Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.406
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, уште ми се врти - не од алкохолот, ами од возбудата која ме пратеше цела вечер.
    Се изнаигравме на песните од RHCP и не можам ниту да ви опишам колку бев среќна, беше тотално мој овие неколку часови, а си мислам дека само пола саат сме играле (а ако се лажеме, да) - многу брзо ми помина времето, ненаситна сум, знам! :devil:

    И да, имам ново аватарче, и сдк дека сакам косата да ми биде ваква по боја како оваа. :(
    И ќе си легнам, ми се врти во главава цел можен ден, ич не се осеќам добро, а толку ми е убаво и едноставно уживам во вечерта, иако ми се спие страшно... :doh:
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК ептен јако е чувството коа од центар на прекрасново ноќно летно време се враќаш во 2 сабајле на точак и позади тебе останатите пешачат 8) Многу убаво ми беше, од кога немав возено! Преубаво, сакам пак. :inlove:
     
    На Jojoba и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Сакам да кажам...

    Жени.
    Бунар.
    Мисли од длабочината на потсвеста - зошто жените се вакви, а мажите онакви. Сега, тука и овде.
    Ко маѓепсан круг, стари муабети, нови времиња.
    Што ми се фини другарките. Срцки бе. Навистина. Не се ко некои досадни, опсесивни и злобни.
    Онака, девојки со душа.
    И сите сингл.
    Мажи, ако читате - ваша е загубата.
    Трчајте по препечени копанчиња во соба 1 на 1 м2, и шетајте ги на Ленинова додека се смешкаат, а немаат поим што се дешава.

    Падна договор за пијана лубеница.

    Парк и носталгија за една одмината младост.
    Леле, истите фацки од пред 10 години пијат на такозваните сепариња.
    Они се мислат уште млади или јас троа сум остарена?

    :drunk:
    простете на евентуални правописни и граматички грешки.... сите сте убави и фини.
    До следното виртуелно пишување ...

    Ваш мирисен ТрендафиЉ :wasntme:
     
    На mims-89, Theodora, LivingGlam и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Сакам да кажам...

    Овој пивофест не испусти цел град. Не велам за забавата, журката е одлична, секаде има музика за сечиј вкус, но сите тие гужви, турканици... за чадот од скарите нема потреба ни да зборувам, се надевам дека можите да го доловите чувството... одвратно! :puke:
    И со глава се кладам дека тоа ловечката е од којзнае какво месо (пред пивофестов немаше ни едно куче-скитник :?: )... ама затоа јас се накалапив ражничи и стек-мешето ми е фул.
    Морам да признаам дека Харис ги натера сите прилепчани да паднат на колена... и сите гости од останатите градови-направи одлична забава и според мене тој требаше да биде специјалниот гостин на пивофестот, а не Чола.
    Морам да ги пофалам и дечките од Van Gogh, :!: особено за лудо, луда их каков кеф на душата ми направија... :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Сакам да кажам...

    офф леле...што ми требаше ваква вечер...арно си бев паметно мирно фино и повлечено девојче шо не излага од дома....ах глава ми бучи, ко да ми вика скини ми-фрли ме...не се секирај одам идам да пијам кафе, ке преболи.....стомакот, пишти ли пишти, ко музиката од диското у него да влегла, свири, срце тоа...не се секирај и ти, идам сега сендвичи да јадам, ке те нахранам....а нозеве...е ке се запрашам дали пак ке ве облечам, штикли глупи, од 15 цм што ме натеравте шанкот да го потпирам цела вечер, место да денсам...ах....само креветот ми е верен другар...плаче по мене, ме бара....душа тој бе....ајде идам накај тебе, немај гајле, легнувам одма....добра ноќ на сите.....
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Сакам да кажам...

    За харис мене ич не ми беше убаво, сето пијани будали околу мене беше ;)
    Ван Гог беа најдобри овај пиво фест беше најубав од сите досега а тек утре следува главното ;) :lol: :lol:
    Вашата КРЕЈЗИ :*
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека како идиот се осеќам понекогаш кога се радувам за толку банални и мали работи, ама не можам да си помогнам. :$
     
    На L-enna и baguf4e им се допаѓа ова.
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Криво ми што целиот досегашен живот го потрошив во залудно помагање на секого а кога ми беше најтешко никој не се сврти и не ме праша како сум, како ми е , како јас се чувствувам.. -ме разочараа, од тие што најмногу очекував добив НИШТО!








    ФАЛА! сега, го знам патот за понатаму! ;) ;)
     
    На EnnieFabulous му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Сакам да кажам...

    СДК, вечерва претерав со трошење пари. Брат ми го носев со мене и морав да трошам и за него. Сепак, не си поминав лошо :)
     
  10. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Сакам да кажам...

    Не ме чуди..Скоро секогаш е така за жал...
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Поголем дебил од мене здравје, толку да сум смотана, што би можеле за 8 светско чудо да ме прогласат...

    Незнам како човек да си легнам во пристој време, тоа никако незнам, туку само мене во 5 саат сабајле да ми текне да се лакирам. Ццц скоро сите спијат а јас усмрдувам куќа на лакови, ацетони и што ли уште не...
    Гајле ми е, моите ноктиња ми се богатство, поготово сега кога ми се сите на број, баксузоното прсте излезе од ханзаплас, а колку долго тоа не се знае, ќе видиме...

    Сакам многу лакови, сакам гел за надградба, сакам да можам да нарачувам од Е-беј и Амазон, сакам секогаш ноктињата да ми се спастрени...

    А тоа што сега дремам и ги чекам да ми се доисушат нема врска, битно ја ги сликав и ги ставив соодветна тема, другото воопшто и не е битно, нели?
     
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    6 саат помина, а јас уште не сум си легнала. :|
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    СДК прво дека не е нормално јас темава да ја посетам во точно 6:05 мин. колку што е точен мојов часовник доброволно. И тоа со шолја кафе пред мене...добро диетално, за слабеење или како и да се вика! Не заспав цела ноќ и не знам од која причина: денес не треба да се случи ништо возбудливо, барем така мислам :?: ...а инсомнијата може да е последица на моите меури или како и да се нарекуваат во медицината на грбот, поточно на ’рбетот од прекумерното сончање без употреба на чадор или млеко со заштитен фактор 50!! Е од сега без толкав фактор на плажа не се појавувам!! Се уверив себеси дека јас не сум од тие кои добиваат лесно чоколаден тен (всушност јас никогаш не добивам таков тен) и џабе се шечам, варам и пржам на штетното сонце и се изложувам на се и сешто!! Ова ми е последно лето со вакви чудеции по телово!
    Како и да е, ноќва ја поминав будна, со вечера (или појадок беше тоа :^) ) во 2часот по полноќ и со „Го сакам Париз“ во рака. Фала ти Линдзи што ја создаде Анџела да има кој да ме забавува кога со сигурност сите спијат (освен моите соседи дојдени од Америка, кои пред 5 мин. се вратија :D ). Го прочитав и Париз до последната страница, обидувајки се да мислам на содржината повеќе отколку на болката од моите т.н. меури, ама безуспешно!
    Не е важно, ноќта помина како помина!! Денов не ветува многу!
    А сега Ејнџел да си го испие на раат кафето и да си изгледа уште една епизода од омилената и шпанска серија преку нет (луѓе даваат ли на тв нешто шпанско, турскиве преку глава ми се дојдени и преку нешто друго што го немам :lol: )
    Ајде добро ви утро и уште ви поубав ден!!! :*

    П.С. темава ми стана како дневник, треба да ме бркате! :rofl:
     
    На AmandaS му/ѝ се допаѓа ова.
  14. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    И јас исто..не ме фаќа сон никако
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Што е убаво дома под клима, а кога ќе се сетам дека утре е работен ден, па маткање низ автобуси со испотени тетки и мужишта кои креваат раце што повисоко со неизбричени мишки, бљак. Мамо врати се да ме носиш на работа :lol:
    Баба ми ме дави доле, јас не сум и издувен вентил на нејзините проблеми, цел живот само ме дави за проблеми нејзини со стрина ми и комшивките, еднаш да ме прашаше дали јас сум добро, дали ми треба за јадење сега кога сум сама 10 дена веќе? :x
    Чекам да ме соберат, да одам на ручек, а и синоќешната пица беше топ :wasntme: Сум качила неколку килца, моето тело кога сака си слабее, сега пред лето ем ништо посебно не јадам ем пак имам спојлерчиња. Вчера газето си го гледам и оп целулитче. Одма сатвата и масажерот, имам уште 1 месец треба тоа да се среди. Ама гајле ми е дал имам +2/3 килца, битно среќна сум и најадена :D
    Синојка си го гледавме заедно филмчето со акитата Хачи, он гледа сериозно, а јас плачам, многу ми е потресна приказната. Отидов после тоа и си го гушнав кучето :$
    Уф веќе сафра ме фаќа, сите спијат, надвор пекол, морето е 500 км подалеку од мене, а така би му се џитнала и со се облека :wasntme:
     
    На Strumfeta93, marama, OzzyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека уште ми е загубен багажот. Да ти е*ам авионите. Денес пат кон север. Планините се мојот зен. Барселона ми е во срце и маст го агаин дестинација. Град кој како и Берлин живее 24 часа. Во секое ќоше се случува нешто. Не може таму да ти биде досадно. Уште сум под импресии.

    Си зборев со мојата Мила. Си мјаукавме, се договаравме што ќе носиме на свадба. Сакала во исто да бидеме облечени. Ах животе ти благодарам што ми ја дари. Нејзино постоење - мое постоење.
     
    На la-chicka, lunicka, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам...

    СДК Ми здосади веќе ова лето се тоа па тоа а жешко е не се трпи.Да залади малку времето не ќе биде лошо :) .И да овој новиот чет на Фејсбук ме нервира та нема крај,звучниците ми цркнаа се чудам уште што нема да се расипе ах пуста технологија мака мачам.Сакам да одам некаде на некое мирно и тивко место да не се замарам повеќе со никој и со ништо.
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Добар јутар. It is I, Phyramide :)

    Изгледам ко теткица после бурна ноќ со муштериите. Шминка неизвадена, коса палаво фатена високо во пунџа, гаќите ми искачаат од моите секси, ултра кратки хелоу кити пижамчиња - тетка ми за нив ми рече еднаш - „ама овие ти се ептен секси, ај сега оди сокриј г’зот“ :D

    Убаво ми е и си рипам како дечките од Take That во оној спотот KIDZ :D Знаете дека ги обожавав како единствен boyband на времето? :wasntme: Сите се трескаа по New Kids или Backstreet, не бе јас овие ги обожавав до даске.
    Па и не се толку лоши до ден денес а? :^)
    Како и да е ми подигнаа расположение од сабајле. Прво на нив налетав кога уклучив VH1 и спонтано почнав да рипам без концепт или кореографија.

    Недела? Преубава. Треба да сум сега покрај базен, ама нема, ме чека поубав план.

    Одам со рипкав чекор да го злоупотребам денов 8)

    Ла - ла - ла - ла лалалала! Хеј! :dance:
     
    На mims-89, Strumfeta93, Sparks и 4 други им се допаѓа ова.
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    Сакам да кажам...

    уште неколку саати ме делат од Здравко Чолиќ... :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Pelikuna и crazylady им се допаѓа ова.
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Значи ljubam е празник за очи кога се чита :) некој и на Чолич ке оди,сакам и јас,ама немааааа ;( секогаш си ветувам дека нареден концерт ке одам па што сака нека биде ама ништо од тоа.Сега пак ке си го поминам денот во двор,ах убавини :rock:
     
    На crazylady и OzzyAngel им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.