Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
  2. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК ги знаеш добро оние, со скришна солза длабоко во срцето, со скришна злоба далеку зад погледот, болни од немоќ, болни од желба за одмазда....
     
    На zhap4e и katakomba24 им се допаѓа ова.
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    ....абе, знам дека денеска ја оптеретив темава, ама морам да ви кажам дека ми помина нерасположението. Топ сум, како нова. :rock:
    Си поплакав малку де, ама тоа зашто лосионот за чистење лице пече на очи :D :D :D

    Ете така, тоа само сакав да ве известам......
    На форумов има прекраснотии неколку и сакам да им кажам фала. Едно големо, фала. Не се оние типични, сожалувачки девојки (и момак*). Туку ќе те кренат, па ќе ти удрат едно шамарче и пак ќе те насмеат :D

    Браво бе. Мили сте многу, така да знаете :* :hug:

    btw ПМС е кучка!!!
     
    На Mistery, Miss-Independent, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    ... Сеуште не скинав конци иако на дневнава температура која се пласти врз скопскиов асфалт, во најмала рака гуштери паѓаат во несвест :|

    Изгледа јас сум една од ретките кои што мразат лето и тоВа со големо М! :puke:

    Како и да е, додека вие се токмите за плажи и мориња, вашата Георгина се токми за престој на Малта. Да, да...зашто во големта соба ми е пожешко :P А ако се прашував јас, би да се гњурнам у длабочините ама на некоја шума, во некоја убава дрвена куќарка да си чучнам на тремот и читам поезија...а во позадина да ми жубори некое поточе и да завиваат волци :!: ...се презаситив од завивања на доместик певаљкиве, сакам да си чујам реално волчјо завивање :rock:

    Женетини, да ве гушнам, бакнам...еве навратив а кафе не си донесов, ама затоа си понесов една прекрасна мисла која сакам да ја споделам со вас, а гласи : “ Патот по ридот е стрмен и тежок, но затоа погледот од врвот може да биде воодушевувачки.“

    Толку... :*
     
    На rossonerka, Hopeful, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК дека се изнасмеав со рубриката најужасни состаноци :D :D :D девојки :clap: ми го продолживте животот !!! :lol:
     
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Сакам да кажам...

    СД дека се осекам многу глупаво. :|
    Млитаво, мрзливо, поспано, разоЧарано. Зосто бе тупкам во место со години ???? Абе се осекам ко да се немам поместено ни Чекор. И официјално поЧнав да тресам зелени. Тоа е. Ајт со здравје.
    Имајте ми убав ден. :*
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.472
    Сакам да кажам...

    сдк дека е многу досадно, ама озбилно е многу досадно |( |( |(
     
    На TheCandy880, baguf4e и Dgirlll им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.300
    Допаѓања:
    135.513
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека знам каде ќе одам на одмор летово. Џорџ Клуни раскинал со Каналис па идам ја да му ја излечам фобијата од брак :))
     
    На Phyramide, mims-89, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК фејспалм - кога ни зборовите не можат да покажат колку глупава била постапката.

    [​IMG]
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сакам да кажам...

    Епа радни народе, официјално од денеска почнува летото, се префрламе на летни и свежи теми. Свежи како сладолед од вишна, од типот боја и мраз. :D

    Бев кај баба на ручек, а испадна дека отидов за појадок/ручек/вечера, полн пансион. :D Секогаш кога одам таму јадам, па не е фер. Да помине утрешниот ден, да кркнам малко торта и од сабота, ЕЕЕ од сабота малку ќе намалиме на јадењето. Не споулавев бре, во сабота ќе дојдат другачките на торта. Па не бива домаќинката да не јаде. :D Ќе се префрлам на кајсии и лубеници, па на одмор треба да се оди еј! Не треба моето пливање да предизвика цунами некаде во Египет. :^)

    И така, си барам друштво за вечер, другачкава една зафатена, друга вози, трета утре полага... И тако даље, тако даље... На крај краева, фемина не ми бега за роденденската атмосфера. :D


    Е така, јас отидов да се истуширам, па ќе одам да си ги облечам новите панталони и да го натерам дедо ми да ги земе назад парите што ми ги позајми. :D


    п.с. само ако не сте ми честитале роденден после 12! :fubar:
     
    На Strumfeta93, baguf4e, tigerlady и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.184
    Допаѓања:
    166.914
    Сакам да кажам...

    Сдк ој викенд,шта то лепо миришеш...на форматирање на два болни компјутери. |( Забавно.

    Ми се оди во Излет,Лезет и слични места,еве во моментов...ми се лепрша.Ама немит,зш така требит.Болештина се зададе,Лилит се предаде,бар за денес.И собава ми мириса на лаванда,не дека е важно тоа,ама да си се пофалам и јако одговара бојата на сега исуштената лаванда со бојата на ѕидовите на мојата соба кои според фенг шуи значеле храброст,одлучност и лојалност.Бре,ми олесна зошто ми стана јасно од кај толку јака станав последниве две години,па решив и годинава да си ја премачкам со истата боја!

    Него така тарашкајки по дома,откако сфатив колку сум јас тоа несреќна кога јадам сирова храна,без ниту еден емулгатор во себе и тоа продукт по продукт и дека ми треба сочна храна,за да си ги тргнам мислите,фатив да чепкам по спомени,буквално.Ги отворив сликите од последниве неколку одмори и направив една ретроспектива на мојот изглед и неговата трансформација пред и потоа,иако морам да признаам дека сум страшно нефотогеничен лик и ретко имам фотографии од себе.И сфатив...сум се сменила и не изгледам така лошо право да ви кажам! :D Уф уба на мајка!И така,там та рам,дојде ред на моите 3 кутии полни спомени.Баш фотографии од одмори,сувенири,подарочиња од симпатии од детство,најдов еден куп шишенца од парфеми тестери,некое суво цвеќе,дневници,некоја ву ду маска шо и да е и едно шубе ме фати,решив да ја фрлам.Можда значи што знам,несреќа,смрт?! :worried: Кога ќе се сетам од која особа ми е,а не ми е повеќе од животот и причините зошто е тоа така,голема е веројатноста тоа и да значи!!!И така копајќи од кутија во кутија,во првата го најдов списокот одлуки и задачи за наредните 6 месеци и почнав да ги заокружувам со црвено...и сите ги заокружив!!!Јес! :D И во последната,најстарата во која лежеа најголемите глупости и детски желби и соништа,спомени и ситнурии(дубри и бонбони од свадба некоја си најдов)...го најдов списокот од моите 100 желби за цел живот.Потекнуваат од еден период кога се стави јак пресек у животов и требаше да се оди напред кога изгледаше најтешко и морам да кажам дека за еден 17 годишњак сум имала силни желби и прилично зрели.Од оваа гледна точка,сериозно сум се зафатила за некои и сум ги исполнила порано од што сум очекувала, сепак,списокот не е ни до пола исполнет.Меѓутоа начекав еден куриозитет,две желби константно се повторувале,несвесно додека сум го правела списокот,гласеле-сакам да сум здрава и моите да се здрави и среќни,сакам секогаш да живеам во моментот,не вчера,не утре,не попосле,не по два часа,туку еве баш сега...
    И сега си размислувам...среќни сме,повеќе или помалку,за здрави,па зарем запира некогаш таа желба?!А дали живеам во моментот,за жал ретко.Ретко стискам пауза и мислам на сега.Никогаш не мислам на вчера,пред сто години,го ценам како искуство и сум преблагодарна,не жалам за избори,но незапирливо мислам на утре,мислам за 1 година,за 10 години,планирам...Си направив кафе,пуштив кафе дел мар и си ги излакирав ноктите.Сфатив дека за тие 15 мин.не дојде утре,а изгледаа подолги од 15 години,а факинг убави и релаксирани...никој не трчал по мене со секира...


    http://www.youtube.com/watch?v=r7xBOS5H ... re=related
     
    На teddybear, caroline.costa, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Сакам да кажам...

    кучка и тоа од најголемите :D оваа нервозава ме држи 2 дена мислам дека ќе отепам некого ]:)
     
  14. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    800
    Сакам да кажам...

    Сакам да ви кажам дека ни криви ни должни ќе бидете почестени од моја страна заради среќна вест.

    :dance: :rock: :dance:

    Верувам дека сите кои некогаш биле психички малтретирани од страна на некоја личност ќе ја разберат мојата среќа.

    Девојчиштето кое дури ни моето нокте на малото прсте на десната нога не ја поднесува - заминува во друг град да учи уво ме боли што.
    Четири години ја трпев нејзината појава, таа фацка и тој глас, таа уста од која излегоа сите можни ''бисери'' кои беа последица на нејзината неписменост, ама веќе не. :whew:

    Сега си дишам слободно, знаејќи дека имам еден проблем помалку за во средно и знаејќи дека мојот грб конечно ќе се одмори од тој штотуку тргнат товар.

    Ете така, сега делам бесплатни насмевки.

    [​IMG]

    Ви благодарам што ја делите мојата среќа, а сега навалете народе, још мало па нестало.

    [​IMG]

    Да наздравиме :beer: :d:

    [​IMG]

    Еве и за оние што се на диета.

    [​IMG]
     
    На zhap4e, Trendafilka и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Онака во ист момент ми излегоа како активни теми - пирошки, депресија и кандидијаза на форумов и си велам гледај комбинација, :D !!! Да паднеш во депресија од прејадување со пирошки и врв на се‘ кандида, не, фала далеку од сите нас ќе поплукам де неколку пати по бапски, :D !

    Туку денов порелаксиран во однос на низа претходни, изобилство салати од тазе шарено обоен зеленчук, колоритни овошни сокови за задоволување елементарни нагони :D , Нора Џонс и Маркес за стимулација на вијуги и тоа е тоа во кратки црти, :) ! Некогаш и малкуто е доволно, како што другпат и многуто води до незадоволство, човеку суштината ти е upside down!!!
     
    На LivingGlam и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК денеска е еден од оние денови кога 90% од работите ме нервираат. Епа да. |(
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.558
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека овој ПМС е еден од најдобро пречеканите во мојата кариера на крварење. Многу е лесно кога си ја ладам и си читкам египетска митологија, а сите околу мене пиздат за некои ситници. Лето е, љубете, бидете љубени и уживајте во Сонцето, и така за пар милијарди години ќе го нема.
     
    На LivingGlam и beached им се допаѓа ова.
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сега по мониторот ми шеташе мушичка и си помислив дека е онаа од потписот на Блонд [а предтоа се имав зезнато сакав да ја згмечам таа од потписот] и сега си викам не се зезнувам 2 пат :D ... дур отпосле сфатив дека е вистинска жива мушичка. :D :D :D
    И ја смачкав.... муахахахахах :devil:
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    убаво поминато попладне со ведри личности во катчето од кое сум дел подолг период на време
    и по некоја случајност го сретнав и типчето со кое онака си разменуваме по некое зборче,онака другарски
    интересно но сепак тазно оти дознав дека двајцата што беа одговорни за разговорите си заминале за Америка ;( , а не се поздравив со нив, криво ми е :sweat:
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да им кажам на сите феминки и фемини :D кои сакаат да гледат филмови онлајн дека може тоа да го направат на http://www.youtube.com/movies
    Исто така сакам да кажам дека сум многу срекна што имам прекрасна личност до мене која секојдневно пријатно ме изненадува :inlove: :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.