Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    значи нема вистински другарки на денешницава :@
     
    На mima83 и EnnieFabulous им се допаѓа ова.
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.732
    Сакам да кажам...

    Jaс пак ќе речам - има :!: Е сега , кој на какви налетал .
     
  3. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    овие моиве не се погодиа :D
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Треба да путујем, а имам тешка забоболка. :(
    Како ли, ах како ли?
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека тотално се разочарав од себеси. :x
    Значи не ме бидува за ништо и точка.
    Секако, не се смета способноста за зезнување работи. |( За тоа сум екстра надарена. |(
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк несоница ме мачи , исто како и вчера. Знам пак ќе го дочекам изгрејсонцето, мислејќи за тебе, за нас двајцата. Мислам дека полека откривам некои нешта, не си таков каков што те замислував, како поминува времето тоа го согледувам. Она што највеќе во животот го мразам забележувам дека ти го поседуваш, си го поседувал цело време но сега испливува на површина. Не сакам некогаш да заврши нашето, не сакам љубовта која ја чувствувам за тебе да се намалува, не сакам :shake: затоа ТЕ МОЛАМ искорени си ја таа навика или како да ја речам што ја имаш. Знам ќе го прочиташ ова, и сигурно ќе си помислиш дека повторно си тресам и филозофирам, но ова го зборам за наше добро, еден ден ќе видиш дека сум била во право, моли бога само да не е прекасно..
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Сакам да кажам...

    Сдк EnniFabolous не си единствена со проблемите со мама...

    Пред некој ден си излеговме ние, веселата ни неарна дружина и малку се начукавме. Ок де, малку повеќе :D и патем после пиењето малку се забањавме во големата фонтаничка :$ додека чичко џандар не ни дојде со пендрекот и не побрка од прв до последен.
    А ние сиротките накиснати глувчиња пак, сакавме само да провериме дали е водата топла и ноќе :!:
    Среќа немам пликови од нечистотијата :fubar: ц ц ц..Пијана работа!!!

    До вчера мислев дека алкохолот не влијае врз мене, но се покажа сосема спротивно работава во случај кога мешам пиво, водка и ракија :tmi:
    Плус кога се вратив дома полутрезна а мокра мајка ми збесна! Среќа татко ми спиеше, инаку на големо ќе беше работава. Уште кога и кажав дека ме боли
    вагината
    :D на шала, буквално беше во состојба да ме здРоби, со големо Р.
    И така Валерин си доби ДОООООООБАР ќотек од мама после долги години :D .. Ама џабе бре, денес дојде другарка ми и малку и ја објасни ситуацијата па се потсмири бидејки има доверба во неа, а впрочем таа беше единствената непијана која ме довлечка до дома со кисела фаца и мизерно оправдување.


    И така јас многу си ја сакам мамичка, овааааа другарка ми де :lol:

    Другпат памет во глава или нема да излезеш до 18 години! says mum! Псссссс, нема проблем мами, речено - сторено, don't бери гајле! :rock:

    Деца, шо че прајш... :wasntme:
     
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.732
    Сакам да кажам...

    Го срушив рекордот , време е да ја посетам перницата в детска
    ма која детска овде в дневна ќе се бапнам :D
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    60% од севкупната женска популација спијат на страна, 25% практикуваат да шетаат со влечки по дома, 35% сакаат орален секс, 89% обожаваат да уживаат во храната, 78% сакаат да се журкаат до рани зори, 23% сакаат непреспани ноќи, а само 5% сакаат да го дочекаат и изгрејсонцето.

    45% не знаат да сврзат ниту една просто-проширена реченица, 56% милуваат да филозофираат и да се расприкажуваат.
    79% обожаваат бикини а 13% се нервираат кога не можат да им се исушат истите на сонцето.

    На 95% од истата им е здодевно а половина од нив предизвикуваат проѕевање со констатирање на истото. Проѕевањето - е заразно!

    А јас? Јас тука си седам, мудрувам со математики кои рака на срце никогаш не ми биле силна страна, и се мислам, жена, колку тоа гордо звучи. Три Википедии не се доволни за да не сфати човек, и што е најстрашно ни самите повеќе не се сфаќаме. Зошто ми е сериозно поубаво со машки некогаш? А кога ми фали пофалба на лакот на нозете, се втурнувам во женско друштво и трепкам со очињата барем на неколку минути.

    Си ги обожавам другарите. Оптегната со нозете, со пивцето во рака ја надбљудувам Е. која си ставила нови интересни точки на очите, и пердуви во косата, а Ш. конечно се насмевнува после некое време. Доаѓаат уште тројца параглајдеристи и почнуваат да ми елаборираат на тема - времето денес и утре, променливо облачно со локални врнежи и грмежи особено во северниот дел на земјава. Потоа се убацува М. со бушава кадрава коса и со раце валкани од боја, рака на срце изгледаа ко шаренине балончиња кои се продаваа на времето. Го чека прва самостојна изложба за нецел месец дена па кутриот преспива во своето ателје. Заборави да артикулира - вчера се смеевме како не знаеше да каже една реченица како што треба. И така нервозен и иритиран поради нашето супер весело расположение отиде да твори. Сликата посветена на нас гарант ќе се вика - Јас нервозен, они се смеат а коњот пуши џоинт на сред полјана...и сите ќе се обидуваат да го пронајдат коњот, а некои само џоинтот :D

    Нејсе. И денес сабајле ми дише у врат постар господин, дотеран, уштиркан целиот и чекорејќи зад мене, во чекор со мене, го гледам дека нешто ми зборува. Тргам слушалките, велам, молам?
    - Викам многу убав ритам задавате со вашите штикли. Се вели, зошто толку тропаат женските штикли? Да не заспиете кога се враќате дома после забава. Убав ден госпоѓице и се извинувам ако бев здодевен.

    Постариве ме сакаат дефинитивно :D
    Шашава јас, шашав денов, шашаво друштвото мое и луѓето кои ги среќавам. Сите сме нешто нетокму, а сепак совршено токму за овој свет.

    50% од севкупната женска популација се среќни. Суштински среќни. Мислам дека спаѓам во таа група и тогаш кога не ми е трлото комплетно 8)
     
    На mima83, minne-mouse, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Инспирацијата е чудна тема. Небулоза де. Или ја имаш во изобилие, или воопшто ја немаш.

    Јас ја немам. Како темен облак да ми се надвил над чувството за творење. Ми прави барикада врз дарбата господова за убав збор, пишан, испеан.
    Секако. |(
    Ех, како ли не ми се обеси некој лилјак над малосредноголемобез’рбетниов мозок што го користам за тропање глупости??? :wasntme:

    Да признаам, никогаш не ме биваше за творење. Да ми дадеш подобро фурка, ќе испредам, ама од лист и пенкало само точак ќе нацртав, а кога ќе видиш подлабоко, точак и без лист и пенкало знам да нацртам. :wasntme:
    Си штедам хартија јас. Можеби поучена од рекламата „заштитете ги шумите, користете Линекс“.

    Е за кажување сонови и зборување што-годе, не сум изјавила желба зборник да создавам. Им го препуштам тоа на „фаците“. Не создавам меморијабли од тешки зборови.
    Не ме интересира какво ќе биде времето денес, утре, задутре. Не ме интересира која е последната книга на Оливера Николовска. Не ме интересира што пишал новиот колумнист во „Утрински“.
    Лист за пишување не. Најмалку. Можеш да му се довериш, но секое надворешно влијание ќе го искриви, стутка, замрси или избледи. Доволно да те издаде. Листот е како лажен другар.

    Ме интересираат креативни работи. И тоа, не како од мува да направиш слон, туку како од еден слон да направиш стадо, јато, рој, безброј муви.
    Ме интересира фурка и волна, платно и конец, точак и тркало, опера и хаус, здрав живот и среќни пијанки.
    Ме интересира сега да ви кажам чао, за да не сте ми на мерак. Отидов да се мрсам на плажа. :hai:
     
    На minne-mouse, marama, Andzelika и 2 други им се допаѓа ова.
  11. LadyCroft

    LadyCroft Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    32
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам...после долго време ви се придружив. Здраво девојки <3
     
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    сдк дека сум ненаспана..се буди ли човек додека спие бе алоо :!: грех е тоа :!: и уште па тоа будење да ти го приреди мајка ти :o абе не е битно дали ке ти е во кука или преку моб ке те буди битно женава кога реши нешто тоа е :fubar: да и сега јас шо ке правам? Бишето ми спие |-) како бебе а јас 8) заради доброизгледните очи :doh: да денес четврток а? :clap: абе ке дојде и утре не е проблем-одам во кујна и има стомахот да си го средам како 2+2=4 :rofl:
     
    На esperanca и LadyCroft им се допаѓа ова.
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Убав ден е денеска... најсаканиот ми брачед конечно пред законот стапи во брак после десетгодишна врска! ^_^ :rock:
    А, викендов ќе прославиме, па и пред Бог, ќе стапат во брак!

    А, јас па, цело време си замислувам како тука пред матичното стоиме јас и љубовта моја :inlove: , пред да го каже невестата судбоносното ДА, јас на глас извикав Да, Да! :lol:
    Немаше кај да бега невестата... мораше и таа Да, да каже! :lol:

    Ајдее, Феминки, ви го пренесувам моето предсвадбено расположение и одам да си ги средам ноктите! (да бидам убава за на свадба од глава до пети ;) )

    И ви посакувам, сите еден ден да си дочекате вакви убави моменти!!
    Што би се рекло народски “И на ваша глава да си дочекате!“ ;) :$

    Сите да го кажете судбоносното ДА со тој што го сакате! :nod:


    Ве поздравувам! :*
     
    На mima83, minne-mouse, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Сакам да кажам...

    Се будам сабајле и жуто стикерче на лап топов. Уште не расонета како низ магла читам- "Ти касни 3 дена, а ти не примети. Имаш тест во ВЦ напрај го, ме уби неизвесност." Мужов мој почнал да ми води сметка на колку дена добивам, плодни денови ...
    Срипав од кревет, као демек земјотрес има и трчанката кон ВЦ. Јас и тестот, како од некој каубојски филм, а во позадина онаа стандард вестерн музика. Се гледаме очи во очи и никој не посегнува по чкрапалото.

    Пусти страв од уште едно разочарување, да го направам или не?? Пет пати го оставив и пет пати го земав. Раце се тресат, коленцава потклецнуваат, телефон звони :sweat: :sweat:

    Се одлучив да не го направам( незнам ни јас како). Ќе чекам уште еден ден, па што биде нека биде. Утре одам право тест преку крв, бар знам дека е најсигурно и дека за 20 мин. ќе знам што и како.

    Денес цел ден ќе бидам ко удрена со мокра чорапа, ама тоа е немам веќе храброст.

    Бидете добри и имајте преубав ден.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Е да ми речеше некој дека ова нешто ќе се случи ќе го напраев будала.А,вака јас се осеќам ко будала :lol:
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Имам толку многу работи да кажам...Како прво фала ви на сите што ми честитавте,и јас ви посакувам само среќа да ве прати :*
    Како второ да ви кажам како беше запросувањето :lol: -си седев јас на фемина,а мажулето беше на фудбал а потоа на пивце.Ми се јави во 12 вечерта и рече да го чекам,да не заспивам, ќе ми донесел слатки .Дојде накај 1,и носеше кутија во облик на срце.Ми рече ајде нешто благо за вечера налетав на убави слатки !Кога отворив внатре :o плаво мало кутиче т.е.-The swarovski ring !Си знаеше тој дека сакав сваровски :lol: И потоа клекна...иииии :wasntme: кажав ДА....
    Друга работа е што сакам да ја гушнам сестра ми...не е тука ,во Америка е...многу и е криво а и мене,ама не правиме веридба,само онака збор ќе си дадеме ама кога ќе си дојде таа дур во октомври.Има време.А за свадба-не ни се брза и најверојатно ќе биде другата година....ама сеуште ништо незнам уште сум збунета ........
    Татичко мој,среќен си знам,ама те нема да ме гушнеш и бакнеш ;( Колку сум среќна толку и тажна..
    Сабајле пред тргнување сама отидов на неговиот гроб.Го бакнав јас место тој мене.Му сварив кафе ,нашето кафе,нескафе , топло и со многу млеко.Го испивме заедно.Т.е. го испив јас,додека ветрот ме галеше,а знам тоа беше тој.Осеќав.Сепак неможев да кажам збор.Ми стоеше кнедла во грлото.Упорно си велев-ајде кажи му,но тој веќе знаеше.Само немо стоев и тивко плачев.Знам дека не сака да ме гледа тажна,го растажив и него..........
    Однесов и од неговата омилена ракија.Му го оставив кафето и му реков -само ако не си го испиеш.И верувам дека е празна чашата.Секогаш му носам од нашето кафе,и секогаш е празна чашата кога се враќам.Ми рекоа-свести се ма,мачки го пијат кафето со млеко е....Да....ама и тато е ;(
    И така девојки измешана ми е среќата...незнете колку ми фали тој...Жалам што напишав вакви тажни работи,може ќе растажам некој...ама тоа е..
    И мамичка ја гушкам најмногу,срцка моја,цело време ми се правеше храбра :hug:
    И да,само на моево мажуле може да му текне да даде пари за прстен пред одење на одмор бе :fubar: трошок плус....иако кажа дека од пред месец му бил спремен,ама ете неможело да издржи...се чудам само како го криел од мене,невидено душкало сум :wasntme:
    Бакнежииии...
     
    На hunny-bunny, mima83, enca.69 и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=oUMwu_gXK7Q

    Авимбаве, авимбаве! Поздрав од Африка. :rofl:

    Не можам да ви пишувам многу многу, симнувам три сезони од Пријатели и интернетов кочи како луд. Којзнае и ова дали ќе ви стаса. Ма нема врска, се занимавам со нешто додека чекам - читкарам, готвам, се лакирам, пеглам... А уште не сум мажена. :lol:

    Инаку вчера открив на кој Тинекс мислела жената, на тој во близина на Соборна што е. Однесена жена, арно си се изакавме по станчиња, од Бисер до Соборна. Таму некаде во близина, не ме држете за збор, појма немам точно каде, се изгубивме три пати, имаше еден дуќан за венчаници. И пак заклучив - некои од моја генерација се мажат, спремаат свадба, јас спремам документи за упис и барам стан. На кој му е полесно бе, а ?? :fubar:

    И така. Сејм олд, сејм олд... не ми се мрднува ножниов прст да земам да се пакувам, најверојатно тргам во сабота на одмор. Шта чеш, маки.

    Ај тргнав. Авимбаве. :wasntme:
     
    На la-chicka, Strumfeta93 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Сакам да кажам...

    :sun: :d: Кажано е сеее... :drunk:
     

    Прикачени фајлови:

    • 548.jpg
      548.jpg
      Големина на фајлот:
      35,3 KB
      Прегледи:
      169
    • summer-photography-5.png
      summer-photography-5.png
      Големина на фајлот:
      188,4 KB
      Прегледи:
      169
  19. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    цревава мои прават револуција...пмс чука на врата внучево си го :inlove: до бесвест ,постовите на мерлинка на пирамид ка на дафнитка итн ме релаксираат а кафето своето си го прави не треба зборови
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес сум со diva attitude :tmi: :wasntme:
    Се ме нервира уште од будење,стискам игнор на се што треба и на се што не треба.
    Најпрвин на мајсторите што ми бушеа и се дереа под прозоред..игнор и си продолжив да спијам ;) а потоа на алармот,појадокот.....Не јадам денес ќе се полнам со какао :P

    No passengers on my plane денес,денес е само мој ден поарно да не ме дираат за ништо. :!:
    Не ми е денот!
    Себично не себично мн. ме е гајле :смајлиштосисвирка:
    http://www.youtube.com/watch?v=rNM5HW13_O8&ob=av2e
     
    На Lepaaa и Smilly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.