Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    ВАЖНО ВАЖНО!!!!
    Барам една прекрасна девојка! Лани ми беше пријателка на фб, но потоа го избришав мојот профил и сега не можам да ја најдам... Се вика АНИЦА! Обожава јагоди и пишува прекрасна поезија.
    Ако е тука на форумот или некој ја познава нека ми пише ЛП
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Сакам да кажам...

    Ми требаат 6 часа, за да стигнам навреме. Неможам да најдам побрз превоз, а морам :tmi:
    Неможам да пропуштам ниту една од овие покани, а тешко ми оди затоа што се на различни дестинации. :sweat:



    Сдк
    Сигурно сите што се за прва денес се запишаа.. Нека ни е со среќа ^_^
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.196
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК топло :sweat: :sweat: ах тек сега почнува пеколот надвор :| сакав топло да биде, ете ми топло, е сега ќе се варам :fubar: |( |(
     
  4. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    ајде помина уписов готово.
    Што напраивме , напраивме.
    Нема назад. Единствено нешто што ми смета е тоа што професорите се швркнати сите до еден и доста од нив прават проблеми за оценка.
    Се надевам нема да се покаам што сум се запишала тука. :?:
     
  5. Aglaja

    Aglaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    24
    Сакам да кажам...

    СДК, пријатно било овде :$
     
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Сакам да кажам...

    Сдк - Несмеете да им судите на луѓето според нивниот начин на живот! Секогаш постои некоја причина поради која животот ги довел до таму! Но еве и да не постои некоја причина сепак ценете ги, бидејки токму тие можат да ви се најдат во животот кога ви е тоа најмногу потребно.
    Секогаш сум размислувала на овој начин а денес само го потврдив моето досегашно мислење.
    Девојката за која мислев дека е злобна и не сака и почитува никој денес ја сретнав на кејот од Вардар сосема случајно бидејки минував од таму накај дома.
    Седеше на клупата прекриена со косата околу лицето но сепак ја препознав. Ја познавам многу долго.
    И пријдов и така започнавме да разговараме.
    Ми рече да ја оставам бидејки е само една обична бедничка која не вреди ништо...дури и во неколку наврати додека разговаравме ми рече дека кај и да е ќе се обиде да си го одзеде животот поради сторените грешки.
    Ми се исповеда, а мене не ми се веруваше дека токму сето она што го чув ми го довери мене.
    Се прашувате ли што може да биде она толку потресно што ја навело на толку голема судбоносна одлука?
    Одговорот е нејзиното семејство кое не ја сакало, живее во дом, проси барајки пари за да се прехрани...
    И кога некаде на крајот конечно сфатила дека од сето тоа нема никаква корист и неможе да се прехрани одлучила да стане проститутка.
    Многу пријатели од нашето училиште кои ја знаеа ја навредуваа знаејки што прави со својот приватен живот, ја понижуваа, навредуваа...
    Нејзиното лице секогаш се чинеше дека е полно омраза. Еве признавам дека и мене не ми беше омилена. Секојпат кога ќе поминев и ќе ја видев во школски ја вртев главата на другата страна кога бев уште основно училиште. Слушав секакви гласини за неа кои денес сфатив дека биле вистинити.
    Тешкиот живот ја осудил на таква пропаст, и сторил голема неправда. Ја оскрнавил нејзината прекрасна младост и ги загорчил нејзините млади никогаш неповратни години.
    Најлошо од се беше тоа што таа им враќаше...И таа ги навредуваше секојпат кога тие ќе и се обратеа.
    Се правеше важна и го креваше носот нагоре сакајки понекогаш да ги достигне модерните девојки кои беа полоши од неа.
    Но сето тоа беше лице за да ја прекрие својата огорченост, тежина и болка кон она изгубено детство кое таа никогаш го немаше.
    На крајот призна дека со својата убавина ги добила парите што ги сака, дека ја посвоиле богати родители кои сега воопшто не и ни обрнуваат внимание.
    Не ја сакаат, а ниту таа самата незнае како на крајот од се се нашла таму меѓу нив.
    Само рече дека конечно го добила материјалниот живот и сето она што од секогаш го посакувала.
    Скап накит, шминка, облека...Дури и денес кога ја видов после толку години неможев да ја препознаам.
    Само по очите и кафената долга коса која и го криеше осаменото лице.
    Очите и беа црвени небаре не спиела мирно цел месец а креонот и беше разлеан низ образите кое ми го откри дури откако завршивме со разговорот.
    Но ми кажа дека нема ништо...не ја сака никој... Прашање на време е кога нејзините старатели ќе ја избркаат од дома и нема да и го препишат станот. Сеуште чувствува дека се бори сосема сама против овој проклет свет каков што и самата го нарече, и дека сосема сама оди по патека која не ја познава, а која воопшто и не води до некоја цел.
    Сфатив дека и покрај се е несреќна и уште посиромашна и победна од претходно, само што тоа секако несакав да и го кажам бидејки ми изгледаше премногу повредено.
    На крајот и кажав неколку утешни реченици околу богатството и го дадов својот број и и ветив дека ќе и се јавам уште утре.
    И навистина ќе го сторам тоа, но се прашувам...
    Дали навистина вреди да се борам во животот да бидам дел од анорексичните девојки кои не ги познаваат вистинските вредности и квалитети кои ги нуди животот?
    Дали цената која сега ќе ја платам ќе биде превисока за во иднина и од мене ќе направи уште една студена восочна фигура? :^)
    Верувајте дека не добив одговор. Само знам дека ова што денес навистина се случи, а јас сеуште неможам да поверувам...Не беше никаква случајност.
    Се најдов на вистинското место и време кога најмалку очекував.
    И по незнам кој пат си ги поставив загрижувачките прашања околу иднината...
    Одговор не најдов секако, но извелков поука дека нема злобни луѓе на овој свет бре! ;(
    Туку најтрагичното е што околностите ги натерале да се однесуваат безмилосно во одредени ситуации и кон одредени луѓе, но доброто секогаш може да се извлече длабоко од нив колку и да е скриено.
    Затоа не судам и повеќе не мразам! Само ќе се обидам да помогнам како на оваа кутра девојка која денес неслучајно ја сретнав на кејот...
    И се радувам бидејки мојот живот е прекрасен а сепак се жалам...
    Никогаш повеќе, еве ветувам! :!:
     
    На Monna.Monna, Izaabella, aNy-to и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ми иде да се утепам. Колку си внимавав на линијата за пред одмор и морав последните денови да се изнајадам благо и брза храна и да го запоставам вежбањето. Неколку дена пред одмор, еј! Сега ке морам да си ја сфатам сериозно работа. Мене со стомаче на плажа нема да ме види никој. :!:
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Зошто сме такви бе, ние луѓето?!
    Сфаќаш колку некој ти фали, кога не е покрај тебе. Многу пати докажано, ама ете изгледа од уште еднаш имало потреба.
    Знаете што сакам сега? Едно Куве и парче чоколадна торта.
    И доста би било за денес. Од се.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - Today is my day, today is my birthday! :) :^: :wasntme:
    Времето што го поминав со вас, откако сум зачленета на форумов е прекрасно. Научив многу убави работи и се зближив со повеќето од вас!
    Еве, сега сум една година постара...Се надевам отсега ќе ме читате и во позрело издание (го носат годините и паметот, така?) .. Па, ајде, да се надеваме! :lol:
    Ви благодарам што сте со мене во текот на моето растење! Веќе ми значите и ќе ми значите многу.
    Јас, можеби со тек на годините ќе се сменам (во позитивна смисла), а вие пак ќе си останете добрите форумџики на фемина и старата добра фемина од која научив голем број работи за кои досега не бев слушнала.
    Ве гушкам. :hug:
     
    На Monna.Monna, teddybear, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  10. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Сакам да кажам...

    Гуштер ми влегол во соба, пола саат го бркавме со татко ми :D
    Слушам нешто ми цивка цел ден, викам ај нешто од надвор е, ама се поблиску и поблиску го слушам. Ја тргнав ташната кога видов :o
    Цела соба ми е лом сега, ајде на средување во ниедно време :D
     
  11. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Сакам да кажам...

    сдк, чудна недела!
    ама сериозно! се случуваат работи што најмалку ги очекувам. :^)
     
  12. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Лути пиперки во мои раце ... веќе не ! ! :shake: :shake: :shake:
    Огин да ги изгоре :envy:
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК (овака после полноќ) дека некои работи во животот се случуваат кога најмалку се очекуваат...
    Дипломирав кога никој не очекуваше...
    Се вљубив кога кренав раце и се откажав од љубовта...
    Дознав дека сум ќе станам мајка кога изгубив надеж дека ќе оставам мое потомство...

    Она што пред неколку саати ме изненади е дека постоело работа и за мене...нема врска со моето образование и струка, ама битно е дека мрднав од место...битно нешто ќе се работи...почнувам наредната недела и ветувам дека секоја слободна минутка доколку успеам да ја украдам ќе ја издвојам за вас :)

    Драги мои феминки, повелете на полноќна виртуелна частенка...скромно... само коктелчиња, да ве освежат...после прва плата ветувам полуксузно.... :D
     

    Прикачени фајлови:

    • imagesss.jpg
      imagesss.jpg
      Големина на фајлот:
      5,8 KB
      Прегледи:
      198
    • imagess.jpg
      imagess.jpg
      Големина на фајлот:
      9 KB
      Прегледи:
      198
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      9,2 KB
      Прегледи:
      198
    • cocktails.jpg
      cocktails.jpg
      Големина на фајлот:
      42,8 KB
      Прегледи:
      198
    На Marilyn-Monroe, rossonerka, BeYourself и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Сакам да кажам...

    Јас на еден му седнав на него пред некој ден. Седнав на еден од столовите што ни стојат на тераса и си седев така некое време, може пола саат и станав, сакав да се преместам на скали и го тргнав тоа перничето за седење што се става за да го земам и гледам нешто зелено. Од ум се извадив, исфрлив и перниче и се, се растрчав ко шлакната и почнав да се дерам - гуштер, гуштер, цела се наежив, многу грозно ми дојде. Мајка ми го фати и го преврте столот, гуштерот само падна и некое време само седеше така в трева, ни мрдаше ни преташе, како зашеметен се гледаше некаде, а после го снема. Кутриот, кој знае какво му било кога му се клапнав на него, затоа беше таков ко шокиран. :D
     
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Сакам да кажам...

    Честитки Лолита, со среќа. Секогаш работите се случуваат кога најмалку ги очекуваш и кога најмалку се надеваш дека може да се случат ( барем кај мене е така).
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Сакам да кажам...

    сдк вечерва си поминав прекрасно. Како ли можев само да се посомневам и да се мислам дали да одам или не? Друштвото си го направи своето. Ми ја направија вечерта најубава, вечер која нема да ја заборавам.
    Вечер со истото друштво, на истото место, во исто време.. но сепак многу поразлична вечер од минатите.
    всушност, секоја наредна е се поразлична и се подинамична и поубава.
     
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    Глупава година. |(

    2011, ахам, hell yeah. |(
     
    На Monna.Monna и Nightwalker им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Сакам да кажам...

    СДК вечерва и по бури од нервози, на крај се добро испадна. Го сакам најмногу на цеел свет и му подарувам и тука огромна мечковска прегратка како сите досега, не би го пуштила од раце. :inlove: Ми недостига неговиот Адидас дуксер сега :worried: И си живееа среќно до крајот на животот...
     
  19. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Сакам да кажам...

    Сакам да прашам дали насекаде се случуваат вакви работи не пустање по дискотеки и тоа баш кога доаѓа некоја добра позната звезда и кога сакаш нај фул да си поминеш со друштво а на врата не те пуштаат зашто си малолетен и те враќаат назад... Ваши искуства?
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.551
    Допаѓања:
    82.447
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, дека се гушнавме. Едноставно, само се гушнавме и уживав во тие неколку секунди додека ја чувствував неговата топлина. Ми дојде нагон да го грабнам и да го испонагушкам па да види он убаво кај се раѓа лебот. :devil:
    Можеби ви звучи предетско, ама едноставно среќна сум.
    А, да, ме бакна во образ.
    Среќна сум. :angel:
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.