Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Сакам да кажам...

    1.Одиш во Грција на море,а пливаш во базен.
    Полека но сигурно досадава убива.. :|.Цел ден ко лудача се шетам навака натака.И само гнетам ко свиња.Де сончоглед де сладолед.Се подув со синалкото,пола кифла ја изедов,па макарони итн.Си факав сеири се ситев,се на се не беше толку досаден денов. :)

    2.Се изнасмеав на постот на Офспринг (ваљда така се чита :^) :D) :rofl:
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека некои пијавици и паразити едноставно не ми се потребни. |(
    Get a life!
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Не знам каде е проблемот. Ме повторува бе. |( Одамна завршена приказна. Не мојт! Не сакам! Да сакав тоа одамна ќе го направев. Треба уште да докажувам дека некои луѓе не се воопшто интересни. Ќе ме нарвраќа на спомени? Повторно ќе се обидува? Извинете, заборавив... Немам таква шанса! :emo: Грешка. Ја добив. И ако сакам ќе добијам повторно. Топло, ладно... Немат смисла. Некој ден ќе пукне филмот. Како гром од ведро небо врз него ќе се излијаат зборови за кои не ни сонувал дека може да ги слушне од една таква девојка. Ќе види нешто што никогаш не посакал да види. Зарем уште не го развил разумот?! Колку бедно изгледа во моите очи. Не. Не е дека му посакувам нешто неубо, едноставно треба да сфати дека болката со болка се враќа. Тагата со тага се плаќа. Сељак на гитара! Ќе ти посветам песна. |( Преку неа ќе ги дознаеш сите мои чувства и замисли. Се’ што сум помислила за тебе. Не знае ништо! Нека не се фали, ве молам! Разни мисли ми ја окупираат главата. Доволна е една нечија појава. Мојот ум се исполнува со сите знаење. Не се трудам нешто да запаметам. Летаат слики, спомени. Чувства висат на стари гранки овенати. Наскоро ќе ги покрие снегот и тие ќе згнијат под него. Пролетта ќе донесе нови пупки зелени. Нови надежи за нешта непознати. А тие ќе траат... Зошто се трудат да ме запознаат? Мојата душа е поинаква. Сега сум среќна, после сум тажна. Имам изговор за тоа што сакам да имам. Ден по ден сфаќам колку е сето ова безначајно. Само во овој миг помага. Мене, на некој друг. Кој може да знае? Кој може да претпостави што се крие во умот на една непозната тинејџерка? Што ти прави инспирацијата... Ме тера да пишувам олку долги мислења. Барем ми олесна. :whew:
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека има многу точност во изреката Зошто да биде едноставно кога може да биде комлицирано. :D Не е за смеење, ама морам да се изнасмеам, како понекогаш толку знам да си ги закомлицирам работите тоа е чудо, свесна сум дека со многу полесно решение би можела да одам ама не, тоа е многу лесно, страв ми е да не е и неуспешно.
    Ех, малиот мозок не ми функционира во овие доцни саати.
    Денес решив да бидам недстапна за сите, до утре попладне во 14 часот. :D Не знам зошто вака ми дојде ама за промена убаво е малку да не ме штрекаат телефони во спиење ... не сум злобна, само сум преморена ... и пљус ќе се јавам на кој и да ме барал кога ќе ми стигне порака. :wasntme:
    Сакам и јас да си дозволам една вечер убаво да спијам, и до покасно. Иако мразам да спијам после 9 и пол 10 часот, ете утре сакам да се распекмезам и тоа ќе го сторам. Немам посебна причина, освен дека ми треба одмоооор од се, не сакам плажа, не сакам океани и мориња и езера, и базени и реки.
    Сакам планина, куќичка, камин, кебе, книга, чај од брусница, чоколадо со топен лешник, цеден сок од портокал. ТИШИНА, и моите мисли без никаква технологија. Рај е тоа. И никогаш не би го сменила мислењето иако немам ништо против и плажата, и таа си има свои благодети, ама меѓу двете на прво место се изјаснив кое ми е.
    Јас сакам, само тоа ми останува. Ја сакам и Италија, и него и нив и .... ама ете. Вечерва не сум океј.
    Затоа утре како препородена.
    И да, сакам една масажа, темелна и професионална. Ееее денес со сакањево претерувам.
    Можеби ќе дојде сега духот од ламбава и ќе ми ги исполни желбите. Или папагалов ќе прозбори и ќе извади магично стапче и пуф ќе ме прати во Италија, на планина, со сите реквизити што ги сакам, плус масерка во една од собите. Или масер не е на одмет сеедно.
    Нејсе нејсе, претерувам со фантазиите. Ај доста кажувам за денес. :D
    Имајте мирна ноќ.
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    Сакам да кажам...

    ПИЈАНА СУМ,,,,
     
    На k.i.m и mysterious им се допаѓа ова.
  6. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    :rock: :)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека детето на гостите ми го крена притисокот. и уште не можам да се смирам ке ми излезе срцево мислам :devil:
     
  8. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    921
    Сакам да кажам...

    СДК
    Добро, се смирив и готово повеќе не се познаваме.....
    И навистина е готово не можам да трошам нерви повеќе!!!!!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    .. дека се пукнав од смеа во категоријата Смешни мислења! :D

    Па то,па то.. Па то све таленти тамо! :D
    И врв беше магдалена or whatever.. :D

    Добра ноќ на сите. :*
     
  10. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам колку сум пијана ни самата не сум свесна :lol: :lol: Прекррасна вечер дефинитивно!!!ааааааааааааааааааааа.......сакам вееее :* :* :* :* :* :*
    Welcome to the club :*
     
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Сакам да кажам...

    Ама глупава вечер! :@ Одамна си немам вака поминато. Редно време беше.
    Мразам кога луѓето околу мене ми шират негативна енергија и тоа баш во викенд! Мразам! :envy:
    Па и толку се глупави. Мислиш дека девојче има некаква култура :^) ..убава, посветува внимание на себе и на крај од истата таа ''негувана'' ќе ти се згрози и животот. :puke: Девојко ми стана одвратна. Како прво ти самата ако не се цениш, јас - НЕМА! Па и нормално ќе слушаме муабети за тебе низ град. Тие муабети не ми значеја, сега сама видов дали е вистина. :fubar:

    Сепак јас од животов не се жалам. Сам ако не си направиш да ти биди убаво, друг нема да се погрижи за тоа. Оставам се да си тече вака, како што е. Знам се е со причина дури и вечерва за да ми биди вака заеб*на е со причина.
    Си се чувствувам убава. Не сум нарцис ама еднаш да си се пофалам. :$ Заприметив дека почнав да се движам премногу самоуверено :D ..... Само да се движам по правилниот пат. :!: Но кој знае дали ова моменталниве одлуки во мојов живот се правилни. М? :?:
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Ужасно многу ми се спие но неможам да заспијам.
    Тажна сум.
    Имам некој немир.
    Срцево лупа како лудо.
    Нешто има...
    Нешто ќе има...
    Или ќе нема.
    Сеедно.
    Доста ми е од се.
    Сакам нов живот.
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК после вчерашниот филм South park, денес цееел ден ми се врти ова во главата: Terrance & Phillip show.
    Се начукав, сега веќе речиси ми помина, и го знаете она чувство на зуење во ушите и некакво ехо, е покрај тоа, јас цело време слушав во главата Terrance & Phillip show, Terrance & Phillip show, Terrance & Phillip show, и така до бескрај. Среќа што си отидов со време, зашто инаку како по обичај кога сум пијана ќе почнев да ги чепкам луѓето околу мене и да им велам Terrance & Phillip show. Ете така. Сега знаете на што мислев цел ден.
     
    На LivingGlam и Offspring им се допаѓа ова.
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК пресериозно се сфаќа овој виртуелен свет кај дел од присутните... Се дава преголемо значење на постови, за кои ми е доволна само тастатура и инспирација за да ги напишам и најубавите/најлошите/најслаткоречивите/најромантичните/најстраствените/најбесцелните... работи на свет. А потоа, нека повели кој сака, нека чита, и нека се фати како слеп за стап. Еден од основните принципи на кои се темели форумот е оној на приватност... И верувам дека сите ние, помалку или повеќе, сакаме да ја задржиме на задоволително ниво. А сепак, кога нешто ќе се напише, истото се сфаќа како најголемата вистина...
    Толку од приватноста, фалачаопријатно!
    Епа не, НЕ Е ТАКА! Работите што се читаат во овие редови даваат само 50% од реалната слика. Тие што биле заинтересирани за повеќе (а ги имало такви и од форумов), ја имале честа да ја дознаат и другата моја половина, а јас сум ја имал честа да ја дознаам нивната. Затоа и сум горд да кажам дека на форумов навистина има прекрасни личности, кои откако еднаш ќе влезат во Вашите животи, самиот живот би го дале да ги задржите! Мнозинството од Вас сте такви, навистина го мислам тоа! Но во иднина, навистина би ценел доколку приказните и евентуалните сценарија (читај:трачеви) за кој било член од форумов не се прават врз основа на пост (или два). И да не заборавам, толку озборуваното копче „Ми се допаѓа“ значи дека се согласувам, или баш тоа, ми се допаѓа мислењето на извесен/на член/ка. НИШТО ПОВЕЌЕ! Или дајте им шанса и запознајте ги подобро потенцијалните „жртви“ и вон форум, или не навлегувајте во непозната територија (нивните животи) Тие, а и јас, не сме го заслужиле тоа.
    Благодарам! :bow:
     
    На kate21, Hopeful, Gordana10 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека од голема нервоза неможам да заспијам...и не ми се верува дека се скарав со мајка ми еј...да да со мајка ми...зошто? Па ок е ти да даваш на керкати ( за сестра ми) ама кога ми треба нешто прати ми дај ми а не одма кога ке пуштиш пари јас ке ти купам и ке ти пратам...што и бидна?????? Па доле бев денар не зедов од неа сеа толку е тешко да потрошиш 2000 денари? Не неможам да ја сватам се убив од плачење и не оти сме се скарале туку од тоа што видов дека за сестра ми секогаш бе има секогаш е тука а за мене во последно време се НЕМА....она беше причината што се вратив порано овде,ама дефинитивно она ке биде причината да не одам доле уште многу години...која промена ја има женава во последните два три месеци страшно....и да денес кажам (се надевам Бог нема грев да ми пише) дека женава се понаша како да и смета што сум срекна,и кажам дека од денес она е избришана од списокот кај мене....да ме брука пред дечко ми за 2000 денари аууу попиздев стварно....
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК многу чуден човек сум јас најискрено сум се направила за никаде, не можам да се препознам самата себе, а сепак поубаво ми е вака. Многу поубаво. Тоа што некои не можат да ме сфатат ич не ме интересира, ама и мама не ме разбира, чудна и сум...се променив...па што ? Не пропадна светот, а и не сум којзнае колку многу променета, само некои ставови, размислувања.
    СДК МРАЗАМ ама навистина многу ме иритира кога ќе ја прочитам фразата „во мој/твој/наш стил“ аман !! |( |(
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК, ајде да ве видам сега од кај мене на фб барајте си пријатели од фемина да си ги додавате! Незнам која е сатисфакцијата кога не сте ни побарале дозвола, ниту пак знаете дали таа Х особа сака да ве има за пријател! Ќе станам идиот овде и не додавам повеќе никој, зашто незнаете да цените и почитувате кога е некој љубезен, со кое право и дозвола од кај мене тарашкате? За јас да го јадам?
    Незнам која е таа што тарашкала во моите пријатели на фб за да си наоѓа феминки и да си ги додава, ама и нека се помоли да не дознаам! :!:
     
    На Neytiri, mims-89, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека се чувствувам напуштено. :lol: Бре, што ми требаше тоа спиење попладнево? Сега очиве не сакаат да ми се склопат, а повторно се чувствувам уморно, плус утре знам дека треба рано да станам и пак не можам да заспијам. Лошо е времево, всушност времево си е арно, пу, пу да не го урочам, туку јас не знам дал сакам да биде ладно или топло. Не сакам ладно време затоа што се смрзнувам, не сакам топло време зошто вријам. Ех, озбилно не знам што сакам, ама искрено се надевам дека наскоро ќе дознаам. :D
     
  19. lloovvee

    lloovvee Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    27
    Сакам да кажам...

    За пола саат треба да одам на работа...цела вечер немам око затворено а цел ден бев на работа и утре (денес) сум пак цел ден на работа и планирам да излезам вечерва да шетам ке издржам?? се прашувам а одговор нема ај ке дознаам а најверојатно ке издржам зошто морам да си го видам дечко ми барем вечерва ми фалии.. :( ке биде ајде...
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се плашам многу ,се разбудив со мислата -уште некој ден и 40-ка рамно,а јас без работа,без сатисфакција...лета времево..ми се врти мислата како ли ќе се преживее.. :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.