Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    Ким никаде не мрдаме :D
    Еве ти едно поздравче, како што можам да приметам ќе одиш на David Guetta ?! 8)
    http://www.youtube.com/watch?v=SHTT__uvD2E&ob=av2e
    Имај најубав помин, па можеби ќе се видиме таму :P Во спортивно очекувам импресиите или забелешките заедно да ги споделиме :*
     
    На crazylady и k.i.m им се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    СДК кај мајкичка ми сум си, и си изигравам домаќинка, прашувам по темиве за зимници, ни сама не верувам во што пишувам и дека јас ќе прашував по форум за рецепт за зимница, али тоа е...
    Сум се раздомаќинила :D ручеци, зимници, торти, колачи абе се си готвам, кој гладен нека повели кај мене на ручек има да го најадам :D ...

    Глумам лудило, интересно ми е, не дека морам, туку ете како малине деца што си играат тетки така јас си играм домаќинка, само што ти со песок плескаат ручеци, а јас со вистински продукти, и досега ретко кога сум имала утка....
    Значи ќе ме биде, абе мултиталент сум...

    Ај драги мои, гответе и јадете си вие, одам јас во бавча да берам домати...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДиК на Ким да пуштит една ЛП, да го објаснит сонот, ако мојт и претумачен не ќе е лошо. Друго немам шо да кажам. Освен дек е можно да си скокнам од на мостон шо го немат, или најверојатно да се обесам со шпагета. |(
     
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Живнете луѓе! :rock:
     
    На crazylady и Jojoba им се допаѓа ова.
  5. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК добив понуда за аупаир ........ ОМГ ОМГ ОМГ :D :D :D :D И тоа две !!!!!!!!!!!!!!!! Една за Белгија една за Австрија... Ќе паднам во несвест :D :D
     
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    2.473
    Сакам да кажам...

    i am bored, really bored, just bored, over bored, very bored, extremely bored, tired bored, yawning bored, sooooooooo bored, guess what .. I AM BORED..!
     
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк во позадина ми одеа некои летни хоус-електро хитчиња а јас лево-десно со задново дебело месце и со ножот во раката сецкам ли сецкам пиперки и патлиџани абе што да зборам атмосфера исто ко на плажа :)
    Место сонце имав ел.шпорет да ме загрева,место коктел го имам какаово со млеко а џангал тв приватен dj 8) кулирав пред неонката в кујна !

    Сите на одмор се уморуваат јас во кујна се одмарам,ме релаксира готвењето изгледа :?:


    И така сега во потрага по друштво што е расположено за ладно пивце и дружење во празниот ми стан,сестра ми ме зезна ке излегувала така да home alone :beer: :call:


    Немој да сте имале досадна вечер ќе ве плескам по газенцата,на кој му е досадно нека довага на ладно пивце :*
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Хелоу,грлс :hai: !
    Знаете како Охриѓанец/ка глуми турист/ка?
    Па, излегува Струга. Инаку задоволна од импресиите, комшивки драги, има фини местенца за мирен муабет пропратен со фин избор на течен алкохолен ликвид, па побесни местенца за да се покажеш ко парти грл и да ти подиспари тоа алкохолчето со мрдање по звуците на музиката, имаше и такво во кое можеш гласните жици да си ги издереш до максимум, ова само го начув попатно додека со штиклички што весело цупкаат како турист ги истражував промените низ градот кој не сум го посетила доста време. И секогаш радо сум го посетувала иако не доволно често, убаво е да земеш слободен ден од животот под лупа на кој си изложен во сопствениот град каде си заложник на којзнае колку погледи кои будно ги пратат твоите интеракции за ако се прегрнеш со братучедот кој дошол по 15 год. да имаат утре на кафе муабет сочна приказна дека си имаш решено да градиш кариера на спонзоруша со тесна специјализација насочена кон гастербајтери.
    Ама да не расипувам впечаток со потребите на сограѓаните да живеат сечиј живот, најмалку својот, да се вратам на мојот - Струга беше скоро иста но и помалку друга од моето парче спомени, доволно чил беше ноќта да се чувствувам свежо за прилив на позитивни вибрации, Дримот уште изгледа моќно, убаво е чувството што сите места се блиску и се‘ изгледа како на дофат на дланка, струшките моми но и посетителките ги демонстрираа смело своите нозе и деколтеа, што е права слика на лето во ек, не останав и јас покусо со моето лелеаво фустанче, убаво било да си турист макар и на една ноќ!
     
    На Ariel, Smilly, katakomba24 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека одам да ја читам "Како да го добиете тоа што го сакате" од Џозеф Марфи.
    Очекувам да е исто толку добра колку и неговата "Mокта на потсвеста". :mm:
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК и денес во 5 саатот пак си плачев. :tmi: (ноќеска)
    Си отворив Здраво 5, отидов кај братучедите/ братучетиде, па и кај мене си гледав слики. Сакам да се врати времето кога секој распуст, доаѓаа кај нас да спијат братучедите, па после ние кај нив, кога игравме монопол, кент... И така заплакана цела заспав..
    Па после ми текна дека како што „растам“ (големата ја |() толку повеќе сакам да си бидам помала, да одам дома со крваво колено, да излезам од сабајле надвор, па да се вратам навечер, да си играме игри, да и барам на мајка ми 10 денари (тогаш цело богатство) да си купам марс, рокси, лижавче.. Па едно време излегоа смоки, со играчка внатре, 25 денари. И еднаш и побарав на мајка ми, нормално ми даде. И после неколку дена од срам што сум побарала толку пари, не барав ич пари. :tmi: Па кога ќе се соберевме сите, кај мене позади зграда, (некогашна ливада, сега голема зграда) ќе постелиме чергички, секој по 10 денари, ќе изнакупевме лижавчиња, ќе си седнеме, и на небе сме.
    Па ќе ставиме чергички на гаражи-уздолници (во постарите згради има такви гаражи) ќе облечеме купачи и се сончаме, а луѓе излагаат на тераси, и не гледаат. 8)
    Искрено би дала и компјутер, би го вратила тој што ми беше метро широк и долг монитор, и се само да се вратат тие времиња. Секој ден само лексикони. :tmi: Во секој лексикон различна демек симпатија. :D
    Па кога собиравме детска пошта и салфетки. Салфетките ги чувам уште, имам во 3 кутии од патики. А детската пошта си ја дадов за постери од Жаде. :tmi:
    Сега ми текна, порано на тоалетна хартија цртавме, и после викавме демек ни ги пратиле од странство. Ххахаха.. Па собиравме постени, ќе најдвоме стакло, и ги дупевме. :tmi: Правевме прстени, па се филмавме дека ќе ги обоиме и ќе ги продававме.
    Прашувавме дали може да одиме на едни клупи 2 метри подалеку од нас. Порано мораше некој да лета да за да играме нешто, секогаш имаше играчи дупло, а сега оди најди некој. Сите ги мрзи, големи биле. |(
    Би дала и интернет и се, само да седам надвор пак цело време. :mm:
     
    На Monna.Monna, BeYourself, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Сакам да кажам...

    СДК дека се исфарбав црвено 8)
     
    На srcekrsacka, crazylady, sweetyears и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Сакам да кажам...

    СДК дека уште 15 дена и ќе се вратам во моето најомилено Скопје. :inlove:

    Досада убија, ама тече некако времето. Имав повеќе време за размислување, и сфатив дека колку повеќе ја тупам главата со небитни работи, полошо е за мене. Вчера не можев да заспијам затоа што се нервирав дека не сум убаво излезена на сликата за слободна. Е ај сега. |(

    Мака мачам со лектирите, тие што ги имам се која од која подосадни, а ако некоја книга ми е досадна, не може да ми влезе во глава. Читам, ама механички, не памтам ништо што сум прочитала. Да читам нешто друго немам волја, иако носам еден куп книги, затоа што знам дека ме чека цела Илијада и Панонски легенди. Ми доаѓа да си пукам со пиштол во слепоочница од што ми е мака да читам. :headbang:

    И така, со радост очекувам да поминат уште две недели, па да се израдувам на се надевам, огромниот шопинг. :)

    Поздрав од најубавиот Јадран. 8)
     
    На srcekrsacka, BeYourself и Elennaa им се допаѓа ова.
  13. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Сакам да кажам...

    сдк денес ги прелистав сите теми, а на оваа сум по втор пат...мн ми е тешко, си плачам, си се тешам, пмс??можда...али :x :x :x
     
  14. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека обожавам кога ќе го видам Скопјево вака испразнето..мераци..
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека и бесплатново на One не е на арно, мислам дека мобилниот на уво ќе ми се стопи. :D Колку што добивам со тоа што не трошам толку пари за кредит, толку и ми се минусира со тоа што мобилниот го полнам секој ден со два пати. :D
     
  16. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам...

    Денес не искачам дома ќе си дремам на лаптоп до сабајле |(
    ии има уште 31 ден до почеток на школска година :o ! Едвај чекам 8) (дека сум сеа прва година не за друго) а мене на 31 август ми е роденден али нема да го славам незнам кај |(
    и така. Ај да зеам нешто за јадење :)
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Шарен викендов, бајаги :)

    Си велам, што ти е жена, од зорт морав да засукам ракавите, да опнам крпа преку лево рамо и да тртам г’з пред комшии, разбирај да бутам глава у кола и да проверувам - зошто по ѓаволите не ми работи левото светло. Сега се двоумам дали глетката била секси или смешна, ама искрено, па и баш не ми е гајле.
    Дури и успеав да си направам неколку фини црни флеки на лицето и на рацете, a зет ми ме зеза - абе намигни му на некој секси момак од бензинска, употреби женско оружје и ќе ти помогнат.
    А - ха! Ќе дочекав. Ќе ги збунев и пак ќе останев без светла :D
    Ма јок бре, позајмив некакво машинче кое немам поим како се вика ама проверува струја и фунционалност на сијаличките, проверив осигурачите (да, и тоа научив кај се наоѓа во колата, тоа местенцето не било бре фиокиче за шминка, види ти тоа :wasntme: ), добив желба да усисам прашина и пајажина и си реков, па жена сум, јбг, ме бива за усисавање, не за поправање коли.
    И сепак ја поправив. Свети! Работи. Јес! Буб на лево рамо, стегање на десен бицепс, е не, ќе се зае*ааме! Знам да зготвам прстолижечка чорба, знам и кола да поправам бре будало!
    Сменив уље, дотурив некоја миризлива течност која убива мушички. Ма леле колку се гордеам со себеси, вие не знаете! :D

    Скромно изјавувам, ЖЕНА, КОЛКУ ГОРДО ТОА ЗВУЧИ, трет пат неделава. А не само стриптиз ќе праиме и ќе трепкаме со очиња кога сакаме некој да ни ја плати пијачката.
    Јас таа сама си ја плаќам, дури и частам па и келнери игнорирам кога ме прашуваат што ќе пијам :D, трепкам само кога ќе ми влета некое летачко бубаче во трепки, а стриптиз - е правам богами кога сум решена да си направам кинки ноќ и да подигнам нечии фармерки на ниво на шатор. Е така :)

    Битно викендов бајаги шарен, успеав да направам од се по малку, дури и тоа што не сум го правела со години.

    Феминитас рул this world! Не ми е потребна Бијонсе за да го воочам тоа 8)
     
    На srcekrsacka, Bozica1980, Lov3 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - И така или онака, БиЈу чат-пат знае да си начкрта некој цртеж. Епа... Ајде, ви покажувам два цртежа за да видите дали сум добра. :D Шала на страна, неслучајно ги ставам. Абе, со една форумџика се договорив да и ги покажам, па ајде...
    Voila:
    :$
    п.с. Не ме ругајте дека не личат. Ај ноу дет. :angel:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC-0574.jpg
      DSC-0574.jpg
      Големина на фајлот:
      32,1 KB
      Прегледи:
      157
    • DSC-0576.jpg
      DSC-0576.jpg
      Големина на фајлот:
      29 KB
      Прегледи:
      157
    • DSC-0575.jpg
      DSC-0575.jpg
      Големина на фајлот:
      32,9 KB
      Прегледи:
      157
    На Asterion, Monna.Monna, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И ја сум догодина прва, ама не чекам едвај. Ич не ми се оди, коа ќе ми текне дека ќе треба да станувам порано во школо, а основното ми беше до г*от, сеа да менувам 2 буса. Оф, оф.
    И ти си девица во хороскоп а? :P
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.