Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам да кажам...

    Имам нов аватар :party:
    Така,летен.Нели ми е најубав бе ? :D
    И официјално започна летото за мене,надвор сончко а јас на базен,си уживкам :sun:
    Уште само 6 дена до роденден,а 16 до одмор.Ајде де,брзо ќе поминат.

    И..уште нешто..
    [​IMG] =[​IMG]

    Ххахаххахаха не дека не го сакам ама стварно личат.. :D
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Годиниве чуда да ми ти правеле.
    Ти мисли дека се движиме кон старост, а всушност младоликост добиваме и будалетинки стануваме.
    Сега имаш кратка коса, за час можеш долга да имаш.
    Сега си слоновидно дебел, за час можеш да бидеш шланг бејб. 8)
    Сега имаш кратки нокти, за час можат да ти бидат совршени и долги.

    Гледате дека се движиме во нагорна линија??? ^_^
    Да живее нашиот прогрес. Успеваме да го менуваме времето, нека цркне природата ако сака. ;)

    А јас сум пак најубава. Со секој нов ден се повеќе. [​IMG]
    За се останато, кое не и пркоси на природата, ги обвинувам годините.

    И да, ми треба еден Секс он д бич. Очигледно.
    |(
     
    На Theodora, afroditaa, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.345
    Сакам да кажам...

    СДК дека убаво ми е кога малите нешта ме прават среќна. Животот не се мери во секунди туку по моменти што ни го одзема здивот
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека сонував како сум требала да умрам. :| Го живеев секој миг, секоја секунда како нешто најскапоцено. Знаев дека за мене нема да има утре и го ценев тоа што го имав денес... Плачев, се тресев, се збогував.
    Не знаете колку бев среќна кога ги отворив очите и сфатив дека е само еден сон. :x
    Пораката е огромна...
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Хеј ју
    Одамна ти немам пишано.
    "маче немам голем пенис,ама верувај машинава од мама и тато ми вреди дупло од него"
    Покрај сите фаци од него што ги имам прегледано како "македонска крвава свадба" ти еееам, уште оваа не ми беше позната.
    Јес да не сме луѓе сите,ама има денови кога ќе мораш да глумиш дека си човек.
    И после ќе прават суперхикс песна "африка".
    Епа ќе прават.
    Него јас добра сум.
    Еве на пример утрото ми започна премногу убаво.
    Се дистанцирам од политика летово и од гледање ТВ, осим vh1, HBO, travel&living.
    Животот ми е подобар.
    Денов предобар.
    Сакам плажа :(
    А, ќе ја видам од 20ти дефинитивно.
    Сакам кубалканика во куба либре.
    Сакам да ги прескокнам овие 16 денови.
    И да се сконцентрирам на причината што денеска сум насмеана.
    Еј бтњ, кога сме кај насмевките.
    Видево владее!
    http://www.youtube.com/watch?v=jJqh2jL1-ew
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам, ако им се јавам на овие од интернетов ќе ги направам п о п а р а !!! Алооо 4ти е !!! :fubar: :fubar: :fubar:
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Jа сонував Ливинг, дошла кај мене и ја убив од гушкање :lol: , а другарка ми од Охрид беше таму ја знаела и само ме прашуваше од кај се знаеме и ние :wasntme:

    Душе :*

    И ми се падна наград демек да бирам меѓу маскара и парфем- одбрав маскара, а душето ме предомисли :D

    Сакам да кажам дека забегувам :tmi: , ај мавнете ми една воспитна- да се свестам!
     
    На Phyramide, Theodora, skyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Се осеќам .. lame. :| Ко да не ми се тркалаат заровите as planned.

    Стискам палчиња да биде бош партијава од зарови на јамб меѓу мојата карма и универзумот.
    Сакам понављање... И можност за ревитализација на мојот спирит вечер на Блуз ен Соул во колосеум!


    Едвај чекам!....
     
    На skyAngel, Miss-Independent и sesilija им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    Е ова сакам да го кажам, ништо лично, само општо. Не им е само мажот крив на измамените девојки, туку и самите тие.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК дека полека го достигнувам оној толку посакуван душевен мир и хармонија...
    Само нека продолжи така, зашто според моето (не)скромно мислење, го заслужив.
    А оние, прекрасните кои се појавија во мојот живот... Останете!
    Вие сте причината што повторно се смеам и уживам во она што сум јас, истовремено разубавувајќи го и Вашето секојдневие! Oва особено важи за тебе, ангелу! :*
     
    На firequeenn и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сакам да кажам...

    Секако дека сум среќна после долгоочекуваниот шопинг ^_^ :dance:
     
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Сакам ко на некој блурен сон, да излезам од канцеларијава во која трештат телефони и фрштат хефталки, да ги соблечам штиклите, да ја отворам полека вратата... Да ме удри бран на спокој внатре во душата и да го пикнам ножното палче во вжештена песочна прашина... Да стапнам боса на тропската плажа пред мене... да дувне топол ветер и да ме обвие со мирис на солена вода...
    Копче по копче, кошулата на земја, патентот и отидоа пантолоните ... Во бикини да се мушнам на лежалка закачена на палми и да се нишкам на тропското ветре.
    Сама. Несакам ни музика. Тишината е потценета.
    Сакам секвенција од време, моја и волшебна.

    И пред пак да заѕвони телефонот и да доживеам нов краток убер стрес, да ви кажам дека очито патам од Крузо синдром.
    Почнав хипстерски да размишљам.
    Може дека е 2 попладне, а вентилацијава е ужас во кнацеларијава.
     
    На Theodora, rossonerka, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Сакам да кажам...

    Ееееееееееј фемино, туго стара...
    Кај си бе друже? Не сме се виделе со години!!
    Е еве сум бе друже. Како си? Арен?
    Арен арен (ко компир варен). туку ти како си? Децата, жената?
    Ихххииии, се од убаво, поубаво!! Работиме, нивата, бавчата, дечињата на школа... Ма се е погодено!!
    Е, убаво, убаво. Чим е така, убаво!! Има и полошо да знаеш!
    Знам, знам, доста е и оклу што имаме. Не бараме многу ние. Лебче, водица, покрив и доста ни е!
    Е така, така... Туку ај со здравје. Итам за на пат. Еееххххеее, планинана ме чека!!
    Е ај со здравје, поздрави ми ги сите!!

    Ме фати некое македонски народни приказни расположение!!
     
  14. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Сдк се вратииииив :)
    ама имам лоши вести ми цркнал компјутерот па не можам да ве читкам секој ден ова едвај на гости ми се пружи прилика.-.-
    Ве поздравувам сите многу и се надевам се читаме наскоро :) :*
     
  15. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    СДК утрово повторно си ги докажав своите 'кулинарски' способности. Отварам очи и се сетив дека после долго време конечно сум сама дома, па решив да направам нешто за себе. Ми се пиеше кафе и бидејќи неодамна пиев
    Caramelo
    [​IMG]
    и многу ми се допадна, решив да направам нешто слично.
    Засукав ракавите, ги крцнав прстите и се фрлив на работа. Подготвив се на масата и кога отварам фрижидерот што да видам.. нема млеко. Трчнав до кај бабичка јас и си зедов млеко, па се вратив во борбата со кујната. Зедов блендерот и го сматив несот, додадов уште млеко, и се сетив дека не ставив шеќер |( ставај, ставај шеќер ама не е исто кога не е ставен пред матење.
    Следен чекор - шлаг. Отварам капачето од шлагот, мувлосал на врвот бидејќи не бил измиен после користење. Ми требаше половина час да го исчистам.. кога конечно го исчистив почнав да ставам врз несот, и дека е многу тенко ми се вцрве прстето од притискање.
    Следен чекор - правење чоколаден прелив. Во лонче ставив малце зејтин колку да не биде суво дното, и врз него чоколатце па на шпорет, и само што почна со процесот на топење во мојава пуста глава се сетив еднаш кога го правев ова, дека наместо да се претвори во течност, чоколатцето се претвори во изгорени парчиња благодарение на зејтинот (кои сепак отидоа во моето стомаче), па од страв да не ми се случи истото го извадив чоколатцето кое беше полустопено, го измив под чешма, исто така и лончето, и со малку вода го вратив на топење. Вака-така испадна нешто добро од чоколадниот прелив, иако беше многу густ. Го додадов врз кафето во мојата експериментална чаша и решив да го пијам. Кафето беше горчливо и невкусно, а кога го изедов тоа одозгора решив да ставам уште шеќер. Си ставив уште но потоа беше многу благо :fubar:
    Едвај го испив со сила, но бидејќи исто така беше многу јако, веќе за 5 минути ме спотера во WC. Еве само што се испразнив и ми олесна малку :tmi:
    П.С повеќе време ми требаше да ја исчистам кујната отколку што го пиев кафето, хаос ја направив.
    Ништо не ми оди деновиве, марфиевите закони ме следат.
    Како додаток вчера си ја одрав ногата затварајќи ја вратичката од плакарот :worried:

    Наравоучение: Ано купи си кафе од продавница.
     
    На Monna.Monna и Dafnee им се допаѓа ова.
  16. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК дека се вратиииииииииииив :D :D
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Ја следам Љубам на твитер! :D The place where following people.. is legal. :D
     
    На Smilly, broken099 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - После два дена, ај ем бек! :)
    Компјутерот ми се расиипа и тоа матичната плоча по втор пат. :o И денеска купивме, ја наместија и верувам дека е океј.
    Добро е што овој пат само два дена останав без компјутер и тоа на глупавото време и на распустот! :devil: Минатиот пат две-три недели чекавме. Го праќавме куќиштето во Скопје, па го чекавме па триста глупости излегоа.
    Ајде, битно се сврши. :whew:
     
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Сакам да кажам...

    сакам да ви кажам дека од денес почнав да одам на пракса (нели задолжително е сега уште во прва година на факултет) и сум презадоволно од тоа како си поминав, т.е како се уморив
    благодарна сум им на вработените што ме исцрпија максимално, најпрво ме запознаа со правилата, работењето на банката, па се запознав со сите, па потоа ме учеа на се што они работат
    сите викаа ке одиш таму кафиња ке им вариш, ке им служиш, ама овие беа сосема поинаку, сакаа да ми покажат што они знаат, да ме научат колку што можеа во текот на денот.. има време ке научам многу повеке 1 месец ке бидам таму и ке ги малтретирам со некои банални прашања :D
    иако сум сега многу уморна, задоволна сум од тоа како ми помина денот :bow:
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    И викате денеска понеделник а? :|

    Да,многу убав почеток на неделата. Стана Мистериозна во осум и пол ( :o ),толку рано немам станато од ноември лани и ќе одам на заболекар. ВО ПОНЕДЕЛНИК! АААААААААААА!!!

    И таму,уште во девет часот гужва - НА! Абе кога станале овие луѓееее,ненормални... :D

    И така,си почекав јас едно три саати во тоа ординацијата,во присуство на две гуски од дечишта. Е колку мразам мали невоспитани,разгалени дечишта ( во случајот девојчиња ) шо само квичат,цмиздрат ко улави и само туку ѕенѕаат и сите одоколу ги нервираат. Ами тоа не е за џабе речено - ќотекот е од рајот излезен!

    Него,не ми беше тоа зборот.
    Додека дремев така,зјапајќи во тоа аквариумот и гледајќи во тоа рибите кои сигурно не беа јадени од 1895,дојдов до еден многу добар заклучок. ЕУРЕКА! 8)

    Кога ќе видиш цел живот ни поминува во чекање. Чекаме бебиња,чекаме по ординации,по ходници на болници,чекаме детето да ни прооди,да проговори,чекаме плата,чекаме пензија,чекаме да дојде лето,чекаш да ти помине менструацијата,чекаме да ни даде шефот годишен одмор,чекаме на студентски,чекаме резултати од испит,колоквиум,чекаме на шалтери,во редови,чекаме по судови,во супермаркети,чекаме да ни роди грозјето,чекаме пари од грозјето,чекаме некој да ни каже те сакам,чекаме тој прв да ни пријде во дискотеката,чекаме ефтина струја,чекаме да ни се свари кафето... И кога ќе видиш животот ти поминал во чекање.

    А најлошо е ако сте од тие што чекаат да падне таванот. :)

    Не чекајте. Гледајте секогаш вие да бидете тие што ќе бидете чекани од некого,нешто..

    Делува. :)

    И јас чекам. Го чекам него. Тој вреди да се чека.

    ... :l:
     
    На Monna.Monna, sweetheart10, x.Daisy.x и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.