Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    Мојот покоен дедо многу знаеше за историјата и за улогата на САД и др веле сили во светот ... Иако имаше завршено само три класа гимназија што во негово време уште двајца имале толку високо школо. Ама читаше и ги знаеше работите добро.
    Кога се руши берлинскиот ѕид рече: Отиде Југославија, ќе ја растурат, се е ова америчко масло. Значи американците не можеше да ги смисли, не ги сакаше. Затоа што имаше право.
    Така да едно знам американците се крајно дволични и материјалисти. Кај нив преовладува само интерес и ништо друго. Да и тие ја прекројуваат картата на светот ... Ама главните водичи се евреите посебно оние кои се натурализирани американци. И јас знам за тоа дека според нив Македонија би требало да не постои на картата. :worried:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Убав ден, светол ден. Среда бе.
    Во дворот активно ми се работи, а јас учествувам со сугестии од тераса. Полево малце, не реков така, не ти чини работата, пак по твое, копај од ваму, мотиката десно, лопатата доле...
    Уште Бог машки чеда да ми даде фали. :wasntme:
    И варам кафе по потреба. :nod:
    Нацртајте се кај мене ако сте за кафе. Варам кафе на сите работници во двор. :!: :wasntme:

    Утре ме чека кафе со стари другарчиња, вечерта латино диско, викендот ми е посветен на визуелно моделирање, па од понеделник на плажа. 8)
    Тотално испланиран период, посветен на себе и на ниеден злобен инсект.

    Добив желба и за поставување на една теза:
    Тешките и сериозни обиди за забавност, подбив, потсмев и сарказам, остануваат само во обид, ништо повеќе.
    Во поголемиот дел случаи, доживуваат колапс до степен што сугерира на глупавост, некултура и просто однесување.

    :hai:
     
    На Strumfeta93, lolyta777, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.444
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има да си направам да ми биде најубаво и точка.

    Тука останувам уште само три дена, потоа се враќам дома, јадам се` што имам во фрижидер и седам на шоља минимум 1 саат, зошто оваа тука е испокршена и газов ми е цел со гребаници од капакот.
    Многу ве интересираше овој дел, знам. Затоа и го кажав. :wasntme:

    Поцрнета сум, делумно и разубавена, за 5 кила полесна и со нови кратки шорцеви. Крадам машки погледи на улица, и те како ми прија нивното вртење, милина човече. :lol: 8)

    Дечко ми во Скопје се вработил, како шанкер во некој локален кафич, едвај чекам да идам и да видам како тоа он си ги обавува обврските. Како што е смотле невидено, сигурно цела дневница ќе му ја враќа пак на газдата за чашите што ќе ги испокрши :lol:, ама многу е симпатичен и таков, што да му правам.
    Едвај чекам да го гушнам пак. :inlove:

    Прекрасно ми е сега за сега, ме носат мисливе таму кај што сакам, срцето ми е полно со љубов, а животот ми е исполнет со премногу убави моменти. Среќна сум, среќни се и луѓето што ги сакам и тоа е она што е најважно.

    Нека потрае. :angel:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.127
    Допаѓања:
    11.792
    Сакам да кажам...

    СДК...ова повеќе на признавање ќе личи, ама... Неодговорна сум. Многу.
    Вечер патувам, јас карта немам извадено! Документи уште имам за заверка. А си седам дома.

    Убав е периодов. Сите некаде патуваат, собираат впечатоци, после си седиме на кафе и си прераскажуваме. А разменуваме и по некое подароче.

    Се читкаме за недела дена, останете ми згодни,паметни и амбициозни :)
     
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не издржав да не пуштам ни една солза. ;(
    Преубаво! Браво за тој што го направил ова! :clap:

    http://365.com.mk/statii/film/8003-nula
     
  6. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Книгата ја прочитав. Еден ликвидирав. Со друг се потскарав. Сакам нова книга. Чекам баба да се мафнит од в кујна па да можам на раат да експериментирам со јајцана. Па ова е неподносливо. Ги скренав сите. Се мрднав. Од дома не сум мрдната. Зш тешко е да се свртит бројот од Катакомба. Трошит кредит. А вечерва или ќе биде или нема да биде. Ако биде, ќе биде шо ќе биде, ако не ќе пробам со шпагета да се обесам на мостон шо го немат. Озбилна сум. :!: :angel:
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.457
    Сакам да кажам...

    СДК...аман од мене...абе аман :@ :@ :@
    Не ми се верува што направив, а уште повеќе како тоа го исправив... :@ бруки... :@
    Испокарана со мажето ми, накурчена зашто касни мебелот, и ги нема мајсторите (он е крив бтв и за Хирошима и Нагасаки), му пишувам една порака, како сум разочарана, сакам да умрам, срам да го биде, неодговорен, не му вреди зборот, проклет да е денот кога сум се омажила за него (еднаш месечно го правам ова инаку), и така пораката долга 4 пораки, срцепарателна и филмска, му ја пуштам на мајсторот што ни ја ѕидаше куќата :@ ...
    Леле кога ми стигна рипортот, се оладив, се препотив, збеснав...
    И сега пуста брука, утре пак ќе доаѓа мајсторот, како ќе го гледам, што да правам, што да чинам, праќам уште една порака...- препрати го ова на 10 луѓе ако си против семејното насилство, и во знак на подршка на жените кои не се почитувани од своите мажи... :@
    Леле леле која брука која бламажа, ама се искинав па од смеење сега, откако по втор пат ги прочитав пораките, а на работа сум... :@
    Значи ваква глупост одамна не сум направила у п.м...
    И сега за да не ме мисли ненормална колегава, морав да му кажам, по земја се ваљам од смеење, а сега и он... :rofl:
    Ах мори Енцо проклета, како ќе го погледнеш мајсторот у очи утре... :@
     
    На maca99, Phyramide, JuLleE и 36 други им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Енца, знам дека не е за смеење ама ми го разубави денот- те замислувам целата како нервозно праќаш па после се нервираш и на крај се смееш, и јас сум била во таква ситуација ама не ми текнало да се вадам на втора порака- ќе си го имам тоа во предвид во иднина ;) :lol:

    А сега тоа е изгледа дека мајстор и маже ти се под м а ти само м си стегнала и првото е мајстор- леле се пресмеав :D :D


    :* :*
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.457
    Сакам да кажам...

    Абе ќути, глупост за сите пари :lol: :rofl:
    Колку ќе ми запали втората порака, незнам, ама морав да се обида, како ќе го гледам утре во очи, ај ние се знаеме дека правам драми нон стоп,ама друг таква порака да прочита, ќе рече готово, толку ...
    Инаку не ми се запишани ни двајцата :lol: , туку вчера ќе му пишував порака на мајсторот да побрзаат, ама се предомислив па му се јавив, па така бројот си останал а јас само напишав порака и сум одумила дека број не внесов, пошто се заборавив пишувајќи, и ајт...отиде пораката...
    Ццц....глупост, мајко мила :@ , цел живот ќе се смеам...мада прееска ич не ми беше за смеење, а и се гледа, штом така мизерно пробав да се извадам :@ :lol:
     
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    6.631
    Сакам да кажам...

    Енца, пушти некој друг да му прави надзор :) и извини, ама ме пресмеа :*
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    Енца ме изнасмеа и мене. Второто посебно. :rofl: :rofl: :rofl:


    СДК не дека се фалам, ама најјак ми е постерот од Џон Ленон во соба. Огромен е! Не можам да го изнагледам. :D :rock:
    Едвај чекам да си земам и со Курт. ^_^
    Ја завршив „Вероника реши да умре“.
    Сфатив уште колку работи треба да направам. Во мене има многу повеќе живот од предходно. :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    Сакам да кажам...

    Енца мила, извини што ти се смеам на сета таа мака, ама ми го разубави денот. Будалче. :lol: :*

    Иии....шта сам хтела речи..аха, да, убав е животот, зошто да не е? : ))) :inlove:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    Колку сум си само успана, спиев цели 15 часа, сега негледам ништо пред мене, постот на Енца ме расони малку, зошто се смеев како луда :lol: :lol: :lol:
    Енца, царица си мајке ми :D па да се извади пратила втора порака, демек мајсторот ќе ги заштитува жените од семејно насилство. Може тој ќе продолжи да препраќа па и кај некој од нас да стигне твојата филмска порака... :rofl: :rofl:

    Ме мрзи да си сварам кафе, и онака не ми се излегува од моево собче, надвор цела куќа е во хаос, се кречи, се лупа, се прља на велико и на крај пак Најубава ќе мора да риба паркет :devil:


    Другаркиве кој по одмор, кој на работа, барам кандидат за кафе, кој е за ајде ;) пуштам адреса преку лп :rofl:
     
    На crazylady и enca.69 им се допаѓа ова.
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Сакам да кажам...

    на некои луѓе никогаш нема да им дојде паметот :@ :@
     
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    Енцо луда си жими тебе :lol: :rofl: Се пресмеав. Од ко се зачленив само вакви глупости правиш, абе го умре човекот. :lol: Ама многу ми си интересна како после тоа се снаоѓаш за да се извадиш, само тебе можат да ти паднат на памет такви работи :lol: Абе те обожавам и точка. Смешки :lol: :* :*
    СДК убаво ми започна денот и ако оди се по планот и ќе заврши убаво, ако не можеби и јас ќе пракам луди траги-комични пораки :rofl:
    Едит !! Заборавив да кажам дека ми недостигаат Старфиш и Хипица на форумот, а и Пирамитка не ја читам :|
     
    На sesilija и enca.69 им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека никогаш не сум се разбудила посреќна. Хороскопот ми погоди за денес. Светам! Не верував дека одговорот од него ќе ме израдува толку. Изгубив надеж после 2 дена дека залудно си ја изгубив гордоста и му кажав дека ми недостига како пријател, но не било така. Сака да се смириме како пријатели :party: Тој беше многу важна личност во мојот живот, поткрепа, сила, забава. Едноставно можев да седам до него и ништо друго не беше важно, но се изгубивме некаде во можноста да бидеме заедно како повеќе од другари. Драго ќе ми биде ако можеме да имаме барем третина од она што го имавме. Само трпение.

    Сакам и јавно на Б. да и се заблагодарам што ме подржа да му пишам. :*

    Друго, денес решив да не седам дома, ќе се дотерам, нашминкам и ќе излезам. Аман од овие четири ѕида.

    Имајте ми убав ден и блескајте :sun:
     
    На teddybear, Strumfeta93, Scar.Tissue и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Сакам да кажам...

    Леле Енца, да си здрава и жива, ме изнасмеа и ми го поткрена расположението! Ти го читам постот и си ја замислувам ситуацијата и кога видов за мајсторот, паднав од смеа :rofl:

    СДК повеќе не ја читам темата „ Необјасниви случки“ зашто навечер не можам да спијам :( . Сабајле во 5 си легнав зашто ми беше страв да одам до кревет и да го изгаснам свтлото и дремев на компјутер, а меѓу креветот и комјутерот има 3-4метри :x Инаку, дење читам таму и не ми е страв ама навечер ми се враќа филмот и страв ми е и низ куќа да одам, само се вртам лево-десно да не има нешто. Тешко мене, ко забегана сум :(
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК комшија доста бушиш, п*чка ти матер!
    Полудев.
    Само вр-вр-вр ми прави цело време. Ќе го сонувам ноќеска.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Сакам да кажам...

    СДК1 прво се прејадов, напраивме со мајка ми извар превкусен е (морав да се вклучам во готвењето, иначе кој ќе ја слушаше пак више аман :@ :whew: ).

    СДК2 ме фака огромна криза за високи чизми до над колена какви што имав зимава само јас имам високи до над колена црни кожни и секако секоја зима нови чизми ама не, сега сакам летово нови чизми до над колена, леле што ми е? Сакам кремави, беж боја нешто како лешник боја и да се плишани (уствари антилопски де). Е такви сакам и есенва си купувам обавезно.
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    имав мозност да слушнам нешто повеке за Интернационалниот Хеленски Универзитет кој се наогја во Тесалоники и како Грци зборуваат Англиски :lol: :rofl: смешки беше, цените се исти како на нашиве приватни факултети(на некои насоки малку поскапи) ама им се вракале парите преку стипендии на студентите, и секако зивотот на кампусот(како и секој универзитет што има е огин скап(100 евра да изнамиш соба, а 5 евра по оброк)
    случајно се сретнав со девојче кое ми е соученичка од осмолетка и многу ми беше мило што ја видов
    одамна ја немав видено :)
    и да знаете мили феминки дека ВО ЗЕНИТЕ Е СИЛАТА(пред малку слушнав на Скај радио-радио Матине дека секоја зена се рага со манипулативна мок, и зависи однеа дали и како ке ја користи) :rock: :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.