Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека многу се нервирам кога на facebook ми пуштаат покани за игри што не ги играм на пример овој покерот.... :@ :@ :@
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    Трол.

    Троловски.

    Досаден трол. На фемина. :geek:
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ма љубови најавени, не најавени. Му се восхитувам како го води Peacocks. Му се восхитувам на секој збор кажан вчера. Ма ти се восхитувам С! :*
    Многу адреналини! Фрштат на сите страни.
    Д ми ги покажа неговите глумачки сопосбности. Се пресмеав! Како само тоа играше на Фолтин. Рум и ред бул = скокотливост. Бик и бик. ДА! :rofl:
    Срцево полно ми е, малку спијам, многу работам ама ако..
    Ми рекоа да си го заменам презимето во Мила. Веќе не постои Ирена Јовановска. Секој ме повикува и довикува како Ирена Мила. И да си го смирам темпото на живот. Ама убаво ми е, не можам!
    Денес бев во шопинг со сонцето мое. Се блесававме во Peacocks, се пресоблекуваме во иста гаредорбер, се прчевме. И купив што посака. Среќна е! Си крадеме моменти.
    Ме очекува патувње- Шпанија, Шведска и Норвешка. Ќе си бидам волк самотник, истражувач-докажувач.
     
    На la-chicka, teddybear, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Секој некаде трча, секој нешто бара....илјадници желби....
    А каде е духовното?
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    Љубам како да те видов низ ГТЦ, со фотоапарат чкрапаше.
    Можеби не беше ти... :?:


    Знам дека сум ви досадна веќе на темава :D :D :D
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    хаха кога тоа?
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.203
    Допаѓања:
    167.198
    Сакам да кажам...

    Утрински се залелавив по туѓи одаи со вкусно доручече кое го однесов.Си мижев на прозор на малку сонце што ни остана,летово не е лето де и...ни заврна,па замириса на трева смрдливка,време на жетва се ближи,те веќе почна,а јас у суштина сум ти селско дете.Кога го кажав тоа,ми се изнасмеа,со прашање добро,од каде знаеш вакви глупости?!Што да ти правам кога ти фалело детство?! :D Оставив да учи,не ветив дека ќе се вратам.Тоа е брале...кој како си ја нареди,а јас сум крилато коњче,запри ме!Убав ми е животов...премногу!Ама пријатно кафе...препријатно.
    Слободна,во целост месец и нешто,што ли ќе правам?!Ќе хеклам...баба ќе ме научи! :D
    http://www.youtube.com/watch?v=iOmnGzAKLvg
    Замислете ме во чаршија како си подскокнувам со новите чевличиња и му се насмевнувам на секој што ќе мине.Е така ми е денес!Ми оди убавина од ножните прстиња до темето на главата и пријатно се наежувам.Реков,за брзо ќе се случат убаини...што нема да поднесам добро,као кога те скокоткаат,ем се смееш,ем не можеш,не ти е убаво. :D
    Сонував дека имам братче...мало,убаво братче.Чувствував голема љубов за него,ама паралелно и загриженост.Што ќе биде со него?!Практично јас ќе треба да се грижам за него зошто времето врви,а моите не се у цут младости,па ми олесна кога сфатив дека е само сон.Ама ете сестринска љубов,бар на сон...му викав,ти си сонце мое,ти си среќа моја,јас те сакам тебе многу и го мирисав,ми мирисаше на бебе,милина ми дојде на душата.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    Сакам да кажам...

    Колку сум пресреќна. Најсреќна! Ми се оствари сонот што одамна го посакував. 8)
    Како само започнаја да се редат коцките онака како што треба. :rofl:

    Вечер ќе се штавам со водка. Мора да се прослави. Само еднаш се остварува ваква голема шанса и како да не бидам среќна. Забават ми започна уште од сега. :d: :smoke: :music: :party:
     
    На la-chicka и Smilly им се допаѓа ова.
  9. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сакам да кажам...

    мМ..Ќе станам досадна со ова моето журкање...ама,СДк дека конечно уживав во журката,а богами и таа во мене(кажи си де не се смрами) :rofl:
    И така,беше тоа префектна ноќ,во која бев како изгубено делче од некој сложувалка,кое после долго време совршено го потполни своето место.

    И СДК во последно време,немам баш време да висам на фемина.Дали тоа јас имам премногу обврски..Хмм,чудно :^) ?!
     
  10. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Сакам да кажам...

    Повторно ми ја врати насмевката на лицето.
    Повторно ми го врати сјајот во очите.
    Повторно ги гледам тие небесно сини очи кои ме подигнуваат до 7мо небо.
    Повторно...сме заедно. :inlove:
     
    На la-chicka, 1209 и marama им се допаѓа ова.
  11. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    двојниците на викторија и дејвид бекам? :x :x :x copy paste :^)
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Сакам да кажам...

    СДК преку глава ми е од мајка ми, најсериозно. Нема да играм како што ќе свирне, и нека не се замислува толку. Ќе си го кажам моето мислење и став како што направив и тоа нема да се смени, а тоа што нејзе не и одговара бесот и гневот нека не ми ги истура мене. Нека научи да почитува туѓо мислење, преку глава ми е од тоа да се замислува дека е Бог а јас обичниот смртник.
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да си напишам еден искрен пост вака од длабочините на моето срце.
    понекогаш се мразам зашто не сфаќам колку сум среќна. Некогаш не сфаќам стравот што ми прави. Понекогаш ме заробува, но тоа е само еден период во месецот кога си го мразам животот и мразам се околу мене. И во деновите како овој кога седам и размислувам со ладна глава си викам, ех будало како можеше да бидеш таква деновиве.

    И не се каам ни за момент што му дадов уште една шанса. Тука е до мене и со мене постојано. И пак и пак треперам под неговата рака. И да пак сум со него, будала сум за сите, но го сакам и сум среќна. И никој не може да ме убеди дека тој не ме сака. Грешел да. Ама ни јас не сум безгрешна и тоа не се заборава.
    Знам дека сме на правото место. Тука, прееска, сега, секогаш.
    А јас сакам да сум дете, јас сум дете, сакам да му се качам на глава со глупости додека тој сака да знам дека ме сака покажувајќи со неговите постапки ... тоа и беа неговите зборови ... после се што правам, како можеш да се правиш слепа и да не знаеш дали те сакам. Да во право е, и имаше малку повреденост од мојата суровост во неговите очи. Ама некогаш сум таква и тоа е појако од мене. А и тој дозволува понекогаш емоции да го надвладеат.
    И си ги читав постовите, приметувам дека од време на време си правам ретроспеткива на себеси, на него, на мене, на нашата врска. Си го навраќам филмот и сфаќам дека не сум превзела вина за ништо. А не сум светец. Заслужил извини, и доби извини. Доби и те сакам. Признавам и признавам, и пред него ги изговорив зборовите. Нека знае како што знам јас.
    Како што знам дека и пак да се скараме со месеци, пак ќе бидеме заедно.
    Тоа е, бик и бик. Иако не би требало така да се тешам ама така е. Мене инаетот не ми дава да потпаднам кога знам дека тој ќе ме побара пак. Исто и кај него ... и по некое време некој момент прави инаетот да се скрши.
    И ете ги чувствата, оние убавите, оние преубавите, оние што претставуваат љубов.

    Не, не лажам, овие две недели ме прави посреќна и од најсреќна, ме прави да трчам и да скокам, да пеам и да одам наоколу, да се смеам постојано ... ме смее и кога плачам. И тој е единствен кој успеал во тоа, нерачунајќи го татко ми.
    едноставно доволни ми се неговите зборови, будалче пак се нервираш за глупости ... и јас се подсмирувам и срцето посмирено ми чука.

    Не сакам да заборавам како е да лежиме цела ноќ и да се галиме, да се скокоткаме, да се тепаме. Не сакам пак да дојде крај.

    И можеби, а можеби и не сум ви досадна и превртувате очи, зашто можеби една година и повеќе читате за моите кавги и убави моменти со него. Можеби и мислите дека сум будала, а можеби и ме поддржувате. Мислења од неколку членки веќе знам.
    Но помеѓу мене и него има многу повеќе од моите детски глупоссти, или од неговиот тап период во животот. Помешу мене и него има нешто, нешто што никогаш нема да се скине. Тоа го гледам во неговите очи, во кои одново и одново тонам. Куп искреност и цел микс на емоции.

    Едноставно морав да објаснам и тука, затоа што се осеќам некако глупаво.
    Ама еве, и другарките ме гледаат колку сум среќна, и моите дома, среќни се за мене. не се знае утре што може да се случи. Не се знае ни после што ни носи. А сигурно и вие ја приметувате промената. Тука поминувам голем дел од денот и оставам голем дел од себе во постовите.

    Јас сега знам, сега го сакам, знам дека ме сака, повеќе од се. А со се што иде утре ќе научам да се сносам утре.

    Ризикувам многу, многу што пак решив скроз да се препуштам, многу што ме освоии со предобри дела, и што му верувам на зборовите. А му верувам зашто знам на колку долго време се оддалечени таквите муабети, и знам колку сила е потребна за да се каже макар и едно ми недостигаш. А го знам и него. И доколку ме лаже веднаш би знаела.

    За крај само ќе си кажам, дека се надевам не ме осудувате, како некои личности од мојот живот кои знам дека ми мислат добро, ама јас сум од оние инаетливи и твродглави створења кои поркај 10 совети тие одат по 11тиот, својот. Таква сум била, и сама сум се сносела со победи и порази, со болки и таква и ќе останам, а како таква и се сакам. Немам намера да се сменам. Ни сега ни никогаш. За никој и ништо.

    Се надевам ме разбирате. Љубов е тоа де. А сегде е пишано дека вистинската љубов ги поминува сите препреки. Пишано е и дека едно нешто ако пукне не може да е исто, ама погледнете го во очи, со моите очи, и кажете ми дали не можам да одам против сите стереотипи.

    Можам. Со него фатена за рака, можам до крајот на светот и назад. Пешки. Ете толку го сакам.
    И се препуштив. Скроз, целосно и искрено.

    и ваљда кавгитешто сигурно ќе ги има и овој пат ќе ги оправдуваме со, I guess that's what happens when a tornado meets a volcano. Гајле ми е, убаво ми е. И вечер пак ќе тонам во неговите раце. Едно од најбезбедните места на светот.

    Тенкју на внимание. :bow:
     
    На MissAnn, Neytiri, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.912
    Сакам да кажам...

    Обожавам некој да го правам среќен . Се надевам дека вечерашниве 2 родендена ќе му донесат многу среќа на славениците и насмевка на нивните лица ! Ми значат овие 2 личности .
    http://www.youtube.com/watch?v=XQd_oqqv ... re=related
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми се дига притисокот кога некој ќе ми рече - Па, треба сама да одам!

    Значи сите светци чувајте не! Оооо, луѓето ќе те изедат ако одиш сама, не ми се верува. Неверојатно. Што е проблемов ако треба некаде да се оди сам, не сфаќам ?? Во состојба се да ме прошетаат од едниот до другиот крај на градот, покрај ногата, покрај тоа што врне во секој момент и покрај тоа што јас треба да пешачам пола саат сама - тоа и не е така битно - само и само да не одат САМИ ??

    Тешко вас ако чекате на другите. ОООООф, колку ме нервира тоа, мислат дека ако одат сами дека сите ги гледаат. Абе на кој му е гајле дали ти си сам или со мене ? Не знам, само јас ли се нервирам на вакви работи ??? :emo:

    Сега, фино лепо ќе одам да се спремам, и ќе отидам САМА на крај. За да им покажам дека нема да ме киднапираат марсовци. И вечер големи се шансите да се опијам, ве молам да ми ги избришете сите постови кои нема да изгледаат трезно. :D

    п.с. Поминаа 7 дена. :f:
     
    На tigerlady, mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    СДК дека Крушево е незаменливо, има некоја посебна магија во него. Не само духот на Тоше, се оживува таму. Бре како би останала таму за навек. Прекрасно :)
     
  17. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Сакам да кажам...

    СДК Денес е убав ден за генерално чистење на душата.
    Ги средувам спомените,ги сортирам и одвојувам оние за паметење од оние за заборавање.
    Еден дел оди на таванот,друг дел оди во подрумот,а еден добар дел оди право во континјер.
    И погледни сега,многу простор.
    Денес срцето започнува со сосем нов декор.. :) :) :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    164
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека.. му ја мразам бившата! Иако никогаш не сум ја запознала, ја мразам бидејќи многу многу го повредила а, уште повеќе бидејќи тој тешко ја заборавил и секогаш кога ќе се спомне нешто во врска со неа, тој добива еден тажен израз на лицето - како се уште да го боли. Ја мразам бидејќи е поубава, послатка, послабичка со витка става - рамно стомаче - убав тен - нозе без целулит, посекси, повозрасна, поискусна, со подобар факултет од мојот, загора на се и плавуша е..таа е се што јас не сум и има се што јас немам.. :worried: Ја мразам бидејќи му била првата љубов, првата со која сфатил што е тоа љубов а, најмногу од се ја мразам бидејќи се сомневам дека тој никогаш нема да ме сака толку и така како што ја сакал неа, за мене тој никогаш не би направил некоја лудост од љубов, а јас..јас сум толку нежна, ранлива, кршлива која секогаш се прави силна и имам толкава потреба тој да ме сака целосно и слепо..онака како што јас го сакам него..
    Сепак, тука сум..цврсто стојам на тлото, се уште дишам, живеам и ќе се борам до крај за неговото срце да биде потполно мое и само мое. Немам друг избор, а и не сакам... ќе се борам и знам дека ќе успеам!
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.472
    Сакам да кажам...

    сдк 1. си купив 400 грами виршли, и видов една кучка на улица, и ми падна жал викам ај ќе и дадам 1!
    кучка една, сите ми ги изеде, многу беше гладна сиротка, абе не можам да не ги погледнам кога сум на улици, па мајка Јана нека е! :D :D Ако ќе си купам нови, нека јаде, и таа има душа! а луѓево поминуваат и :^) вака ме гледаат!
    боже господи!

    сдк 2. бајаѓи се опарив ]:) си мавнав шопинг деновиве, добро е :D

    сдк3. леле сега на депилација :x , ќе се тресе Скопје!

    и тоа сакав да го кажам
    Ај чао! :hai:
     
    На Neytiri, LivingGlam, esperanca и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Сакам да кажам...

    Да се пофалам дека денес бев кај чика фризер и супер си поминав :D
    Ама тажна сум дека не ја видов Капкејк (мојата мачка)...
    Се омачи и ја снема па јас полека станувам љубоморна на нејзините преслатки мачиња. Ќе и се оддолжам јас неа, нема да и дадам да јаде кога ќе ми дојде пред тераса да ми мјаука!
    Ќе и речам - Тебе мори мачињата да не те хранат случајно?! епа оди си кај нив! :D
    И уште една глупава работа што ме мачи...
    Вечер пропуштам една јака пиенка (во која и онака несмеам да учевствувам поради диетава) :@ Ја нема другарка ми и не одам никаде без неа, :!: иако несакам да го оствам другар ми, знам дека друштвово ќе се шегуваат цела вечер на негова сметка.
    Ај хејт мајселф тудеи...
    А стомаков уфффффффффффф ќине - а уште немам добиено, па ме мачи :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.