Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Сакам да кажам...

    :P :P леле незнаеш како ми се јаде сега лубеница....ааа ти си крива сега да одиш и да ми купиш(ако има) :lol: :lol: хахахахах..
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...


    If you say so ... |(

    Сакам да кажам многу нешта, ама некако не излегуваат од мене, се чувствувам напнато, нервозно, празно...

    И мразам дволичност и лицемерие, ама за жал тешко се избегнува :(
     
  3. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    Во секоја доба, во секое време од годината ми се јаде лубеница :D Така да благодарам на потсетников, не ти требаше :rofl: ииии да прашам ај кога излегуваа лубениците?
     
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    716
    Сакам да кажам...

    Има излезено лубеници...Во поголемиве маркети имам видено, а за на пазар поима немам дали има... :^)
    35 ден е кило :D
     
  5. Maria.cupcake

    Maria.cupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Сакам да кажам...

    СДК ете конечно ги испратив моите најмили и најблиски колеги во Америка :( Само што отидоа, а мене проклето ми недостигаат ;( Како ќе издржам 4 месеци да не ги видам и гушнам не знам ! :x ;(
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Викендов солиден, јас одморена, главчево исчистено од глупости и наполнето со впечатоци.
    Иако имаше некои црни точки, меѓу другото на пример, јас, кралица на смотаноста чат пат - си ја блокирав кредитната картичка |(

    Ама пак си викам, се се решава. Пари се - ќе се заработат, а картичкава, утре трк во банка, па и тоа се решава.

    И сега седам возбудена и не можам да мрднам, бидејќи секој момент чекам да ми јават дека сум станала повторно, тетка :inlove:

    Го чекам тоа мало суштество со душа, и едвај чекам да му ги бубнам малите рачиња и ноџиња. Ах - онаа прекраснотија од женска ќе си добие уште попрекрасно братче. И возбудена тетка која тргнува утре во шопинг на минијатурни работи. Агугугугу :D

    Среќна сум. И возбудена. Коцките повторно ќе си се наредат. Се додека не се растурат, (пошто мора некој да ми акне во кулава, тоа е неминовно во животот нели) планирам да уживам во нареденото :)

    Па после пак Јово наново. Кој рекол да се зграпчи моментот, убаво порачал. Паметен тој, или таа :)
     
    На Monna.Monna, Dafnee, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  7. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сакам да кажам...

    Сдк дека Господ Бог секогаш ни дава да носиме товар онолку колку што можеме!! Никогаш повеќе!
    но и никогаш помалку!!
     
    На SaIvnjaann и LadyN им се допаѓа ова.
  8. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Сакам да кажам...

    Денот заврши како што и почна- тажно.
    Додека јас одам по пат и се молам нешто да не му се случи,тој оди и ужива во животот ( е не ќе му се мисли,има кој да се мисли за него)

    Многу работи сакам да кажам,ама не излегуваат од мене. Празно е како и секогаш... Некогаш мислам дека јас ви сум најосамената личност на форумов.
    Ми треба некој да ме гушне и да ми вети дека се ќе биде во ред,дека бурата што трае година и пол ќе заврши брзо...

    Имајте убава вечер девојки.Ценејте ги личностите што ги сакате,кажувајте им колку се вредни за вас,за да не останите вака како мене сами,додека сите се забавуваат :)
     
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк пак излив на позитивна енергија,желба за играње,пеење,вриштење,ЛУДУВАЊЕ! :lol: :rofl:
    Со мисливе сум во некоја преполна дискотека а во близина се слушаат звуците на некое море а јас со пијалоче в рака и денсање цела вечер :dance:

    Назад во сивата реалност КЕНДИИИ :fubar:

    И сдк утре ШОПИНГ ...доволно кажав ;)
    Имајте убава вечер :*
     
    На lovely91 и skyAngel им се допаѓа ова.
  10. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    За се во животот е потребно амбиција, труд , упорност :!:
    Понекогаш е мачно , тешко но се исплаќа кога резултатите се добри.

    Се фрцкав пред огледалото и забележав видливи резултати .
    Ај едно големо :clap: за мене ! :D

    одам уште едно шише вода да налеам :worried:
     
    На lovely91, Hopeful, Diamond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тогаш некои луѓе ги преценува.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    6.361
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес 1.5л вода, две шолји зелен чај, нескафе, една чаша сок за растворање, колку му иде скоро два и пол литри течност во мене, само до веце трчам и пред да одам сите знаат кај одам, од толку што ми се моча викам
    :D
    Некои работи и да сакам да ги кажам не излегуваат во мене, нити па прстиве ми дозволуваат да ги пишам, знајте договорени се со еден од поважните органи во организмов, некој што контролира се и не ги остава да пишуваат . :swear:
    Всушност некои работи ги знаеме само ЈАС и мекана перница, која којзнае колку пати била навлажнета од мене со дожд од солзи или на неа останале многу тајни и скришни мисли, нека рече после некој дека перницата не е добар пријател, ма после книгата е најдобар пријател, а во комбинација ние три, јас, перничич и книгичич уживанција . 8)
     
    На LadyN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам од кај што имам алергија, па и оково ми се инфицира, ме чеша лелелее значи се ми се собра!!!!! :@ :@
     
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    413
    Сакам да кажам...

    Уф.. конечно ќе излезам малку, па и јас сум човек нели? Веќе ќе спобудалам.. па преку глава и математика и се живо и така не ми се вежба ич, па од кај да знам може ќе ме послужи среќата, па после ќе си пеам "све ми добро иде освим љубави, освим љубавиииии" :)
     
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека повторно го стуткав својот продолжен викенд, кој така преценувачки го нарекува продолжен заради еден обичен петок..Но, добро. Битно го спакував куферчето, го собрав човекот со кој сакам да се виткам низ чаршафи..и со просечна брзина од 100 на саат, за неполни 2 часа бев во закрила на едно шушкаво идилично калдрместо гратче. Се научив да готвам 2 јадења..Не викам 2 нови, бидејќи оскуден ми е менталниот Кувар, заедно со оние некои мерифетни агилности што ги поседува секоја просечна домаќинка во земјава...
    Но имам талент. И, и покрај фактот што тврдев дека еинственото нешто што можам да го подготвам во кујна е - пожар, додадете на списокот мек енд чиз - печени не варени, и кришки...
    Епа фала многу, мешето на мажот со највкусните бакнежи беше полно... А башка и летна по некое комплиментче за моите скриени кулинарски способности и покрај тоа што и самиот е свесен дека не ги опседувам...
    Абе има нешто страшно секси во маж што се снаоѓа во кујна...
    А тој... уф ...тој знае што прави...
    Како во кревет, така и во кујна!

    И сакам да кажам дека е алармантна мојата телесна состојба, МОРАМ да почнам да слабем пред да треба са оптегнам бикини на мене... Зошто апла ќе биде оптегнување работава како сум тргнала...Ќе има потреба и од логистика!
     
    На Strumfeta93, TeddyGrey, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    При толку плачење вечерва најде музикава да ме орасположи, кој го измисли воа ПМСов, де плачам де се смеам... си се тресев јас така низ собава едно 20 мин(дека нели толку кондиција имам), ама не ми одеше баш до детал па сама комбинации си правев... на мои песнички.Дур ги чекам јас другачките да ми прават друштво за трчање ќе се растресувам сама по дома :!: А сила за учење немам никако, ај до после можда ќе ми дојде.
    http://www.youtube.com/watch?v=VBmMU_iwe6U
     
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.346
    Допаѓања:
    5.899
    Сакам да кажам...

    СДК перницо моја најубава, вечер ќе те зграпчам и веќе не те пуштам.
    Доме, сладок доме! Не за џабе рекле. Кај и да одиш, дома да се вратиш.
    Импресии има еден куп. Купчиште.
    Почнувајќи од вчера, кога се сретнав со еден залутан тип. Го препознав од далеку, но не и он мене. Ме изгледа, но неможеше да се сети веројатно. Поминав и само си се насмеав. Ја старата па буди спомени. Вечерна сабота. Кафичите преполни. Дали имаше 3 девојчиња во патики и на клупи. Го свртевме брат ми градот за 5мин. Кај и да одиш, на едно место излегуваш.
    Јашааа!! Денешните импресии беа од родниот и крај на мајка ми. Не го видела 11 год. Брее, тоа беше времето, кога баба ми била главна, ја имала првата продавница. Ги гледам куќичките кои се од 25м квадратни и се чудам како можеле таму да се сместат повеќе фамилии. Е во денешно време и седумдесет и петте ни се малку, без тераса која има можност од неа да се направат две соби.
    Кој дојде кај нас и си останува. Се смеам, ко хотел да е. Ама поубаво да е полно, отколку празно. Вака имаш и со кој муабет да си направиш, нешто ново да си кажете.
    Неделава чувствувам дека ќе биде добро организирана. 8)
     
    На katakomba24, teddybear, SanjaKirchner и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК и нарцис ќе бидам ама баталив и целулитче и стриичка и се. Си се погледнав
    гола
    во огледало и си реков - Марамо која мајка те родила вака прекрасна? :rofl: Ма и гола би се сликала во моментов од што блештам. Така да си знаете. :rofl: :rofl: :rofl:
    Простете ми ама ме фатило некоја сафра и наместо да учам јас се тинтрам и си се восхитувам, не на себе де, него на делото на мајка природа :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Monna.Monna, julie77, SanjaKirchner и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    ... I gave up everything!
    Веќе не можам, навистина не можам. :x
    Залудно се трудиме, залудна е сета болка, сите солзи кога еден ден сите ќе не нема.
    Едноставно морам некој ден да се исклучам од секојдневието.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Браво Марамче, а сега од прекрасното дело на мајката природа, фрли се врз делата на кои треба да им направиш психоанализа, за да не се ставиш во позиција твоето дело што блеска, да се најде во скок кога ќе треба да ја фати семинарската во лет, од седечка позиција на професорката, која безмилосно џитка :rofl:
    Е сега звучам филозофски, критично или..... :^)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.