Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    289
    Сакам да кажам...

    СДК денес сум екстремно добро расположена и ако некој проба да ми го расипе расположениево има да го тепам! :D :D :D
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам да кажам...

    Лилеее маци си ставила некое килце, ама си згоднааа вака си топ, кога ќе искочиме заедно? Јас секој викенд сум у Парадизо се знам со газдите и имам сепаре, па ако сакаш можам да те пикнам преку ред....
    |( носисе и ти и твоите лигавења!

    СДК дека нема ништо полошо од летни настинки :@
     
  3. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Сакам да кажам...

    Лиле Гуспуде :rofl:
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    91.882
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК најверојатно ќе ме нема некој период. Ако ве посетувам тоа ќе биде на латиница, се надевам ќе ми простите.
    СДК дека не можам овој пекол да го поднесам, не можам неа да ја поднесам. Ја мразам! Пак без пари, пак бркање од дома. Каде да одам, а? Каде? Жена без срце. Никогаш нема да и простам никогаш. Ми ги зема пола алишта, ќе го зела и другото. Да сум се снашла. Ќе се снајдам јас, а денот кога нема навистина да се вратам дома ќе пукне, знам. Треба да и направам некогаш такво нешто. Можеби уште вечерва. ;(
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    СДК дека седам, се варам и си ја тестирам сопствената издржливост. Се прашувам уште колку минути ќе се изнервирам и ќе ја пуштам климата ?? До средина на постов, сигурна сум.

    Вчера кома ден, немав сила да ви напишам нешто. Плус со две свежи книгиња, морав да се посветам само таму. :D Да се пофалам, се возев на ЖИЧНИЦАТА - првпат го прочитав зборов таму, нејсе, симпатичен е - и беше за пофалба, морам да признаам. Па кога ќе го видиш Скопје, како лежи таму доле, мал мал... се чувствуваш голем, голем. :D А уствари ти треба еден саат да стасаш од едниот до другиот крај. Ми заличи на тие панорамите од големите градови, знаете, се наредено одозгора по блокови, па зградички ваму наму... Вардар го гледаш како кривулка низ него, мостовите се гледаат. Е Ацета не го видов од горе, баш ме интересира дали се гледа од таму. :D

    Човече, какви заби има тоа коњот. Комплекси ми наби кога му ги видов одблиску. :x Не знаев дека коњите имаат такви заби, обично ме асоцираа на предно испапчени забишта, а не на холивудска насмевка од милион долари. :rofl:

    И така. Сега ќе одам да читам, сестра ми си планира за одмор а јас се премислувам дали да одам или да не одам со нив. Уфф, мислам дека ќе одам да ја пуштам климата, не можам да мислам вака. :D

    Сонце, Сонце, гоу авеј, Ју ар ту хот ту стеј! :fubar:
     
    На mims-89, teddybear, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    Си мцкам колач со вишна пред компјутер. И да си знаете дека станувам од пред проклетиов монитор веднаш штом го дојадам. ДОста беше феминизирање, фејзбукарење, твирање .....за денес.
    А ова е така проклето вкусен колач!
    Темелно ги измив забите пред некои си 15тина минути, ама не можев да одолеам. Ќе идат опет на миење.
    А јас да го искористам терминов за “таложење на забни наслаги“ и да си сварам едно кафенце :?:
    Онака, мерачки, лезетско.....испиено на мојата тараса- во сенка.
    Супер идеја! (знам дека сум генијална) хахаха
    Морам да се навикнам на ритуалот- пиење кафе сама. Можеби и би било совршена замена за медитацијата и ослободувањето на умот и мислите :)

    Пишав, што пишав девојки.
    Јадев, што јадев - го дојадов колачот.
    Како што е ред сега, ќе си станам фино лепо од пред монитор и ќе си посветам некоја минута на себе.
    А, ако не се читнеме до вечер- да знаете дека за вечер имам договорено јака лејдис најт ;) :d:
    ....па посакајте ми убав провод :*
     
    На la-chicka, Miss-Independent, nesa и 9 други им се допаѓа ова.
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    С Д К дека поскапеле прсуците на Зелено бе :o 200 денари :o :rofl: пред две недели беа 150 ...туууу и тоа ни поскапе :devil:
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    СДК дека нема ништо срамно во тоа да се сунчам во дворот
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас на балкон се сунчам, под тенда :lol: Во горна купаќа и шорц... ептен да не изигравам нудиста, да не видам после комшиите од карши си купиле двоглед, телескоп или некој ме зумира со апаратот :D
     
    На nesa, nena2010 и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.768
    Допаѓања:
    116.889
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тркалото се врти... и вистина било она Трпение- Спасение.
     
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    Сакам кажам, не знам речам.

    п.с. Не е до мене, до времето е. :| :angel:
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК не е само да се коментира во секоја тема нели, треба постот да е складен со темата и ако веќе коментирате треба да знаете што да напишете, а првенствено да имате што да напишете, споделите искуства итн. Во ред е да коментирате, советувате итн. тоа правам и јас, ама не да се пишува па во такви теми директни каде се бараат конкретни случки, а вие немате што да споделите. Еве конкретен пример на тоа што сакам да го кажам, всушност следново:
    Ако никогаш не сте ги фатиле родителите на дело, не пишувајте го истото во истоимената тема. Ај сеа да напишам и јас: ``Лелеее и јас ги немам фатено, среќа!``
    Истотака во темата ``Кога ви беше првиот пат`` ако сум го имала коментирам, ако сум го немала не коментирам, нема што тука а не се изначитав коментари од типот: ``Јас се уште не сум имала``.
     
    На DAngel, Pelikuna и nesa им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Сакам да кажам...

    Денес во стил излежавање во кревет. Ех жени, жени, што се мора да трпиме. Ми се плачеше утрово, малку и си плачев. Од кај легнав во 5 ипол, во 11 ме разбуди тетка Месечка и нејзините ужасни болки. Одвај успеав да се смирам, да е жив и здрав чичко Ибупрофен. И така денес откажав се, и планови за јадење, и диети, и се... Каснав малку утрово и сега цел ден не се местам од кревет... не дека не сакам. Не можам бре луѓе. А надвор сонце ме вика да излезам... Ако, ако :'(
     
  14. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Досадно ми е, си барам глупости по нет, и налетав на ...


    [​IMG]
    :D
     
    На Rock-a-Fella и Doozy им се допаѓа ова.
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам...дека се чувствувам моќно и задоволно кога пред да се логирам на femina ќе го видам: ,,Проверете за што зборуваат над 20.000 жени'', и сфаќаш дека си и ти дел од тие жени (деца,тинејџери,момчиња,fake ликови..) и така се чувствуваш исполнето, бар тоа чувство го има кај мене :) Е баш сум среќна што сум дел од femina :*
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Можда јас сум заостаната,али кога ќе видам некоја од 17 год. да пишува во категорија
    секс
    и + даваат совети и нивни искуства, очите автоматски ми се вакви |( .
    Можда до мене е, незнам,али многу напредна генерација имаме. :x
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.508
    Допаѓања:
    23.140
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се разбудив пред саатипол, а пукнав од досада! Нема што да правам! Сакам да одам да се зачленам во градската библиотека, но ако излезам надвор, ќе се спржам! Мнооооогу е топло, пекол! А и се мислам која книга да ја земам...не сакам да е некоја лесна литература во стилот на Купохоличарка, сакам да читам книги со содржина. Сакам и да зумбувам ама и за тоа е премногу топло! На вакво време, само одмор покрај езеро или море му е мајката!
     
  18. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК т.е. да ветам дека наредниот пат кога ќе пијам кафе ќе пијам со него. :!: Моментално уживам да гледам како се врти тркалото... Полека, но се врти! Пријатни звуци ме исполнуваат. Ми се лудува. Јас сум тука за тоа и тоа е тука за мене. :angel:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  19. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека уште од сабајле се изнервирав, т.е ме изнервираа некои невредни личности. И да највеќе мразам кога некој не се погледнал себе си а нашол да кажува за друг. Тие личности немаат вредност! Шо мислеше јас дека не слушам? Ја глува сум, глупава сум, нема да сфатам. Епа извини ам асум многу попаметна од тебе и за разлика од тебе јас не се занимавам со туѓите животи и не ме интересира кој каде седел и до колку! Јас си го живеам мојот живот и не се ситам со такви работи. ГИ ЖАЛАМ ТИЕ ШТО ПОСТОЈАНО МИСЛАТ И ЗБОРУВААТ ЗА ТУЃИТЕ ЖИВОТИ А НЕ СИ ГЛЕДААТ ПРЕД СЕБЕ!

    И сдк освета се служи хладна, а јас простувам ама не заборавам никој кој ме повредил, а уште помалце некој кој ми помогнал. И на сите враќам, без разлика дали било добро или лошо, дали било прв пат или не. Оти кога еднаш ќе се случи може да се случи и вторпат, а кога веќе ќе се случи и втор пат е тогаш сигурно ќе се случи и третпат, епа извини ама јас не дозволувам некој да ми згреши двапати, пред да го направи вториот пат јас враќам за првиот.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Сакам да кажам...

    Сосема те подржувам... и да се надоврзам, ме нервира кога реактивираат теми за истиот проблем од пред една година, кој очигледно до сега 100 пати е решен... Ама битно тие да дадат совет... или да си додадат уште едно мислење плус.
     
    На Pelikuna и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.