Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Многу ми е интересна за читање темана - што би му кажале. Глобално гледано и доколку би удрила со едно око замижано силна генерализација би рекла дека или сме будали сите жени или се работи за тешка шизофренија :D
    Најсериозно, интересно ми е да ја следам темана. Те сакам буце, море мрш будало, ааааа маче мое кога ќе те видам, гони се у 3 лепе, те сакам биди со мене, не сакам више у живот да ти видам сурат. Аллло! Жени! Него ај, и јас сум во тежок ПМС па можам да ве сфатам :wasntme:
    Ама инаку да, звучиме налудничаво онака поприлично. Некои повеќе, некои помалку :lol:

    Денес како само од длабочината на моево возбудено и нервозно јас, се борам со хормонски наметнато расположение, не можете да замислите. Во стил на горенаведената шизофренија, со други зборови речено, др. Џекил се бори со г-ин Хајд денес и не му дава да пробие на површина.
    Барем сабајлечки ја добив битката и станав со најубавото расположение. Ми иде да купам огромен букет најобични цвеќиња или да наберам полско цвеќе и да ви делам сегде кај што сте, со насмевка гратис :)

    Еј да, и пак и повторно сконтав едно. Трпам се и речиси каква и да е забелешка или констатирање поминува кај мене без некоја поголема реакција, ама кога ќе чујам или видам дека некој ми тресе глупости па уште и ме прави будала, мојот личен вулкан доживува ерупција и тогаш не можам да се воздржам. Никогаш не сум можела да сфатам чуму луѓето си создаваат втор, лажен идентитет, еден вид на upgrade на нивниот сопствен лик и дело? Демек имаат потреба да бидат некој друг, некој кој е подобар од нивното вистинско јас? Па лажат и што е најлошо за некое време и почнуваат да веруваат во сопствените лаги до тој степен што крвнички ќе ве убедуваат дека е вистина она што го зборат.
    Сабајле некој се обидуваше да ме убеди дека е плав, а јас гледам ли гледам и постојано гледам дека е црн. Секс у здрав мозок? Не фала :)

    И така. Ајде кој е за цветче? Мајке ми, ќе делам цветчиња - ете колку сум возбудена и расположена :f: :sun:
     
    На Strumfeta93, najubava2010, Alondra и 14 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    116.123
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пирамитка ме потсети со цвеќињата што сакав да кажам всушност. Ми фали во градов да има цвеќарници каде може човек да си купи едно букетче за по дома. Не оние на цветен пазар или бабичките на пазарите него баш онака да има како бакалници, мали цвеќарници. Па кога идеш на работа од сабајле да си купиш некое букетче за 50-100 денари, миризбата да ти ги наполно сетилата за мирис и да ти го поправи расположението. Денеска баш кога идев на работа така се осеќав некако полетно, и ми фалеше да можам да си купам од некаде цвеќе и да си го ставам на работа да ми го разубави просторот. Ама нема. Ги нема ни оние цвеќарите на плоштад... Ах, ми фали Скопје од моето детство.
     
    На Strumfeta93, sesilija, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    НЕ Е ФЕР!!!!!!! Никако не е фер, со што заслужив мене да ми се случуваат вакви глупости ???? :envy: ООООООО мај ГАД, стварно си гад со мене!

    Најсвежа информација - ноќеска ЛЕЖЕЈЌИ во кревет, на меко, опкружена со перници свиткав нешто во ногата. Вена, жила, мускул абе што ти знам што. Уште ова да го запишам во редицата генијални повреди - стоење, симнување од скали, ЛЕЖЕЊЕ. Резултатот е дека јас не можам да одам.

    Да дополнам дека најверојатно е вена, затоа што цело време ми се врти и гледам ѕвезди и соѕвездија. Марс, Јупитер, ма минат пред мене и ми мавтаат, ми викаат, дојди кај нас, супер ќе ти биде со нашата гравитација. Право да ви кажам, би одела, очигледно јас имам проблем со нашава гравитација. Њутн е крив. :!:

    НЕ Е ФЕРРРРРРР - треба да барам стан денес, јас не можам да одам, никако. Се мислам дали да одам на лекар или кај тријачот. Па нема ни кој да ме однесе, најжалниот дел, никој нема. :( Лекар - лонгета не ми бега, ми мириса на гипс уште од сега. Не дека ќе знаат што друго да ми прават. А тој тријачот, веднаш ќе ми ја намести ама методов му е малку... насилен. :shake:

    Да не беше вака трагично ќе се пукнев од смеење, стварно. :fubar:
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ај ем бек. 8)
    Ми цркна хард дискот, па немав мозок неколку дена, ова кукиште..
    Јесте да е по јак, али неам ни една песна, ни една слика, неам ни медиа плеер. Па уште и виндовс ха пе. :^) Ми иде све да отерам у три лепе. :@ Од 30 филма, неам ни еден! Ја будала, само ги собирав а не ми текнуваше на це-де да ги ставам. :fubar:
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    O-o mama devil :worried: why you love me no more?!?[​IMG]
    Did you find somebody worse than me and how can that be so..
    come on mama devil you tell me please
    gonna find him and make him best man he can be
    [​IMG] what do you say :wasntme: ?!?

    И стомак дури му трчи цела минутка пред него. Нормално, о-о нормално, кога преку 50 сантими у прооодужеток од телото му иде!
    Ќележ еден!


    Филинг лајк а нигро ахам!
    Се си мислев латина сум јас. Комо уна кукарача, салсита, меренхе, гуапа де Гуадалупе, Марија де Тринидад, Алфредо и тројцата браќа. Али ејн’т тропикана латиноса, а ниѓеросана, закована со задник за столица и прсти на слушалица или тастатура бејби.
    Ајм хот, секако! Кој не е на вакво време?!? То’ крв ти скиснува ко’ винце и после зашто младиве пијани шетаат?!?
    Мхрм, мхрм, мрхм...!
    Старине по автобуси бољи да не се?!? Пф!
    Ма ставам мува ајс цвиќера, облекувам купача ала пролетно-летна градина, мускул гума на рачиња (ради појачана самодоверба... ми даваат некаков зиг-заг твист, кога мешам со задников лево-десно у од), кофичка со лопатка, сламено шешИрче на главица и весламе по Кеј јас и пераиве мои до наша Сани Коце Бич... in another dream yeah! :nod: .
    Е, тоa ти е кога и мама девил ќе те напушти :worried: .
     
    На crazylady, la-chicka и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека би дала се` за Becoming insane пуштена на максимална јачина на DVD-во, како кога бев помала. Да се тресат прозориве. Зошто ли се расипа? :(
    Станата сум уште рано посабајлечки и едно ќе речам - здравје и среќа да го прати измислителов на Спазмекс. :sweat:
     
  7. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК... Не е дека верувам, ама не е и дека не верувам. Убаво ми е. Тоа што сакам да го знам го знам. Не целесно, знам дел. Доволно е. Сега треба да се настапи на терен. Да ја испитам ќелавата глава. |( Ќе испитувам, ќе откривам... Милина. Празно... Шуплина... Нема ништо вредно. Нема ништо значајно. Ооооп... Тука сме. Вака сакам. Вреди трудот. Вреди чекањето. Испровоцирај и ќе дознаеш. Фала, фала... :wasntme:
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се вративме...
    Полна со импресии,со наполнети батерии,со грст прекрасни спомени,интересни фотографии на морето и залезот на сонцето,не ми се ни помислува да го кренам газот и да им се фрлам во прегратка на секојдневните домашни обврски.Едвај чекам да помине оваа недела и да појдам на работа,со нова боичка на тенот,нежно чоколадирана,па и не сум била свесна колку убаво ми стои :$
    Си поминав совршено,ја гледав малечката како се радува и сфаќав како расте, не бев од оние раскубани мамички што вриштат по плажа, опуштена максимално, со најмилите покрај мене, се чувствував моќно додека го гледав зајдисонцето како се капеше во солената вода,капките на оросената ладна лименка пиво,скара на плажа,зезање со друштво,долги прошетки,по некој бакнеж,удобна прегратка додека нозете ми пропаѓаат во песокта и неодоливиот мирис на морето.
    [​IMG]
    И на крај сето тоа се зачини со еден долгометражен шопинг во Солун, ептен ги начекавме попустите, па можете да замслите колкуметражна е насмевката и задоволството на моето лице?
    [​IMG]
     
    На Breezy, Strumfeta93, Miss-Independent и 9 други им се допаѓа ова.
  9. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    [size=150ох SOPPINGGG SOPPING делујеш као допинг допинг :lol: лала лала не очекувано типично за мене да не мислам и очекувам, огномети ,петарди, дешавки ....простата јас да не знам да се опуштам али ј..га се надевам на промени][/size]

    али биднаа убавини тоа е најбитно
    туку сакав да кажам форумчево + :coffee: е традиција невидена не се делат не ги делам не сакам да ги делам и не можам да седам без едното а да го нема другото ...ок де ако има чашка винце само тоа :rofl: иди во предвид другото не не не
    а добре бе овие влакнава по телово ми да не не се нормални па дали еднаш знаат да и помогнат на женската убавина ONAKA де да и одат во прилог да не растат толку брзо :fubar:
     
  10. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Сакам да кажам...

    Се вратив од лелеав тиркиз со мирисот на најубавите моменти во мојот живот. Се вратив од возење по ридести тесни патеки, со широко отворени прозорци, јас и тој во костими за капење...Пееше Кравиц низ отворените прозори на нашата кола... А јас бев пола надвор...фотографирав време. Фотографирав недопирливост. Секвенции од мене и него.

    Корона со парче лимон во рака, благо зашеметени и хистерично засмеани, на врелите плажи, расклатени од ладовината на безобразните бранови... сред никаде...Под бел гребен...

    Се сеќавам на неговите бакнежи... на миговите под дејство на ладната Темјаника.. На мирисот на бор покрај најубавата глетка што некогаш сум ја почувствувала.
    Со сите сетила... со сите чакри и точки на самосвесност и душевна будност.
    Со цело битие го почувствував него. Таму и тогаш.

    Сега и понатаму. Го сакам...
     
    На afroditaa, FBI, mysterious и 16 други им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес денов ќе ми биде микс на националности. Ма ќе лудувам бре. С ојде за Ниш. Средба со О и норвежанчето. Д кења. Утре Е ми доаѓа на гости, задутре правиме сафари Маврово - Охрид.
    Во мојава куќа ќе имам нова цимерка Лена. Пред некој ден се враќам сабајлето, во двор имав двајца германци спиеја под шаторче, а во мојот кревет уште тројца. Кога ги видов се прснав од смеење. Цимеркава сега се опушти ептен. Ама ако, на помин беа.. Кој вегетеријанец, кој веган и за прв пат raw личност запознав. Се има по светов. Еден од нив ме убедуваше да станам јеховин сведок. Хахах најс , трај.
    На твитер збеснуваме. Утре весела средба во Пчела. Интересно! Сакам да си ја видам И, прекрасно женулче е. Плени. Ма има многу да се збори а јас, сум МРЗА!

    Ви посакувам многу адреналини деновиве, ама многу!
     
    На crazylady, LivingGlam и Hipica им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.529
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека распустов наместо да се одморам, јас се доуморив. И сабајле станав у 7, ама ај ела спиј да те видам, со толку галама од надвор. Небитно, убаво утро имав. :inlove:
    И сакам да кажам дека толку време се мислев дали да се зачленам, сакам-несакам, и ајде решив, само да не ми стане зараза, треба некој да учи уште малце. :wasntme:
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека во овие моменти кога сама не можам да си се трпам сама ниту најмалку НЕ ми се потребни нервозни испади и напаѓања поради туѓ ПМС. |( |( |( |( |(
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека сакам да сум јас детелинка
    скини лист среќа да ти дам
    сакам да сум јас детелинка
    земи ме за да не сум самА...
     

    Прикачени фајлови:

    На minne-mouse, Breezy и crazylady им се допаѓа ова.
  15. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Сакам да кажам...

    Чаоо Culver City, Здраво Los Angeles.. ПРЕСРЕЌНА СУМ!! Официјалано од денеска.. Знам дека е ниедно време но морав да пишам, да си олеснам :rofl:
     
  16. BubeFeminka

    BubeFeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека денес ми е роденден и најубаво ми ееееееееееееееее :) :) :) :) :)
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Срекен роденден ! :party:
     
    На BubeFeminka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК.. Тоа го сакав, тоа го добив. Предизвик. Ајде сега, покажи се. Реши си се. Надмини го стравот, истерај ја срамежловоста, наоштри го умот, истегни ги нозете, подај ја раката... Да се оди или не, прашањето е сега ! Одлуката е во мои раце. Решителноста е во мене. Ако одам нема да згрешам, ако не одам ќе се покајам. Ѓаволот да те земе! За инает.. Ќе се натпреварувам. Да видиме кој е храбриот. Ме тера нешто. Ме тера ѓаволот. Нека се пусти. Ќе го послушам. :devil:
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    6.636
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    81.365
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што се дешава на фејсбукот бре женчиња мои !?
    Оваа мувата атракција стана, секој втор ја залепил за профајл пиЧкр, пардон, пикчр. :?:

    Инаку, да си ги кажам мислите што ми тежат (ко на психијатар, ма и бетер од тоа) ... :D
    Како прво, значи стварно не можам да сконтам зошто постојат такви створови на светов, Господ веројатно има многу вересии за прибирање, ма не веројатно, туку очигледно.
    Или нека си ги прибере, или во спротивно нема да одговарам за можните последици од бам-бам-бумот кој ќе им го приредам кад тад.
    Второ.
    И навистина почнав да се иритирам - сите велиме дека туѓото мислење и тоа што всушност мислат другите за нас ама воопшто не не' погодува, а дали сепак е така, хм? :^) Не, не би рекла, бидејќи сведок сум на многу вакви тврдења, а секогаш испаѓа дека туѓото мислење најмногу и влијае на нашава јадна психа - жално, небаре не знаеме што сакаме, па морам да бараме друг да ни соли памет.
    Признавам дека некогаш навистина ни треба консултација, ама ова веќе е претеризам во боја.
    Трето.
    Се трудиме да бидеме совршени во туѓите очи, а зошто?
    За некој да ни каже - леле, многу си убава, посебно вечерва/денеска.
    Вииди мајката, баш денеска а?
    А вчера - зарем вчера не бев убава колку и денеска?
    И утре нема да бидам, или напротив, ќе бидам поубава? :^)
    Ич не ми се јасни овие математики, не знам зошто, ха !?
    Еј, да.
    Овој мојов напредува. Значи на нашиот муабет константно му се зголемува временскиот интервал, правопропорционално со фреквенцијата на нашите ахаха-смеења (посебно овие моите - ги обожавал, што сум крива јас кога се смеам така заразно!? :D ) и да, ќе го шетаме кучето следната недела, ако не забегам некаде јужно на сончање. :$

    Имајте убав ден. :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.