Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    СДК:

    Денес, помина шо помина денов, работен, де на сонце, де под сенка, де на шанк, де со мислите пливав во вода...

    Вечерва - ПАРТИ :D на плажа :!:

    Би ви кажала исто дека ќе ме фатеше за малце полицаец (возам мотор 125 кубуци без возачка дозвола).. аи.. знам противзаконско е моево и дека јас сум крива.. ах, ама пусто мачно ми стана со точакон да вртам. :?:


    Бидете ми поздравени, моментално небото е прекрасно, со лилави облачиња и розево-портокалева позадина... како некој огромен коктел да надвиснал над мене :)
     
    На crazylady и Smilly им се допаѓа ова.
  2. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    Сакам да кажам...

    СДК дека многу сум среќна! конечно си ја најдов менѓушата :rofl:
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Сакам да кажам...

    ^ Го знааам чувството, кога ќе си најдеш изгубена менѓушка :)

    Ја, се варам при домот си свој. Се снабдив со вентилатор, праски, сладолед, пуслици, филмови и го чекам Иванот да ми раскаже што му се збива уствари во љубовта. Сигурно нешто змејовско!

    Сакав да кажам - еве ова: http://www.youtube.com/watch?v=v0CLYpYKHNY&NR=1

    Звуци на љубовта!
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ме немаше 3 дена и вие феминки сте биле толку вредни што сте го наполниле цел форум со 48572874892374982374982374892739423 мислења. :D Се надевам ќе имам време се да прочитам! :)

    Да ве информирам, бев на викендица во село Вир, се наоѓа близу Македонски Брод.
    Си поминав најубаво, се прскав, се сончав, се бањав во када во двор, планинарев, дишев чист воздух, вечерта од 9 до 12 саатот лежевме на врвот на ридот на една полјанка на трева, ги гледавме ѕвездите, месечината и соѕвездијата, една ѕвезда падна :inlove: дедо ми ни раскажуваше приказни, па ни раскажуваше како се запознале со баба ми, свадбата, преселувањето, градењето на новата куќа... :)
    Мераци :) :inlove: :inlove: :inlove:

    Би живеела засекогаш таму! :inlove:
     
    На la-chicka, LivingGlam, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк има ли нешто поубаво од седење во бањарка и пиење кафе :wasntme: :mm:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да кажам...

    Сакам да ви кажам нешто што го сфатив после вчерашниот цел ден поминат на плажа :)

    Седев на брегот и во таква релаксирана положба додека бранчињата ме удараа нежно, скриена зад шериот и очилата, ги гледав луѓето.
    Сите жените имаа целулит, која повеќе, која помалку- мажите не беа билдери, а децата...беа прекрасни
    Не беше важно нивната тежина, изглед или било што- она што ми разбуди насмевка и убавина на душата беше нивната среќа.

    Сите уживаа- паровите со децата кои среќно се шлапкаа во водата или правеа замоци од песок, некои си лежеа на душеци, други скокаа во вода- и не беше важен изгледот, не беа важни костимите за капење и шеширите, важно беше да се впие тој миг, да се впие сонцето, да се ужива во водата...со саканите луѓе.

    Зошто ви го кажувам тоа?
    Затоа што не е важно ако имате некое дупче на задникот или мало стомаче, се додека уживате во мали нешта со луѓето што ги сакате :)

    Останете ми со здравје, и давајте љубов, ама на тие што ја заслужуваат и не ја злоупотребуваат ;)
     
    На bittersweet, la-chicka, sweetyears и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека не знам зошто ама кога ја слушнав првпат песната ми остави голем впечаток ..ЈА ОБОЖАВАМ! :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=oUbpGmR1-QM
     
  8. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Преубаво одморче со фамилијата. Си дојдов поцрнена, здрава, жива ич да не ме мислите. ;)
    Сега одам да се прошетам низ форумот, да видам колку сте биле вредни и дали треба да ставам неоправдани. :wasntme:
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Како ПРВО И ПРВО
    црешата се вцрви до врвот...
    И како ВТОРО, а не ПРВО
    се тресеше црешовото дрво,
    кога од неговите ветки, беревме црвени обетки...

    -„Касни порасни“, прва песничка, лектира за прво одделение...
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Убила ме досада :swear: , цел ден не можам никако да се решам од оваа проклета досада, за топлото најдов решение си пуштив клима и вентилатор, ама што да правам со досадава?

    И морам да кажам дека новиот чет на фб ме излудува, тотална катастрофа по грдо нешто неможеа да смислат :devil: .

    Ајт со здравје :*
     
  11. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Сакам да кажам...

    СДК дека утре повторно на ПЛАЖАААА... :sun: и конечно за прв пат ќе ставам кантарионово масло...
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека не сакам да лажам, сакам да кажам ова лажам, ама не знам да лажам или сепак да кажам, и сега знам дека лажам и кажувам и дека ништо не сакам да кажам и дека нема за што да лажам и сакам да кажам дека изнапишав една долга реченица т.е реченица составена од повеќе реченици и пак ништо не сум кажала, а епа битно кажав дека сакам да кажам и дека немам што паметно да кажам, а пак напишав едно 341431 букви .
    Зборови зборови, колку останало недокажано, неискажано зошто или некогаш е попаметно да се поќути мудро ?
     
  13. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сдк...дека ние Mакедонците сме супер интелигентен и паметен народ! ама озбилно!
    вистинска штета е што немаме можности за напредување како што имаат Aмериканците, но иЧ да не ви биде жал бидејки ние за нив сме науЧници :rofl:

    на пример што би кажале за ова:
    држава што поЧнува на (ју) U -Yugoslavia.
    која валута се користи во велика британија?-парите на кралицата Eлизабета?
    религијата на израел е?-израелци, хмм... католици?
    триаголникот има Четири страни? нема страни? има една страна???
    колку светски војни е имало до сега? -три. (се разбира кратко и јасно)
    каде е берлинскиот зид?-не го знам прашањето но поЧекај да размислам...во израел ??

    и тако :D сега знам дека ке се уверите, запрепастена сум од овие глупоштини...немам зборови...море имам дури 2 STUPID AMERICANS!

    http://www.youtube.com/watch?v=fJuNgBkloFE
     
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк јухухух добив нежности,галења и сега сум излигавена,испокубана,бушава во косата :tmi: :P
    до сега си играв со едно вакво цакано,бебуле
    [​IMG]
    Слатко задоволство,иако си бев со лиги по лицето и со искубана коса сепак нежно е задоволство едно такво нежно душиче да пробува да те бакне а единствено што успева е да те излигаве :D

    И така јас излигавена,супокубана бев бакната од момче :tmi: 8) :rofl: :rofl:
    долго време не бев :!: :lol:
     
    На Neytiri, crazylady, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... слушам музика со секси ритам ... добра за секси случувања, а и јас сум секси ... :wasntme:

    И вие сте секси ;) ... останете такви и уживајте во жешки секси изданија и случувања ова секси топло лето :)

    Забегав :tmi:
     
    На Strumfeta93, marama и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  16. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ми е многу досадно !!!
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    СДК дека се топам како сладолед, вријам како чорба во зима и се чувствувам како свежа пита пастрмајлија што испарува! :devil:

    Значи не знам што ќе правам без клима, стварно не знам. Најдобра другарка ми е деновиве, од јутра до сутра се дружиме. Не можам луѓе да виреам, надвор абе еден степен да се спуштеше температурава, само еден. Немам желба за ништо, го преспав цееееел, ама цел ден. Барем го прескокнав шупливиот ден, само еднаш си каснав. :rofl:

    Знаете ли кое олеснување ми беше прееска кога испаднав, испаднав со водена коса. ХУУУУУХ, од денес пред да излезам на пеколот надвор, по едно шише вода ќе си истурам на глава. Топлото ми го помати разумот, не можаммм веќе. А вака ќе биде минимум до наредната среда. :devil: Кој од тука сакаше топло, мм ?? Ајде еден список со потпис на сите, па да си го земете летово назад. :fubar:

    Отидов пак да правам нешто што бара минимален напор, лежење на пример. |(

    п.с. Енд ај рили, рили, рили, рили лајк хим. Вери мач. :* :lol:
     
    На la-chicka и teddybear им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    интересна вечер помината со фармацевски музичар, и зеска-машко секјурити :D
    непланирано и неочекувано ама забавно и музички зачинето :lol: :rofl:
     
  19. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    4.634
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си имам нов симпатија и сум среќна :rofl: :rofl: забегав готово :tmi:
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - Кратовчанки, утре ќе ви дојдам на гости. Ќе ме примите, зар не? 8) :lol:
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.