Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    сдк you look so fine i wanna make you mine ! Are you gonna be my boy? 8)
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Eхх лето...
    Одмор.
    Кога си на одмор,значи плажа,коктели,забави,шетање навечер со саканиот,водење љубов...

    А кога не си,и кога си во Скопје,значи стари луѓе,во автобус,со миризливи мишки насекаде,добивање сончаница дур да стигнеш од плоштад до парк и други не многу пријатни работи...

    Ама ајде де...не се жалам! Овде пекаме,а на тие во Африка како им е? Да си во Господова рерна цело време...не е лесно . :!:
    Бидете среќни што не сме загорени ко чкорчиња. :lol:


    Друго...добар период ми е ова.
    Цело време сум со него,што ми прија мх мх,мноооооооооогу.Шетање,закачкање,лапање :lol: ,уживање...
    Кога ќе си отиде,просто ќе полудам...

    И така...немам многу што да кажам,ми фалевте така, да ги читам вашите закачки и расправии, а и вашите лигавења по темиве,и интересно е да гледаш,како се сложуваат и не сложуваат другите. :lol:
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.113
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК бидна и Петровден. :D Синоќа после многу време се собравме старото друштво, во омиленото кафанче, и со многу пиво и малку мезе, го прославивме празникот :D И така, поднапиени, максимално расположени, поминавме прекрасна вечер!
    СДК 2, вчера ја испратив едната другарка во Ск на работа, денес друга ќе оди во Ох на работа, а утре трета ќе оди на гости во Лондон. Е дури сега, ќе почувствувам досадно лето :@
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    СДК дека иако пола ден го поминав на ендокринологија, хормониве дефинитивно не ми се во ред. |( Знам јас дека треба да ми дојде, се тогаш ме маваат некои психоделични епизоди . Во тој период, до 12 ги мразам сите, а после 12 и самата себе. Уф, па и кога нешто ќе ти тргне бе надоле, упорно се тркала до доле, до дно дна. Пфф, после јас самата пак нагоре. Таман ќе се стабилизирам, ајдеееее пак ПМС. Јака му душа на јунакот што ќе ме земе за жена, стварно. На моменти сум ептен, ептен терсен. :emo:

    Друга работа што си ја мислев додека си дремев, е една глупа филозофија поврзана со македонските ора и љубовта. Знаете, не е на арно ако орото е едно напред две назад - тогаш нешто не чини. Арно ама, не бива и ако е шест напред, три назад... и тоа пак многу убрзано е. Затоа радни народе, терајте си го правото орце, три напред а две назад. Златна средина. Ем малку напред, ама и доволно назад за да си ја одржите главата трезна.

    Абе Бог да чува, ви викам јас дека не ми се арни хормониве. :rofl: Ама, не се секирајте. Ќе ги средам викендов со големи количини на пиво. Иц пивофест тајм. :rock:

    Со здравје и останете ми со нормални хормони. :D
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.396
    Допаѓања:
    286.929
    Сакам да кажам...

    една мрза за yЧење ме фатило......
     
  6. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Сакам да кажам...

    Не сакам блондинки. Ги врзувам со празноглавост, не ради клишето туку ради фактот што УШТЕ од седмо одделение па се до денес си ги горат косите со бланш.
    Е не разбирам.. И не разбирам.
     
    На Mishela, Neytiri и crazylady им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    :$ :D :rofl:

    топло ми е и тоа многу, се чуствувам исто ко во котел да сум, и така полека се варам и се варам...
    ама некако позитивно расплозена онака без некоја посебна причина :lol: со надез дека ке биде подобро :)
    :* :angel:
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК чекам да заврши работниов ден...се осеќам како учениче кое погледнува на часовниокот и го чека ѕвончето...ајде ѕвони веќе...сакам дома.

    Смешно, но вистинито...последниот час е најмрзелив, се нема мотивација, мрзливоста и пладневната дремка веќе ми чукаат на врата и се замислувам оптегната на кревет, перничка под глава, даљинско во рака....мрзливо менувам канали и сонот си го направил своето...

    Ах моја пуста желба...ако Лолитке само ти маштај...сега кога ќе излезеш надвор кога ќе те удри еден топлотен удар моментално ќе се расониш..

    Готово, ѕвонеше...се читаме од дома :)
     
    На Phyramide и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    :lol:

    Како сум се залепила на врата. Ко мува. :lol:
    Само залетана да влезам, и од завесата не се гледаше дека е затворено, ќе го скршев стаклото на таа врата по 3 пат. :lol: Се јас го кршам, упм. У сред бел ден не ја видов значи. :lol:
    Сочен :* . :rofl:

    Дали тоа мене ми требаат наочарЌи? :D


    Не ми беше тоа зборот, а зборот што ми беше, го забораив. :|

    И да, памтите кога пред неколку дена напишав What goes around, comes around?
    Епа, еве се потврди. Ако. Знам јас добро што треба да правам. Они на мене. ]:)
     
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Јас така се лупам ама во темно и не сум скршила уште ништо (освен главата за малце) :rofl:
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека очајно многу ме мрзи да одам до Тинекс за да си купам еден мочан стик. :D
    Пре би фатила на спортска, отколку да најдам Рексона во маалскава „супер“ снабдена продавничка. Пошто ме мрзи и до таму да одам на жештинава, ми доаѓа да и пишам во инбокс на продавачката, онака во нејзин стил:

    E ZDRAVO KAKO SI KAKO SE TVOITE KAKO SI POMINUVAS SAMO SAKAV DA TE PRASAM DALI DRZITE OD ONIE STIK4INJATA REXONA STO SE???? OK POZDRAV SE GLEDAME

    :rofl:


    Досада, у п.м. :(
     
    На Gordana10 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Сакам да кажам...

    СДК Еми не знам кој е повозбуден, дали јас или собата која што нема чувства но ми е добар пријател.
    Денес пристигна конечно ламинатот, а утре веќе ќе се мести. Прекрасен е! :nod:
    По неколку дена напорна работа, во овој топол утрински летен ден, воочив дека ме бива за молер. Работам по мои правила и пари однапред, а враќање за некоја грешка нема!
    Си го правам животот интересен. Си правам и смешки самата на себе. Ма колку за да се преживее денот.
    Се правам и пејач без пари. Им пеам по дома Мене ми се јаде, мене ми се јаде, мене ми се јаде Печена кокошка, а играм како "батковциве". 8)
    Се мислам за друга некоја поинтересантна, но не ми текнува.
    Ве поздравува Аннии со нозете во кофа ладна со вода и ви посакува пријатен ден.
     
    На MonnaSi, zhap4e, Buttterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    На LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Е ова се жени, не ние :D
    Да дејствувам во име на дупките во Охрид? :rofl:
    ... ај сепак не :$
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    На enca.69, EVA19 и MacaLove им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК сакам да врне :rain:, врне и врне и тоа три дена, абе поооплава да направи ако треба ]:) :D :(
    цркнав, мака ми е се варам :( вчера вечерта ич не ми беше добро, уште фалеше да се онесвестам :worried: јас само за покрај вода, море, можам да опстојам комотно, не сум за на копно :worried: :rofl:

    Оф ништо не ни се угодува на нас луѓето, кога е зима, сакаме лето, а сега кога е лето, сакаме зима :D
    тоа е нема друг избор, нема по нарачка :D
     
    На zhap4e, la-chicka и Wild.Child им се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    СДК дека моето показалче на левата рака дефинитивно ми е баксузно прсте ;( .
    Пред две недели ми се скрши до живец, ма и многу повеќе, така речи до пола, и заради него морав да ги исечам другите ноктиња а тоа беше заврзано во ханзаплас цело време.
    И таман порасна ноктето, среќна и радосна го извадив ханзапласот пред неколку дена, напладне го извадив а вечерта кога сечев лубенца си го исеков :( и тоа многу го исеков, и еве сега повторно ми е замотано во ханзаплас.

    И ќе се тешев дека се е случајно дека јас сум трапава, смотана и се одтанато, ако сега пред малце од оние шпагетине што ги варев додека вриеа една огромна капка не ми летна баш на тоа прсте, од 5 прсти на таа рака таа жешка проклета капка таму слета :!: . Уште тоа ми фалеше, ме здоболи срцето, ги тргнав шпагетите гајле ми е дали се свариле или не, јас ништо веќе неправам, ми треба прстот а ако вака продолжам без него ќе останам.


    Кај да е и климата ќе ми цркне, цел ден и цела ноќ на максимум, за да го преживеам летово мора да ми бучи постојано, ама добро е ќе ја истрпам имам позитивен исход. Нека бучи колку сака, само нека ме лади ;) .

    И така убави мои, чувајте си ги прстињата и климите, вентилаторите, ладалата, тетратките и тако даље, чувајте те ги, ќе ви требаат, што за цел живот, што за остатокот од жешково лето што ни предстои :*
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Ееее вака се протестира, а не ние - одма дај му, дај му, уствари дај си себеси :rofl:

    Ц ц ц бетер од мажите станавме, а не ни се ни
    дига
    , барем не видливо :D

    Него шпартам по форумов и многу ми се свиѓа она летно лудило кое ги зафатило сите - ваква ташна за на плажа кај има? Вакви бикини кај да најдам? Како побрзо да поцрнам?
    Не замислувам на огромен женски пазар, преполн со нас - со женишта кај што има се и сешто ама бидејќи не се снаоѓаме во пазаров, урламе и прашуваме без ред и без концепт.
    Турлитава се прави, Брауново движење во пракса и не се знае кој што прави, битно над пазарот во вис летаат шорцеви, сукњи, шапки, пешкири, бикини, блек ап, кантарионово масло и се што е потребно за едно беспрекорно лето :lol:

    А мене мува не ме лази, нит попусти ме тангираат нит ништо. Си реков, стоп Пирамидо, стоп, место шопинг прочачкај орманот и ќе најдеш многу нешта.
    Не сакам ама баш ништо. Само песок под мене, или тревата да ме скокотка, сонце над мене, и снажно тело до мене кое ќе ме деконцентрира, а коктелот пред мене. Море гола да сум, убаво ќе ми биде, право да ви кажам, ќе ме покрие небото или нечие тело 8)
     
    На Strumfeta93 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Значи не можам да сфатам и не можам.
    Умрело детето, да младо, да греота е, да неговите си знаат како им е ... ама сега што дека ќе ставам негова слика на мојот профил?? Што дека секој ден ќе му пишувам r.i.p на неговиот профил, да не ќе го вратам во живите, или Господ да не види колку е детето сакано па да не го стави во рајот?
    После смртта џабе, џабе е се!!!!! Џабе е не требаше ова да му згрешам или она, или не требаше да се карам добар човек беше ... ако не требало треба да се мисли со време. АКо некој го сакам го сакам, ако не го сакам жал ќе ми биде што ќе почине, но сеуште нема да го сакам.
    И не, мртвите нема да ни простат за грешките ако им напишеме на секоја слика на профилот почивај во мир. И ете затоа се однесувам со луѓето коректно, затоа на никој гледам да не му правам нешто што не сакам да ми прават. Затоа знам да кажам искрено извини.
    Страв ми е од смртта, а многу пати сум била сведок на неа ... на крај краева, животот е тежок ... смртта можеби ни носи мир ... во душата и телото. И не е болна.

    Јас не го менувам мислењето, според мене вака си е. И не значи дека ако не пишав рип не ми е страшно жал ... Само не ја гледам поентата на тоа... Ако ова мое мислење е злобно, океј нека им биде, мене ми е сосем реално ...
     
    На velesanka, zhap4e, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Сакам да кажам...

    СДК едвај чекам да ја средам Симс 2 Опен фор Бизнис бидејки ми се појавува Симс 2 Фри тајм :o
    Дури и на сон сонував :rofl: :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.