Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ќе се цитирам саматасебеси.. денеска пуштив многу личности да ме повредат но не и да ме обесхрабат..
    бев премногу добра и секогаш ви попуштав, кога ви беше тешко бев тука да ве сослушам.. ви давав љубов и сите вистински ве сакав, но се плашам дека тоа веќе не е така.. и тој голем круг се претвори во крукче, сеуште сте во мене ама НЕ СТЕ МОИТЕ ЛУЃЕ! ;) ;)
    фала ви, свака част.. сепак научив нешто и од вас !
     
  2. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека нема поголем баксуз од мене! :(
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека го дочекав и тој ден-сестра ми и нејзините „Индијанци“ да се вратат од одмор. Ама не знаете колку не можев да го дочекам овој ден за пак да си ги видам моите две најголеми среќички, моите сонциња.....Да ги изгушкам најсилно на свет, да ми се фрлат во прегратка, да ја видам пак таа безрезервна, неискварена и безусловна љубов што само кај нив ја гледам......Да ги видам тие исти два пара очиња како ми се смеат уште пред да ја развлечат устата во насмевка......Да ги слушам пофалбите на внук ми како си поминал-ехехехееее тоа 3 недели ќе трае, со оглед на тоа што еден ден од одморот цели 2 дена ќе го прераскажува. И да ја видам малата принцеза која уште не зборува, да покажува кај се сунчала, кај паднала, кај се удрила, како пливала, како се фали што и купиле мама и тато од таму, како ќе се прави важна........Едноставно, овој ден, како и многу други е посветен на нив и само на нив. Најважните личности во мојот живот, поважни од мене и од моите обврски, желби и потреби....Ги сакам неизмерно многу, срциња мои најмили!! :angel: :angel: :angel: :angel:
     
    На esperanca, Bozica1980, nesa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    све е одлепено 8) е то сакам да кажам
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    O happy day!

    Еј одамна не сум мрчела, ама денес сум некако разочарана од луѓето - се прашувам од кој друг?! Само луѓето навистина знаат да ме разочараат и колку што можат да ме усреќат, особено кога ги гледам оние неколку блескави примероци на хомо сапиенсот, толку и знаат да ме акнат со тенџере по глава - ало будало, faut pas rever! За оние кои не разбираат француски, ви текнува имаше една таква документарна емисија, се викаше - не сонувајте.
    Добро зошто кога човек на глас ќе си го каже своето мислење и тоа онака коректно, без скриени умисли, особено кога тоа од него се бара и очекува, добива ударац со тенџере по глава?
    Со текот на времето научив едно - не секогаш треба да се викне. Понекогаш молчењето е злато и мудар е не оној кој трча како прле пред магаре и не става ни салфета ни крпа пред уста, и секогаш, по секоја цена мора да каже нешто и да е као демек искрен.
    Ама знаеш, јас сум вака искрен човек, морам да си кажам, не трпам еј!
    |( Да бе знам дека си искрен, али тресеш глупости, о ти искрен човеку!

    Мудар е оној кој знае да процени кога треба да се каже нешто, кога треба да се бираат зборови и кога онаа негова искреност нема можеби да биде шамар за некој а уште помалку за него самиот.

    Но не разбрав едно, зошто кога не станува збор за ништо важно а сепак очајно некој од мене го сака моето најискрено мислење, и јас го изговорам на глас повторно се спремаат камења мислиш се викам Сораја. Луѓето се чудна сорта. Прво сакаат по тебе нешто - а кога тоа нешто ќе го добијат а да речеме не е во согласност со нивното нешто, ти го вртат грбот небаре нив директно си ги навредила.
    А ти само си рекла дека бојата на нивната вратоврска не ти се допаѓа и крај.

    Ете колку „значајни“ работи некој може да си ги претвори во Еверест.

    Другар ми еднаш ми кажа интересна студија. Истражувале некаде, колку општеството ја убива креативноста кај децата, кај идните носители на истото тоа општество. Ај погодете за колку проценти била убиена истата?
    Одиш во градинка, ти велат донеси пластелин, боички, фломастери да видиме за што го бива детево твое. Носиш - и ти даваат на крај сив пластелин да си играш.
    - Ај од ова направи нешто.
    - Ама јас сакам во боја.
    - Е не може во боја ќе се извалкаш :^)

    На училиште автоматски ти кажуваат што смееш а што не смееш да кажеш. На факс исто. Научи за испит онака како што сака да знаеш професорот и ќе поминеш, ако одиш по свој терк, црно ти се пишува.

    И на крај се вработуваш и ти велат - има да правиш јас како што ќе ти кажам. И де факто стануваш некој друг, бидејќи треба да живееш од нешто, да нараниш нечии устиња кои дома те чекаат, да создадеш живот, итн.

    Можеби видео спотовите ги убија радио ѕвездите, но општеството ја уби креативноста во нас. Не уби нас.

    И како со вакво нешто да се бори човек? Се прашувам.

    Ајде, ќе биде некако. Верувам јас и не се предавам :)
     
    На Theodora, Strumfeta93, najubava2010 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.396
    Сакам да кажам...

    Морам да и признам на пирамидка дека утрински го чекам секогаш нејзиниот пост, го читам од почеток до крај. Просто ја обожавам знае да ме стави во мисла и цел ден да размислувам цццццццц добро ок да не биде сама, тука се и утринските мисли на жапче знае да извади 1 на 10 ка и да ме насмее море баш кога не ми е дн. Браво девојки :hai:
     
    На LivingGlam, lolyta777, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  7. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Сабајлево ме разбудија сончевите зраци (убаво чуство :lol: ) и потоа по навика излегов на тераса да земам малку свеж утрински воздух, кога гледам надвор се раздвижено,расонето :geek: само јас успана и не сум во тек со работите што се случуваат :lol:
    Комшијата од левата страна(возрасниот) чука нешто во дворот и културно ми посакува добро утро т.е ден а горе на терасата седи неговиот син,рсната музиката до некој не разумен степен но го служаше Владо Јаневски и онака ме разнежи од сабајле :wasntme: и секако не помина без она вообичаеното:
    -"Комшике да ти бувнам едно кафе" :lol:
    Од другата страна слушам врррр вррр-нашиот најмал комшија кој нема ни годинка си шета со дубако низ дворот и морав да му викнам а то кутрото од првин не знаеше од кај викам и кој му вика гледаше наоколу збунето а потоа кога му го кажаја името мое одма се сврти на кај мене и ги рашири рачината за да го гишнам гуш гуш :hug: Срце мало
    И така си ги сакам јас моите комши и комшивки со сите нивни мани и покрај она што често ме озборуваат:lol: и си го сакам моето (не)чисто малоо а богами и вас ве сакам..

    Имајте убав ден феминки :*

    П.С денес му е роденден е една моја мене многу драга личност а јас не можам да ја гушнам бидејки е во далечниот ни Лондон то е единствената работа што ми ја ремети оваа утрински среќа :worried:
     
  8. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Незнам што ме фати ама одвај чекам да дојде овај 1 септември,не поради тоа што ми се учи туку поради тоа што сега знаете прва година и баш сакам да видам што е тоа толку страшно и како е чувствоо што сите го кажуваат :)
     
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам сега се разбудувам со остра болка во левото рамо,лошо сум била легната.укочена сум целата сега гледам нема и кафе а ми се пие.Нешто сум мрзоволна но ке морам да се облечам да одам до продавница за кафе,леб и да купам уште нешто што фали.
     
  10. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Здраво феминкиии после долго време се ставам на форумов но ве немам заборавено, причината е зафатеност и немање интернет :D нејм шета, се бања, се сонча, се журка и едноставно ужива. Мора да го искористиме распустов максимално оти од септември..
    летово го поминувам супер и многу ми е убаво, а во август допрва ме чекаат уште 1-2 шеткања..
    фатив боица оу јеа, не сум црнец но има време, август ке го среди тоа :D
    секојдневно вежбам и тоа се забележува на мене, а и прекрасно се чувствувам..
    ви посакувам на сите убаво да го поминат остатокот од летото, да уживаат, да се бањаат да прават што им душа сака, бидејки деновиве за миг ке пролетаат..
    а јас ке пишувам и ке ве читкам кога ке можам.
    уживајте феминки :*
     
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Сакам да кажам...

    Животов е многу тежок. Време е да се биде мачка.
    [​IMG]
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Очекувајќи повик кој за мене сеуште од непознати причини е многу битен, а веќе доцни 2 саати..
    Се спушта полека топката..
    И се враќам на познатото.
    Уште малку и се враќам на шаблонот. Традицијата да се продолжи.
    Мразам познато. А , странично размислување: иднината не е позната.
    Али искуството си дрма.
    Мразам мразам мразам.
    Плус пак ќе речам, не е фер кога добиваш повеќе одошто очекуваш да се жалиш шо завршило.
    Нема смисла..
    И излишно е да зборувам за искуството,за задоволството, за моментите..
    А да дадам збор дека ќе се потрудам да продолжам наредна сезона од филмов ? Да го срушам клишето ?
    Даден збор ! Повеќе од секогаш го сакам тоа.

    Ко шо вика Џентлемн: "no time like present ,there's no time like now"
    Сега ќе се одјавам, ќе продолжам да го чекам повикот и да го слушам Џентлмен.
    Пак се хранам здраво и овој пат, навистина носам многу лузни. Гордо.
    Имајте прекрасен ден, а мене нека ме дрма пмс.
     
    На crazylady, Strumfeta93, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ај ем бек хоум.
    Морам да ви се пофалам дека си поминав прекрасно,преубаво,презадоволна сум од се што минав и не сакав да заврши.
    Најубав одмор во мојот живот,со прекрасно друштво и многу нови авантури на видик.
    Велкам хоум Баге.
    За жал.. :)
     
    На Wild.Child, BoaVista, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    СДК дека го мразам денов од дното на душата, а само што започна.
    Го мразам и ова чувство што ми предизвикува само немоќ, ништо неможам да променам и затоа сум очајна.
    Мислам дека срцево ќе ми излезе од бес, а кога ќе се погледнам во огледало сакам само да го скршам и ништо друго.
    Колку и да сакам да не се замарам, тоа не е можно. ;(
     
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...се будам пред 15 минути и гледам повредите од моето театрално паѓање во ендек од пред неколку вечери заздравуваат. Уште некој ден и пак ќе бидам претставителен и за меѓу луѓе :D :D
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк ме разбуди оној грд звук од машината за сечење дрва :@ аман бе луѓе малце цела есен и зимо , па мора и лето да сечете ]:) :swear:
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.298
    Допаѓања:
    158.187
    Сакам да кажам...

    Сдк и да прашам...што е со албумите ОдМоР 2011 со плус 200 слики у него?! |( Стварно не ја разбирам цаката,дали дека јас немам навика да тарашкам по одморите,свршувачките,родендените,бармицвите на луѓево,па не ме занима и ми е препатетично или нешо друго е у прашање,стварно поим неам.И сега јас тука цак цак цак цак 200 слики,вас нека ви укочат прстињата од вртење,ама да видите колку топ си поминав и што е најважно бев на одмор,дека вие не можете.
    Престанете,глупи сте.

    Инаку,кафе пијам.Убаво е!Вечер јас ќе се напраам бармицва лично и персонално од забавување и нема да стаам на фб за инает да се прашуваат како било.Имаме еден повод за славење де.
     
    На 2468, beached, Offspring и 11 други им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    ^^ Еее тоа ти е гледај ме и начуди се, кај сум бил, што сум правел, со кого сум бил, ... Демек прашање е: А ти дали знаеш што е летен одмор? |( Не, некои луѓе едноставно пијат нафта. :emo:

    СДК ... ве читкам, само оние кои ми се занимливи и разбирливи за читање. Немам инспирација за ништо ... веројатно е замината некаде да се прчи на некоја плажа, па кога ќе и текне да се врати веројатно и јас ќе се вратам тука со инспиративни постови (ако некому му се моите постови инспиративни). :?:
     
    На Strumfeta93, Phyramide и Lilit им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.298
    Допаѓања:
    158.187
    Сакам да кажам...

    Абе остај тоа,туку оваа лудост се граничи и со некои психолошки описи и осечаи дека имаат некоја виша вредност од остатокот од светот.Ја ме ја,вие сте дужни да ме гледате и да ми завидувате,мене стварно ми беше јаки4ко. Рака на срце едно е сигурно,неизживеаност.
    Јас се топам од фотографии со бебиња по фб.И почнувам да гугам и да ги гледам слики од прва до последна по албумите на новопечените мамички пошто брате е тоа е достигнување.Ми отишла на одмор и денес пози едно за друго и сите десет на фб...ох!Комплицирана состојба.Психијатар за секој адолесцент,а не комјутер за секое дете!
     
    На bittersweet, Neytiri, Offspring и 5 други им се допаѓа ова.
  20. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам...

    СКД колку е точен значи хороскопот на фемина тоа чудо нешто еее.... :D :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.