам...

    СДК дека двоумењето може да биде опасно по живот.

    Да појаснам:
    Утрово станав онака вампирски како и последниве неколку дена. Првото што ми падна на памет за да не ги разбудам бебињава е да тркнам до кеј, малце ин хелоу боди хелоу гоуст. Арно ама половина час се мислев дал да одам и си барав изговори да не појдам. Абре тиква!
    Ајде се решив некако да одам, навлеков тоа шорцевите, една маичка... (замислете за момент си помислив Да не ми биде ладно? :fubar: :headbang: ) и фала Богу барам чорапки... и, гледам дека сите чорапки сум ги испрала и ми се водени. Е како ќе одам сега со патиките без чорапи??? Оп! водени чорапчиња на ноџиња, таман да не ми е топло бар таму.
    Излегов од дома малце како во филм, џанам Американ дрим живеам, Жена Парк, плоштад Македонија (тука малце работници ескивираа од работа, мораа да ме измањачат нели, полугола женска во 9 сабајле ретко се среќава) и ете сме, кеј на Вардар.
    Си трчав што си трчав, малце и си поодев, абре пукнав од топло.
    Си се враќам назад по истиот пат и... позади Собрание си одам си одам кога гледам нешто искри искраат паѓаат, чиниш некој швајцова таму горе во зградата. Се сепнав малце и уште си се џарам нагоре, а една фина жена ми вели Девојче, тргај се, девојче! (тука и една баба се приклучи, двете фатија да се крстат и да ме прашуваат ал сум арна, ал сакам вода, благце...)....

    Не, не... не забегав.
    My point is that: да не се двоумев толку утрото и да си излезев порано од дома, порано и ќе се вратев, порано ќе поминев пред таа зграда и тој искра-момент фино лепо ќе го избегнев.

    Затоа драги мои, не се двоумете ич, за троумење да не правиме муабет.

    П.С. од ова сонценце скопско боја фатив, да не е за џабе траумата.
     
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    6.835
    Сакам да кажам...

    Во последно време знам дека поретко пишувам но тоа е поради тоа што воопшто и не се свртувам дома.
    Вчера имавме генерална проба за превијата што треба да биде в петок .

    Многу сум возбудена и незнам дали сакам да дојде петок од што имам трема :$ ..
    Сепак ми годат овие подготовки , дружењата со девојките, сликање, шетање ..

    Еве стигнав и книга да фатам дома и да помогнам околу домашните работи па , сакав само да ве поздравам и да ве замолам да ми држите среќа. :) :*
    п.с. ќе носам 2 фустани ..еден долг црн и еден сив со кристали waaaaaaaaaaaa can`t belive it :$
     
    На LivingGlam, Strumfeta93 и Hipica им се допаѓа ова.
  14. eli2622

    eli2622 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Сакам да кажам...

    сакам да кажаммм дека мнн мн ми се мува.. ама се нема =(.. оскудација
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.293
    Допаѓања:
    81.868
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да сакам и да бидам сакана.
    Сакам некој кому ќе можам да му кажам се'.
    Сакам некој кој секогаш ќе биде тука до мене дал' за арно, ил' за лошо, некој кој би ме гушнал силно и би ми кажал дека еден ден се' ќе биде во ред, некој кој би ми кажал дека ме сака без оглед на се', дека не може да издржи ниту минутка без мене, без да ми го слушне гласот; некој кој би ми бил се' во едно - и дечко и другар и брат.
    Не, не, не кризирам за љубовни гукања и лапки, ми треба само некој со кој би можела да споделам се' што ме мачи, некој кој би знаел да ја цени мојата искреност и би ме љубел од тука па се' до бескрајот!
    Не сакам повеќе да ги гледам сите оние заљубени двојки кои како за инает ми излегуваат пред очи и ме потсетуваат на сето она кое моментално го немам и губам верба дека некогаш би го имала ...
    Ужас.
     
    На Happy.Girl, marama и Lux им се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Во последново време ми се случува едно та исто.
    Бидејќи секогаш кога листам низ форумов, теми кои сакам да ги читам ги отворам во нов таб и така кога пишувам мислење ми се испомешаат.
    Еднаш наместо овде, бев напишала во ,,СДП (Сакам да прашам)‘‘, потоа наместо во ,,Смешни мислења‘‘, напишав во ,,Зини земјо голтни ме‘‘.

    Добро е што навреме гледам, ако може некогаш така да не обрнам внимание и да остане, леле бруки :| :lol:
    (Можеби ке има некој што ке се пронајде во мојот пост :D )
     
  17. eli2622

    eli2622 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Сакам да кажам...

    Mishela....и ја ги сакам сите тие работи ама ги нема.. не постојат.. =\
     
  18. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.452
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми треба помош. Дечко ми утре ќе отвара фирма за поставување на вода и парно греење ама не ни текнува соодветно име, ако имате некој предлог да споделите би ви била мн благодарна.
    ПОзз
     
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    10.460
    Сакам да кажам...

    Плановите ми се остваруваат, време е.

    Избрав 5 релативно посакувани факултети. Добив датум за полагање приемен. Само 3 месеци и се ќе се смени.
    Пропуштив едно работно место, ама добив друго, хонорарно. По полагањава ќе барам нешто подобро.
    И ми иде животот, не се жалам. И нови луѓе ме прават среќна, нови моменти, нови чувства.
    Давав, а сега добивам.
    Некои работи ги оставив каде што им е местото, далеку позади мене.


    Растам, а тоа толку ме исполнува.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Што сега? Ќе ми зборуваш зад грб? А цимерка си ми :x . Ма ајде. Те начекав јас тебе и ти кажав и на тебе и на другарка ти за твојот цинизам и лицемерие. Ти кажав мразам такви луѓе. Ете не сум таква па ти кажав што мислам за тебе. Ма ич не ми е гајле сега. Барем не ти зборам зад грб.
    Дирекна сум и сега што. Ти смета. Гони се!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.