Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ее сега стварно имам што да кажам !!! :!:

    Среќна сум!!

    Имав преубав викенд по свадби, скоцкана и од сите страни комплименти...како принцеза сум била! :$
    НО!...тоа не е толку битно, колку што е битно тоа што вчера отидов за Скопје, па денес си се вратив!! :wasntme:

    И да...имав преубави (точно) 24 часа со љубовта! :inlove:
    Тој момент повторно го доживеав, што го пишав пред некој ден тука во СДК...

    Аеродром, зајдисонце, јас и тој-силно стиснати за рака!
    Љубов од сите страни! :inlove:

    Цела вечер заедно, сабајле ме разбуди со бакнеж и со едно нежно “Те сакам“-како што умее само ТОЈ!! ...Има ли нешто поубаво??! :?: :inlove:

    “срцата полни,а утрото звони
    со љубовен звук
    еден за друг
    и како празник
    секој почнуваше ден!
    Бакнежи, прегратки
    очи насмеани........“
    Песнава од нашиот Тоше е идеална за тој момент! :l:



    Ахх, колку го обожавам!

    Сакам оваа среќа долго да потрае!
    Барем едно 100 години! :rofl:

    Ве гушкам и ви испраќам љубов, љубов и љубов на сите вас! :*
     
    На Monna.Monna, Strumfeta93, TheCandy880 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Се прашувам колку ли постови максимум можат да се напишат за еден ден? :geek: :lol:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Сакам да кажам...

    Cдк дека грлото ме боли премногуу :doh: само лежам и пијам чајчина,а и не ми се верува дека уште 1 месец сум тука-ми се плаче,а тука ми се ситее ;( :tmi:
    Cдк дека едноставно некои луге немаат душа и срце,срам да им е! :devil:
    Aј добра нок! :)
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Tајната на младоста е во тоа што
    таа ги презира последиците на нејзините постапки.
    А во тоа лежи нејзината најголема моќ.
    Маната на младоста е во тоа што
    таа ги обожава ризиците коишто нема да се исплатат
    и сепак ги прифаќа.
    А во тоа лежи нејзината најголема убавина.

    Добра ноќ феминки! :*
     
    На Lepaaa, Chocolate.me, yawn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Промена. Не за другите, туку за себе. За себе живеам, за себе се борам, за себе постојам, не за другите.

    Најверојатно ме фаќа некој себичен период. Има моменти кога размислувам само за себе и искрено за прв пат во животот самата на себе сум си приоритет, а другите чекаат на ред. Полека, ама сигурно, сфаќам дека самата на себе сум си најважна, другото е се релативно. Пролазно.

    Денот си го посветив само на себе. Гледав романтични филмови (ете, научив некој нов јебозовен израз, се надоградив 8) :D ), си ја средив косата на начин на кој што МЕНЕ највеќе ми се допаѓа, а истото се случи и со ноктите. Нека фуче црно. 8) Поминав голем дел од денот фрцкајќи се пред огледало само по долна облека и искрено - се чувствував фантастично.

    Планирам да променам нешто и во собава, многу зелено-кремасто, во психа почнува да ме мава. Неделава е резервирана за реновирање по дома, а моите ми дозволија да бидам носител на главните идеи. Е, си грмам. 8) :D |(

    Ама, сепак, добрите вести се што сеуште се трпам. Барем, луѓето од околината ме трпат, без да дофрлуваат некакви злочести коментари и да ми укажуваат на грешките што се тиче мојата поизразена себичност деновиве. Уствари, што има они на мене да ми укажуваат, ако писне некој ќе го јаде опасно, едноставно сите имаме период во животот кога ни се случува ова. Само што, некои сфаќаат дека им е полошо така, а некои си тераат само напред. Се надевам дека ќе бидам во третите-избалансираните. Не се надевам де, ќе бидам. Сигурно. :lol:

    И да речам дека ќе бидам ептен себична, нема да бидам. Сеуште ќе делам последни залчиња од јадењето со некое маалско куче, ама на човек пет пати ќе се прашам дали ќе му дадам. Онака, од чиста мира, само затоа што ќе бидам себична. Или ќе пробувам да бидам, сеедно.

    Правата фраерка никогаш не признава дека е фраерка, еве јас на пример не сум фраерка. Добра ви ношт и имајте си кој какви сака соништа! 8)
     
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Tres metros sobre el cielo, сите ме отекоа со филмоф :fubar: , крофна брате, олабавете :swear: ! АМАН! :whew:
     
    На LilBaby и Phyramide им се допаѓа ова.
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека неверојатно многу се пронаоѓам во некои работи кои ги раскажува Курт во „About a Son“.
    Посебно во делот кога бил на моја возраст.
     
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК...уште еден месец...морам да направам листа со работи што сакам да ги направам до тогаш....после 1 септември нема да можам ни да уклучам компјутер, тв, мобилен....се ќе биде shut down....ај, може и таму нема да биде толку страшно...може ќе имам некое слободно време од 30 секунди дневно :rofl:
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Многу ми е смешен изразот - крофна ми ја напраи :D Уствари има мал милион ствари кои ми се смешни, некои трагикомични, ама смешни. Што би се рекло, да не беше тажно ќе беше смешно, па ако немаш веќе солзи за плачење, бар насмеј се - смеата го продолжува животот барем.

    Баш вчера нешто спонтано се потсетив уз муабет и сеуште се смеам за некои моменти кои ги прави само нашата етничка група, нација, како да не наречам, народ бре :D
    Момент ѓезве - се будиш сабајле, недела е, маалската продавница да речеме не работи а и да работи, кој ќе се симнува сега до доле, фино лепо, ја плакнеш устата (во зависнот од хигиенски навики може чак и заби да измиеш), земаш ѓезвето и одиш по комшилук да бараш нешто што моментално ти фали во куќа - да речеме, шеќер. Ко манијак и сираче истовремено шпарташ по комшилук, и просиш за лажиче шеќер, у полоши случаи и за кафе, млеко, брашно, дај шта даш бе!
    Момент будно око - ова се однесува на сите кои следат се што се случува во нивна поблиска а некогаш не дај Боже и поширока околина. И секогаш постои една маалска клупа на која седнуваат најголемите трачерки, овај дами кои сакаат да си муабетат де, и со скрстени раце следат се што се случува.
    „Слушна ли за Дијана еј? Да беее ја оставил оној нејзиниот. Кууутрата што ќе прави сега сама со две деца, пу јаз’к.“ И туку одеднаш Дијана дотерана прошишува околу трач клупата итајќи да фати такси и теткиве волшебно замолкнуваат и сеуште со скрстени раце ја следат во ист потег како поминува околу нив, потоа се погледнуваат меѓусебно и ги гледаш како вртат со главата - ц ц ц ц ете ја веќе излегува, срамота па тоа сукњата кратка, кратка, ко да не е мајка! Си викам, фала Богу што постои и зима, па клупана останува празна чат пат :)
    Момент италијански пар - еј колку само ми се интересни. Земале застанале на сред улица, едниот на едниот крај, а другиот на другиот крај и се издераваат еден на друг.
    - Магаре низаедно, шоооо ме мислиш бе ти мене, шо ја глупа сум? Не глеам? Море марш у три лепе!
    - Ама срцка таа ми е само другарка!!!
    И се караат ли караат, ви го реметат убавиот ден кој сте решиле да го поминете во прошетка и на тацна ви го сервираат нивниот личен проблем, небаре сте си нарачале еден таков. Утредента ги гледате седнати, гушнати, заљубени на соседната клупа во парк ко ништо да не се случило.

    Моменти колку сакате. Тажни, за чудење, за смеење, се има кај нас. Оптан топтан кисело млеко, така некако шашав народ сме. Оригинален у секој случај. Сепак имам високо мислење за нас, дека сме добри у душа. Барем повеќето со чесен исклучок на оние кои си ги полнат своите минорни душички со злоба, завист и омраза. За греотка ми се таквите али на здравје нека им е смрдливото ждригање од еден куп на измет кој си го конзумираат деноноќно.
    Се сеќавам пред 2 - 3 години мислам беше, зборував со еден пријатен Французин кој ја има прошетано цела Европа. Ми велеше, Македонија му останала во преубаво сеќавање, поминувале низ неа одејќи за Грција и заталкале во некое пусто село. Некое старо, осамено бабуле им дала јадење, тазе кравјо млекце, дури и им понудила да преспијат кај неа.
    20 години ја памти бабичкава. Ете колку го воодушевила.
    И на крај ми вели - вие таму сте сеуште нерасипани, кротки души, ова горе све е усмрдено.

    Гледајќи/слушајќи/читајќи што се случува денес, да не верува човек дека е така. Ама јас сепак силно оптимистички верувам дека онакви бабулиња сеуште постојат кај нас. Дај Боже!
    А моментиве? Нека си постојат, тие само го доцртуваат колоритетот на нашиот менталитет. Да имаме барем на што да се смееме ако ништо друго :)

    Да сте ми живи и здрави! ;)
     
    На bittersweet, Monna.Monna, minne-mouse и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    СДК дека ме фаќа блага паника околку свадбата, како ке испадне шминката и косата....

    Преморена сум а имам 300 обврски денеска :(

    Го носевме лаптопот на дијагностика вчера во Солун и му нема спас :( т.е. има, нов скрин чини 250Е ама не ми се даваат толку пари за поправка, пола нов лаптоп.... И сега лаптопот ми станува десктоп, приклучен на монитор :D Ке се размислам следниот пат дали ке купам лаптоп од УСА.
    Направивме краток шопинг. Разнесено е се; може да се најдат заостанати парталчиња во некое ќоше ама повекето е нова роба. ММ купи палто од М&Ѕ, јас буквално ништо.

    Ме интересира дали има некој останато во Србија?

    Срекен роденден Др.Р и М :^: :^:
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Сакам да кажам...

    СДК се враќам во нормала! ;)
    Им се враќам на обврските, се враќам на секојдневието и се продолжува таму каде што запре пред дванаесетина денови! Го осеќам летото како да заврши за мене, можеби ќе ,,заслужам,, уште еден викенд уживанција некаде на море ама и тоа е под знак прашалник!

    СДК нестрпливо го чекам тоа ,,кафе,, со другарките! Имам многу да им кажам 8)
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имаше еден долг период, кога за се што сакав да знам, тато беше тој што се прашуваше.. пошто нели, тато ги имаше сите одговори. И ова одеше вака: „тато, тато.. зашто бе пилето лета? А, ако не лета ќе умре? А, ако умре што ќе му биде? А, таму во рајот сите пилиња одат? А, кокошките тато зашто не летаат? Они не умираат? А, они каде одат? А, јас ќе умрам? Кога? И јас ќе одам таму? А, ти тато? Ама брат ми нема таму да оди нели... он е лошко, така тато? А, мајка ми? И она ќе дојде со нас?“ :wasntme:
    Си имав стварно добри прашања. Знаев дури и него да го изненадам и да го натерам да се откаже од паметувањето. Во такви ситуации мајка ми беше спасителот нумеро уно на денот: „Г*** !!!!! Ај, дојди види ова детево што сака, не можам повеќе“ :worried:.
    И ете ти ја мајка ми.
    Е, вака беше и кога прв пат ги прашав за бебињата. И немаше да ми текне да не беше првата бремена жена, што ја регистрира ова радаров низ маало, пошто болест беше тоа бе. ЕЈ! стомакот и беше издуен ќе и пукнеше ко балон.
    „Тебе шуга! :o “ И трчаш во паника, ко попарен да фатиш друго дете за нему да му се издуе стомакот. „Аха, тебе шуга!“ и се клештиш ко луд, пошто нели... нема тебе да те боли.
    ...И првата приказна за тоа од каде доаѓаат децата беше: од болница! мама и тато сакаа да си имаат мало бебенце и отидоа во големата болница и го видоа мало жабетинче, најубаво и најмирно од сите бебенца и си го земаа дома! Енд оф стори.
    ...Цвета жаба, ко дрвче у пролече, расте ко квасец радосно, раскажува-прераскажува по милиони пати на сите роднини и деца, па уште и на бис го викаат. А, ова пак гордо, демек мудроштина невидена кажало, па уште се цереќези ко недоквакано.
    Нареден тренутак истине, царскиот рез на мајка ми.
    „А-а :o .... што ти е тоа мамо мори?!?“, со солзи во очи. „Па брат ти мама дојде од тука од стомачето на мама и докторот го залепи со лепаче“.
    ШТООООО! Брат ми од стомакот на мајка ми, а мене од болница ме земале :fubar: . Го мразам, ух го мразам!
    И стварно го мразев у тоа време. Стално му викав да си се врати во стомакот на мајка ми. А, што ни беше убаво пред да дојде он...
    Следен и последен момент од приказната за децата дојде во периодот кога цело маало бевме консолидирани во „мал куќен совет“, па се што не занимаше заеднички решававме.
    „Жапче, жапче... ^_^ “ доаѓа мојот најдобар другар со своето епохално откритие за бебињата, прераскажано од неговиот постар братучед. „Од...“ и покажува кон моето драгоцено пи-пи, кое се знаеше бе дека тоа служи за пи-пи, дека ако го чуваш пи-пи-то внатре ќе ти пукне стомакот и дека најбитно од се беше да издржи пи-пи-то внатре до последната скала до дома без да пушти ни капка!
    „WHAT?!?“ Ова беше најочајниот крик излезен од устата на жабетинква.
    По откритиево со страв се одеше по пи-пи. Абе, да не испадне некое бебе :wasntme:
    А, кога истиов ни кажа дека тој што има бебе му чука саат во стомакот... јуху, цело маало и машко и женско бевме бремени цело едно лето.
    Енд оф стори... а и не баш. Но многу бе будалаштини вакви има за раскажување.
     
    На Monna.Monna, bittersweet, minne-mouse и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    ете ме стигнета одморена,најадена испиено кафе и да го чекам шоферчето да ми се разбуди :lol: многу ме нервира тоа цмок цмок плас плас лигички на сите страна :tmi: демек со години не сме се виделе алооо пред два месеца бев тука (и помалку де) :lol: ако нема веза тоа туку одма бе мораше баба ми да каже дека голем трошок било да се оди на одмор и да се доага за една веридба? :devil: жено па јас другарот мој повеке од тебе го сакам :!: ако ич не ме боли бе збори беснеј љубомори знам дека ти е криво што омилената ти внука нема ни пола од тоа што имам јас 8)

    Неможевме два реда муабет да направиме со моите кај се собра сите (повеке од радозналост) кај па баба ми последна си отиде (да не испушти некоја ситница)

    Ех да оваа морам да го кажам: наместо добровечер првиот муабет од моите блиски (не сите) Аууу Зоза ама си модерна леле каков фустан имаш море море кој си има ке си троши (смаилешто секрстат) тета абе зашо на братучетка ти не си купила таков фустан ке ти дадев пари :fubar: жено јас не сакам униформи а ако имаш пари иди купи и од тука немора јас да носам,јас купувам на кој сакам и ценам
    Него на што памет бе лугето се мешат кај што не треба и се осудуват да те прашат што поклон ке му купиш на другарот за веридба...јас велам пари а они одма една до друга шоп шоп ве слушам алооо :fubar:

    и така се надевам денес ке имам време еден нормален муабет да поминаме со моите бес камери и радознали особи,него многу жешко во оваа Струмица бе? Се надевам до после ке залади малку па немам намера јас да се потам ко свиња :tmi: фала чао пријатно
     
  14. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Сакам да кажам...

    Вчера преубав типично македонски ден. Салата-ракииче, скара- ладно пивце, џагара-багара до 2ч и денес ко зомби, епа јбг.

    Непишано правило, одиме на стандар место за излет со години и таму познаници колку ти душа сака, само како тоа место да е во целава Македонија. А таман помислив дека ќе си бидам со моите блиски. Од четири пара, станавме 20 пара |( . Абе и на планина да се немало мир.
    Сите вредни домачици спремаат салати, мезиња, само јас со пивцето покрај река пуштам мозок на пасење. Уживам во звукот на рекичето кое шумоти. Свежо ветренце дува, рипки си пливаат и јас со моите 101 мисла во секунда. Сакала нејќела морав да ги слушам нивните муабети. Едната се здебелила, другата се жали од свекрвата, другата од шефот од работа, друга имала финансиски проблеми и ги врбува сите да им позајмат пари (кои никогаш не ги враќаат, нели немаат пари). Де бе жени сте дошле да уживате, дај тргнете бош муабети и дај да го поминеме денот убаво. Се лутат што сум се тргнала од нив, дур едната отишла види нешто овие сите ја оговараат, и се така во круг. Епа не фала, ќе си седам тука вие слободно оговарајте.

    За моја среќа си отидоа сите и си останавме ние кои и требаше да бидеме. Логорско огинче, муабети без престан, полно меше, полна душа, полни батерии за месецов.

    Бидете добри, имајте преубав ден и еден совет- не се менувајте заради никој друг- освен за себе :*
    http://www.youtube.com/watch?v=NzNiE3ZUHdk&ob=av2e
     
    На TennisBabe и marama им се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добар денн,имајте убав денн феминки! :)

    турни ги препреките.
    колку и да се.
    каде и да се.
    верувај во себе.
    во она што си. *
    Ќе се борам за тебе до КРАЈ! ;)
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Сакам да кажам...

    СДК си седам и си ја слушам братучедка ми малата како ја пее Someone like you и и се дивам. Абе девочето има талент, страшен талент. Ама после тоа запеа и една песницка сто ме потсети на едни убави времиња, времиња кога знаевме што е вистинска музика. Има ли поубави детски песни од тие на нашата младост? Тогаш го немаше ни Хихо, ни Биберот. Тогаш сите пеевме Сакам кола убава, На една клупа стара дрвена, Зелката има кошули триста и многу многу други. Јас свечено ветувам дека моето детенце еден ден ќе го растам со тие песни, ќе го учам да си прави фарми на улица, а не на фејбук. Абе ќе го научам да има детство.
    Еден поздрав од мене и од мојата мала братучедка
    http://www.youtube.com/watch?v=kbeLanLQZ5A
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Трт-мрт, лево-десно и пак неможам да знам што сакам да ви кажам, ставив неколку „ми се допаѓа“ низ темиве и си дојдов во нашава СДК...
    Имам толку да кажам ама џабе, немам зборови...
    Денов убав, Петко ме изненади, мислев не е дома, кога во кревет чуствувам мирис на што-туку направено толо нес-кафе, и чуствувам како мојот мажјак нежно ме допира, да ме разбуди...
    Колку и да ми се спие, во неговите очи наоѓам 1001 причина да се насмевнам :inlove: :* ...

    Убаво утро, или за некој одамна разбуден убав ден...
    Сонцето ги милува оние кои шетаат под него, климата ги лади оние кои се затвориле во своите бункери, шефовите повторно замараат, кога се мора ќе се работи, кога не се мора-ќе се излежаваш и ќе блееш во плафон, како магаре во шарена врата...
    СДК ми треба песок, не многу за мене и 2 квадватри се доста, но ќе побарам 5 и за Петко, затоа +3. Не би да го гушкам на плажа, жешко ми е и сама, јез да со него и не е толку жешко ама нејќам такви изливи на емоции во јавност... Сакам и морска/езерска/океанска вода, малце колку да се шлапкам, длабочина така докај метар и пол...И некоја овошна салатка, или овошен сладолед и по некој коктел да убие жед...

    Многу работи сакам, ама реализција слабо, Англиски-и тој слабо :lol: , учење-од што е слабо дури и на кај анорексично иде :( , но...
    Секогаш има некое но, кое значи да че бити боље, данас ил сутра...зар је и то битно ;) .
     
    На la-chicka, marama, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Сакам да кажам...

    СДК се прашувам кога и јас ќе имам прилика да напишам било што во темата Што би му кажале . Ми фали љубов. :|

    И покрај тоа што немам што да напишам таму, често ја посетувам темата и ве читам така заљубени и полни со емоции што на еден начин ме исполнува и мене. Whatever!

    Имајте убав ден ! :* :hug:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сакам да кажам...

    03.08.2011
    Денот кога конечно сфатив дека некои лисја на тетратката се искинати, некои се ичкртани, корицата е веќе избледена и згужвана.
    Има некои шарени.
    Има некои полни со насмеани лица.
    Некои смешни.
    Некои тажни, некои тмурни, мамурни и какви уште не.
    Тешко ми беше да ја оставам. Секој ден се потсеќав на некои страници и упорно и упорно ги пишев, за на крај да испаднат само обични чкртаници.
    Но,сега.
    Но денес... ја оставам. Конечно му ја давам на замисленото мое другарче да ја фрли во замислената корпа и да ја запали со замислениот оган.
    Си имам сега нова змислена тетратка каде што се мислев што да напишам на првата стана.
    Ќе пишува само happiness и од сите насекаде вакво смајли :D
    Затоа што таква сум моментално.
    Имам причина.
    Имам прекрасни луѓе околу мене, луѓе со кои јас сум јас. Луѓе со кои не се срамам за некоја моја постапка, каде што можам да легнам... и заедно да ги гледаме ѕвездите, додека пиеме ракија со кока-кола.
    Немам друго што да додадам.
    Сакам само да кажам дека не се плашете да го оставите минатото сигурно постои причина што не е сегашност.
    Немојте да живеете во минатото,затоа што никогаш нема да ја видите сегашноста колку е убава.
    Секој поминат момент е веќе спомен и никогаш нема да биде повторно истиот момент. Можеш само да создаваш подобри и полоши.
    Јас создадов подобри спомени, ќе се потрудам да создадам подобри моменти од старите. За да сум среќна. За да бидам среќна.
     
    На beached и crazylady им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Некој кажа дека настинал? Еве му се придружувам и јас, ме гребе грло. ]:) :doh: Ама се напив шумече и маалце подобро ми е. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.