Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК...
    Секогаш ќе судат пред вистински да не' запознаат...
    Секогаш ќе градат мислење за нас врз основа на туѓите зборувања...
    Секогаш ќе реагираат брзоплето, нешто за што подоцна ќе се каат...
    Секогаш ќе постојат оние кои ќе бараат нова, и нова, и нова... шанса...
    Секогаш ќе налетуваме на оние пред кои ќе сакаме да се докажеме...
    Но и секогаш ќе постојат оние пред кои џабе се докажуваме...
     
    На Strumfeta93, julie77, Miss-Independent и 3 други им се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк мртва гладна сум :( денеска сум јадела еднаш само на ручек, и после тоа изедов едно крувче, со другарка ми во град по три топки сладолед и тоа ми е цел ден ;( ми се јаде ми се плаче ;( ама не , реков не и не :!: нема да јадам навечер :!:
     
  3. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека од што ми е досадно ќе се пукнам у...глава.
    Ми се иде на одмор бре, за еден месец, да се стегнам уште малку и да поцрнам!
    И да избегам од Скопјево, ме гуши веќе!
    Ама денес и паре су скупе, така да...
     
  4. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    сдк n.a.t.t.y преваро :D требаше у лп да ми пишеш нешто :D :D
    се зезам :* :*
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Сакам да кажам...

    Божем на диета ама... морав... ех колку време немав пиено со другарки... и вечерва конечно. И узо, и коњак, и вино, и пиво, и сок.. од се пробав. И џускав, џускав... И добив коментар од една девојка дека многу убаво сум играла... или било до алкохолот, или до Зумбата... како и да е... не се жалам... конечно една добра вечер.
     
  6. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сакам да кажам...

    Направете нешто добро не чекајќи другите да го побараат тоа од вас.
    Зарем Сонцето чека од него да ја побараме светлината и топлината?!

    Добро утро ^_^
    Имајте прекрасен сончев ден :sun:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Сакам да кажам...

    Ако постојат луѓе на светов што неможам да ги поднесам, тоа се Фејкери, WANNABEES и Хипохондрици со акцент на егоцентрици.

    What a bunch of attention sluts. |(
     
    На Neytiri, Lilit, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    И јас Дафни, и јас дигам прсте! Ако може :wasntme:
    Јас моментално мразам, или ај да не бидам толку силна на зборови ќе речам - ептен многу не сакам + машки без машки полов орган, кажи речи се си мислам дека стануваат транссексуалци и во некој период на нивното еготрипање и самодокажување како личности, (не) сфаќаат дека почнале да го менуваат полот :o

    Мене лично ми е жал само заради фактот што не можам да ги удрам во муда, пошто ги немаат. Па уште и морам да ги трпам секој ден со исклучок на викендите и одморите. Ах муко моја.

    Нејсе. Шо ми беше зборот? Овај добар јутар. Арни? Јас едвај се протнав помеѓу една сопствена Сцила и Харибда и како Јазон го закачив малку г’зето, и сега гордо влегувам на ширинката наречена - викенд.
    Пуштете ми минотаур во лавиринтот, ми е гајле. Јас и тоа ќе го совладеам.

    Денешниов петок со вкус на домачица м’цната во горко еспресо со екстра пена.
    Утрешната сабота со горчлив вкус на еден неубав спомен.

    Живот даје, живот узима. Понекогаш кога ги следам неговите градби си велам - просто не ми се верува дека не е тука. Не ми се верува. Навистина. Некои времиња ми се сега толку далечни а сепак толку силни како спомени кои боцкаат, греат, трогнуваат, предизвикуваат блага насмевка и воедно тага.

    Да сме живи и здрави. Вечна му слава, јас сеуште и засекогаш ќе го сакам зошто живее во мене.

    А вие бидете ми здрави и најубави џоа Мис Македонија сите до една! Иде викенд, да ве видам насмеани, зошто ако не - ќе земам ќе размавам све тука по ред ;)
     
    На dancing.queen, sesilija, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека морам да си легнам, пред да биде прекасно. :D Врска немам ни јас што правам со спиењево, ама нема да е на арно.
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сакам да кажам...

    добро утро девојчиња спремни за викенд?

    јас сдк дека едвај чекам да помине денов за да соберам сили за наредната недела да можам да работам бидејќи потоа ми следува еден долг заслужен одмор( пу пу да не се подречам па да ме вратат назад после неколку дена), ах колку му се радувам неможете да замислите.

    ме чека и едно големо малтретирање викендов али ај мора некогаш да правиме напори и исклучоци со цел да не се одделиме од фамилијата , иако радо би го поминала викедов во мојата дома пред омилената серија, прошетки, шопинг аха ама нема.

    имајте убав ден и викенд ве бакнувам
     
  11. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    СДК не спиев цела вечер, не дека не ми се спиеше, него не можев да заспијам! :@
    Зошто??? Немам појма! И таман заспав во 15 до 9, во 9 ме разбуди алармот :@ , да се спремам за кај брат ми на бранење дипломска! И сеа наместо да сум насмеана и среќна поради него, јас личам на чудовиште кое е НЕНАСПАНО!!!!!!!!!! :@
    ПЕПЕРУТКЕ ЗА НА ПСИХИЈАТАР СИ :@ :@
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Ќе почнат маретки да ми раснат во стомакот. Ама го обожавам крцкавиот звук додека ги јадам.
    Месечарев синојка, станав и си ја кренав ролетната, ѕирнав низ прозор, зјапав 10тина секунди во мракот и си легнав, бог знае зашто. Сабајле 5 минути се чудев зашто ролетната е крената, али ми светна сијаличката. Додуше тоа е кога цела недела спијам по 5 часа само, а тоа сум јас спанката која пола ден го преспива, умор ебаго.
    Следат 12 дена сама дома. Добро ова сама не во буквална смисла.
    А и страв ми е да не заборавам некое животинче. Сама да чувам, хранам, шетам куче, папагалот и рибата никад не ми биле обврска али за се има прв пат, а среќа не го земавме мачето што го сакав. Уф ќе си навивам аларми за хранење, јас сама заборавам да јадам а не па уште за 3ца.
    Одам второто кафе да го испијам, а сигурно и трето ќе има.
     
    На Strumfeta93 и FBI им се допаѓа ова.
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Добро утро :hug:

    Гледам, надвор убо времево, баш како вчера. Две работи се различни: немам слободен ден (во 12 почвам) и брат ми не е тука (штотуку замина Скопје... па авионот и Лондон бејбе!) :dance:
    (ајде и јас некој ден :nod: )

    Друго, бидејќи вчера сама си бев на плажа (и баш беше добро, со никој не се замарав), сама си се мачкав со млеко за сончање. Арно ама, колку можам саглам да си го намачкам грбот? :wasntme:
    Да, сега ме печит средниот дел, и чешат - сум се изгорела :lol:
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Сдк дека се утепав од јадење на чоколадна торта чекајки ги резултатите од тоа како ке ми испадне косата зошто и ставив црвена к'на.Или ке биде за милина или ке добијам чуство дека нема да сакам да излезам надвор од пуст срам.Ама јбг сакам промени да правам,ке трпам на крај шали на моја сметка изгледа ако испаднам како лисица. :D

    Bright и јас сакам во Лондон ;(
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има една неверојатно занимлива категорија на луѓе „дебели крајници“. Ова ти се луѓе, кои од врата ќе ги познаеш по нивниот специфичен победнички стас и глас со кој ти доловуваат слика на владетели со толпата. Овие се луѓе кои поставуваат прашање, на кое самите одговараат, а по одговорот, си реплицираат самите на себе, а ТИ, ти си им таму за да имаат кого да обвинат, да изругаат, чисто онака да ја покажат моќноста на нивниот збор, лично за себе, ама и за пред една друга можеби не толку занимлива како нив категорија на луѓе „климачи“.
    Климачите увек ќе ги сретнеш покрај дебелите крајници. Нема како да ги промашиш. Они ти се муви.. пошто сосем нормално е дека само мува се лепи на ... бип! Климачите се и единствените слушатели на тие неподносливо високи децибили што дебелите крајници ги испуштаат ко реа од контејнер среде лето. А инаку, да ги прашаш климачите, што всушност слушнале и кого послушале и самите нема да знаат да ти кажат. Но и што ќе им.
    Во дебелите крајници лежи гласиште на оперски тенор и дактилографска брзина на пукање табула раза зборови.. ама стара Оливети школа.
    Ама тука ти се и „панцир“ луѓето, кои по својата природа се имуни на трендови, групни пијанки, фамилијарни забави со руска салата и ќифлички, пошто тие сипаници ги прележале уште у тинејџерските години. Баш у тоа време они си ја имале таа болест да липаат, корнат коси и раскопчуваат гр*дници пред ѕидот на плачот во нивната два на два соба, овековечена со иконите на нивните светци - бој бенд вокали и зурлачи за кои да ги обожаваат доволно било едно [​IMG] да направат. За панцирите, празните зборови се празни, макар биле бомбастично гласно изречени и со брзина на „Миленковата“ Формула 1... макар климачите климале или плескале со раце ко придружни вокали.
    Но, проблемот е што панцирите секако нема да ги предомислат климачите во климањето, пошто овие ти се родени во границите на „реалниот“ ај-кју свет на дебелите крајници. И пошто само овој свет на зборови, теории и контра-теории им е познат, она што им е И-Ти во главата им е за БУ! Па дебелите крајници ќе си тресат слама, климачите ќе си зобат слама, а панцирите ќе чекаат времиња кога И-Ти генот ќе се мобилизира у војната со задничарите и кочничарите, кои би сепак да си се возат макар и у приколица.. само и само да не се експонирани у судирот.
    Всушност, дебелите крајници не ќе се дебели ако зад нив нема некој што ќе им го мази задничето со бравос, бравос, бравос!

    И барем еднаш овој дебелиот во знак на благодарност за поддршката да му го отстапеше своето место во „тур д’ монд“ на својот климач.. но не! Тоа никако.
     
    На mims-89, i.am.me, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  16. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сакам да одам на највисоката планина и да се израздерам од сета душа и сила од дното на петиците и мирно и спокојно да си се враатам дома!
     
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    Следува програма што може да ја вознемири малолетната публика.
    Мало виски, мало малоумна.
    Се осеќам ко 30 days dream challenge. Oнака, секој нареден сон се поголем и поголем хорор. sheeeth штотуку видов што значи црн дух. Не еден, два биле!
    Да си го поврзам сонот, значи гледајќи како се гради зграда што значи успех, јас видов два црни духа што значат смртен случај. Значи додека јас успевам во нешто ќе има два смртни случаи? Или некој на душа ќе носам?
    Ау денес сум баш black.
    Друго..
    денес си станав во 5 сабајле, расплакана од убиството на еден другар. Гадно, погадно,најгадно. Успат гугутката умислила дека е тенор па ми застанала под балкон и фати да гугутка. Онака гугу гу, гугу гу, гугууу гу! Мислев да станам и да и го пресечам гркланот. As i said содржинава малку е вознемирувачка, затоа има red sign.
    Продолжив да мислам дека спијам,кога ми дојдоја на глава еден куп идеи. За почеток, бидејќи имам дефицит на лисја ми требаат тие и ќе се куропецам со ентериери и екстериери. Абе населбава ќе ја напрам да блеска, само на хартија обоена.
    Додека некои ја користат за тестамент.
    И еве ме сега, станата со отров турско кафе до мене за да ме потсети како сме биле угнетувани 5 века, измачувани, ебени до смрт и назад за да немаме С од словенско, осеќам како пополека малиот мозок ми преминува во фронталниот кортекс и ме тера да си ја мавнам главата од биро.
    Ете толку од денешниот ден.
    Вчерашниот ќе ти го опишам како :sun:
    И тоа имам да ти кажам.
    Мислев уште похардкор да одам,ама сега ќе гледам high school musical и ќе се дистанцирам од такви мисли за момент. Eдна песна за да ти го долови моето расположение.
    http://www.youtube.com/watch?v=RvMeOllo_Vo Толку од мене, поздрав, 4ао
     
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека ја чекам првата тура гости за денеска :D т.е другарка ми :inlove:
     
  19. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам да кажам...

    Си ги сакам мама и тато нааајмногу на свет и одвај чекам да ги гушнам :hug: :hug:
    [​IMG]
     
  20. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Сакам да кажам...

    има луѓе кои што шират вампиризам! :o ти ја цицаат енергијата, вечно незадоволни и негативни па уште и крајно заморни. зашто бре само мене ми се лепат? зар треба да почнам со венци лук да шетам??? :worried:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.