Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека имам вакво среќно фациче. ^_^
    Се подновив со постер со Џон Ленон, нова книга - „Вероника реши да умре“, лакчиња и долгоочекуваната мемориска картичка. По една година собрав пари, еј! :rofl:
    Што го намеркав албумот „Meds“ од Placebo, веќе е намеркан. Идните парички на него одат. Ептен ќе се израдувам двојно да го имам + и DVD има. Глеотка сум, мора музиче да слушам. :wasntme: Ништо нема да изгубам освен две ипол илјадарчиња, а ќе добијам многу. :D
    Патем, се чувствувам малку и како кокошка. :(
    Фин дечко, добар, ме умре од молење цела есен и пола зимо за на кафе, а јас ни ваму-ни таму. Е смотла, немаше ништо да загубам.
    Го видов денеска во живо. Со блокот во рака преминуваше улица. Многу беше симпатичен.
    Многу ми е криво, жива ќе се изедам цел ден.
    Собрав храброст да му се јавам - го променил бројот. :worried:
    Тркалото се врти, така е секогаш. :( :doh: :fubar:

    http://www.youtube.com/watch?v=uGQfpLoI5FQ
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    премногу фама се крева за воинот на коњ,аман веќе
    морав да се јавам на фемина да прокоментирам
    стварно е убава работа,ама кај нас со нашиот менталитет сокогаш прташинба се крева за небитни работи а не з реални како што е смртта на детето од полицијата ццц..

    и мислам дека не ме заборавивте! :$ :$ :$
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.102
    Сакам да кажам...

    Кој ме излажа овде на форумов дека сол во рерна ќе ја исчисти? Јес афкорс али не и за мојата...А ти може сакаш морска сол да се исчистиш?? Онаа за капење? А музиче да ти пуштам, некоја свеќа...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    СДК 1

    Не можам да разберам зошто постојат некои девојчиња.

    Што карактер ќе беше тоа, искочила прв пат со машки што не ги знае,по хеланки,со кратка маичка, им се трти,им се врти,мести прслук цело време,у кафич! :^)
    И на идење на едниот му се обесува на врат,онака,сочна гушка.А ПРВ ПАТ СЕ ГЛЕДААТ. :fubar:

    Абе родот го вреѓаат...пу. :fubar:

    СДК2

    Им се восхитувам на баба ми и дедо ми,какви душички се тие.
    Вчера седнале,гледаат некоја серија, и баба ми му го чита преводот доле,бидејќи он не може со едното око убаво да гледа.
    И така,си седнале,она му чита,он си слуша,си јадат благо...
    Абе срцки. :lol:


    И јас сакам да остарам така,па да му читам кога нема тој да може,а тој да ме носи да мочкам кога нема да имам сила...Љубовта е таа што не движи низ животот. :inlove:
     
    На TinaM25, mims-89, Bright и 3 други им се допаѓа ова.
  5. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.346
    Допаѓања:
    5.899
    Сакам да кажам...

    СДК со неколку часа сон и голема, неиздржлива болка во нозете и денешниов ден ми започна. Сум го исклучила некако алармот и одма заминав на јадење. Уште рано, рано, по ладовинката патот под нозе и тргнав да прошетам. Земав книга која си ја ставив во кесенце и се качив во автобусот, баш од страната од која беше сонцето. Се мрштев, правев гримаси, но не станав. Како се наближувавме до станицата на која требаше да се симнам така се повеќе ми се потеа рацете, нозете не ги чувствував и во глава имав разни негативни, песимистички мисли. Како чекорев по асфалтната улица така се повеќе пулсот забрзано ми чукаше. Конечно стигнав и се упатив кон резултатите. Гледав прво кај оние што не се примени и упорно се барав, без да прочитам уствари за кои се работи. Пред мене стоеше четиричлено семејство од кое не можев да ги видам другите резултати. Чекав, чекав и си почекав. Конечно си заминаа и ги видов останатите резултати. Почнав од доле и стигнав до повеќе од пола, а тука се наоѓаше и моето име. Почнав од горе да барам и конечно се најдов меѓу првите 13. Некој камен падна од мене. Конечно и јас го постигнав она што го сакам. Се запишав во училиштето кое го сакам. Ме кочеше тоа што велеа дека требало врски, а јас сакав сама да пробам. Размислував дека и за вториот уписен рок, ако не ме примат, повторно ќе ги дадам документите. Но ете, среќата ми се насмевна. Па и не ме следел толку голем баксуз во животот. :)
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Поминав покрај Аце. Што радост му удрија кога ко кладоа на ступче! :lol:

    Туку бев си купив книги, си земав нов пин за картицата, прошетав низ плоштадот и некако бетонски се чуствував! Поминав низ толпата на станицата кај зелено пазарче и се чуствував како од друг свет, не го разбирав јазикот на кој збореа иако ми беше многу познат. Мајчиниот.

    На твитеро свашта се дешава, ако ако ме радуваат луѓето и нивните мозочиња. Го сакам тоа.

    Нему му купив книга. Патување, џезерска Америка, возбуда.


    Сега седам кај другарка и гледам папаглот како и се самозадоволува на неговата перница.
    Денот е пред мене, одам на протест повторно, може и тој ќе биде таму. Ма нека има возбуда, доста ми е еден поглед или бакнеж како вчера што ме раздрма цела.
     
    На Estelle, LivingGlam и Offspring им се допаѓа ова.
  7. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам.... и тоа одмааа!!
    МОРЕ!! :$
    ПЛАЖА!! :D
    ЛЕЖАЛКА!! 8)
    КОКТЕЛ!! :d:
    МАСАЖА!! :P
    И еден згоден тип со мене!! :lol:

    П.С.
    СОНЦЕ имам :sun:
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    Ауууу ама бил далеку Мон Блан :?: , девојки јас се вратив, неможам многу далеку ми е...Но кога ќе видиш и Ѓорче е далеку ако си тргнал пеш :!: .

    Кој ли ѓавол ме натера денешното слободно време да го потрошам шетајки низ продавници, а слаба сум ( и психички и финансиски моментално) кога се работи за шопинг :cash: :cash: :cash: ...

    Колку сакав да можев сега тука да ви се испофалам што се сум си купила, ама јас денес можев да си дозволам да си купам 4 лака, еден бел-креч(за француски), циклама, црн и уште еден бел но овој е од оние што распукува...Кога продавачката ми кажа дека добиле од тие се оклештив од 6 до 6, како Барби кога ќе си го пронајде Кен :lol: .

    И шетав така јас, кога во излог го здогледав мојот нов прстен од Сваровски :inlove: , велам мој е, зошто е прекрасен и моево раче мора да се фали со него :P .Имам и јак повод за да барам да ми го купи некој (како на пример Петко мој) :hug: .

    Девојки јас тука се одјавувам, одам нозеве да и одморам малце, а вие дотогаш смислете ми решение каде да најдам пари за шопинг, и немој да не сте смислиле зошто ќе отворам нова тема „Итно !!! Ми требаат пари за шопинг !!!“ :rofl:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.912
    Сакам да кажам...

    Нема улица во градов што не ми е шетана во градов со другарките . Сите чошиња ги знам , понекогаш се насмевнувам заради местата каде што имам мочкано со нив кога сме биле пијани .. :lol:
    Младост лудост , шта чеш ..
    Негоо, друго ми беше зборот ..што да се прави бе на оваа летна и да не речам тропска горештина ..??
    Сите книги во полицана ги прочитав испив 2 кафиња., третото е закажано за после со трач муабет со комшивката..па што , не бев тука :wasntme: ..
    Си ги гледам мечињата на полицата до книгите и си се сеќавам на моментите кога ги добивав, сега ми е се некако бледо , незнам зошто сеуште и ги чувам ..изгледа дека ми се драги ..
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.525
    Сакам да кажам...

    Денес е официјално првиот летен ден, а јас се чувствувам смачкано. Слабост во нозете, ушите се иритираат и на најтивок звук, стомакот ми е неспособен и неорганизиран... Здравјето пред се‘ мили мои! Денес требаше на плажа да сум, иако не сум скинала 2 кила од бутките! Вчера и завчера требаше да бидам и на првиот уметнички фестивал во Охрид... требаше и да го видам ТОЈ таму.
    Ништо веќе не планирам... на random mood ќе се ставам.
     
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сакам да кажам...

    If i were a boy немаше да ме боли стомакот денес :doh:
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...

    Станав со лошо расположение, нервозно си го направив кафето и се стационирав на тараса.
    Намуртено набљудувам.
    Одеднаш ме обезема чудно чувство... некое необично чуство.
    Ги тријам очите, погледнувам пак :o каде се наоѓам јас.... Скопје ли е ова??? :o
    Го гледам Ацета, штрчи и свети од сонцето.
    Ме облеа чуство на патриотизам :muscle: се почувстував гордо, јас обична единка потпомок на Александар Велики Македонси.... да се знае, да се знае!!! ]:) Неговата аристократска крв тече и низ вените на гордите Македонци, наш е Аце, не, не го даваме, ни името не го даваме, се е наше. Со живот ќе го браниме!
    Чувството беше појако и од оргазам yeahh! |(
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку е убава жичарницата на Водноо. :)
    Си се искачивме Средно водно, па после со жичарница, па после си се изнасликавме и изнашетавме, па си седнавме друштвенце во еден од летниковците, карти, сокчиња, грицки мицки.... музиче од мобилните, вицови....
    Уживанција од Франција... не - ова е Скопска уживанција...
    Ох, колку е најубав погледот на Скопје. :inlove:


    (другата слика ќе ја постирам во темата за професионални фотографии :) )
     

    Прикачени фајлови:

    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      135 KB
      Прегледи:
      189
    На Phyramide и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.182
    Допаѓања:
    166.900
    Сакам да кажам...

    Сдк,ду ај кер?!Ноу,ај донт!Фак ју!Одох ја да се сунчам у задниот двор на мојата резиденција!Све си имам,музика,нес,свеж сок,вода и книга!Све и гз и цицки за љубопитните комшиски окца!И целулит,па шта?!
    http://www.youtube.com/watch?v=bDGiZUwg ... ture=share
    Ту ду ру ру ру деееу,деееу,дееееу!
    ОоОоОоОоОоОоОоОоО и газирана вода имам!
    Тудеј ај донт гив а фак фор енитинг!
    Ееееееееееееенд аааааааајм фииилииинг гуууууууд!

    Утрово добив просветлувачки моменат дур читав весник.
    И уш нешо,све е до нашите лични избори.Судбина,абе да.Ама не,многу работи не зависат од мене,абе да.Ајт!
    Сите цицачи на енергија ќе ги молам да застанат на излезот број 1 и да почекаат да се отвори портата за пи*ке си мајчине.Благодарам!Неважни сте!
    Сакам и шопинг и веспа.
     
    На Strumfeta93, Neytiri, skyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ако продолжам со ова темпо на легнување и станување ќе биде тешко мене. Морам да најдам некоја занимација. Пак ме фати креативен период, сечам материјали по дома, правам чанти , сечам панталони за кратки панталончиња, ама кога ќе ги погледнам готови се радувам. А кога ќе ги погледнам книгине под кревет се ужаснувам од тоа што морам да го учам. Не, не не го сакам.
    Го гледав и поставувањето на споменикот и се разбира како и секој песимист си помислив - А што ако падне? Знаат ли тие колку штета ќе направи? Не, не морам да ги тргнам мисливе.


    Имајте убав ден, а јас отидов кафе да сварам.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК многу бре контрадикторен народ сме!

    [​IMG]
    Јез да е Букефал, ама ипак. :^)
    Демек македонски бил. :rofl:

    Ама ајде, можда да штедат сакале. :lol:
     
    На FortuneTeller.xD, zhap4e, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Господе дај ми сила да го издржам периодов...

    Само... дај ми сила.
     
    На Strumfeta93, teddybear, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК...
    На крајот сепак пријателски се договоривме да оставиме на времето како најдобар учител и клучен услов да покаже што би било со нас во некоја далечна иднина. Веројатно така е и најдобро, откако сите убави и лоши моменти, комплименти, па и навреди ќе се соберат.
    Дотогаш, ти посакувам се’ најубаво во животот, уживај во него и вкуси ги убавините до последната капка... Но очекувај и јас да го правам истото!
    Ми беше чест што те знаев и задоволство што споделив секакви моменти, среќи и несреќи со тебе. Не се каам за ниеден поминат момент и ветувам дека ќе ми послужи како показател и искуство за во иднина, независно дали и каква улога ќе имаш ти во неа. Дозволи да ти се поклонам за последен пат, млада дамо. :bow:
     
    На Strumfeta93, teddybear, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    што ти се вика Македонско воспитување :^)
    бидејки оваа година е година на волонтирањето од Европската унија во Македонија, и денес имаше презентација, дебата и коктел во ЕУ инфоцентарот, и нели европејците како добри домакини, направиле во склоп на коктелот мала закуска,и послузија сокови газиран, негазиран, бело вино, неколку видови на мали колачиња, сендвичиња, дур да трепнеш чашите со вино ги снема немозев да се изначудам
    :o на денски коктел бе :!: значи по алкохолизирана нација од нас Македонците не постои(со чест на исклучоци) :tmi:

    да се стокмам, и во акција на Олимписки базен :) конечно,бегство кон рајот макар и за кратко време
    I needed this more than anything else on these world for today :)
     
  20. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    61
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум премногу изненаден. And I mean it in a damn good way. Убав ден, убав ден :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.