Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сакам да кажам...

    СДК е денеска, го затворам Дузи Испитниот Центар. Види мајката, иницијали како ДИК, бре бре. :D

    Значи луѓево додека можат ќе те искористуваат бе, осет немаат да престанат. Ти им даваш прст, тие ти го земаат прстот, сосе прстен, потоа преминуваат на лактот, одат до рамото и на крај целиот ќе те земат. Ма сакаш да помогнеш, а те цицаат како крвопијци... ама арно си знае една типка. Ма не се замара, ми вика ,, Па за кој да се замарам, да не ќе ми речат фала утре ,,. Е така, браво за неа. А денеска јас ќе пречекам врвулица гости, нели, по обичај, на сите ден пред полагање им текнува дека имаат прашања за учење. :fubar:

    Уатевер, уште утре и крај. Аста ла виста, адио, марш у пм. Времето брзо минува кога е броено, за помалку од 24 часа ФРИДООООООООМ ис каминг. Па во четврток ќе славиме, е така да си знаете. :D

    Ај со арно нека е, една мака помалку. 8)
     
    На Little-one и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    716
    Сакам да кажам...

    Ова Скопјево врие од покондирени тикви...Секаде ќе ги сретнеш, на секој агол... |( Баш на фб видов една група - ма ниједна цура није спонзоруша, она се само случајно лудо "заљуби" у неког богаташа...
    И ќе ја видиш истата таа "заљубена до уши", по некое време, продава ефтини приказни на сите околу неа и меле празна слама, колку успеала во животот и кое нивоУ го достигнала...Само има еден мал проблем :) - калта од под ноктите тешко се отстранува...Јеби га... :)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Сакам да кажам...

    денес пак ненаспана, хроничен инсомнијак! :D битно со цвеЧе у коса и памет во глава! сакам да се возам со отворен покрив и мокра коса........да ја слушам Supersonic и да се упатам во непознат правец...кај што ќе ме чека удобна лежалка и исецкан кокос :) а во позадина Chan Chan од Buena Vista :)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.457
    Сакам да кажам...

    СДК 1
    Од аеродром право на работа... :@
    Бек то ријалити :(
    А кога ќе ми текне кај бев вчера...ахххххххххххххх.......
    Али сепак, не се жалам...само да го издржам денов...

    И сдк 2...мило ми е што пак ве читкам девојки.... :*
     
    На Neytiri, mims-89, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Сакам да кажам...

    Ден и пол. Аааа, што зборувам бе јас? Кај било ден и пол? Тоа не се диши надвор јас ден и пол велам!!!!!!
    Не, не не, не важи. Почнувам одново.
    Ден ко ден, топол, предлетен. Грдо е!! Сакам зима, ич не сакам лето. Нигде не се мрда од што е топло, а јас треба да летам до маркетот, да купам тоа што ми треба, па после да побарам чевли за на фустанот нов, а притоа ќе треба да се пресоблечам бидејка вака не се шета. А надвор :sun: пече. Ми дојде да се фрлам в Дрим дури го шетав кучено... :D
    Уште денес сум мала, од утре поголема ќе сум...Јееееее ќе порасне Ејџеллллл!!
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Абе полудечу од таа љубов :( :(
    како да не супер ми е :D
    Ке ом да трошам пари и да се дерам како улаа.
    имам нова љубов :$

    Ч.
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Ми се пее низ сред Њу Јорк. и тоа ни мање ни више од милиот ми Френки New York, New York
    Значи откако заклучив дека ќе шетам летово си умирам од радости. Ќе видам свет бре, после долги месеци осама во милово ми Скопје. Ќе се бркаат странски мужи, ќе се дегустираат туѓи кујни.

    Официјало изјавувам дека наредниве денови се препуштам на филмските класици. Почнуваме со Телма и Луиз и идеме понамату. Се чувствувам како галеница што добива крилца ама уште не е пеперутка. Има време топло е сега за летање.

    Иако лето не е мое омилено годишно време, ви посакувам на сите ова да ви биде најубаво, исполнето со љубов, алкохолизирани насмевки, голи мажи и свежи ноќи. Кој рекол дека 31 декември носи нов почеток се лаже, и 21 јуни си има свои моќи.
     
    На Theodora, Phyramide, nesa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк јухуууу!!!!!!

    Јухуууууу!!!!!

    ^_^ ^_^ ^_^ ^_^ :rock: :rock:

    Да не се урочам и преречам но мислам дека овој предмет дефинитивно ќе го положам со 5-ка!
    Пу пу пу да не се урочам :lol:


    п.с. сакам да кажам дека цел клас ми е полн со себични суштества и само од корист ;)
    И да им кажам.. :!: јас на кого сака на тој ке поткажам и ке дадам да препише од мене,а кој е е заслужил едноставно НЕ ЗАСЛУЖИЛ здраво пријатно :hai:

    пак ми фалат смајлиња...-_-'
     
    На blond и Doozy им се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Сакам да кажам...

    Пак јас нешто сакам да кажам денес: пресреќна сумммм, ми се разубави денот. И го слушнав гласот... Прво се преправав дека не ја познав, онака „даа“, на прашањето како сум реков „добра :^) “ со таква фаца и кога ми се претстави пуштив крик :hai: (не баш така, ама нема баш такво смајли). Знам дека покажав премногу радост во разговорот, ама немав што да правам. Така се чувствував и уште ја чувствувам магијата на нејзиниот глас. :D
     
  10. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Сакам да кажам...

    СДК бев присутна на поставувањето на грандиозниот споменик Александар Македонски на плоштадот во Скопје и чувството беше неописливо со зборови. Пресреќна сум што конечно и нашиот град заличи на светска метропола :)
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Ние Македонците сме многу глупав народ. Се што е туѓо го сакаме, а се’ наше ни смета.Стварно неможам да ги разберам некои, им сметаат цвеќињата поставени на бандерите, мислам WTF,не никако неможам да разберам.
    Сакаме да одеме во Париз на Ајфелова, а ни сметаат нашите споменици,лавовите и овој новиот што го поставија.
    Кога ние не се сакаме, зошто да очекуваме друг да не‘ сака.
    Ебати народо што сме. :@

    Едит:Конечно видов пред мене еден позитивен коментар.
     
    На Chupe, beached и blond им се допаѓа ова.
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк..дефинитивно заљубена во маченца :inlove:
    [​IMG]
    Нели е слатко :wasntme:
     
    На Theodora и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    Сакам да кажам...

    СДК добро утро феминки... ама сум се успала денеска... времево е супер.. денес по трет пат ќе одам на плажа да фатам малу боја :D :D барeм додека не дојде 15-ти и да одам на одмор во Дубровник (едвај чекам) :inlove: а дотогаш ќе се спремам, почнав и диета од вчера :D :D добро би ми дошле 3-4 килца помалу ...


    поздрав девојки со сликава... што убаво ќе беше да имамвме вакви дечковци.. да не лакираат додека си муабетиме со другарките на телефон :D :D
    [​IMG]
     
    На mims-89, nesa и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Сакам да кажам...

    http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/8701

    Хахаха се изнасмеав, поздрав Скопјани мои :)

    Еве неколку скопски митови кои според мене се производ на се што наведов погоре:

    * Ако си метросексуалец и ако водиш грижа за изгледот, геј си.

    * Ако си имала секс со некој со кој не си во врска тогаш си лесна девојка.

    * И да не си имала секс со никој пак си ку*ва, пошо така му одговарало на некој.

    * Ако снимиш една песна и спот макар и најнискобуџетен ондак си ѕвезда.

    * Највеча манга си ако те има по телевизииве на кратко, макар и на анкета.

    * Фраер си ако имаш у петок гратиси за у диско иако картата е 100-150.

    * Ако излегуваш на места кои некој си ги зацртал дека се “сељачки“, тежок селјак си.

    * Ако излегуваш во актуелните дискотеки си шема.

    * Ако излегуваш во места во кои има свирки и се малку понекомерцијални, металец си (Боже Господе кај живееме... демек ако некој се облекува во црно или оди на свирки, кои впрочем кај нас се 90 посто рок, веднаш добива епитет металец)

    * А ако си навистина металец, тогаш си секташ, сотоњар, забеган, валкан... (фала Богу, ова се помалку го слушам, им доаѓа изгледа памет на луѓево )

    * Ако си чест посетител на журки (шо би рекле, тупси тупси макар и најтешка комерцијала) ондак си наркоман.

    * Ако слушаш транс макар и по дома такоџе си наркоман.

    * Ако слушаш комерцијала, тогаш си кретен што не знае што е добра музика.

    * Ако купуваш во Шутка си тешка сељанка. (као они божем од Луи Витон купуваат)

    * Ако немаш Фејсбук тапа си.

    * Ако имаш 17 години и немаш макар по 7 коментари и 10 лајкови на секоја слика на фејсбук си греота.

    * Ако не си бил ниеднаш у кафичиве на Ленинова ондак си бедна душа.

    * Не си у тренд ако незнаеш бар една песна од Ван Бурен, Риана, новата на Цеца...

    * Секоја втора фаца во Скопје е “вип и фејмоус“

    * Секоја трета во Скопје е спонзоруша (пример: ја знаеш Елена, која бе? Ауу, онаа спонзорушана... и така за секоја трета)

    * Кого и да го прашаш, ќе ти рече дека е стар Скопјанец, иако може е од село 30 км одалечено од Скопје

    * Ако не познаваш најмалце 4 газди на кафичи у Скопјево си никој и ништо.

    * Ако се познаваш со некој вратар, главен мангуп си у маало.

    * Ако незнаеш што имало у задњи број на “жута штампа“ на насловна не си у тек.

    * Ако не го изоговараш секој трет што ке го видиш низ град, ептен си повлечен и затуцан.

    * Ако си декларирана ко лесна девојка ондак гарант имаш Хепатит Ц.

    * Ако си деклариран како геј тогаш сакаш да легнеш сè што е машко во близина.

    * Ако многу учиш си бубалица.

    * Ако па ич не учиш ондак си безвезњак.

    * Ако си таксист обавезно мора у кола да имаш пуштено фолк радио.

    * Ако се возиш во автобус или шеташ низ Г.Т.Ц обавезно налетуваш на Љубе лигавиот и Џемо, а ако живееш на Млечен на Шипо.

    * Ако во речникот немаш зборови од типот на - мило, сонце, бебуле, срцка, маци ондак си глупача и не си шмизла.

    * Сите обожаваат да плукаат по јавни личности, а потоа истите тие им “лижат гз“

    * Сите се праат дека не слушаат турбо фолк, а во сабота е преполно на Жаре Бербер.

    * Ако полагаш испит обавезно доаѓа “хендс фри “ во комбинација со помош џокер - “позови пријатеља“

    * Ако немаш врски џабе ти е сè (нит ќе се вработиш, нит ќе живнеш)

    * Ин е да седиш на Ленинова (додуша за пуста желба да бидат видени некои, стојат насред бел ден), аут е да седиш по маалски кафичи и да не бидеш виден.

    * Ин е да се чека во редови пред врата во диско, а внатре двајца без тројца.

    * Аут си ако немаш дечко со сопствен стан и кола.

    * Ин си ако имаш сепаре во диско, макар и без флаша, а ептен си аут ако немаш ни коњопој, ни бутур.

    * Ин е да одиш по џез, етно, блуз фестивали, опера, балет, изложби и притоа цела вечер да ја поминеш во фоаје, а ако не идеш на вакви настани однак си проста маса и не си интелектуалец.

    Итн.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    Mоже погрешно ќе ме сфатите со ова мое мислење (да знаете дека не алудирам на никој, се однесува генерално)
    Во последно време се отвараат многу теми без врска. Стилот на Гага, стилот на Ким, стилот на Кејт, на Мирка Федерер, еве сега последно стилот на Ева Лонгорија......мислам дека нема потреба од отварање на посебни теми за секоја селебрити личност |(
    Го пренатрупуваме форумов со теми и станува помалку функционален.

    Истото се случи и со темите со слики. Прво беше темата за модни критики (нејзиното постоење сосема го оправдувам), после се појави тема со накит, па со козметичко катче (оправдувам), па со штикли, за да врвот го достигне темата со парчињата облека....
    Мислам дека темата Модни критики може да ги опфати темите со штикли, накит и парчиња облека.

    Не е работата само да се отвори тема...... ;)

    Јас си кажав што мислам, ваше е како ќе ме сфатите :?:

    Да беше форумов претставен како канцеларија, ќе изгледаше вака...
    [​IMG]
     
    На Go-Girl, Theodora, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Утринското туширање ми ја разведри главата. Денес сум со позитивни мисли. Ќе одам да видам едно слатко суштество и да си поиграм со него, а потоа ќе наминам кај брачеда ми каде ќе мавниме по некоја партија карти. На крај краева, па летоо е бее!! А кај мене летното лудило веќе започна. Оди, идај, дружи се, зазај се, шмекај, кулрај, уживај, пливај и не се нервирај. Имајте убав ден. :rofl: :*
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Сакам да кажам...

    Уф, уф, леле! Баш така.
    Ме фатила Љубов, ме зграбила и не ме пушта, не знам што ќе праам...
    Ова е неверојатен лупинг, просто да си удрам една автошлаканица!
    Ма батали и верувања и се, ама јас стварно не знам каде ќе ме одведе ова!

    Ноќна смена, Брендан Пери, кафе сабајлево, тмурни подочници, прочитани книги до пола, кеш ни грам, кроасан со печурки заборавен во ташна, пеперутки што идат повеќе накај црви во стомак.
    Леле бреј, не ми прави вака.
    Нешто има, нешто има, знам!

    И Ацета го поставија среде центар, а мене ушите ми горат веќе. Владо ме викна денес на фотосесија во парк, да му бидам Муза.
    Не ме ни чуди таа моја карактеристика. Ќе облечам бел фустан, ми се прави филм на избегана невеста.
    Очајно сум надвор од себе.
    Бев на театар вчера, направив смешна глупост, посакав еден куп ласцивности и на крај пеш накај дома, сконтав дека од Она чувство, не се бега, макар отишла во Сиера Леоне.
    Македокс, видеоработилници, мензис, пеш до Центар, главоболка, копнежи...
    Не се предавам, да знаеш.

    Можеби е преблиску сево ова, па не го гледаш. Ама ако.
    Гори, гори, нека гори, важно тука е...
    Ах!
     
    На skyAngel, zhap4e, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  18. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Сакам да кажам...

    СДК (смајлиштовриштиодсреќа)
    конечно си ја добивме викендичката...
    ми ги снимија најавите...
    сама сум викендов...
    коцкичките си се редат, а јас сум пресреќна!
     
    На teddybear и Kav им се допаѓа ова.
  19. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК
    Од денес почнувам :) Пешачев 80 мин денес, од тука до факултет па назад, ја собрав последната оценка, денес официјално ми е наполнет индексот и 2ра година чаос :) Ах, колку убаво звучи кога некаде јавно ќе го напишеш тоа :) До сега рипав ко ненормална во соба, гледајќи 10минутно видео на јутјуб и се препотив ко нива да сум копала :) Ме чека тушот, со отворени раце ме повикува... :)
    Решена сум, денес е денот Д. А утре е Ѓ, задутре Е и така натака :) Се шалам секако, не чини оваа сол што ја имам на себе. Мора да се офрешам. И така. Ај баи :*
     
  20. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    втф да не беше гугалов наш ќе заборавев што значи датумов :o
    само кога дојде и ова лето времево како да го врти некој на енкоја си чудна машина која оди милион пати побрзо ..
    како и да е нека ни биди убаво топло здраво и незаборавно на сите
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.