Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    I can't change the past, but I can change the future.
     
    На martinuska и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Сакам да кажам...

    Its ok , I got lost on the way , but Im a supergirl and supergirls dont cry :wasntme:
     
    На TheCandy880, zhap4e и Victorya им се допаѓа ова.
  3. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Сакам да кажам...

    Сдк дека сум преморена, дека ми се спие ужасно многу, утре треба да станам во 7 часот, а пуста мрза не ме пушта да си легнам, што ми е убаво да зјапам во мониторов... :@
     
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Ми нема ништо поубаво од искрено смеење со еден од најверните другари што ги имам, тоа е факт. Чудно е како може некој совршено да те разбира, да те смее, да те слуша и да те советува...

    Со зборови кои ги бира внимателно, со песни кои знае дека ги сакам, со став каков што знае дека сакам... Чудно е навистина како може некој да ти е толку близок, а да не го гледаш воопшто како машко, туку како некој што знаеш дека е секогаш тука, и дека не би дозволил влакно да ти фали од косата.

    Знам дека нема да го прочита ова, ама морав некаде да му кажам колку сум среќна што го имам, и дека едвај чекам да го гушнам.

    Другарче мое, you :rock: и многу те :l:
     
    На LivingGlam, mims-89 и sesilija им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК утре ќе одам да прашам за работа... Држете среќа феминки да не паднам и таму :worried: :worried: :worried:
     
    На crazylady, Buttterfly, minne-mouse и 12 други им се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ај неможам ради пмс да се здебелам едно 5кила :devil:
     
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Не се чешај кај што не те чеша. :!: Е баш така, убаво рекол народот ...
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми текна кога бев Милано.На плоштад а таму црни птици и странци кои позирааат со нив.Еден типец шета наоколу со семе и ти го дава во рака ( притоа наплаќа ) без предходно предупредување..вија чавките се берат.А јас пустата се плашам од нив ( џоа ќе изрскам в гаќи ако ми се приближи некоја ).Ми пријде овој насмеан и ми даде нешто во така."Пријателките" се собраа , јас цела во паника ја фрлив пченката , ми се заплетка во косата па почнаа да ме колваат на главата.Е ЛОМ ! Така испаничена со чавки во гнездото пиштев низ плоштад и бев главна туристичка атракција.Другачката моја за малку ќе се упишќеше па ќе имаше јас на што да се смеам..не и е прв пат :D Еден од моментите е овековечен во нечиј фотоапарат , но незнам кој ..се надевам нема да ме уценува!Бел ден да не видат сликите :tmi:
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека... не можам да одолеам на корнфлекс. Повеќе се сакав пред 1 месец. Пред 2 дена плачев. Сабота сум на свадба. Ноктите ги лакирав темно зелено. Немам земено 18 дневници.

    Секоја година, различно доживување и преживување на нештата.


    Градов е мал.
     
  10. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Имам насмевка на лицето, од увце до увце! Секогаш се се случува со причина нели, плус ако тој од горе смешал прстиња можам само да му кажам БРАВО ЦАРЕ СВАКА ЧАСТ!!!
    инаку топ ми е без него, плаче и цимоли по тел ама џабе му е! пеперутка90 не те прима назад, за да не те гризе совест ти прости, ама тоа не значи дека ке се смириме
    скд 2 ми се спие
     
    На palavoto.devojce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тажна сум многу, неописливо многу! Толку многу планови, ништо не изреализирано! Толку многу амбиции, се мачам да ги достигнам. Толку многу љубов, која сакам само на тебе да ја потрошам! Се чувствувам беспомошно! Како се да стои во место, како само јас да се движам до негде и пак назад. Само некој почетоци! Непожелни... Убави моменти ме очекуваат, ама те сакам тебе-вечно покрај мене! Не си најсовршен, ама за мене си прекрасен! Чувствувам некој страв, непознат...или познат! Толку променливо расположение, што мислам дека и времето се смени заради моето расположение а не обратно! Зошто за се треба да се мачам во животот?! Ништо не сум стекнала без труд...не сум се исплакала без да се намачам да ги антерам солзите да протечат! Левото око одамна не пролеало солза, не дека е сосила...ама не оди! Ништо не оди, па дури ни тоа! Се ми е така измешано... Премногу се навикнав на тебе, премногу те засакав...сите планови ми ги пореметуваш! Несакам да постои "ако"...ако вака биде, ако така биде! Нека биде така како што срцата ни посакуваат! Нека победи љубовта, веќе еднаш! Редно е ! Ако постои, а знам дека постои! Те љубам и несакам да те изгубам! А промени не очекуваат, многу ми е страв! Само на арно нека биде! Така ми било пишано... да се намачам!! Ама знам, ќе бидеме секогаш заедно, се заслужуваме еден со друг! Заслужуваме да бидеме среќни! Заслужувам да се насмеам и гордо да кажам Да победивме и успеавме, заедно сме и убаво ние ! Успешни и во кариерата, како и во љубовта! ;(
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ахх :sweat:
    си заглавив јас така добро во WC и не сака бе,не сака,што чудо си бе какно :D едвај некако,ама ми се оддолжи ме боцкаше дур излеваше мњаммммм кој филинг е тоа а :D
    него ај нели да пуштам вода и гледам тоа гом*ето ми е е по слабо од на дечко ми алатот :lol:
    цигарче седи си мирна и сонувај си за анален секс,партали ќе те направи мории :D :D
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК дека тој лапна матна вода. Goodbye my love.....
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК добро утро :)
    Јас пак не спиев, седев до 5 тука на форумчето, потоа седнав да читам книга дури заспијам, ама не заспав, ја прочитав книгата. Сега ќе одам да исполнам некои роднински обврски. Нема смисла да легнувам да спијам во 9 часот. Подоцна ќе преспијам.
    СДК ме гушкаше пред да заминам. Цврсто. Убаво ми беше.
    Имајте убав ден феминки :*
     
    На The.Fame.Monster, teddybear, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум баксуз! :(
    Ама морам да кажам зашто :$ сабајле го скршив капакот на вц-школката, задоцнив за автобус, а со тоа автоматски и на работа, и башка си го заборавив мобилниот дома :mp: и денеска сум како мувичка без главичка!
    Ах мои феминки... :*
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.679
    Допаѓања:
    22.791
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ме каснал комарец на прстот на кој ја носам бурмата, веднаш под неа. Значи...некои работи само на мене може да ми се десат. :x ММ па уште ме зафркаваше сабајле пред работа: „Ова ти е како предупредување шо ќе ти се деси ако те видам без бурмата...“ демек ќе ми го откинел прстот. Душиче, коа не е наспан смислата за хумор му е крвава. :lol: :* На него му е смешно а мене ме чеша ли ме чеша а не е местото погодно за чешање (просторот меѓу 3 и 4 прст) :sweat:
     
  17. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Сакам да кажам...

    Ми се спие Бре :@ ! Незнам со кој памет станав од 5 и 30 како некој вампир :swear: :@ :@
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Еј девојки, петок! Добро бе времево брзо минува или јас живеам во некоја просторно-временска димензија каде што се се одвива екстремно брзо, небаре некој стиснал fast forward. И после - зграпчи го моментот, е како? Освен со фотоапарат никако поинаку не е возможно. Имаше таков еден прекрасен филм, Cashback, сте го гледале? Типот имаше моќ исто како кога правиш фотографии да закочи момент кој решил дека му се допаѓа ете, да стисне пауза :)

    Фина моќ, би ја посакала и јас некогаш :)

    Него вчера правев муабет со една другарка, на тема - зошто постојат луѓе кои имаат потреба да се преправаат и да си се самопрогласат за режисери на филм во кој ја играат главната или споредната улога, ама битно ја играат. И изиграваат еден вид на Анџелина Џоли - сите ја гледаме и слушаме за неа, ти се пика под кожа затоа што едноставно ја има секаде кога треба и кога не треба, ама дали навистина некој со сигурност може да каже која е таа и што човек е?
    Манипулаторки кои ти влегуваат поткожно како еден вид на крлежи, толку се прекрасно бодликави и фини, просто ти иде пролив да добиеш од тоа колку си воодушевена од нив првично, се додека еднаш не изгори млекото и не претече лончето. Имав една таква во животот - и ја пратив на едно место по брза постапка кога и го открив сиот оној таен живот кој го води. Кога открив дека кутрата толку е изгубена во туѓи идентитети што самата не знае веќе која е и што е, ама така и одговара. Глуми да не речам пи*ка америчка, или интелектуалец кој најмногу од се е длабоко и суштински заинтересиран за узбекистанскиот независен филм, па потоа решава дека тајчи е супер ствар и вежба секое сабајле, па ме убедува како она битници одувек поштуе и Џек Керуак и е алфа и омега на нејзиното свесно егзистирање, како јадење месо не ја инспирира и решава да е вегетаријанец пошто се бори за правата на животните - ама на одмор јаде школки и лигњи пошто тоа не се животни а и уосталом зашто ја прашувам - одмор е , и кога е одмор не се замара со тоа дали смее или не смее да јаде месо, па ти зборува онака, en passant како се запознала со многу кул луѓе и како Митко и Перса се супер пар, али потоа откриваш дека го плескала Митко додека и бришела солзи на Перса кога и се жалела како не и штима сексуалниот живот со Митко...да продолжам? Не мора. Уште сто века да живеам нема да ги разберам особиве, но јас на некој начин ги жалам, иако знам дека се способни дрско и агресивно да манипулираат со добри човечки души, сепак ги жалам.
    Кутрите, па тоа се изгубени или непронајдени души. Талкаат низ светов а не знаат што прават во суштина. Живеат со маска докажувајќи си пред себе и останатите дека ја немаат. Па тоа маската за маскенбалот во Венеција толку силно ја залепиле на фаца што не знаат веќе ни кои се ни што се. А си имаат еден куп на резервни маски во ташна да си ја сменат у случај да наидат на нова жртва пред која мораат да се презентираат во најубави бои :)

    Така да за крај - бидете она што сте, макар и не сте најидеалните личности на светот (а кој е?!) барем ќе можете да се погледнете еден ден во огледало и да си речете - епа ова сум јас и никој друг, сите други се и онака одамна зафатени :) Немој да се срамите бидејќи немате абер кој е Насер Тагваи или кој е последниот албум на Имоџен Хип. Природно е да се праша, никој нема да рола очи за незнаење. Ама секој ќе рола очи ако одеднаш почнете да кажувате насекаде како Имоџен Хип ви е омилена музичарка од моментот кога прднала во пелени а до вчера што се вика не сте имале поим која е и дали постои.

    И да, не ми пишувајте мејлови како сакате да пиеме кафе, и како ви недостига моето друштво, не ме интересирате. Мене може еднаш некој да ме разочара - два пати е премногу ;)

    Посветено на сите wannabe somebody else луѓе па и на оние кои тоа не се и знаат вистински да уживаат и да го зграпчат моментот. Петоков такоѓе - enjoy!
     
    На Theodora, minne-mouse, lolyta777 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Порано кога одевме на одмор, седевме на плажа, се сончавме, читавме книги, се прскавме, пливавме, ќе седневме во некое кафуле, игравме карти, решававме крстозбор и судоку, а сега...
    Скоро на секоја плажа има wi-fi и секој втор е ставен на facebook.
    И што дека отиле на одмор? |(
    За мене одморот е баш одмор - да ја оладам главата од секакви грижи и проблеми дома, и да се опуштам и тотално да се одалечам од тоа место и да поуживам на планина, езеро или море, сеедно. Да го оставам малку facebook-от малку да здивне од мене, а искрено јас од него, се’ да заборавам, да поживеам малку.
    Сега се се сведува на она, статуси на фб како: „Чао Скопје! Идам за Охрид“ „Си седам на плажа и си уживкам на сонцево.“ „Поздрав од Охрид!“ итн инт.
    Како може да се ужива на плажа со лаптопот во рака? |(
    Искрено плажа и лаптоп не ми одат заедно...

    Него климата фина, кореспондира со датумот, гледам кажуваат поладно од предходниве денови. Чудно - едвај се осеќа.
    И до сега си се замислував како да сум на плажа, си се облеков во купаќи и си се сончав позади во двор. 8) Добро е што имаме висок ѕид со комшиите инаку кој ќе им ги собираше после очите. :wasntme: 8) ;) :D
    Другарка ми ми вика: „Земи си една гоолема слика од плажа и стави ја пред тебе во соба. Испружи си се на некое столче, пушти си музиче - звук од бранови како плискаат и гласови на галеби во далечина, намачкај си се со black up и насочи ги сите светла накај тебе. И уживај во атмосферата.:D Чукната. :D

    И луѓево од релативнава близина фини, ма ко од Финска да се. :mm:
    И по некое непишано, проклето точно правило - најфините најфино ќе те за*бат. Е сега ај да не се да ги однесеш на едно посебно место, па десно, по можност и лево ако сакаат. Сеедно... Неоспорно е дека ја имаат привилегијата...
    Најдобро по здравје, а и по психа е тие комарци на малограѓанството и филистерството да се смачкаат со тепалцето на игнорирањето.
    Понекогаш се прашувам, зошто наместо опција Delete од својот живот нема Avada Kedavra!
    Тоа сигурно би успеало, зашто знаете, како и на компјутерот - откако ќе delete-неш некој вирус од него, тој пак наоѓа начин да се врати и да ти напакости. Пих!
     
    На crazylady, mims-89, lolyta777 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.