Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Сакам да кажам...

    СДК се чувствувам многу глупаво и збунето.
    Чувствувам длабоко во мене еден коктел од разни чувства. Добро промешани, што во секој момент можат да избијат од некоја страна.
    Уф, сакам да се релаксирам, да уживам и да не се нервирам за секакви глупости. И знаете што?
    - Тоа и ќе го направам! ;)
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Како лесно можело да престане да се замара човек и да не мисли на шит работи.
    Многу лесно... :lol:
    Како да мислам сеуште на него кога другите не ме оставаат ни на секунда :P
    Добро недела дена доста е и јас мислам.
    Сега не се концентрирам на ништо, ги пуштам работите да си се движат самите како што си тргнале, јас само си уживам и да најбитното не се замарам со ништо :P
    Да, ме прави среќна вниманието што го добивам од сосема непознати фаци кои искрено не сакам ни да ги запознаам 8) :emo:


    П.С. Чувството кога се запознавате со некого, му го кажувате своето име, а тој од трема наместо да го каже неговото го повторува вашето име :rock: :lol:
     
    На Strumfeta93, julie77, FBI и 3 други им се допаѓа ова.
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Чувството кога сфаќаш дека не си заборавил да вртиш хулахоп.

    Ммммм, ми лајк ит. :)

    [​IMG]
     
    На Hipica и SexyLady им се допаѓа ова.
  4. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Сакам да кажам...

    Најглупавата грешка во животот е да мислиш дека оние што те повредиле еднаш нема да го направат истото.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    СДК седам ,се досадувам уште во 9 саат и се размислувам што да правам денеска. :^)
    И чекам.
    Го чекам утринскиот пост на Пирамидава. :)

    Ајде добро утро женски (и мушки) ;)
     
    На sesilija, FBI, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добро јутро радни народе :yawn: :coffee:
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Знаете што ми се прави? Ми се опнуваат бикини, кратки, лесни шорцеви, цвикера на глава да ми ја подсобере разбушавената ми коса и ми се иде кај некој во куќа - некој што има базен по могуќност и ми се чисти базенот и коси трева. Потоа би ја подготвила скарата, би го снабдила шанкот со пијачки и би свикала лепо друштво - би направила многу шарена и разиграна pool party 8)
    Ми се прави некоја ваква механичка работа која не инволвира активирање на мозочни ќелии и која завршува со добро изладено и миксано летно коктелче и со усмрдена облека од скара. Со рипање во базен, со заразно смеење на лежалка во прегратките на најдобриот другар или пак сокриена во нечии моќни, сепак нежни раце кои ќе ми го скокоткаат стомачето :wasntme:

    Би пуштила добро музиче. Чистејќи и средувајќи би се движела во ритам и би си подрипнувала по тревникот - оп едно бубаче згазнав, оп уште едно, оп Индијанецкојсединагранкатаоддрвотоисечуди, оп ама ми е убаво!
    И потоа би се трудела сите да ги разиграм на журката. Само ако најдам некој без плескавица во рака или коктелче. Хасан cuts правам!

    Сонцето пече, сите мирисаат на кокос или ванила, или Блек Ап. Сите сме испотени но на никој не му пречи тоа, затоа што ни е убаво а јас сеуште се тресам во ритам.

    Убави работи се случуваат се додека не зајде сонцето и потоа сите заедно пуштаме да летнат по неколку тајландски лампиони за среќа (ако ви текнува на филмот Beach) епа баш такви :) Прекрасни се. Ги обожавам. Минатото лето пуштивме такви 3 и направивме шоу на брегот а богами и добивме аплауз од 30ина полски туристи. А сепак не немаше во Ohrid news :lol:

    Ми се прават со еден збор убави и инспиративни нешта. Не ми се седи на место каде што толпата ми ја убива мојата оригинална инспирација и обид за уметничко презентирање. Тоа дека очигледно зборувам кинески и група на луѓе со точни епитети не ме разбираат, на тоа се навикнав веќе.
    Ама немав навистина поим дека понекогаш зборувам со редок дијалект на племе од Мозамбик, јазик кој е веќе на листата на изумирање.

    Нејсе. Јас се згреав и насмевнав во мислите.
    Можете да ме замислите? Јас веќе си го направив филмот :D Овој мојов ќе се вика Хедонизам и безделничење во...локација засега непозната. Сите сте поканети на журката - само нека ми се јави некој со куќа и базен желни за чистење и желни за летни палавштини :call:

    Сценарио: Phyramide
    Режија: Phyramide
    Главни улоги: ние
    Музика:
    The Cuban Brothers - A Million Stories (главна тема на филмот)
    Hott Toddy - Mindtrip
    Hardsoul feat. New Cool Collective - Bounson
    (албум: Hed Kendi - Beach House 60)

    За постигнување на посилен ефект односно поверодостојно летно мечтаење и филмање, се препорачува однапред да се пушти soundtrack - от :D
     
    На mims-89, Strumfeta93, happygirl и 16 други им се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.396
    Сакам да кажам...

    добро бе луѓе знам дека сум убава :lol: :lol: :lol: знам дека од одмор имам фатена убава боја. Но немораше да ме урочите, па ке ме убиете бе. Сдк дека вчера ужасно за прв пат во мојот живот ме болело глава и дури не успеав да се вратам дома истурив црева по пат :puke: се молат сите граѓани да не даваат комплименти во ова време од годината затоа што со тој комплимент може да завршиме фатално :lol: :lol: :lol: добро е утрово сум жива и здрава не се откачувате лесно од мене.

    п.с. и јас сакам на журка со пирамитка
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    СДК дека некогаш ги читам темите Брак, Семејство, Деца и не можам да се изначудам. :o Не сакам да коментирам таму да не речат дека се мешам во секоја каша, ама некој ден ќе земам да ги затепам сите од таму.

    Секој втор муабет е дека мажот си нашол некоја да го пере, да го пегла, да му чисти и да му готви, па сега се шетал, не идел дома, бла бла бла... Е, па, додека има овци, ќе има волна и ќе има кој да ги стриже! Зошто мажот да не биде тој што ќе пере, па машина треба да вклучи само. Готвењето се учи лесно, а и чистењето не е некоја голема филозофија. Па што е тогаш проблемот ??

    Амаа нее, нашиве балкански мажишта се научени да седат со дебел ланец на врат и чекаат да им се принесе. Тие се ГЛАВНИТЕ, тие се мажиштата бе. Жими мажов ако не знае да пушти машина, да исчисти или да седне да учи со децата. За што е тој дома, за да вегетира како некој бог ?? Оооо, гревчиња, заглавени во 15 век. Една временска машина за тие, молам!

    Додуша, мајките и жените се криви. Ги гледаат и машките деца и браќата и синовите како да се којзнае што. Абе ајде, не знае тој такви работи, машко е. |( Аша ако е. Кој како си ја наредил на крај краева, секој сам одлучува во која улога ќе се постави и како ќе го третираат.

    Баш пред некое време, кога бев на гости кај едни роднини, си дојде братучедов од работа заедно со мајка му. Тој се бапна да спие, а мајка му зема да прави ручек, додека се правеше тоа зема да запегла и на крај пушти машина. Го доправи ручекот, а младиот господин стана од спиење и не сакаше да стане ни едно чиниче да си земе. И се разика затоа што не ставила и за него. А таа кутрата и беше страв да го разбуди, да не ја карал. МЕНЕ некој ден син ми да ме кара затоа што го разбудувам да јаде, толкаво магаре од 30 години да не знае да си земе чиниче - ма низ врата бе. :fubar:

    Е од такви ми се повраќа. Подобро не се мажам, ама за таков да се омажам - јок. :x
     
    На mims-89, la-chicka, Strumfeta93 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    3 години без тебе татичко....место топол бакнеж...бакнеж ладен мермерен ;(
    Синоќе те сонував...весел насмеан,разигран со чаша пиво...сакаше да не носиш на одмор ;( Барем на момент те имaв со мене ;(
    Проклето фалиш...додека сме живи
    [​IMG]
     
    На la-chicka, Strumfeta93, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  11. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас веќе не верувам на никој, ама баш баш на никој!! видете сега, купив еден скап прслук за топ, мн убав и најверната другарка моја ми о побара и ми го носи 3месеци и вчера си го земала за на одмор. ЕЈЈЈЈ, чекај малце ти ме праша ли ма прво? и уште си се чудам коку сум глупа. Денес вистински пријатели-амин и чао пријатно. тоа е.. жешко, досадно ууф што би сакала сега да го имам најголемиот вентилатор на светот :lol:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Сакам да кажам...

    денес пак е се во најдобар ред :) брзо се опоравувам од с**ња. се апстрахирам, јадам Nirvana, пијам Sangria, "Fast car" ми ги гали ушињава 8)
     
    На mims-89, la-chicka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес е 19 Јули 2011. Овој ден ќе биде само еднаш. Ќе дојдат многу други 19 Јули ама ќе биде 2012, 2013 ...
    Затоа исцедете го овој ден до максимум.Цуцкајте го како со најмалото цефче кое постои. Уживајте во секоја голтка(која вие сами ќе си ја направите слатка). Нема место за непотребни нервози, солзи, лоши зборови( за кои подоцна ќе се каеме). Секој плус ден, ни е дар и затоа бидете среќни, бидете благодарни и не се трујте со непотребни работи. Еден ден ќе седиме како стари баби и ќе си велиме -Ех да имав сега 15,20,25,30 години, се ќе беше подобро. Ама нема. Затоа денес искористете се' до максимум, утре ќе е нов ден, овој нема да се врати.

    [​IMG]
     
    На girl.23, Hipica, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Како после да не ги сакам понеделниците, после вчерашниот ден, попладневно тричасовно излежување со мирисот на Блек Ап маслото за брзо потемнување и оној на преубавите праски, џагор на лето во воздухот, подоцна заменет со шум на бранчиња и ретки пловни објекти кои ја бараат финалната дестинација и луѓе кои го пакуваат својот инвентар за плажа, она чил чувство врз кожата кога сончевите зраци ќе исчезнат зад хоризонтот, во меѓувреме природата богато ја распостила својата највпечатлива палета на самракот. Сакам самрак и сакам да го гледам тоа пакување, заминување и повлекување кога останува само природата на истото место да ги пречека повторно вљубениците во неа, со иститот, но и променлив релјеф, на истиот, но сепак поинаков начин толку пати во текот на толку развлечена временска дистанца, секогаш за различни луѓе со исти соништа, стравови, болки и радости во текот на постоењето.

    Па, за кратко време I was out & I was HOT :devil: :emo: !!! Фустанчето купено пред неколку години ја имаше својата премиера и црвените штиклички оставаа трагови по добро познатите улици, кои ги подзаборавиле моите чекори. Па морав да ги втиснам пак и испратам една јулска ноќ во незаборавот на спомените! Не поради некоја спектакуларност туку поради совршенството на едноставно убава ноќ!
    И само некој да ми рече дека мрази понеделници и лето - тепам, :punch: !
    Вторников мрзоволно се влече како што се влечам јас со колоритни пижамчиња сеуште и е спокоен како лелеавата пунџичка на мојата глава и одам да го вкусам сладоледот кој ме чека исто така спокојно и Марко спокојно се излежува на својата нова локација - сега е господар на ходникот! Доста спокој кој ќе се дисбалансира кога ќе морам да заминам за на работа што ќе биде прилично наскоро!
     
    На julie77, Marilyn-Monroe, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Сакам да кажам...

    Уф каков грозен ден-.- Лошо почна, претпоставувам така и ќе заврши.
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ме фасцинира човековата потреба да докаже и покаже се што не е, никогаш и не било. Ќе испреврти се, дококлку е потребно... ма, уздуши-попреку ќе те однесе, чисто да ти го привлече погледот кон магијата на неговата претстава од сенки.
    Но, се прашувам, нели по многуте претстави изведени пред најшареноликата публика, по нивните бисови и бројните телевизиски сапуница репризи, успеаја да разберат дека, повторувањето е во буквална смисла, мајка на знаењето?!? Дека, колку го повторуваш тоа исто сценарио, толку поголем простор за грешки, толку поголем простор за критика?!?
    Зар и по цена да бидат откриени, да бидат демаскирани го прават тоа?!?
    Хм!
    Занимливи примероци се тоа, посекако ми го крадат десново око, како поостро, за разлика од левово кое малку затајува во „зум ин“ анд „зум аут“ процедурата. Сепак... и двете се љубители на голотијата, па дојди ми со што е можно повеќе облека, тони и тони тежок штоф обвиени околу тебе да можам те одвиткам како новогодишен подарок. А, потоа?!? Потоа ќе се правам на изненадена од виденото... ах, голо тело! Голотија! Створ ко од мајка роден.. без шминка, без парфемизирани креми и мачканици и без, без, без и без тоа без. ГОЛО бе голо!
    Кој ли по ѓаволите ја натерал Ева лакомијата да го касне тоа јаболко. Зар за едно јаболко ти лаком заднику не натера сите сега да патиме од комплексот на наконтени принцови и принцези дури и по ваквиве тропски горештини, кога човек може слободно да истрча ко гол пиштол на среде улица и да пука по тоа небото во ритамот на Хакуна матата.. белким ќе заврне тогаш, е баш тогаш ќе е ќејфот. МЕРАЦИ! Ама, лаком газ трагедија!
    Со каква боја сум во твојата глава?!? - ме прашува.
    И како да останеш рамнодушен или верен на својата искреност без малку да го подлажеш, пак да не збориме за многу.. а ти се сака богами многу, ти плаче тоа јазичето, се препелка внатре да тресне што е можно поголема глупост, чисто да го видиш како мало дете како му се радува на сладолетчето, пак го лиже, го лиже, а ти му се смееш... од ножните прсти го вадиш тоа грчевито смеење.
    Сина, му велам... со зелени детаЉи!
    И слушаш тишина. А, знаеш у глава му се дешава скандирање и она пригушено АААААААААА со тупот на петици. Е, ај кажи му безбоен си ти душо... боја добиваш, само доколку некој будала се одлучи да ти даде од својата! Кажи му го ајде и види како си заминува, а тебе ти се сака да си поиграш со него уште малку :wasntme: па уште малку и така... уште ПЕТ МИНУТИ мамо ветувам! :shake:
     
    На Estelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека направив нова тема во Храна и пијалоци, за киселата вода. Ѕирнете ја. ;)
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Не можам да сфатам колку охриdskata библиотека не е снабдена. Денес ги барав:
    Вероника реши да умре
    Озборувачка
    Дали ме чекаш
    Рингишпил
    Порака во шише
    И од сите овие само Порака во шише ја имаше, Рингишпил била земена, а другите ги немало!!! :o Што библиотека ќе ја беа, аман????!!!! :?:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК Нова Година е далеку......ама уште сега знам што ќе посакам кога часовникот ќе отчука дванаесет.
     

    Прикачени фајлови:

    • SuperStock.jpg
      SuperStock.jpg
      Големина на фајлот:
      66,3 KB
      Прегледи:
      176
    На ozbilnazena и Tanny им се допаѓа ова.
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк утрово ме изненади едно вакво нешто :o
    [​IMG]
    А јас се мислев дека е машко :D Си закаснив на работа затоа што морав да се вратам назад и да го разбудам син ми и да му кажам дека имаме принова :D летна дете од радос ... целата изненадена лупнав како од пушка ... дете оваа била женка :) а јас цело време мирен Џони :D затоа сирота ме гледаше збунето :D
     
    На Theodora, mims-89, la-chicka и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.