Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.739
    Допаѓања:
    126.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека после гадното ми попладне проследено со менструални болки конечно се насмеав ама онака од срце. Отварам Вест и оп ме мава еден ваков наслов


    Мадиња и копита низ Ѓорче
    Кружниот тек во населбата Ѓорче Петров вчера беше затрупан со делови од но­ви­от споменик кој место во магацин, се составуваше пред очите на минувачите

    Спо­ме­ни­кот на Ѓорче Петров вчера стаса на кружниот тек кај СП "Планет" во пе­де­се­ти­на делови. Од утрото платото каде што треба да стои Ѓорче Петров качен на коњ, беше затрупано со копита, нозе и со мадиња на коњот, како и со рацете, нозете и со дру­ги делови од телото на револуционерот. Сите делови кои вчера беа донесени не се ни целосно истружени и премачкани со посилен слој боја. Па така споменикот сe уш­те е шарен.
    Ова е првпат откако низ градот почнаа да се поставуваат спомениците од про­ек­тот "Скопје 2014", тие целосно да се составуваат на местото каде што ќе стојат. Досега тоа се правеше во магацини кои Општината ги изнајмуваше и откако целосно ќе беа скло­пе­ни, се качуваа на постаментите.
    Гра­до­на­чал­ни­кот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митревски не гледа ништо чуд­но во тоа што споменикот се склопува на отворено.
    "Спо­ме­ни­кот е многу голем, дури седум метри, и не може во еден дел да се донесе. За­тоа луѓе од леарницата го склопуваат на самото место, по што ќе следи и пос­лед­но­то стружење и премачкување со боја. До роденденот на Општината 28 јуни ќе би­де поставен на постаментот", вели Митревски.
    Спо­ме­ни­кот на Ѓорче Петров е леен во бронза во српската леарницата "Јеремиќ". Ви­сок е седумметри, постаментот на кој ќе стои е висок три, а чини 90.000 евра кои Оп­шти­на­та ги доби од Министерството за култура.
    (А.А.)

    И одма иде визуелка и паѓање од столче од смеа :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Phyramide и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  2. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Сакам да кажам...

    Хахах ама и „други делови од човекот“ и пенис да не имало :D
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.739
    Допаѓања:
    126.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    не го исчитав целосно текстот ама не можам да престанам да се смеам :D
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... никого нема, никој не ми крева.
    Не ми е роденден па изненадување да ми правите. ;(
    Едитирам:
    Попрво Македонија ќе влезе во ЕУ отколку јас успешно да се издепилирам со Силк восоков. :devil:
    Живци ми извади. ;(
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Еее, ти тоа да видиш. :x Не сакам да замарам, али се изнервирав на велико!

    Иста ситуација, требаше да праиме покани за наставниците за полуматура. И ај се определивме од 4 класа, по неколку деца... И нормално како по обичај кај мене, дадов пари за листови, машнички бла бла бла... Јас испринтав 40тина покани. И ги поделивме поканите кој кај кој наставник сака. Зошто глупо е 6 души да одат да канат еден наставник..

    И сега одиме утредента во школо, и одма на прв час не викнаа, НЕ ИМ СЕ СВИЃАЛЕ ПОКАНИТЕ! ЌЕ ГИ ИСКИНЕЛЕ, И РАЧНО ЌЕ ГИ ПИШУВАЛЕ! :fubar:
    А зошто? Зошто последната реченица сме им ја смениле. (а пази тоа одд. ја пишуваше генерациската песна, и се испофалиле испофалиле што да ти кажам... А кај нас ништо посебно. ) :fubar:
    Почнаа да урлаат паметните од др. клас. И тоа пази, значи се се договоривме кој кај кој наставник ќе дели. И после тоа се жалеа бе, демек ние сме ги одбале подобрите наставници. :fubar:

    И почнав да се дерам, и овие од мое одд. ме бранеа, пошо сум трошела боја нешо бла бла бла..
    И они викаат: Па што има врска, можевме и ние да ги направивме?
    Јас: (се дерам) Па што не ги направивте?
    Они: Па не сакавме да се мешаме.
    Јас: (уште повеќе се дерам) ПА ШТО СЕ МЕШАТЕ БЕ АЛО?
    И др: Лелеее, ај доста се дереш. :fubar:

    Ок, нема врска. Него после поручек имаше некои наставници што се втора смена, и отидоа да ги поканат. И им рекле МОРБИДНИ СЕ. (и тоа пази тоа го вика психолог и наставничка од 1 до 4 одд, а пред тоа македонски рече дека супер бил и текстот и се).
    И дека се разочарале дека не сме им дале покани на СИТЕ наставници, и што не ми предаваат, пази. :fubar:

    Значи напраивме покани за чистачки, за секретарка за сите.
    И искрено ми се смачи веќе. |-)
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку само луѓето се губат самите во себе, дотолку што избираат да бидат заблудени за она што ги опкружува, а посебно оној до нив. Пак наместо да погледнат во него и да прашаат она што не знаат, тие уште повеќе се губат во своето, пак потоа го обвинуваат другиот, како да тој ги предал и разочарал.
    Но, како е можно да со прст посочиш кон тој-некој и да го обвиниш за измама, кога ти самата си се измамила себе си. Нејсе и кога си го гледала, ти си се гледала себе си. И кога ти говорел и со најпростите на јазикот зборови за да разбереш, ти си се слушала и разбирала себе си. И потоа бараш некој да ти дувне на болката, или да ти подметне некој сантиметар на штиклата за да се чувствуваш ти, како победник, бидејќи ти си жртвата, а тој е крвникот кој удрил по твоето најсвето, срцето.
    Но, не тој е кривецот, нити лисецот што пред тебе мудрувал, те мамел и погрешно те насочувал, кога си се затворила глува и слепа во своите очекувања, сценарија и желби. Пак не е тој човекот, што твојот живот го потрошил залудно, а ти си измамникот и јадачот на своето и негово време, бидејќи не на него си се посветила, а на себе си и твојата тишина.

    И да!
    Опција било дури и најлошите машки примероци, за кои би се заколнале дека вечно ќе останат такви, какви се да ви направат едно surprise, пак место да му се радувате, вие да посакате да си го изедете секој дел од себе си.
    Пак и од класичен уметник, боем, со истрошени од скитање чевли и темни кругови под очилата од ту мач журкање, ту мач од се... да добиете престилка за в кујна и мирни вечери пред телевизорот. И тоа е можеби сосема нормално, но не и кога сте си конструирале поинаков театар.
    Е, пустото, тој 40те години од животот така си ги прошол, редно му било да одмори од номадскиот живот. А ти ќе се учиш, како во своите дваесетти се живеат пензионерски денови од нечија уметност на живеење.
     
  7. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    5.835
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Today I Don't Feel Like Doing Anything...I just wanna lay In my bed |(
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК има нешто добро и во изборите :)
    Јас само што си се помирив со фактот дека нема да можам да положам зошто слабо учев, ми стига една радосна вест, дека испитот е одложен за две недели, не бивало да се одржи таа недела веднаш после изборите. Јееееееее :rock: :dance: :party: ИЗБОРИ, ИЗБОРИ, ИЗБОРИ да сте ми живи и здрави :rofl:
     
    На Trendafilka, marama и white.kitten им се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Конечно. По неколку неделна пауза, со него на кафе. Сами јас и тој. Иако ми газиш на нерви понекогаш, ма те сакам. Несебичен си, животот би го дал за мене... Направи од мене личност која знае да цени.
    Среќна сум што сум твоја ќерка. :* :* :*
     
    На Zlatusko и enca.69 им се допаѓа ова.
  10. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Сакам да кажам...

    Ми кркорат цревата, мис е јаде ми се јаде, многу ми се јаде!А во фрижидер нема ништо па така да ке морам да ја чекам мама да се врати од работа и да направи нешто, ако не умрам од глад до тогаш се разбира. :|
    Пмс и се е можно :(
    Да одам или да не одам, да одам или не?!.Незнам ни јас више шо сакам.Ако не одам можеби ке пропуштам нешто интересно а ако одам можеби ке ми биде досадно..Уфф никако да се одлучам |(
     
  11. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Убав жежок ден , си го збогатив индексот со една жешка 9ка. :wasntme: :geek:

    Толку од мене си се се испофалив сега одам домаќинка да се правам. :hai:
     
    На Theodora, broken099, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  12. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Никогаш во животот не сум била поубедена дека Животот е тркало кое секој ден се врти! :x :x
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    Сакам да кажам...

    "Како ми стојат фалталонките?"
    "Молам???" :^)

    Панталонки со фалти.
    Фалталонки.

    Мамо, некој ден ќе ме умреш.
    :D
     
    На TammyDeyn, la-chicka, Chupe и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Сакам да кажам...

    Раскрстив со јунска сесија! Толку од мене, со нови сили од септември :)
    Сега можам задоволна да си уживам во летото :clap:
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.439
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се гушам.
    Од воздухот во Скопјево, од луѓето околу мене.
    Се гушам буквално од се`.
    Имам потреба да бидам сама со себе. Да расчистам некои работи.
    Ми треба одмор, ми треба тишина, ми треба мир.

    Главата ме боли од туѓите проблеми, меморијата ми е полна со глупости, а срцево попразно никогаш не ми било.
    Ме гуши се`, ме мачи и тоа што било и тоа што не било, и тоа што треба да биде и тоа што не треба да биде. Мака ми е, не можам.

    Ми треба одмор..само тоа го барам. ;(
     
    На TammyDeyn, macence85 и Jojoba им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    Cдк е ова ти е пазар
    идам да си купам крастајци кај едно деде, на маалската тезга и му викам колку се крастаициве?
    вика 20! викам дај 2 кила! и 40 денари за краставиците
    а марулата? вика 15! викам ај и една марула
    и му давам 60 денари и нели кусур да ми врати!
    и зима една голема главица кромид ми ја става у ќесе и вика, е ова ти е за 5 денарката :rofl: :rofl: се пресмеав!
    викам ајде ајде добро :lol:
     
    На LivingGlam и marama им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    На Theodora, BoaVista, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк дека нема реформите да победат. :evil: :evil:
     
    На esperanca, enca.69, broken099 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    СДК дека конечно ми завршија сите обврски околу школото, на полагање не одам иако бев убедена дека ке одам :lol:
    И летото може официјално да почне :party: :party: :party:
     
    На thatsmysecret, Ema.Sk и Nightwalker им се допаѓа ова.
  20. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Сакам да кажам...

    СДК ме нервира таа енергија околу мене која ми ствара чувство на тензија,на притисок....
    Опкружена со еден куп на негативни луѓе кои ми го трујат хармоничниот живот....

    Но, добро е тука сум на форумот се опуштам со мислите.... и не планирам да се замрам со тешки параноични приказни |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.