Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Сакам да кажам...

    Добар јутаааар :) мај брд ис сингинг ерли ин д морнинг! денес на дневен ред мојата фобија од кловнови (во саркастично-алегорична и буквална смисла).

    Не стварно....откако го гледав хоророт со куклата кловн ко мала, бегам од нив главом без обзира! :worried:

    ...што се однесува до другата категорија кловнови, морам да презентирам мој личен монолог, кој сега засега ми чучи у глава, ама кад тад ќе ми излезе низ уста:

    "ако не покажувам знаци на привлечност и заинтересираност кон тебе, не значи дека сум лезбејка! |( тоа само значи дека си ми интелектуално, спиритуално, па дури и визуелно одбивен...
    не е веќе работата да имаш поента....туку кој се си дава за право да просветлува со поенти...
    некои прашања не заслужуваат одговори...guess what: обратна психологија кај мене не пали. Залуден е секој твој обид да се расфрлаш со суперлативи за твојот лик и "дело"...добро ми се познати твоите ADD и MPD синдроми со примеси на Едип - зашто мама знае најдобро!
    Ти посакувам да најдеш личност со непресушен извор за хранење на твоето ничим изазвано али сепак монументално его.

    A јас....јас сум падната од Марс! и пресреќна поради мојата шареноликост и селективен камелеонизам :D

    Имај пријатен ден."
     
    На marama, mims-89, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам (поточно да се пофалам :lol: ) дека денеска ми е роденден и како за инает, станав уште во 8h. :yawn: Искрено, да си признаам, со нетрпение го очекував овој ден. Кога бев помала, не бев толку возбудена, ама последниве години многу при срце си го земам денов. Сепак не е мала работа! Од оваа дата пред 19 годинки започнала мојата животна сторија. 8) Happy!

    Ќе продолжев, ама сепак решив филозофиите да ги оставам за во следна прилика. :x Денес треба само да се препуштам на убавиот сончев ден и уште поубавите емоции кои ми го исполнуваат срцето. Relax, ракче, relax! :party: :dance: :^:

    Сепак нема да биде тоа, тоа ако не Ве поканам и вас членовите на форумов на торта, нели? Па, навалете! :D

    [​IMG]

    Сега, не можам баш да ви демонстрирам каква ќе биде мојата, бидејќи и јас се' уште ја немам видено, но и оваа, на сликичката, не е лоша. :angel:
     
    На la-chicka, marama, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Сакам да кажам...

    Нека е среќеееееен! :)
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.074
    Допаѓања:
    26.655
    На The.Crab, mims-89 и Offspring им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам...

    СДК Ми се јаде бе луѓе ми се јаде и ќе си јадам па што сака нека биде :D .Ма каква диета какви бакрачи не успеав да издржам ни 4 дена ај сега да се најадам едно убаво останете ми поздравени
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Добро утро, добар ден!

    Немам ништо посебно шо би сакала да кажам... уживајте во денов, и не мешајте се во туѓи животи.
     
    На LivingGlam и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    „Летово Струга е како друга“, - рече Дневник и остана незапечатен.
    |(

    „Евтини цени, уредени плажи и богат ноќен живот се главните адути со кои Струга годинава очекува да привлече што поголем број туристи. Стружани, кои се препознатливи по својата ведрина и гостопримливост велат дека струшкото крајбрежје годинава е уредно како никогаш до сега и на шега велат: Летово Струга е како друга.“

    |(

    Цените се истите од секогаш, не верувам и дека ќе се променат.
    Плажите се истите од лани.
    Ноќниот живот е стандарден, за стари-моми како мене - бетер од секогаш.
    |(
    За гостопримливоста, сте виделе и кажавте и сами во темата за Струга. :$

    „Цените на сместување кај приватните станоиздавачи се движат од 300 до 400 денари за кревет,“...

    Туф бре, ко слонови лажат, најскапа амплитуда за кревет е 300 денари. :!:

    „Угостителските услуги во Струга се приспособливи за сечиј џеб. Кафе на плажа, покрај Дрим или на прва линија до езеро чини само 40 денари, соковите се од 60 денари, а пивото 70 денари. Цените на алкохолните пијалаци се движат од 70 до 90 денари, а за коктел ќе треба да платите од 100 до 160 денари. Во рестораните за брза храна сендвичите чинат од 50 до 80 денари, а за една комплетна ресторанска порција со едно парче месо на скара ќе платите од 120 до 200 денари во зависност од местоположбата и од опременоста на угостителскиот објект.“

    Ете така. За секојдневно кафе месечно ти требаат само 1200 денари. :wasntme:

    „Плажите во Струга може да се користат бесплатно затоа што концесионерите имаат оставено доволно простор за сончање на крпи, но доколку сакате да си изнајмите лежалка, ќе треба да платите од 50 до 60 денари дневно.“

    Багатела бе народе. ^_^

    „Ако ги разгледате цените на пазарот, во продавниците и во бутиците низ чаршијата, ќе добиете впечаток дека не сте во туристичко место затоа што ќе наидете на многу поевтини работи за разлика од другите туристички центри.“

    Така си е. Природен народ. :bow:

    Муабетот ми беше, кај ли му се видела како друга? Аман! :fubar:
    Непрошетани. :wasntme:
     
    На velesanka, Bright и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Сакам да кажам...

    Еден куп теми за изведувачи, изведувачки и плачки... :^)

    Ја со мрсни прсти куцам, јадам смрзнат па улаво спржен помфрит, тотален кенкач сум, и морам да истанцувам еден круг околу зграда.
    Во животов, сешто. Непроверени а може и непроветрени ликови ми праат пајажини. Не сум мува, ами сум јадачот на пајакот.
    Ехааа! Решив да го средам конечно мојот концепт во глава и да издадам стихозбирка. Цел за 2011.
    Сакав да кажам...
    Седење по гаќа на паркет и јадење џанк фуд, е преголемо клише за четврток попладне.
    Сеедно.

    Трипл С! Можда и ќе биде нешто...
     
    На Strumfeta93, Lilit, Springy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Сакам да кажам...

    Дали некој знае од каде се учи за полагање теоретски дел за возачка дозвола , знам има и тестови и книга , од каде е подобро за учење и дали некоја од вас има некакви материјали ? :^)
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.395
    Допаѓања:
    286.923
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=wFh-rX_Sfhs
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lady-17

    lady-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Сакам да кажам...

    Сакам да го видам мојто срценце да си го гушнам најсилно ете тоа го сакам....ама ке си почекам до после :P :P
     
  12. MonNy.B

    MonNy.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сега се вратив од забно и надвор е ужасноо жешко! :sweat: Не излегувајте ако не морате оти ќе се стопите некаде одејќи :D шала :lol:
     
  13. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Сакам да кажам...

    Сдк дека преку глава ми е од турскиве серии. :@
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    СДК нормално како и секогаш, кенкав да дојде ден кога ќе немам апсолутно ништо што да правам (учам) и по цел ден да дремам на кревет. И дојде. И сега ми е досадно. И ќе морам на 40 степени да чистам соба од што немам што друго да правам :sweat:
     
  15. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    СДК дека изгледа ќе треба часовникот да си го поместиме по еден саат напред,па така може ќе влеземе во ЕУ.Како Бугарија и Грција,а преминеш граница, не само што си во ЕУ,ами и еден саат си по напреден од дома и од цела Мк. ;)

    А што сакав да кажам.Зошто бе во цела Бугарија сите имиња на улиците се македонски?!? Од улица Климент Охридски,па сите наши херои,просветители па и имиња на градови...Толку ли немаат нивни,или нашите им се по претставителни :?:
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    СДК оти преку главааа ми е од сликите на бебињата шо ги ставаат на фб...РОДИТЕЛИ ве разбирам дека си го сакате детето најмногу,ама слики од раѓање,до доење,до секој можен нивен чекор,голо газе,к*ре,кашички,пелени,нови чорапи,и сл,.......е аманннннн :@
     
    На julie77 и Acerola им се допаѓа ова.
  17. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    Нема повеќе интимност поради фејсбукот,навистина е невкусно и незнам како воопшто се осудуваат да стават слики од штотуку родено бебенце,уште очите не отворени како што треба,во болница,а мајката како лежи со толкави подочњаци на болничкиот кревет.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Сакам да кажам...

    Сдк2 ај отидов на плажа. Чао. Ве поздравувам. :*
     
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Сакам на базен!
    Ама дечко ми глупавиот спие,на другарките не им се идело...
    Ма сама ќе си идам 8)
    Добро ,лажам,не сум до толку ретардирана,ама стварно ми се иде.
    Сакам да се сунчам :| Татко ми вика он ќе ме носел :D
    Епа колку си го сакам не е возможно.Кога зборам со него ми се чини уште дека сум мало девојче,кое е сигурно во неговата прегратка и кое може да добие се што ќе посака само ако направи тажна фацичка.
    Обожавам и тоа што незнае да ми се наљути.Бар не повеќе од еден ден-два колкава и глупост да сум направила.
    Му благодарам што ме поддржувал во се,и што секогаш бил покрај мене ,требало или нетребало.
    Што секогаш знаел да ги каже вистинските зборови,биле послушани или не.Битно никогаш го немало оној
    тикажавнемеслушаше момент.
    Колку и да ме размазил,ме направил и доволно цврста да можам да ги издржам сите срања што ги носи животот,и доволно паметна да не верувам дека се што лета се јаде.
    Срцка моја,го сакам,највеќе го сакам.

    Ајде сега,ве поздравува распекмезената татина принцеза,на која проклето многу и се иде на базен :hai:
     
    На la-chicka, Strumfeta93, najubava2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    Денов го прогласувам за врв на досадата во последниве 7 месеци од годинава |(
    Сериозно, не можам да се сетам кога ми било подосадно во последно време! Се развлекувам како полжав по дома, а не е недела :?:. Дури и во недела имам подобро расположение :lol:
    Ах, ќе да сум забегала денеска. Гледам по таван, по ќошеви.........фрижидерот го отворив и затворив едно 100 пати од сабајле. Дефинитивно, се чувствувам евентуално! (Среќа што не сум во ПМС период- уште тоа ми фали и најверојатно ќе бев дел од некоја црна хроника).

    Во сетава денешна мрзеливост, единствено нешто што ми доаѓа пред очи и за кое што имам енергија е ПЛАЖА.
    Чувството кога лежиш на жешкиот песок, околу тебе се шири мирисот на масла за сончање, чувствуваш како зраците се впиваат во тебе, а водата неуморно шумоли......СТОП ФБИ, СТОП! Не мисли веќе и чекај си го септември :|

    Најверојатно ќе одам до кај другарка ми (ќе пробам да најдам сила да излезам од дома), барем ќе одржиме групно буљање во таван :D
     
    На Ema.Sk и blond им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.