Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк веќе по 3 пат ми се случува да станам наутро-пуштам ТВ и првиот филм што ќе го најдам на програмите да е на тематика од типот во минатото момчето и девојката имале нешто во средношколските денови и сега после долго време на годишнина од матура се среќаваат и сфаќаат дека сеуште има нешто меѓу нив...WTF :^)

    Некои чудни знаци од животот?
    Спојување на минатото и сегашноста? :^)


    НОууу веј ;)

    Не сакам во иднина да се случи нешто вакво пу пу не дај Боже да се поплукам,не би сакала да ми се случи и мене ништо вакво,не за друго туку неколкуте средношколски затрескувања ми се во дебили :lol: со преголема дозна на нарцисоидност,па можам да замислам какви би биле за некои 10 години :lol:


    И така кафенцето покрај мене по слаткиот појадок убаво ми довага.... :)
    Имајте убав ден :*
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    Добив мала инспирација :$ ... од форумов

    СДК ... Хмм жени! Во крв ни е да се фалиме, да филуваме зборови, реченици, разговори, ... да паметуваме, да се конкурираме (иако некои негираат ова), да сме полни со себе, да глумиме, да трачариме многу, да анализираме, да критикуваме, да даваме комплименти, да подметнуваме, да правиме подмукли работи, да лажеме, да криеме, да негираме, да псуеме, колнеме и сл. ама во себе ... да провоцираме, да се конфронтираме ...

    Но сепак ... http://www.youtube.com/watch?v=VBmMU_iwe6U&ob=av2e ;)

    Жени, жени ... :*
     
    На Strumfeta93, la-chicka, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  3. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Сакам да кажам...

    СДК дека денов е прекрасен, ме исполнува со позитивна енергија :) ...нема ништо поубаво од утринско кафенце на тераса и музика која те опушта и те релаксира па си замислуваш дека си на плажа покрај море 8) ,а покрај тебе твоето кученце кое цело време се обидува да проба од кафето и те засмејува со наивноста :) ај лав мај пет:inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=3MrKZVi04yU
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kasandra123

    Kasandra123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    22
    Сакам да кажам...

    Сегде има манијаци! :@ :@
     
  5. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    сдк добро утро овај добар ден и од мене :lol: после синокешната главоболка едвај сум заспала и еве ме тек сега отворив очи,добро кафе и на фемина,го чекам срцево мое да се разбуди да си се измуабетме,денес највероватно заболекар не ми бега,ми се скрши осмица (ако добро избројав) од страна малку и мора :!: да се оди на заболекар додека не е касно....денешниот ден убав ми се гледе преку прозор се надевам добар и ке биде :angel: инаку да ви кажам осекам голем глад и зачудена зошто ми се јаде толку се сетив дека немам јадено од вчера од 14ч :fubar: допивам кафе за тоа време тестото за пица се одмрзнува и кога ке му извртам една добра пица па нека се пунат калори ама ич не ми е гајле :!:


    Имајте убав ден феминки мои :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Сдк ... преубаво утро! Ме разбуди гласот на една личност што ми е мноооооогу драга! знам дека денес денот ќе ми биде прекрасен, со оглед на тоа дека ми започна со неговиот глас!
    Не не, нема да се заљубам брзо, не после тоа што ми се случи со моронот! Само убаво е кога знам дека на некој сум му важна, дека сака да ми посвети внимание! Би можела реферати да пишувам тука за него, ама нема... се што сакав да кажам е дека повторно се смеам! :)
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.406
    Допаѓања:
    82.111
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Екскурзија - период кога сфаќаш колку убави машки имало во генерацијата. :$
    Малку касно сконтав, а? Ама битно е што ми текна, ајде ќе ми простите дека плавушка сум :angel:
    И пак ќе се навратам на мојот Мистер Fantasy, сепак не бил толку недопирлив - значи таман ќе изгубам надеж од се` и оп, ќе се појави некој знак што ќе ми го докаже токму спротивното.
    Значи си докажа дечкото дека кога се сака нешто да се направи се наоѓа начин и баш се орасположив и пак мислам дека се` си е како порано (дури и за нијанса подобро), само овој мојов Фентази се прави малце на удрено и глуми санта мраз за да ги види моите реакции..сач ис лајф , ама ај уил нат гивап, макар би ми било последно!
    Имајте убав ден, Феминки мои, не знам што би правела ако не е темава - нема кај да се испукам до детал. :D
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Сакам да кажам...

    СДК феминки од утре ке ме нема неколку дена на форумов, одам до Охридот малку, па се враќам од кај 2-3 и пак ќе се дружиме интезивно :) Ве сакам и ќе ми фалите таму :*
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК
    се напнав со имињата :)
    Си го напишав името во барај(барај, бркни си во џеебот :lol: ) и излегоа милион резултати. И си скролав скролав, и си дознав:

    - само еднаш ми го има во темата Имиња кои ги мразите :envy: Ја ставам форумџиката во непријатели веднаш :) Наравно шалим се

    - го сретнав повеќе пати во темата Како би сакале да се видите, и Како би ги крстиле своите ќерки.. и стварно пријатно се изненадив

    - и последново што ме насмеа - го сретнав името свое во предлог за име на желче :D :D :D

    Е навистина, повеќе пати ми се има случено да се свртам, а не ме викале мене, туку нивната пудлица, ама име за желче :rofl: :lol:

    Ете така убаво си се изнасмеав :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека чистењето помага да се смират нервите и да се тргнат мислите... Уште и низ добра музика нема ни да сетите кога времето поминало..
     
    На Doozy, crazylady и eli25 им се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    СДК дека чувството кога уживаш во звуците на омилената песна е неописливо! :dance:
    И СДК 2-ме фатила некоја невидена мрза и неможам да и најдам лек. :|
     
  12. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека го имам она грозно чувство на болење стомак при 2 ден од менструација..цела половина ме боли,жешко ми е од влошки а вечер треба да излезам..гад хелп ми!
     
  13. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам...

    СДК на форумов колку паметници имало,леле леле.Е некои форумџики заслужуваат дипломи од филозофски од форумов :lol: Аман бе луѓе што сте напнале,здраво за готово,дај опуштете се ,или онака неможете па ајде тука памет ќе солите.Кажете што мислите и :hai: Не туку се повикувајте по 100 пати,само за инает пошто мора да бидете вие први во све,или зашто некој не го дели истото мислење.
    да,- вие сте најпаметните,очигледно разгалени од дома,па и тука да било по ваше :puke:
     
    На mima83, x.Daisy.x, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    701
    Сакам да кажам...

    Спанката е расонетаа,среќна ко дебело детенце со сладолед в раце,распеана и си мисли дека е подобра и од Адел,значи дури и до толку полна со самодоверба :D 8) ^_^ :sun:
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Сакам да кажам...

    26-07-2011
    Maца се вери вчера...ххахах леле и мене уште не ми се верува :tmi: :D иако очекував ама мислев на одмор бе ќе го стори тоа ,викендов идеме,а он неможел да издржи :D вчера ме изненади ахххх,многу сум среќна на сите ви посакувам ваква среќа,и да денес не одам на работа ако сака нека ми дадат отказ,го чекам либето од работа па да одиме дома да им кажеме на нашите,леле мамичка кутра колку ќе си плаче и јас со неа ;(
    Позздрав до сите :* :* :*
     
    На happygirl, karak, Shery и 54 други им се допаѓа ова.
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    Сакам да кажам...

    СДК дека мразам лицемерки и злоботии.
    Исто сдк дека е**м радознали.
    Ех до кај стасал светов... Среќата на другите е доволна за нашата, но кога ке се свртиш и ке видиш дека никој не се полни од твојата среќа време е за...

    [​IMG]
     
    На Phyramide, Strumfeta93, Iceberg и 6 други им се допаѓа ова.
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека секој пат кога ке го хранам кучето на комшијата се осекам убаво. Ме смирува самата помисла што знам дека во текот на денот јаде малку повеке отколку што тие му даваат (ако воопшто му даваат нешто). Завчера видов како комшиката го бркаше со камче :devil: .
    Сега му дадов едно канче супа и го изеде за 1 минута. Кој знае дали јадело нешто од сабајле или последно му било јадењето што вчера му го дадов.
    Како можат да чуваат куче а да не го хранат? Мислам дека не можам тоа да го наречам ниту чување :!: . Греотка. Греотка за таквите животинчиња. :(
     
    На Divinebutterfly и spellbound им се допаѓа ова.
  18. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    .. АМАН! Нека научат овие луѓе веќе еднаш некој е за еднина, а некои за множина!!!!! Каде бе со оваа полуписмена младина,кадеее...?
    Треба сите да и ги побараат парите назад на нивните наставнички од прво шо ве (не)учеле за македонскиот правопис. |(
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.245
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Чисто онака мрчаторски поздрав. Не сакам кога луѓето без моја покана ми влегуваат сами дома, а не па во соба. Сакам во собата да си имам на една страна еден градник, на друга друг, сакам да ми биде расфрлано затоа што понекогаш уживам во хаос. Сакам на средина да ми бидат ножиците, иглите и конците, материјали на сите страни. Сакам и книгите да ми бидат на под, па прегледни ми се :wasntme: А и зошто луѓево одат на гости кога зјапаат наоколу и се чувствувам ко да сум на полициско испрашување. Ако не земи прашај кој број градник носам. Ништо битно само мрчам.

    Уште нешто да промрчам, тука нели сите можеме се да кажеме? Не знам зошто тие споредби со останати форумски ликови. Ако на некој му одговара да чита некого нека чита ако не скролање.


    Ај на крај да не мрчам многу да си кажам денов ќе си го посветам на мене, ќе се тинрам иако во последно време само тоа го правам. Имајте убав ден :)
     
    На karak, crazylady, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    Куцам со 1 рака, другата ми е излепена со остатоци од стоби флипс :rofl:
    бутнав во мевов мој цело паковање од смоките најубави на цел свет и чаша газиран сок :wasntme: и пропадна во вода моето ветување дека ќе внимавам на исхраната за да го израмнам стомакот.....јбг Гоу не си карактер, мекуш си
    лај*о карактер ]:)
    да се надоврзам на марама....и мојава соба е хаос и ми е гајле, вчера влета на сестра ми другарка, а јас нозете во вис - на 2 стола оптегната, кревет ненаместен, алишта по столиците обесени и шминките на маса (од вечерното излегување - кое каде паднало таму останало) и мрзливо го тегнев кафето голтка по голтка.....баш така сакав, а госпожата без најава си се тресна дома правец во собава :lol:
    па беше само 12 часот на пладне :wasntme: јас се расонував :rofl:
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.