Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Ееее, кај отиде ангелчето кое се жалеше дека не отишло на плажа?? Не ми се одеше...кој памет ејјј!!
    Кај било поубаво од излежавање без да те гњават, ладење в езеро, кафенце, сладоледче...милини!!!!
    Фала ти Господе што ме даде во место кај што има природно голема површина со вода!!! :D
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Најголемата придобивка на мојата возраст е тоа што без прашинка да падне врз грижата на совест можам да бидам крајно груба кон мажи кои се однесуваат или зборуваат недолично пред некоја година ќе се убедував како не ме доликува поради неискажување почит кон повозрасен или неспуштање на исто ниво со недоделкан, сега со 200 на саат си го исфрлам јас мојот рафал во етерот и не му ја мислам кога не му ја мислел ни оној кон кого е упатено, :emo: !!!

    Пред некој ден од премореност заспав на плажа, полека но сигурно пукам по рабови на моменти и сум професионално непрофесионална кон аматери, хороскопот потфрли, се‘ повеќе си личиме со Марко по своеглавоста и конечно ја сфаќам тезата за сличноста со миленичето најмногу мислам на табиет инаку за грациозноста негова во движење да ја достигнам ми фалат стотици светлосни години, сепак жива сум и доволно здрава - имам некој пад на имунитет ми сигнализираат повеќе знаци и се надевам дека ќе настане баланс во мојов Јинг Јанг концепт конечно или не одговарам за последици ќе се бранам на неурачунатост!!!

    И си се сакам со овој вишок килограми на себе, повеќе ме има и помоќна ме прават 8) и нестрпливо ја чекам платата да си се подновам со неколку парченца кои ми се мотаат низ глава веќе некое време.
    И конечно ја открив сатисфакцијата на пиење кафе во сопствено друштво само малку задоцнив што веќе неколку години како му откажав дружба на никотинот, инаку со кофеинот што трио ќе бевме, па макар била и сингл јас си сум супер друштво еве лично потврдувам, :D .

    И подобро да престанам за да не ја активирам цела сопствена симфонија на одата на глупоста бидејќи не секогаш многу изнакажано е плод на мудрост. Последно време често или не ми е грижа за многу тракатанци над кои сум се притресувала како да се од животна важност или не знам баш што сакам! Ама па секогаш со сигурност знам за кои луѓе ми е навистина грижа и точно знам што не сакам, :!: !!!
     
    На Phyramide, blond, ljubam и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Сакам да кажам...

    СДК седам и се прашувам што се случи?
    Мислите дека е поинтересно да си играте со новото, а мене да ми го свртите грбот? Тоа ќе биде додека новото не го изгуби сјајот, драги мои.
    Многу е смешно како луѓето забораваат што си направил за нив и те исфрлаат од нивниот живот толку едноставно, како да не си им значел ништо. Не, не ми е на добро. Сигурна сум дека знаете како е кога најдобрата другарка, личноста што сте мислеле дека никогаш нема да ве изневери ви го крши срцето одеднаш.
    Боли.. многу.

    Извинете за депримирачкиот пост. Само морав некаде да се искажам..
     
  4. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес на плажа си поминав најубавооооооооооо.......вторник пак ..... :inlove: :inlove: :inlove:
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... тролови су меџу нама.
    Пазете што пишувате и на кого што му кажувате.
    Толку од мене.
     
    На x.Daisy.x и katakomba24 им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Бааааа ..... не можам веќе ... се топам, се цедам, испарувам, пукам, се варам, се печам ... Сеедно ... Жешко ми е ќе умрам !!!! 4 пати денес се шлапнав во када и пак осеќам како да се лепам целата. Тотално нефер од временскиве услови.

    Јас сум ти човек за во Русија а не за тука.

    Што дека се чмаам и се врткам и трткам, и вентилаторорв дува во мене, и се е џабе, џабе џабе џабе. И сладолед јадев и ми идеше да земам со него да се мачкам. А тој додека си дојдов од продавница се стопи, а продавницата на 10 чекори од мојот дом. неквалитет.

    Друго, мајка ми вика низ соба крокодили ќе почнеле да ми шетаат и плус со стап требала да скока за да премине низ мојава соба. Ццц. Женичке, пред некој ден правев генералка, јас не знам што е со мојава соба. И не ја чистам, ќе штрајкувам малку, и онака се си знам кај ми е низ неа.

    И ако не приметивте да ви кажам нешто ... жешко еееееееее !!!!!
     
    На la-chicka, Trendafilka, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има ли поубаво чувство од млак туш сред овие неподнсоливи горештини.
    Им одржав мини-концерт на соседите и се радувам како мало дете на лижавче, за средбата во 8.15ч.Мојата другарка од Америка е тука со бебушот, кој сега ќе го гњавам, гушкам,ооо....се ќе му правам,а таа малечка плавоока ќе ме гледа вака
    [​IMG]

    а моето љубоморно ќерче-ѕверче ќе ме гледа вака
    [​IMG]

    Мене изгледа биолошкиот саат почна да ми отчукува или сум збудалела после сите непроспиени ноќи, изглед на ракун во очите, мирис на каки и повраќотки, бака-сервиси...којзнае,ама сакам БЕБЕ!!! :nod: :nod: :nod:
     
    На Doozy, la-chicka, blond и 11 други им се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    23.139
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК конечно излегувам! :D Поради празникот Петровден(празник на градот), има некои дешавки и кај нас - време беше! Александра Пилева е едната опција, а Франц и компанија, другата за вечерва. Мило ми е за другарка ми што доби виза за Англија, ама мнооогу ќе ми фали. Токму сега кога повторно се зближивме. Ама ајде, нека си помине најубаво :)
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Ваша Мерлин имаше ноќ помината во друг град.
    И да, како што се очекуваше и оние во помалото градче ќе ме видат што изрод сум.

    Па само мене мислам дека може да ми се случи да седам по некоја случајност сама на маса со 4 пара (8 луѓе) што не ги знам, првпат ги гледам, а воедно секое второ подигање на чашата го пренасочувам во здравица, секоја втора трака која ДЈ-от ја пушта ја посветувам на некој од дружината, ќе свртиме муабет за важни теми, ги правам сите каша-попара, сите играат, тресат задници, се прегрнуваат, се бакнуваат, пејат, тресат вошки, тече вечерта, сите пијат, јас најмногу, како мој да е кафе-барот, па предизвикувам промет, доаѓа фајрон, сите се гушкаме, се поздравуваме со желби за скоро видување и нов одличен помин.
    Кои ли беа луѓето, ни на име ги знам, ни на лик веќе.
    Ама ако де, убаво ми помина времето. Утре пак. :wasntme:

    И да не ми верувате кога ќе кажам дека не ме бива за ништо и дека за мене среќа нема. Нека цркне депресијата, има и попијани од неа. :wasntme:

    Ова е навистина груба проценка, но ќе кажам дека вакви како мене има една на 6 милијарди и кусур народ.
     
    На blond, zhap4e, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Сакам да кажам...

    Уххх сакам да кажам неколку работи...
    Најпрво да кажам дека за еден саат излегувам - со него ...Ќе одиме на сладолед...Сакам да го гушнам силно сега кога ќе го видам...Ги има најубавите плави очи на светот и најтаинствениот и најостар поглед... :$
    Друго што сакам да кажам е дека ми се укочи вратот, а од што - поима немам... :^) Можам само да нагаѓам - или ме има фатено промаја, или лошо сум спиела или затоа што вчера со полумокра коса отидов во Тинекс да купувам нешо и кога стоев до фрижидерите со млечни производи, пикајќи се внатре и читајќи го рокот на употреба на продуктите што сакав да ги купам и составот... |(
    И трето да кажам дека по малку ви се лутУвам... :wasntme: Не ми кажавте која фризура ми стои најубаво, иако вчера ставив пет слики од мене во темата за фризури...И сега ќе се спремам, немам време веќе да пишувам, али ќе го оставам комјутерот уклучен(освен четот на фб и онлајн статусот на скајп)...

    Ве сакам...Со еден исклучок само... :*
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  11. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Си бев на палажа. Си уживав во водата. Се оладив. Се коцкав. Пцуев и се радвев. Се правев важна со цвиките. Итн. Сакам само и вечерва да ми помине како што ми помина претходната. Не барам многу. :angel:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    СДК дека на крај сепак Охрид не ни бега, едвај чекам, само да не испадне пак да не одиме... тогаш метак у глава не ми бега :emo:

    И сакам да кажам дека е убаво кога имаш некој што е со тебе секогаш кога ти е тешко, што трча да ти купи цигари и кафе за да те смири и што спие со тебе цел ден(кога ќе си легнете те гушка, кога се будите гледате дека ти лежиш на една страна, тој на друга :lol: ) и што те сака :$
     
  13. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сакам да кажам...

    Слушалките до даска, додека твоите пуштиле Прилеп Фолк Фест со неверојатна јачина на звучниците на телевизорот кои кога ќе слушаш некоја твоја песна треба да се чуваат, нАли..
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    се чувствувам прекрасно !
    реално,многу е убаво чувството дека си созреала за твои години па слушајќи ги другарките како размислуваат им се смееш ( со исклучок секако на една )..
    да! убаво ми е вака и не им се умарам мн мн знаев од поодамна но овој период само си се уверив кои се подготвени да ме следат во иднина а кои не !

    сеа се пицнувам и идам у град,си се одморив денес и сеа можам да започнам 8)
     
  15. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сакам да кажам...

    Понекогаш сум добра,некогаш лоша а некогаш умна :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На Trendafilka и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека ги мразам, ги презирам сиромаштијата и гладот...каде е господ да им помогне на овие душиЧки?...кадееееееееееееееееееееееееее :@
    секој ден илјадници деца молат и умираат за парЧе леб...
    едно е јасно светот е ужасно себиЧен без трошка свест во тие глупи глави :fubar:
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. aloxa

    aloxa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
  18. MonNy.B

    MonNy.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36
    Сакам да кажам...

    Ех, breezy... Навистина боли... Мојата „најдобра другарка„ ми го сврте грбот кога најмалку очекував... Само што раскинав со дечкото со кој бев во врска се фати таа кучка расипана (а се дружевме 15 години заедно јадевме пиевме спиевме шетавме и се си кажувавме една на друга) и остана бремена... Сега се во брак ама детето им се родило со некојси деформитет, не дека се ситам, но гледам дека Господ враќа... уживај ;) Ако забаил не забораил шо би рекол Македонскиот народ ;)
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Сакам да кажам...

    Koнечно ги составив коцките во мојата глава и сфатив зошто ми се случи сето ова што досега ми се случуваше. За се постои причина...
    Ја изгубив вербата, бог ме стави во ,,искушение'' во кое требаше јас самата да потврдам дека верувам а не дека ја губам вербата во него и после се.
    На погрешен начин се молев кога бев верник...Во моите молитви му зборував дека доколку ми овозможи тој нешто ќе му дадам нешто за возврат (на пр. да го подобрам сопствениот живот во понатамошните години).
    Барав излез пред некој кој чини зло. Затоа сите оние лоши работи продреа во мене и ме натераа да мислам дека не постои.
    Но сега сфатив дека се беше еден голем тест и дека ако нешто си вратам назад тоа ќе биде прошката и покајанието.
    Затоа овие денови право в црква, со свеќа и чисто срце и солзи :x за грешките кои сега ги увидов, и конечно менување на мислите, ставот и концептот на живеење. Ем ќе биде добро за здравје ем ќе се чувствувам подобро кога со своја волја ќе ги контролирам сопствените мисли.
    Ниту бајачи ниту гатачи ниту црни магии. Од оваа недела повеќе никогаш и ништо нема да допре до мене. И нема да дозволам уште еднаш да паднам на искушнието со губење верба.
    Ќе ја зајакнам и ќе се вратам во стадото од кое доаѓаат сите ,,овци'' :|
    Порака до сите атеисти и неверници - Да не веруваат и пробуваат да си ја вратат среќата и животот преку одење на вакви зли места бидејки само полошо ќе си направат. Привремено ќе бидат добро но потоа следи кобното. Не мора веднаш, туку и после 10-20 години сеедно.
    И ако не сте верници останете неверници (доколку сте среќни со животот кој го имате). Не ја враќајте довербата ако не сакате, меѓутоа и не се обратувајте на погрешни места кај погрешни луѓе.
    Увидете ја својата грешка и поправете ја, тоа ќе ве направи верници со човечки манири! И не ја повторувајте...
    Ова го кажувам без разлика дали се работи за вистина или не (дека нешто навистина постои), но трагајте...не се откажувајте, борете се со свои алатки против злото, а не преку туѓи (всушност негови).
    Не ми се верува дека ова го пишувам јас, но еве од оваа недела како што претходно напоменав ја враќам довербата и ќе се обидам да не направам уште еднаш таква грешка, да се пронајдам и корегирам.
    И позитивни мисли секако, насмевка, победа пред сите рушевини :)
     
    На LivingGlam и Serafima им се допаѓа ова.
  20. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    510
    Сакам да кажам...

    хаха ме изнасмеја ова,се имам прочитано ама ова е :D :D

    Овен - Во третата недела од овој месец немојте да пружате алишта на балкон...
    На женските личности од овој знак им се препорачува да не излегуваат од дома цела втора и трета недела поради опасност од силување. Здравјето без некои поголеми операции. Пазете се од запек. Доколку често поминувате на црвено светло, имате големи шанси да остварите блиска средба со еден униформисан овен. Поволни денови за промена на полот се 15ти и 25ти.
    Бик
    Како најтврдоглави од сите знаци, овој период не им се препорачува удирање со глава во многу тврди површини. На работа следи унапредување доколку сте доволно паметни и рефлексивни на „брз“ начин да го задоволите шефот. Машките бикови овој период имаат големи шанси да запознаат една Девица доколку отидат во некое забавиште. Поради силните ветрови редовно носете жолта капа со врвки. Поволни денови за бањање во градските фонтани се 10ти и 19ти.
    Близнаци
    Периодов сте многу импулсивни и сакате на брз начин да ги средите вашите проблеми. Е па не иде така. Месечината ви е во 29тата куќа каде има многу луѓе и гужва и тешко се излегува од неа. Причекајте да излезе па се ќе оди полесно. На љубовен план ќе имате мали недоразбирања со вашите домашни миленичиња. Девојки, во третата недела избегнувајте машки со бели чорапи . Поволни денови за калемење на дрвата пред зграда се 5ти и 17ти во месецот.
    Рак
    Добро проверете дали ви се сигурни сите осигурачи во вашата куќа. Може да се изненадите во некој момент кога најмалку ќе очекувате да прегорат. На љубовен план ова се вашите најсреќни моменти од вашиот живот. Доколку сте во брак се мисли на моментите со вашата љубовница/љубовник.Пазете се од диви свињи и црвени слонови. Машките треба да избегнуваат јавни куќи со стара градба постои опасност од земјотрес. Поволни денови за одење по голема нужда се 8ми и 11ти.
    Лав
    На женските припаднички на овој знак не им препорачуваме да се фарбаат плави периодов. Се пушти трач дека „Фитофарм“ го зезнале 12% хидроген оваа серија. Избегнувајте улици со калдрма во првата недела. Машките нека се пазат од гасеници и бубашваби. Играјте лото во втората недела имате големи шанси за добивка доколку ги извлечат вашите броеви. Поволни денови за фрлање на ѓубре од дома се 13 и 24ти во месецов, меѓутоа избегнувајте контејнери родени во знак на Риби.
    Девица
    Дојде крај на вашата невиност. Вашиот партнер е премногу возбуден од вашето разголено тело на овие жешки температури.Поволни денови за бањање на вашето милениче се среда и ноќта помеѓу сабота и недела. Сторете го тоа, во спротивно постои опасност од буви во голем број. Исечете ги ноктите на нозете. Пазете се од зелени кучиња скитници. Поволни денови за кршење јајца се 2, 4, 22 и 30ти.
    Вага
    На ваш оригинален начин добро измерете колку шеќер ќе ставите во кафето на вашиот партнер. На работа ве чека возбудлив период полн со бурни настани и патувања. Понесете си стик против муви бидејќи добро знаете дека сте многу осетливи на нив. Намалете ги малку цигарите. Свртете се на алкохолот. Ѕвездите ви се наклонети да запознаете некој рак, затоа гњурете подлабоко кога ќе отидете на море. Поволни денови за добивање мензис за женските и пролив за машките се 7, 13 и 24ти.
    Шкорпија
    Многу интересен и примамлив период за вас. Ќе дадете отказ од работа, ќе раскинете со партнерот или ќе се разведете доколку сте во брак и ќе избегате далеку каде ќе се вработите не можам да кажам што точно ама главна преокупација ќе ви биде да задоволувате луѓе. Вашите кондури овој период се под влијание на Сатурн, така да постои опасност од жуљање. Избегнувајте да кликате на маусот во првата недела работете со тастатура. Поволен ден доколку сте наумиле да извршите самоубиство е 8ми.

    Стрелец
    Овој месец сте расположени спасувачки. Ќе спасите три риби од давење и едно врапче како сака да скокне од прозорот од вашата кујна на третиот спрат. Дојде време да почнете да ја пишувате книгата „Зошто си ме мајко родила“ која одамна планирате да ја напишете. Појдете некаде, близу некое мочуриште да се инспирирате. Пазете се од метеори и комети. Поволни денови за проаѓање на црвено без опасност се 12ти и 23ти.
    Јарец
    Добро време да го зачистите тенкот што ви стои во гаража. Никогаш не се знае какви времиња ќе надојдат. Автобусот со кој се возите овој период е под влијание на Уран, така да ви препорачувам секогаш да се симнувате една станица порано. Женските доколку ги нападне некој манијак ноќно време, немојте да бегате ако манијакот е Водолија може да се претвори во трајна врска. Поволни денови за садење лубеници се 5ти и 21ви .
    Водолија
    Овој месец постои голема веројатност вашиот саат да откаже проверете ја батеријата. Избегнувајте читање вицови од http://www.anhoch.com во втората недела постои опасност да ви прсне желудникот од смеење. Машките нека ги вртат почесто броевите на 0500 постои шанса да го најдат својот животен сопатник. За женските овој период е створен за јадење трули вишни. Поволни денови за фаќање вирус на компјутерот се 17ти и 18ти.
    Риби
    Веќе 5-та неплатена сметка за вода.Немојте никако да се изложувате на сонце.Проверете дали се е во ред со вашата психа. Машките претставници нека избегнуваат мочање со лева рака, а женските да не какаат напорно. Поволен период за средба со својата "ајкула" на 12-ти а женските нека внимаваат,ова е поволен период да влезат в тавчле. Како и да е, гответе со брилијант.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.