Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека многу ме погоди постот на Happy girl,и дека бев на пијачка со мајка ми се напив 1 вотка име фати :D и станав мн.емотивна,ми треба љубов и нежност а ја немам овој период :(
    Има некој да се придружи кој е чувствителен како мене и му треба друштво и муабет да си ја отвори душата???
     
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Е баш убаво се освежив на топлово време, и многу вкусно ова. Задоволна од резултатот :clap:
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека неполни 24 часа ме двојат од долго очекуваниот одмор и грчкото островче :clap:
    ке биде,се што небило досега...can't waitttttt :D :sun: :d: :party: :dance: ^_^
    до следно видување ,останете ми поздравени и уживајте во летото :)
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Сакам да кажам...

    Таман си се утешив дека добро е, има колку толку за живеачка, добри сме, има и бетер, Фала му на Бога и на толку, има време ќе спечалиме, млади сме...ни пристигна тета од Австралија. Златен ланец околу врат дебел колку јаже за бесење, плочка од Богородичка и драч портокалов кармин-не може да не падне во очи...Се расфрла со тоа поклоните како Дедо мраз за Нова Година, ни шушна по едно стотче под рака, и со тажен поглед готов да заплаче не прашуваше како сме, како живееме со нашите плати...
    И после 5 часа споредби Австралија-Македонија, таа си замина (и другите роднини да ги просветли) а мене ме остави да се чуствувам како циганче на панаѓур...
    Ќе ми помине до утре, но сега сум :(
     
    На zhap4e и lolyta777 им се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    се изнаработев денес, све исчистив, и уград бев и со сите што сакав се видов.. јупииииииии јеееееии.. :rofl: :rofl:
    среќнааааааааааа :) ! :lol: 8)
    ај битно си се испофалив :$ :mm:
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Не е лесно да го смениш она што веќе си. Колку само сум слушала: Од денес сум лоша, за никого повеќе не ми е гајле... Од денес нема да сум иста со некои личности... Од денес ќе пазам што зборувам и на кого зборувам. И секогаш тоа трае само 2-3 дена и повторно е старата приказна. Не верувајте кога некој ќе ви рече вака, не верувајте си ниту себе си кога си го велите ова :!: :geek:
     
    На Breezy, julie77, Sense и 4 други им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Aј ја ќе те утешам...млади сме, ќе спечалиме, за тоа дон`т бери гајле :D ...туку јас немам тета од Австралија :lol: , прати ја и навака да не` просветли, може, нели, сакаш, пушташ???? :D :D
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Дали знаете дека човечкото тело во моментот кога умира губи 21 грама? Колку навистина губи? А колку губиме ние? Колку добиваме? Дали воопшто нешто добиваме? Колку многу губиме?

    Под превезот на ѕвездите и завиткана во топлата летна ноќ, со нозете испружени пред мене, со винцето до мене и чадот од мојата Марлборо кантри цигара над мене, го изгледав уште еднаш Ињариту. 21 grams. Мрачен како темницата која не голтна. Реален како болката од плускавците на мојата лева нога. Впечатлив како првиот длабок поглед со љубената личност во моментот кога сфаќате дека некоја невидлива сила ве тера да сте поблиску иако сте далеку еден од друг.
    Sean Penn, ах колку тоа несиметрично лице знае да биде вистински и суштински прекрасно.
    Колку не мора секогаш некој да ме држи во прегратки а сепак да бидам во прекрасно друштво и да уживам во една ноќ во јули.
    Колку не сакам да ми пулсира увото заради гласна музика како по дифолт секој викенд, за да се чуствувам опојно и изресетирано.

    Уметноста ресетира. Јас уживам. Подголтнувам и собирам солзи. Затоа што само нешто што е суштински убаво и вистинско знае да допре до последната молекула од моето сосема обично и просечно битие.
    Јас живеам. Некој друг повеќе не. Поглед кон ѕвездите и се е јасно.
    Блиски иако далечни, ви текнува?

    Колку е потребно за човек да слави дека е жив? Колку насмевки можат да стопат човечко срце? Колку зборови можат да згреат душа?

    Милион прашања. Одговор - не е потребен. Секој си го знае оној својот.

    Јас знам едно. Надвор е лето, живи сме ;)
     
    На sweetheart10, LivingGlam, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    истово си го викам веќе подолго време. :worried:
     
  11. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Сакам да кажам...

    Me too! :(
    Многу работи сакам да сменам ама пуста навика не се менува,мојата позната реченица „е следниот пат така ќе направам“ доаѓа следниот пат и пак по старо :@ Кога ќе научам да кажам НЕ за некои работи? :?:
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Барселона е јас. По секое истражување се крадев самата себе и го правев не направеното. Бев непозната меѓу непознатите. Си го доживеав мојот топлес момент, поради кој ако пипнам сега по кожава, 30 секунди стои бел отисок и јака болка, која мене ми дава благ осмех.
    Се восхитував на свинг танчери, кои толку успешно ме претопија меѓу нив. Танцот на блуз и џез на плажа прд зајдисонце, ми беше еден од помоќните моменти. Не требаше ни да проговорам за да се разберам. Само следев.

    Отидов сама на блуз свирка во едно место Монастеира. Прекрасна дупка на уметнички души. Сите седеа немо и слушаа! Си купив пиво и застанав напред и почнав да си играм. Моментот кога еден по еден почна да мрдаат со ноџињата и газињата, повеќето странци како мене ме воздигна. Пеачот ми посвети песна за енергијата, а газдата ме почасти пијачка. Од таму со рандом луѓе заминав во еден кафич по наше наречено (топчињата), ние се зезавме мадињата. Местото по метласко амин, со мотори што ти висат над глава, маси и столчиња гуми од мотор. Имаше она фудбалче кое сум го играла ко мала, си ги покажав моите способности. Ршум ги направив, мажи, жени ма се. Затоа и помина бесплатана вечерта. Купив само едно пиво, другото беше победено..


    Еден ден бев да барам школки на плажа. Мила ми побара школки и морски коњчиња да и донесам. Ама немаше. Ме фати паника ама ми текна да одам на пазар и да купам голема школка. Избарав една толку голема, слободно супа може да јаде во нејзе. Наредниот ден кога заминавме да бараме планктон ме пречекаа уште две големи школки. Се израдував. Собрав и мали кои имаат на горниот капак дупче за да и направам ланче.

    Таа вечер имаше фестивал на улиците на Барселона, се распрашав која улица е нај ок, ми ја посочија онаа до улицата на проститутките. Стариот дел од градот е магија. Иако мораш да поминеш низ таа опасна улица, се залепив до една група млади демек сум со нив, и ги гледав проституките и нивните макроа кои беа претежно мароканци и индијци. Ги мразев со поглед. А тие не знам, грди греоти со лоша судбина, на високи потпетици. На улицата кај што беше концертот, беше микс на кожи. Мислам дека по неколку примероци од секоја боја на кожа беше таму. Воздухот беше џоинт, а јас пасивен дишач. Рок музика, испотени тела, љубов расеана. Луѓе играа од балкони. Како по обичај не ми требаше никој за да бидам јас. Очи флертувачки ама си останав достојна на сама себе. Не се впуштав во нови љубови. Сфаќам дека сум фобична на болести, не би можела да бидам со некој што не го знам доволно. Се чуствував грабнато од погледите и на мажи и на жени. Нови познатства како и секогаш и убедувања да се преселам во Барселона. Да, можам тоа. Ова е еден од градовите кој ме впи.
    Еве денес заминав за последен пат на плажа, си седнав и си размислував и гледав во брановите. Знам дека многу мислам. Сакам да се вратам пак. Да скитам низ дождот и да се воодушевувам на градбите на Гауди. Би сакал да знам што му поминувала ноз глава за да ги изгради тие чудесии. Да направиш приказна од бетон. Прв пат да ме плени архитект. Си ја испив последната сангрија, каснав некој тапас. Омилен ми е школки во сос од домати. Дефинитвно школките сатнаа моја омилена храна.
     
    На tigerlady, la-chicka, mims-89 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Сакам да кажам...

    СДК сестра ми ми направи преубав коктел. :d: :d: Мешавина од дуња, крушки и праски. Си го пијуцкам сега и си се разладувам. Фала мала. :hug: :wasntme:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    И јас го пробав рецептот од насловна на Фемина. Баш во моментов си се освежувам. Го средив, го ставив во чаша за мартини...уживам и во глетката и во вкусот. Прекрасно е, направив со лимон, утре планирам и со лубеница.
    Совршено е за летниве горештини, нон стоп ќе си правам :D
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    Со многу негативна енергија во себе како ретко кога си ја поминувам оваа саботна вечер ...
    Што ми е ? И јас сама не знам , само знам дека осеќам грутка во грлото, и длабоко разочарување од се од сите ! Зошто толку тешко го прифаќам ова ?! и сама знаев многу пред да се случи , многу пред да паднат сите маски ... А јас по не знам кој пат сфатив дека не се сите Луѓе , дека сум сама на овој сив , суров свет. Дека не можам ни да трепнам без да внимавам зошто сум на мета ... Многу грешки за кратко време, многу лоши личности во мојот живот.... И многу маски кои преку глава ми е да ги разоткривам |( . Доста ми е ! Навистина ми е доста ...
    Во овој момент не гледам излез не во овој момент немам сила за борба , ама не планирам да се предадам...
    Ќе почекам нели утрото е попаметно од ноќта ? ! Барем така велат :?:

    единственото нешто што ми излезе во пресрет е водкава :tmi: Мој верен пријател никогаш не ме изневерил и во добро и во лошо . Каква иронија ... Една флаша во моментов е помоќна од милион повици , совети тапшања по рамо .... Тие не се искрени ете затоа и НЕ СТЕ БИТНИ И НЕ ВЕ ЦЕНАМ :!:
     
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк па и пред завршувањето на денот не беше толку лош.
    Влегувам во рибарникот каде што требаше да се најдеме со моите роднини, и оп гледам едно типче.
    За моја среќа или како и да е, бевме точно до нивната маса. Ме примети, го приметив :wasntme: .
    Тетка ми сакаше да ме измести, но јас си седнав точно за да го меркам малку 8) .
    Не знаете какви мисли ми поминаа низ главата. Се гледавме така од време на време. Штета што го видов прв и последен пат. Мејби. Ми остана во главата. Ах.
     
    На Hopeful, Strumfeta93, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    ^А не се фалиш а? Ќе се разбереме утре :lol: :* .
     
    На marama и caroline.costa им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека тек сега доаѓаат оние здодевни денови. :yawn:
    Цела вечер ме боли глава, надвор лаат милион кучиња, мислам дека ќе пукнам.
    Ќе имам еден обид за приклучување на Сониво, и да погине, колку може ќе се спаси. :rofl:

    Едитирам:
    Многу гадно се зезнав.
    Најубавиот избор сега ми е да си легнам и да се скријам, што подалеку, да не ме гледаат. :fubar:
     
  19. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Сакам да кажам...

    Чудна вечер. Градов е преполн. Харис растур направи. Дефинитивно е срушен рекордот оваа година и тоа само со третава вечер. Утре ќе биде хаос. Се радувам за градов. Имаме огромна заработувачка. Туку јас сум само гостин, ништо не добив од ова.
    Како и да е Прилеп си го сакам осамен. Не љубам гужва. Ми се лоши од турканици. Сакам мир. :)

    Уште 13 дена и заминувам на одмор. Конечно да се одморам од се.
    Денеска цел ден го поминав со личност која ја обожувам, која ми е се'. Најубаво е кога си со саканите личности. Се каам кога порано не му одвојував време како сега. Го сакам. :inlove:
     
  20. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Сакам да кажам...

    СДК овие моите комшии стварно не се нормални ! :fubar:
    Уште од 8 часот имаат ставено озвучување во двор и си прават караоке луѓето. Цело мало ечи. |(
    Од Цеца и разни турбо-фолк песни стигнаа да ја испеат и "What a Feeling" !
    Aло, часот е 02:30 да незнаевте! :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.