Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сдк дека конечно ми призна дека му се свиѓам. :clap:
    редно време беше..
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    91.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што град ќе да бевме, вчера никаде не можев пари да извадам :@ среќа што може да се плаќа со картичка :lol: Кога си купувам чевли сум најсреќната личност на цел свет. Тоа веќе и врапчињата на гранка го знаат :lol:
    Бившиот ми дечко дошол во земјава и одма ме побара :lol: едвај чекам да го видам, се разбира пријателски. Најверојатно ќе се видиме вечер, ќе има долги муабети и многу смеење.
    Има уште 2,3 личности што сакам да ги видам, ама времево со учењево ми е кнап, ама па еднаш се живее :wasntme: можам јас се 8)
    100 followers! :party:
     
    На zhap4e, najubava2010, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК подобро да нема пред мене благо во неограничени количини, ко ненормална сум, јадам дури не почне да ми се лоши. Еве, баш сега тоа ми се случи. Зошто не си јадам разумно? :fubar:

    После сите овие години истражување, открив дека јогуртот е најдобар против мамурлак. Ма јас затоа си пијам, за да откријам како се лечи мамурлакот, и да споделам со луѓето, не за друго :wasntme:

    И друго што сакав да кажам, ме буни онаа темана: Џогирање. Прв пат кога ја видов си помислив дека е за џогирање, ама со џогер, она кога бришеш паркет... па си реков, зошто се отворила ваква тема сега? Што има толку да се каже? :^) Среќа што ми текна после, ќе си останев збуната :!:
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    цел ден во брзање :doh: , се надевам дека ќе заврши убоо ! :)

    За ханито моеееее...ТЕ ОБОЖАВАМ! ..Секогаш со тебе,и во добро и во лошо! :$ :inlove:
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Само јас ко некој фрик обожавам да ја читам Критики и забелешки, или има уште некој? :rofl:
    Не, сериозно, кога се уклучувам прво идам таа тема да ја прочитам, па после другите :lol:

    Не ми беше тоа зборот.
    Сакав да кажам дека сум се отспала ко никогаш. Вчера во 2:30 исклучив ова чудово, а станав пред 30 минути.

    И што е најчудно, кога легнав веднаш заспав, а предходниве ноќи се мачев по 2-3 саати, се будев околу 9 па пак 2-3 саати додека да заспијам. Глупости.

    Ќе си помислев дека ме фатила несоница. |-)
     
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека не вреди да се нервираш за ништо. Ти си во твојот живот главен лик!
     
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Сакам да кажам...

    СДК луѓето околу мене велат дека деновиве сум станала себична, сум гледала само за себе. Но има ли нешто по убаво од тоа ние самите да сме среќни?
    Баш во овие неколку дена насмевката не го напушта моето лице.
    Тајни погледи, со скриени насмевки и по некое прашање од страна. Забрането, но толку убаво.
    И кога сум свесна дека нема, а и не може да има нешто, сепак е убаво.
    Бев уверена дека ништо посебно нема да ми го одбележи ова лето, а сосема заборавив дека тоа уште трае. Има уште неколку недели, а во овие неколку недели може да има и уште поубави денови.
    За прв пат сум оптимист. Верувам во себе и знам дека ќе го добијам тоа што го сакам.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК си се чудам на самата себе, а ние женските сме такви. Некогаш повик/порака еднаш месечно да добиеме од некој што ни значи и ќе се радуваме цел месец, а некогаш и пет повици/пораки дневно малку ни се :^) Чудни сме, ама без нас никој не може :D Ете тоа сакав да кажам.
    Си поминав убаво попладне со другарките со кои се немавме видено 2-3 недели :) Ми се наполни душичката. Подоцна ќе се видам и со најдобриот другар со кој исто се немам видено долго време и пресреќна сум. Малку треба за среќа. :!:
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Кратко време избегав од реалноста на рајско место, ситен песок, тиркизно море, сламени чадори, коктели кои ти ги носат извајани машки тела, малку беше..... да не е оваа моја амбициозност без граници цел живот би работела на тропска плажа ама...

    Само што влегов во Скопје почнав да се гушам.
    Го љубам да, во него се сите лица што ги сакам, ми даде прекрасни моменти ама не сум јас за тука.
    Неможам, едноставно неможам да живеам тука повеќе. Неможам на раат да излезам, а да не сретнам некого, неможам кафе да се напијам без сите да знаат каде сум и со кого, неможам ни точак да возам сама.
    Скопје не ми даваш мир.


    Ништо, се ќе биде добро како што беше и претходно, овие бурни моменти од животот се можеби највредното нешто што го доживуваме и најбогатото искуство што ќе можеме некогаш да го стекнеме, хармонијата и онака не е интересна ;)
     
    На n.a.t.t.y, Strumfeta93, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Сакам да кажам...

    СДК зошто само на мене безвеза ми поминува летово?? :?: Под која казна сум, па ништо не ми оди од рака, за од нога да не стане ни збор.

    Еј и знаете што? Си ја зачукав колата во еден браник на паркинг. НА ПАРКИНГ !!! :@ :@
     
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - Да не си го урочам времето, ама многу ми е убаво. Мх, мх...
    Колку убав ден.
    Отидов надвор, боса. Си се шетав низ тревата. Абе, убавини што да ви кажувам. :D
    Ах, колку сакам такви денови. Ме потсеќаат на некаква недопирлива ( :^) , :D ) романтика. :wasntme:
    Па, да си запееш некоја баладичка. А, уште подобро ако имаш некој со тебе. Некоја блиска и сакана личност. :D
    Море... Јас филм направив. :rofl:

    Ама ако... Понекогаш треба да го пуштаме мозокот на ’пасење’. :)

    Девојки, имајте убав ден! :*
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Епа ајде Здраво, Добар ви ден, добри луѓе...

    СДК многу сум флегматична, но морам под итно да и го фатам крајот на оваа моја флегматичност и да ја исфрлам од мене, ќе ја оставам на улица во фино запакован пакет, зошто е голема, ќе се скријам во некоја грмушка и ќе чекам некој да се израдува дека е подарок и да си ја земе...
    Па не сум лоша, ама доста и е кај мене почнува многу да ме нервира и пречи...

    Но кога ќе размислам се прашувам сте виделе ли вие хиперактивен Бик, и тоа дупол, во знак и подзнак, епа неверувам дека постои...
    Јас би да се излежавам по цел ден, со кафе, храна и сок, а ретко кога имам желба нешто да работам...
    Сакам да ми е се средено и под конец, ама ретко кога имам самоиницијативна желба да средам нешто...

    Пред некое време се радував на одморот, а сега гледам дека изгледа ништо од тој „поклонет“ одмор нема да биде, ќе пали Петко колата и ќе одиме негде сами, се наш терет, ама подобро така осколку да си имам работа со трчи-лажи луѓе :swear: .
    Колку само ме нервираат, не денес-ајде од Понеделник, дошол Понеделник-ај од Среда, па не од сСреда ајде од Недела и ми помина распустот, тоа ме нервира, треба да учам а не да се излежавам на плажа...
    И на крај кога ќе отидам негде, а 100% нема да дозволам цело лето да го поминам во ова скапаново и загушливо Скопје наместо на плажа да читам книга и да се релаксирам, јас ќе се малтертирам со факултетска литература :devil: ...
    Кажав неколку пати, сама сум виновна и морам да ја исправам таа единствена грешка :envy:

    Туку стварно на летово му се гледа крајот а?
    Врти-сучи, топло-ладно, изгор жешко-и грч ладно, сонце-дожд ...си поминува и летово а мене батериите празни, како од Септември во нови победи кога се нема енергија...
    Па и соларни да ми беа батерииве не поминувам доволно време на сонце за да ми се наполнат, а не вакви обични алкални, кои само кога мирувам се полнат :( ...

    Ај доста го тупам, до сега читкав по 1-2 страни дневно, и ништо не запамтив, но од денес почнувам од почеток и со полна пареа, минумум 20 дневно, па и голи мажи да паѓаат надвор јас ќе учам гајле ми е за мажите, имам еден ама вреден, доволен ми е, и повеќе од доволен...тие што ќе паднат ќе ви ги оставам вам, да си изберете, да не биде после Најубава сите мажи ги зема :lol:

    А сега ајт со здравје, цунки и гушки за добро расположение :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денес тетка ми ме изненади многу дојде од ск да ме види :) :) :)
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Жими Господ фали уште тема одберете шоља за сер*ње според хороскопскиот знак!!!
     
    На crazyinlove19, Monna.Monna и t.w.e.e.t.y им се допаѓа ова.
  15. preubavatageisha

    preubavatageisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Сакам да кажам...

    здраво на сите :hai:
    нова сум на форумов, баш е супер , ке се друзиме :D
    поздрав :)
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Е како мразам што во Охрид куќава ми е далеку од центар, значи ухх :@
    Струга златна Струга, што ме пушти да барам фустан овде?!
     
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    ...Бон жур :) ...некако се разбудив од летниот сон, не за друго..сметката за струја поткована така токму благодарение на мај мен ин д хаус мистер Клима уред ми го приреди најголемото летно освежување :D :D

    Него...јас уствари навратив да ви кажам дека мојот сеуште дебел задник од утре ќе го сончам...ахам, заминувам на одмор бре 8) Мислам нели...овој факт ви беше толку многу битен шо најверојатно веќе испопаѓавте у несвест од завидување :D демек важнава информација...

    Абе сакав и да ве гушнам еднаш, да ве поздравам, да њушнам што има ново у куќава наша домаќинска....Блонд се породи ли бе деца? :^)

    Чувајте ми се, бидете ми секогаш такви какви што ве обожавам-оригинални и сакајте ја дада Георгина за да не ве јаде баба Рога :D

    ...Се читаме наскоро...
     
    На Phyramide, Strumfeta93, Smilly и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Ми тргна овој ден со Бери Вајт и сега ми е криво.
    Јебем ти далечина и све живо.
    И скд дека мн сакам да се галам на оваа песна. Имам ја слушано со љубовта, на грамафон, додека се галевме. 8)

    Имајте жешка вечер :devil:
    http://www.youtube.com/watch?v=8Wlz_bKHi9s
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.154
    Сакам да кажам...

    Шо ми е?!
    Нит трема,нит бутур,нит па ми е гајле за било што и било кого.Си тегнам кафе,си лакирам нокти. Кога сме кај нокти,јас сум грешен ѓаол,мајке ми.Вчера од нигде никаде ми искочија по дома вештачки нокти со френч уџиџани и земање Лил секундарниот и рече лепи ли лепи и викам ај ќе паднат,ко мала кога ги лепев увек паѓаа и се нервирав...ах,паднаа.Си легнав,си станав,си направив се по ред,ниту еден не мрдна,а јас се осеќав ко порно ѕвезда.Ниту у тоалет да не можеш салам да одиш.Видов не видов,со сила ги искорнав и сега моите се јадни...реков,грешен ѓаол,немал работа си ги исекол јајцата.
    Него знаете шо?! Убава сум.Да сум!И згодна сум!Кoлку повеќе гледам грди,криви нозе како ми се шетаат по градов,толку повеќе си велам фала курцу што моиве ем се прави ко пушка,ем згодни,а и фацава не ми е лоша!Не сакам да се фалам вчера како тегнев нозе по асфалтецов не толку жежок. :D
    Вчера ми се деси вин на пета ситуација.Е баш ми падна ќејф за мене,ама пошто така скромна нели,у себе си викав јес,јес,јес оооо хепи деееееј!!! :D Абе уат камс араунд,гоус араунд.
    Почнав со есенски планови и некако сосема ми е сеедно дали ќе заврши летово или не,иако во ноВЕМбар увек ме мава криза некоја.Нешто ко во Јуни де.
    И празен е форумов.Тапа сте!
     
    На Strumfeta93, Smilly, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.