Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес ко некоја магарица стара сум се качила во 15А и тоа на горниот спрат во прв ред да гледам поубаво- разбира се!!!! А бе лепота!!!!!Вака убаво искуство не сум доживеала во ЈСП никад.СКОПЈЕ од птичја перспектива!!!Леле колку е убав! :inlove: :inlove:
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес е ужасно досаден ден!

    Манијачам едно малечко на фејсбук, си играм мајтап со детето. Мислам дека е заљубен во мене, 14 години има мајка му стара. :rofl: Греотка абе, не знае со кој си фанал работа. И ми прави ПОУК! :rofl: :rofl:

    Друго, сега треба да си легнам оти утре мадам Дузи се упатува на прошетка на нашата белосветска метропола. Море море, сега да земам батерии за апаратон, морам кај сите споменици и фонтани по една фотка - белосветска нели! :D Сестра ми инсистира да се вози на жичарата, па ако видите некој намшртен вака |( а друго мало дете вака :talk: , знајте, ние сме тие. :D

    Това ти е. Никој не видов битен, никој битен не ме виде, обичен ден, досаден.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам
    Тој до мене.
    Целото Скопје под нас.
    Момент за паметење.
    Се прашував
    ова ли е тоа ...
    Па решив да не се мачам.
    Да тоа е тоа и уживав.
    Ако не требало немаше да биде.
    Ме праша убаво ти е? Да.
    Го прашав среќен си? Да.
    Што уште ни треба ...
    Ништо.
    Ме гушна, додека дуваше ветер.
    А душите и срцата топли. Испреплетени.
    Не се знае кај завршува моето а кај почнува неговото.
    Совршен крај на уште посовршената вечер.
    Љубов. Никогаш доста кога го имаш вистинскиот ... до тебе.
     
    На Theodora, Miss-Independent, Trendafilka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    никогаш не сум се возела во тој. а кај му се скалите не тој за горе :lol: ? и има горе место да стоиш исправен ако си повисок или слабо? баш некогаш ке се качам да го пробам или пак ке си чекам да пуштат и накај нас некој таков :P
     
  5. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Сакам да кажам...

    Си се чешам кај шо ме чеша....Сликата си кажуе сама по себе ]:) .... И да, ојдО на излегување 8)
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Место не ме држи.
    Мрза и умор измешани ко коктел од овошје забиберен со малку алхохол.. онака слатко-љутеникаво, да не осетиш кога ќе ти се сплетка јазикот.
    Ме мрзи да гледам, да дишам, да јадам, да спијам, да седам... ма ме мрзи да ја дочитам првата реченица.. просто ме мрзи!

    Него друго ми беше на ум.
    Го гледаш, силно однадвор човеченце и мислиш ветар не го носи. А, тој пак внатре да ти е тенко стакленце, просто плаче да го скршиш. На друго место гледаш човечуле разлигушено, разжалостено, солзи како Вардар му течат, а внатре тој се јача и чека да дојде денот да те изеде сосе чевличињата.
    Хм и со наочари и без наочари исто ти се фаќа. Секако не можеш да видиш. И не е до дамките на стаклото не!

    Светов стана едно изобличено просторче, во кое се дур бегаш од чудаци ти се чини ко г’з место.
    А, можда и отсекогаш таков и си бил. Ма, таков сме си го направиле самите.
    Сепак, луд е овој свет само за луди луѓе. Има нешто со тоа перцепција на нештата, сто посто.
     
    На julie77 и najubava2010 им се допаѓа ова.
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ненорамално многу ми е жал кога гледам машко како плаче. :x До овој степен, нема видено.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк денес доживеав едно слатко не очекувано изненадување ,можеби не беше планирано како изненадување но јас пријатно се изненадив ^_^ :angel:

    За џабе не рекле "Кога човек најмалку очекува,најмалку се надева го добива она по кое мечтае!"

    А :!: и женската интуиција е најдобро нешто беее,цела недела сонував(го сонував)се смеев во сон на глас,плакав со вистински солзи во сон се осетив неколку пати и еве се изненадив.

    Не се случи ништо големо-посебно,но за мене е нешто преслатко,нешто што ме исполни денес :wasntme: ^_^ :inlove:

    и после се јас пак се двоумам за следниот чекор дали и како да го направам :?:
     
    На Miss-Independent, la-chicka и marama им се допаѓа ова.
  9. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    самоконтрола? На моменти заборавам што беше тоа! Не сум јас пмс е!!!!
     
  10. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Сакам да кажам...

    СДК ДЕКА ДЕНЕС ПОЛНИМЕ 4 ГОДИНИ СО ДЕЧКО МИ ОД КОГА ЗАПОЧНА НАШАТА ВРСКА....
     
    На 1209, Monna.Monna, martinuska и 2 други им се допаѓа ова.
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мразам скакулци. Мразам бубачки. Мразам секакви лазечки... такви... суштества... гнасни.... :@
    Мораше баш мене од цел парк да ми скокне на глава и да ми се уплетка во косата. :@
    И ко да осеќам сеа, крута ми е косава на тоа место. Ме помочал мајке му. :punch:
    Идам да се замијам. :@
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК дека колку што сум среќна толку сум и тажна !! :(

    Мразам кога некои личности се караат поради моја вина, не се чувствувам убаво, не сакам да е така :worried: :x Но, навистина едната од нив не ја заслужи нашата добрина ниту доверба. Некои луѓе прават работи и не размислуваат за последиците.. Навистина луѓе сме правиме грешки, грешам и јас не велам не, но пазам колку толку да не повредам други луѓе...Само ми останува да се надевам дека се ќе се реши во брзо време и ќе биде се во ред :(

    Втора работа што сакам да ја кажам е дека најубавите работи секогаш доаѓаат спонтано и не планирано.. Вечерва добив повик од многу мила личност во мојот живот.. Се почувствував како малечко детенце, скокав од радост, пеперутчиња безброј во мојот стомак :inlove: Го сакам, иако многу ме повреди... Џабе одрекувам.. :x

    Како и да е.. Имајте пријатна ноќ феминки :*
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да кажам...

    Абе пукав од досада, се додека не ми светна во мозочето една брилијантна идеја. ^_^ Океј, малку помалку брилијантна. И јас ја претерав. :D Е така де, си се уклучив на Омегле за да не почнам да сечам вени. :yawn: Абе ко да знаев дека ќе има некој кој ќе ме насмее и ќе ме расположи во ова време. Тоа Американците чудно племе се, озбилно. Глупи, глупи - ама ќе те насмеат. Зa тоа барем ги бива. И на момент заборавив на болкиве кои ги имам секој месец, оти сум женско, не за друго. :devil: Ајдеее го отупев. |(
     
  14. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Сакам да кажам...

    СДК
    Ризикувај за да добиеш.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Сдк треба да најдам некој да ми залепи едно 5-6 шамари, кандидат :?: ?
    Ми треба малце адреналинче да ме стресе, зошто вака умрев, нема циркулација, убила ме досада :doh: .

    Досадно брејјјј, од досадно по досадно, секој ден ми е е*ано досаден, а најлошо е што се подосадно ми станува. Ми иде да си извршам самоубиство во заседа, или да си организирам атентат, не се може веќе вака.
    Се повеќе ми е смачено од исти луѓе и од нивните приказни, немале пари, па и ја немам, па не кукам кому стигнам, не зборам за Југославија, завршила одамна, не жалам за ланскиот снег, се стопил и тој...

    Некреативност 0, па аман веќе смачено ми е да изгравам кловн во друштво дајте малце и вие кажете нешто ново, а не колку пати вчера со залапавте со дечко ти додека бевте на кафе :^) и како ве гледал келнерот...
    Мислам дај молим ти се, ме заболе и за лапањето па и за келнерот, дај кажи дека си се сопнала и ти се смеел цел Бисер, дека си ја облекла наопаку маицата, дека си носела скинати чорапи...

    Па побогу не си ни прближно толку совршена колку што се трудиш да бидеш, а незнам ни зошто се трудиш, зошто едноставно не бидеш тоа што си?

    И навистина сакам да ве прашам:
    -Зарем мора цело време да глумите нешто што не сте?
    -Толку ли е тешко барем за момент да го покажете своето вистинско лице?
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    ... зошто ми е олку тешко да си легнам, зошто? :worried: :D
     
  17. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Сакам да кажам...

    престани да мислиш на мене и ќе си легнеш ;)
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    ^Цц колку си бе... па тоа и е једини начин да заспие :lol:
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    А, не грешка си, на тебе мислам откако ќе легнам. :!: :D Ама како што кажав, не ми се легнува ич :worried: :P
     
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да кажам...

    Не ти се мисли на Мистери, затоа не сакаш да легнеш. :lol:
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.