Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    Јас веќе навистински не знам каде да се обратам!!!
    ПС, Зошто напињате со Ејми сега откако умре?! |(
     
    На FBI и Elennaa им се допаѓа ова.
  2. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Сакам да кажам...

    СДК дека ептен ме болат јајниците и стомакот и дека неможам да спијам поради проклетиот мензис...аааааааааааааа....и ме болат ужасно, дури и нозете ми се здрвуваат а нема на кого да му се пожалам освен вас драги феминки...како не и здосади 15 години нон стоп да ме мачи ???
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    СДК не знам веќе по кој пат пак испадна дека имав право ... Се се врти во круг не е интересно , не е забавно оваа излитена шема веќе навистина ми е преку глава |(

    Боже дај ми трпение .... |( ама филмов како да ми е при крај . :?:

    СДК .... Конечно од моето зачленување на Фемина по прв пат ја забележав Емилија онлајн :rofl: еее и тоа чудо бидна :lol:
     
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    дека шетнавме малче и добро поминавме,ама ете на моето работниче му се приспа и моравме назад дома :( и немој да мислите дека не е заспал :!: спие како бебе |-) а јас и мојата инсомниа си останавме на фемина :tmi:
     
  5. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    еее исто и јас и мојот така, секој викенд иста прича...неможеме да останеме до покасно :( :)
     
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Внимание, внимание !! :!:
    Фемина бавно ама сигурно се претвора во гламстик !!

    Читам , читам и незнам што попрво: дали да плачам или да се смеам?! :?:
    Толку глупави мислења, па се прашувам кај им е крајот?!
    12, 13 годишни бараат совет како да му дадат на симпатијата, како да му се насмевнат, како да побараат помош околу домашно итн. итнн !! (на пример де :!: )

    Не ме сфаќајте погрешно, добредојдени сте нови феминки ама внимавајте на прашања и секако одговори! Не ја претварајте фемина во гламстик, лично ве замолувам! :wasntme:

    Благодарам однапред! :x

    Ете тоа имав да кажам !! :nod:
     
    На Divinebutterfly, crazylady, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ме мачи несоница. Час и половина се врткав во кревет. Ми лета паметот, не можам да го фатам. :wasntme:

    Ќе полудам од досада. :(
    Гледам слики од пред 2-3 години. Умирам од смеење. :rofl: Половина сум сменета на подобро, а половина на полошо дефинитивно. :rofl:

    При цела досада открив дека можеш сам на себе да си праќаш лични пораки, wow. :rofl:
     
    На TheCandy880, teddybear, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК дека со некои луѓе мора само остро!
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Мојот страв од вчера дека нема да изгледам како што сакам на свадбата се оствари. Не дека не изгледав како што сакав, туку не испадна се така убаво, свадбарски.
    Наместо да стигнеме за време на приемот, ние стигнавме цел час подоцна. Со извалкан фустан на мајка ми, со воден фустан на мене, моите локни кои попуштија од дождот, расипана кола, чекање друго такси 20минути... И на сето тоа, моите солзи. Па не можев да издржам. Ја тешев мајка ми да не се секира, ќе стигнеме, цело време и го пазев фустанот кој го купи специјално за на оваа свадба (а купува фустан еднаш на 10 години), ама повеќе не издржав. Таа лута и нервозна бидејки колата на вујко ми се расипа, (а тој вози такси) и тоа баш со нас, ние доцниме... Се беше некако глупаво.
    Било како било, стигнавме таму, сите не гледаат како 13ти прасиња.. Седнавме на една маса кај што никого не познаваме, со роднините со кои бевме заедно седнавме едни осој други присој. Хорори.
    Јас попуштив, се расплакав, си го исфрлив бесот надвор на дождот. Фала богу шмиката остана цела, уште таа да се размачкаше фалеше... Мајка ми ми вика ајде да си одиме, не видоа дека дојдовме сега да си одиме ако сакаш. Не сакав. Не беше фер. Останавме ако не поминавме ни јас, ни таа убаво. Се беше сосила.
    Свадбата не весела. Зетот и невестата трупови за играње. Еднаш не заиграа на оро. Добро, тој знаеше ама од солидарност кон неа веројатно не играше. Поигра само со татко му, за атер.
    Оро саглам не се фати како на други свадба, два три круга со луѓе. Едвај 10тина играа.
    И тоа е тоа.
    А да, и згора на се, татко ми ми кажува дека го поканил на свадба човек кој не му е баш колега, со кој не се дружи многу многу, ама имаат муабет и поштовање и тоа големо поштовање. Му дал покана, а тој мене ми вели „ме поканија ама не одиме“ Е зошто?! Дедо ми немал ни три месеци откако е умрен. Абе ајде, ако не одиме тој нема да стани. Тоа ќе го средам некако. морам да надохнадам за синоќешнит нервози... :)
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Полудечу, од немира :dance: ...
    Уште помалку од една недела до D day и ја по милионити пат се предомислив за тоа што да носам... за штикли ич муабет да не правиме. Немам ни појдено да си изберам, као демек тоа ми е еден ден работа, а си знам дека недела дена ми треба да најдам нешто и на крај ќе решам за тие во првата, најпрвата продавница што ги видов, али стандард пракса е да кога им одам да ги посвојам ГИ НЕМА! :o уште тоа ми фали.
    Некој страшен глад ми се случува во желудацот.
    Сунце сија, сунце сија.. ќе повежбам малку, ако ме напушти мрзата.
    Добив покана за свадба за кај некој кој пред помалку од една година ме бендисуваше до смрт, а девојката со која се жени, нејќеше да ја види.. мада поканата не ми е чудо некое, пошто претходно и за деверуша ме бараше |( што и да прави деверушата на свадба, пошто никогаш и не ги научив тие работи. Само не знам бе, мене некако незгодно да одам. Нему нели исто би требало да му е?
    До сега избегавав дури и да се сретнам со него и неа, само затоа што не можам да ја исклучам главава и да седам да правам муабети со девојка, без да ми забега паметот, за се она што тој го велеше за неа, пред да сфати дека сака да и е дечко, пак и да ја има засекогаш.
    Знам љубов, панта реј, ово-оно, ама у бестрага. Нек си се сакаат они двајца, ја нечу да се осечам ко крвник кој ги памти тие денови.
    Абе, хаотично срање е животецов понекад, само бидејќи некои ми го усложнуваат и ми одат против моите довчерашни објаснувања за сенештото, со кои се тешам себе си дека не е се црно има и помалку сивило во светов.. и ете ти ги оп, ме враќаат на црно.
    Нејќум ја бре таа боја. Одма ми иде да ја полијам со едно црвено.
     
    На teddybear и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Сакам да кажам...

    Луѓе, ако нејќете да слушате за Ејми, изолирајте се. Сите ќе зборуваат и пишуваат за тоа. Deal with it.
     
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека си купив Raid течност, а зажалив за оние две ноќи што немав. Цела сум искасана на нозете :@ .
    Ама вечер драги комарци цркнете!!!! :lol:
    [​IMG]
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Воа народов, чудна направија. Чекаат да умре некој (да ми прости Господ), за да пролијат солза, да кажат неколку благи збора, да се соживеат со светот.
    Среќа никогаш не го менував мислењето за човекот после неговата смрт.

    И да, тоа што сакав да кажам е дека се е од ум и за ум.

    Од ум почнав да се фарбам, за ум секој месец мака си имам со главата.
    Од ум Том е гладен за глувци, за ум ќе јаде ќотек ко пес. :wasntme:
    Од ум јас јадев се што ми дојде при рака, за ум емоционалниот глад каца ме направи.
    Од ум ја слушнав песнава, за ум носталгија ме фати.

    Од мој ум, за ваш ум, ве поздравува Мерлин од II-б со Mary Hopkin и Those were the days. Имајте пријатно и носталгично попладне, за мој ум. :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=2KODZtjOIPg
     
    На Strumfeta93, crazylady, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Кога се логирав на фемина ја видов веста дека починала Ејми, ама не ја отворив. Си викам, нит ја слушав, нит ја сакав, нит ја обожавав.. И добро, не ја отворив. Откако го напишав првото СДК за денес, ја отворам пак темава гледам полна е со Ејми. Се сетив на веста на сајтот и се вратив да ја прочитам.
    Добро, жално е што толку млад и квалитетен вокал замина поради хир (дрогата и алкохолот започнуваат од хир на една млада личност според мене). Ама не ми е јасно зошто некој мора да умре за да го жалат или да пуштат солза луѓево?!
    По концертот во БГ сите плукаа и ја навредуваа, а сега на сите нив им е жал... Навистина несфатливо.
    Јас не и бев фан и не ја слушав нејзината музика, се уште си стојам на ставот дека беше само една повеќе дрогирашка со убав глас и искрено нема да жалам што умре, ама изразувам сочуство на вистинските нејзини фанови на форумов. Само толку.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има посебна тема за Ејми, нема потреба и оваа да се полни за истото. Има и посебна тема за тоа дали по смртта славните се ценат повеќе opsti-diskusii/dali-mrtvite-gi-cenime-poveke-t4872/
    Има и теми за цитати, поговорки и сл, има тема испукајте се, има теми за се и сешто, ама се игнорираат и се тука се пишува. Доколку ви е досадно, одете во темата Како да се справам со досадата, а не тука да оставите мислење досадно ми е. Се губи смислата на темава со мислења од две зборчиња, се испишуваат страни и страни и никој нема трпение да порочита се. Доколку навистина имате да кажете нешто, кажете го тука, ако нема соодветна тема. А за постови како Досадно ми е, Ми се јаде, Ми се спие... го имате фејсбук.
     
    На 2468, Strumfeta93, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК дека колку и да ти е добар некој пријател, мора да има осет! Пр. имам другарка која пуши (јас не пушам и ми пречи пушењето) и доаѓа дома. Муабетот ни е многу убав, сложни сме си. Но кога ќе почне дома, цигаре за цигаре. Јас од што сакам да и угодам пријателски, и велам, запали 1-2. Ама таа ја преминува границата од 10!
    И што ако ми е добра пријателка, кога нема осет!?
    Или да прашам дали оној кој нема осет и не ти е баш пријател...?
     
  17. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Сакам да кажам...

    СДК дека имам огромна гнојна мозолка на десниот образ!! :doh: :devil:
     
  18. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Сакам да кажам...

    СДК дека таман седнав да го доснимам видеото што ми треба, и секако!

    На мојата улица мораше да дојдат мајстори со големи машини кои ги слуша цела населба.

    ЈЕС!

    И јас фино лепо му идам на дечкото да го прашам кога прават пауза и прво ме изгледа од глава до пети и ми рече: Аа па ние си одиме за пола саат, да не сакаш сега една пауза да напраиме заедно?


    Се откажувам од животот. |(
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    СДК дека денешниот пост им го посветувам на Нивното Величество, едни и единствени без намена во нивното постоење - мувите. :fubar:

    Јас не знам кој го создавал светов, дали сам од себе се создавал, дали дедо Боже, дали Мајка Природа, ама добро бе, зошто баш мувите ?! Немаат никаква корисна намена, освен брмчењето, по кое препознаваш дека се тука. Кога спиеш, те разбудуваат затоа што упорно ти се пикаат во косата и во лицето, зарем препознаваат дека ги мразам ?? Не можат едноставно да си леткаат како сите нормални бубачки, нее, овие мора во фацата да ти се испопикаат. Мојот најголем кошмар - мува во носот, буквално во ноздрата. :puke:

    Ако ставиш било какво јадење на масата, абре изгорени пуканки мајка му стара, одма ги полазуваат. И после јас треба да го чистам чиничето со разреден Доместос, затоа што сум хигиена фрик. Се лепат на сите можни гнасотии, на сите гомца, на сите пувежи, прдежи и проливчиња. Жими мајка, некогаш имам чувство дека чекаат да прднам па да ми влезат преку џамот, да! :swear:

    И, главниот дел - зошто се толку ПРОКЛЕТО факинг досадни ??? Подосадни од постовите за Ејми Вајнхаус, подосадни од мајка ми кога ми вика да се облечам и дефинитивно подосадни од се што оди/лета/плива на планетава Земја. Не знам што да им правам веќе, ќе земам малку темјан од тоа поповите - замислете, мувите се дури подосадни од нив - и ќе чурам малку, белки ќе се замелушат од топлината и од чадот. :muscle:

    Се изнервирав. :D Најтрагично - некои луѓе се поистоветуваат со мувите, па, метафорички кажано со споредбата од горе, чекаат да ,,прднеш,, за да дојдат да ти го ,,мириснат прдевчето,,.

    Фуј. :fubar:
     
    На la-chicka, Strumfeta93, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Официјално кажувам дека сакам свадби (пред оваа на која бев синоќа, гледав само како да се искрадам од нив). Сум се наиграла за цела година. Штета само што немаше со кој да изиграм и еден валцер :wasntme: .
    Не беше од онаа се стари луѓе или со 300-400 гости. Баш најнормална 150 и таман беше.

    Да не постојат свадбите верувајте немаше да знам кои ми се братучеди. Ги запознав па дури дознав дека сум била и тетка на две срциња. Предобри биле. Муабетчии. Се појави од некаде и Томче оној од А1. Верувајте стомачни направив од неговите шеги.

    И друга штета освен валцерот беше што неможев да си пиинам ама ајде бидна. :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.