Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    Станав сабајлево барајќи одговор на едно банално прашање. Зошто секогаш животот мора да биде круг?!
    Раѓање и умирање, ден и ноќ, некогаш си горе- некогаш си доле, сакаш и те сакаат.....
    И секогаш го сакам она што е погрешно, она кое ми нанесува болка. Токму она/оној кој не може да согледа колку вредам. Па мајку му стара, мислам дека ни диоптер 20ка, ни телескоп, ни микроскоп не би можел да помогне.
    Уф, лошо било да се разбудиш во три и да мозгаш буљајќи по плафон!

    Да преминам на друга тема? - Да. Тоа е најдобрата солуција. Милион пати имам докажано дека сум професионалец за закопување на чувства.
    Ќе докажам и денес.

    Го ислкучувам мозокот и не ми е гајле за ништо- денес! Може некој ќе биде отеран во ПМ, ама тоа онака попатно :D

    Останете ми поздравени девојки :*
     
    На rossonerka, crazylady, Theodora и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    Како се однесува македонец на плажа:

    1. Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред - 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

    2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрати на плажа - 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

    3. Ќе си понесеш лап топ, ајпод, блекбери, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба.

    4. Ако немаш сунцобран, намести се така што сунцобранот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. И нормално, ако планираат да го поместуваат, да – треба да почнеш да ццкаш и да префрлаш индиректно.

    5. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.

    6. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

    7. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.

    8. Задолжително купете од крофните што ги шитка крофнарот и ги допекува на сонцено цел ден. Освен крофна без лубеница на плажа не се може, а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

    9. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.

    10. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Србија која лежи 5 лежалки подалку од твојата.

    11. Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

    12. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол -инклузив!

    13. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.

    14. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија па не се слуша. Обавезно раскажи кај сте, што праите, колку ви е јако.

    15. Купачите најубаво се сушат опнати на сунцобранот горе.

    16. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија- кој вика дека не идат риба и баклава?

    17. Не си бил на море ако не купиш оригинална Луј Вутон ташна на плажа.

    18. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

    Охохо, чиста вистина. Ах, поздрав од фемина до црнобело, текстовите им се лудница. :rofl: :rofl:
     
    На la-chicka, crazylady, happygirl и 20 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Сакам да кажам...

    Абе будалче, требаше денес да пиеш, а не синоќа. Ама пиење еј... Ама така ти е кога газдата на кафичот има дебел повод да части. Се враќам дома и откачената ми сестра ми вика: "Да ти дадам лимон?", а јас, еј пазете одговор, "Што е тоа лимон? :?: " Утнав вечерта ама ајде...
    Инаку, денес патувам. Да излезам и јас малку од родното ми место. Најверојатно нема да се уклучувам неколку дена. ќе ми фалите бе ;( , ама заслужив и јас да видам што е живот.
    Ах, сега гледам и ноктот ми е скршен.
     
  4. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Сакам да кажам...

    Денес се чувствувам како печалбарските жени :| кога ги испраќале љубените на печалба.

    Ах, колку тие што се надевале дека ќе им се вратат љубените толку и јас се надевам дека ќе го видам барем уште еднаш. :)
     
  5. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Сакам да кажам...

    СДК имам ново аватарчее [​IMG]
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...



    :D :D :D :D Лелеееееее каква вистина!
    Особено 8 и 15! Цареви се мајке ми.
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... Ајде малку животни правила ... ;)

    Понекогаш, мислејќи за животот и за тоа што сè сте научиле, може да направите нов голем потфат во насока на негово подобрување. Па така, кога ќе се запрашате што досега ве има научено животот, можат да ви текнат интересни работи, кои би сакале да си ги кажете себеси како лекција кога би можеле некако да се вратите назад во времето. Ова се неколку примери за лекции кои треба да ги запомниме, а многумина од нас ги учат од секојдневните искуства.Лекции на кои животот не научил1. Поминувајте повеќе време со луѓе кои можат да ве насмеат и помалку со оние од кои чувствувате притисок дека треба да ги импресионирате.
    2. Никогаш не кажувајте му некому дека соништата не можат да му се исполнат. Ќе изгледате како будала кога ќе ви докаже дека сте биле грешка.
    3. Смејте се на глупави вицови, извинувајте се и кажувајте му на некого колку ви значи во животот. Тоа се мали моменти кои го прават животот голем.
    4. Животот е многу поубав кога ќе престанете да се обидувате да бидете кул и ќе се фокусирате да бидете свои.
    5. Премногу често ги осудуваме луѓето врз основа на првиот впечаток или недоволно информации. Наместо да ги осудуваме за она што го прават и она што се, треба да најдеме начин да сфатиме зошто го прават тоа и како стигнале онаму каде што се сега.
    6. Доколку сакате да се чувствувате дека сте богат/а, сетете се на сите нешта кои ги имате, а кои парите не можат да ги купат.
    7. Колку повеќе се познавате себеси, толку подобро ги разбирате другите.
    8. Не ви е потребен голем број пријатели, туку само онолку во кои можете секогаш да бидете сигурни.
    9. Луѓето на кои им е судено да бидат заедно, порано или подоцна ќе си ги вкрстат патиштата.
    10. Жалењето за нешто е како да си удрите шлаканица затоа што сте си удриле шлаканица. Не го решава проблемот, туку само повеќе боли.
    11. Никој не е 100% сигурен кога му се укажува нова прилика. Затоа големите можности во животот ни помагаат да пораснеме и емоционално и интелектуално.
    12. Без разлика колку многу ви е скршено срцето, светот не застанува. Утредента сонцето повторно ќе огрее.
    13. Научете да ги приспособувате вашите едра во животот на непредвидливи ветрови, притоа задржувајќи го фокусот на целта. Пловете сè додека не стигнете таму.
    14. Трошете помалку отколку што заработувате.
    15. Кога ви се чини дека немате ништо, некој има уште помалку. Пронајдете ги таквите и помогнете им, ќе дознаете зошто.
    16. Негативноста носи уште поголема негативност. Кога се фокусирате само на негативното, очигледно само тоа и ќе го гледате.
    17. Никогаш немојте да се каете. Доколку се случило нешто добро – супер. Доколку се случило лошо, тогаш тоа е ново искуство.
    18. Зафатеноста и продуктивноста се сосема спротивни нешта.
    19. Морате да создавате и да барате можности. Можностите и приликите во животот нема сами да ви затропаат на врата. Морате да ја преземете иницијативата во свои раце и да вложите дел од себе.
    20. Кога поминувате подолго време грижејќи се за нешто, едноставно само ја употребувате имагинацијата за да ги создадете нештата кои не сакате да ви се случат.
    21. Сите луѓе имаат проблеми. Само што некои знаат подобро да ги сокријат од други.
    22. Во ред е да бидете лути и бесни, но не и да бидете сурови.
    23. Кога двајца соработуваат наместо да се натпреваруваат, можат да постигнат многу повеќе отколку двајцата поединечно.
    24. Без разлика како нешто ќе заврши, секогаш излегува како што требало да биде.
    25. Не постои работа во која нема ризик.

    и една лесна песничка во склоп со моменталната летна атмосфера :)

    http://www.youtube.com/watch?v=fLexgOxsZu0


    Уживајте! :wasntme:
     
    На crazylady, teddybear, Estelle и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да кажам...

    СДК дека денеска открив уште една личност од мојов град на форумов.Личност што ми го згорчи животов,што не сакам да ја видам по улица а не уште да знам дека е на форумов :headbang:
    Кога ќе видам нејзино мислење искрено ми се повраќа :puke: а штета,за жал многу често налетувам |(

    Уф,уф,уф :@



    Не знам зошто,ама страшно многу ме бива за откривање на никови :?:
     
    На ViktorijaMari и martinuska им се допаѓа ова.
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека многу ја сакам оваа над мене :P :tmi:
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да кажам...

    И јас сакам да кажам дека многу ја сакам оваа над мене мартинушкава :)
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    УШТЕ САМО 55 ДЕНА И ЌЕ СИ СЕ ГУШКАМЕ УБАВО, УБАВО, НАЈМИЛО СОНЦЕ НА МАМА
     
    На la-chicka, bittersweet, happygirl и 29 други им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк сакам да променам нешто и да се почувствувам освежена да си удрам еден refresh :)

    Долго време размислувам да ја осветлам барем за една нијанса косата и секогаш се предомислувам кој ќе се замара со фарбање :?:
    Сакам пак да се вратам на играњето и да ги вратам стомачните мускулчиња пак и секогаш си викам абе жешко е не се танцува.
    Сакам да се видам со пријателчето ми најдобро од класот и тамн да се договорам тој заминува на одмор..


    Аххх желби,желби а понекогаш премално среќа-храброст.....
    Но полека полека се враќам во форма ;) така да ова со стомачните мускулчиња веќе започнува...Имајте убав ден а јас почнав да ги одбројувам деновите и едвај чекам сестра ми да се врати од Италија :) :tmi: можеби ќе се излаже да му купи нешто од таму :P
     
    На crazylady и SexyLady им се допаѓа ова.
  13. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Сакам да кажам...

    СДК дека ептен сум за...NEVER GIVE UP, IT`S SUCH A WONDERFUL LIFE....
     
    На Lepaaa, ViktorijaMari, Liebe и 2 други им се допаѓа ова.
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    Сакам да кажам...

    Кај си да видиш што се случува?? Кај си да ме утешиш кога најмногу ми требаш? Се остава ли младо дете само, кажи ми????!!!! Се остава ли се??? !!!!!!!! ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На Liebe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Сакам да кажам...

    СДК, татко ми денес ме поштеди од работа. Значи ќе си го посветам денов себеси и на мојата растурена собичка :)
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми недостига она чувство кога ќе признаеш некому нешто што не можеш да си го признаеш на себеси. Кога ќе ги извадиш сите свои внатрешни изливи и преливи во вид на мека провокација и ќе вчудоневидуваш. Гром од ведро небо. Премногу ми недостига. И она чувство афтер. Медови

    Размислував утринава, колку средината ја прифаќа твојата промена. Не пишувам за некоја видлива, и површинска, како боење на коса, менување на имиџ и слично. Онаа внатрешна промена кон некои мислења и креирање на нови ставови, која што би можеле да ја забележат само оние што се секојдневно во твоја близина. Сеуште те гледаат како ‘стариот‘ хомосапиенс и се ново им изгледа нестабилно.
    Периодов ми е душевно прочистување. Мора да признаам. Катарзата ја доживеав. Се чувствувам лесно. Сите бљувотини и нејаснотии се исфрлени, испарени, се тргам настрана да не ги вдишам повторно. Јас, некогаш би рекла, празен период, тапа лето и слично - но сега гледам поинаку. Многу работи си ги сфатив и ги согледав онака како што се. Пореална во животов не сум била. Јасни ми се сите односи, сите разговори, сите погледи. Некои ги прифаќам, некои не ми одговараат продолжувам надвор. Се смеам на сите ствари што ме засмејуваа порано, ми текнува на дешалици, каде што сум правела стомачни од смеење и се исполнувам некако на некој необјаснив начин. Контактирам со мили луѓе и споделувам.
    Не знам, се чувствувам дека на сите им имам простено. А никој ми нема толку згрешено. Можеби со мали постапки или непостапки кои направиле да се оддалечам. Се‘ може да се почне одново. Треба навистина да се сака. Знам каде ќе отпочнам, знам кои луѓе ми се потребни. Знам и на кои и јас сум им потребна. Знам кои луѓе се зад мене, во минатото, оние кои што се преобразија во интересни спомени. Знам дека не би сакала да ги приближам повторно да допрат длабоко во мене.
    Ќе поминам преку се, ќе згазнам преку грдава горделивост која најверојатно од татко ми ја имам наследено. За некои човечиња вреди.
    Да изгубиш многу со вистински пријател, боли милион пати повеќе отколку раскинување со дечко. Никогаш не сум се враќала кон минатото, поради причините, поради истата причина за која настанал крајот. Но не е така секогаш. Исклучок од правилото.
    Многу љубов кон оние исклучоци од правилото.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  17. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    ќе тупкаме у место (која европа за нас ли е европа) се додека има личности што мислат дека светот им е на дланка и дека можат се да контролираат и секого и да мислат дека се 24 часа во право 7 дена во неделата и 50 во месецот
    има прости без социјален живот разбирам сум видела ама ова до сега не...... смеете се и чудете се......ова кога ќе го прочитате
    поканивме фино лепо една особа с цел д апивниме едно кафе и подобро да се запознаеме ,дотичната друга особа т.е нејзиниот работодавец не нападна со погадни зборови дека не сни ги знаеле границите нападни сни биле и не сни имале почит кон установата нејзина...... |(
    од кога пријателството и запознавањето на др луге по овој свет стана нешто недолично
    проста една затоа не знаеш како изгледа полн :coffee: до прва ќе ти се пусти центарот ко немаш во таа главата наместо со положбата што ја имаш да ти се восхитуваме ти докажа колку прост може да биде еден човек ко тебе
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Сакам да кажам...

    Читав еден текст за тоа како ќе ги препознаеш Македонците на плажа...Лелее се згазив од смеење... :D :D :D Читајте го во спојлер е... :D

    Како се однесува македонец на плажа:

    1. Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред - 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

    2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрати на плажа - 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

    3. Ќе си понесеш лап топ, ајпод, блекбери, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба.

    4. Ако немаш сунцобран, намести се така што сунцобранот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. И нормално, ако планираат да го поместуваат, да – треба да почнеш да ццкаш и да префрлаш индиректно.

    5. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.

    6. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

    7. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.

    8. Задолжително купете од крофните што ги шитка крофнарот и ги допекува на сонцено цел ден. Освен крофна без лубеница на плажа не се може, а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

    9. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.

    10. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Србија која лежи 5 лежалки подалку од твојата.

    11. Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

    12. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол -инклузив!

    13. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.

    14. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија па не се слуша. Обавезно раскажи кај сте, што праите, колку ви е јако.

    15. Купачите најубаво се сушат опнати на сунцобранот горе.

    16. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија- кој вика дека не идат риба и баклава?

    17. Не си бил на море ако не купиш оригинална Луј Вутон ташна на плажа.

    18. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.
     
    На Bright и MonnaSi им се допаѓа ова.
  19. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Сакам да кажам...

    "Некогаш и Негде" ќе раскажуваме за "Овој Ден" и за тие "10 Девојки" шо ги упознав у средата, и за таа "Тајна Отровна" и за сите тие чувства што обливаат кога "И Тогаш Некоја Будала" ќе рече - еве ја оваа лиглата и после тоа продолжуваат разговори од типот како кај и да сме ама "Само Дома Си е Дома", каква печалба бре и како на крај за ништо друго не ни беше гајле, беше прекрасна вечер со "Црно Тиквешко" и заборавивме на се "Ко Да Вчера Не Било"...

    И да,бев на Владо вчера, топ си поминав, шта да ви причам....Јас јес да го поштуем човекот па така фино лепо на цел глас сум пеел па луѓето се чудеа шо му е на овој забегал скроз, ама ич не ми свирка бе, ти ако незнаеш да се забавуваш шо ме боли мене Тулето :) и после тоа сум пеел на свирка, онака чисто за добро расположење и сега малце ме боли овај грлово, така да ако имам свирка за некој ден сум ја наебал поштено, зашто ќе има смешки :tmi: .....и така вчера ја видов онаа лиглата, шо се мисли дека светот е нејзин, ама некако чувства од моја страна више АШ.... :( :tmi: еми мала јбг возот пројде :* талент си за да си упропастиш нешто добро ти пружам рака за тоа... и после жали се ја неам среќа, се нешто грдо ми се дешава бла бла бла продужи да играш на карта на жртва :fubar:

    али и средата беше добар ден, т.е. вечер....немогу да се пожалам.....имаше изглеа некоја виша енергија у мене па се запознав и ја незнам со колку припадничи на понежниот пол, (а ни една незнам како се вика сега :tmi: )....и јес да вчера не ми текнуваше името на девојчето, ама кој памти имиња од прв пат бе :!: ....ме фаќа некоја за половина и ми пее на уво (баш од овој ден ја пеше владе наш) и ја се вртам и ееееете најдов (врска неам шо искоментира) бла бла бла и ја така фино лепо ги помешав малце кои беа кои и со кое друштво беше она па ја прашав кај и се другарката :rofl: и сфати девојчето шо се дешава .... ахххх кој знае колку клетви ми има фрлено...

    и да, одамна неам пишано ништо у СДК зашто искрено ме мрзи бе.....Денес одам на пена парти, па бујрум

    адиос ми феминас ;)
     
    На VeRyCa, crazylady, FBI и 10 други им се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Сдк дека многу ми е жешко, а треба со мајка ми да правам лиснати за на одмор и ми де иде да и се скријам во регал за да не праваааааам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.