Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Не се ни труди :*

    Инаку сдк дека се се врака се се плака,ке дојде време кога јас ке се смеам а други ке се маваат од зид :devil:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Сакам да кажам...

    Можам да замислам како ти е :sweat:
    И јас треба да одам да ми извадат заб :worried:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.285
    Допаѓања:
    157.995
    Сакам да кажам...

    Сдк ...не можам душо,не можааам...не можам бе,не можам,не можам да го видам!А сакам,многу!Ми звучи ко зимница ко ќе го чујам.Престасана,скисната и збогтисана зимница и него му е мучно пустиот мил тој.Е така,си правиме муабет утрински и вицови си кажуваме дур се движиме и јадничко ми вика,Лилит,убаво ми оди кога си се смееме,ама не одиме на плажа бе!Е да...
    У пм одмори!Ќе речеш мирно лето,абе ај,ко на филмот мирно лето.Нajголемите пиздења и журки се случуваат тогаш таму каде што најмалку се очекува. У пм од неписмен народ сто пати што му кажуваш што треба,го прашуваш,а што си ти таму,како не знаеш,абе јас тука не сум (а кај си човеку?! :D ),треба дечкото сеа да дојде,па ќе ви испрати! :o Абе...абе се помочав од смеење дур требаше да урлам и што ќе правиш,ќе чекаш!А Круела Де Вил мене ми урла по телефон,ме шекна,сакав да ја прашам,а мамо ти мене ме сакаш вака или само по дома?!
    Не дека е толку лошо,вообичаено е,ќе дојде мирната есен,ама пмс...је лоша работа.Се некако лично,бурно и лошо доживуваш,наапана си цел ден и само сскаш и ржеш и лапаш магнезиуми! :D
    И сега...треба прашина да бришам!О јеа!
    Да се истиштам малце тука.
    Него каков баланс му мавам на денов...не сум нормална.У 10 ќе си легнам вечер!
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК се вратив.
    Не, толку болка како денес никогаш не сум видела, ова беше нешто најболно во мојот живот. Ми буцаше со некои игли во забот длабоко за да вади гној, Господ го видов и светците напомош ми дојдоа. Се расплакав, за срамови невидени :worried: И пак проклетата машина ;( Плачам луѓе :doh:
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.285
    Допаѓања:
    157.995
    Сакам да кажам...

    ^ Зошто не бараш да ти стави анестезија пред да ти го работи забот,особено па ако е вака болно.Во некои случаи не може,ама во ваков случај...бога ми има да го избушам со тоа циркуларчето за јајца,мајке ми!

    Еј и сакам да кажам...не сакам луѓе кои хејтаат хипстери,а носат хипстерски,глупи шеширчиња и приликуваат на Станлио и Онлио.Натинг прснл,ама идитоски делувате!Па и коа ќе видам некоја ко на Сара Кеј,сламено шеширче...Само на Сара Кеј и стои најдобро и тоа едвај,за пролазна!Кај ви текнуваат такви глупости бе.Глупачки од мода,несигурните пошто делуваат поурбано...нот!
    Мрч,мрч!
    Фала,чао,пријатно.
     
    На Cacy, Trendafilka и Offspring им се допаѓа ова.
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК и јас треба да одам на забар, имам фиксни, и му каснам веќе 2 месеци. Па што да правам кога не сакам заболекари? Не дека е нешто страшно, само контрола. НО го мразам столон, ги мразам апаратчињата за поправање. Го мразам мирисот на забно. Уууууффф :envy:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Де бре,јас па обожавам да си седнам на столот,да си затворам очите,а заболекарот што сака нека им праве на мојте заби со машинката.

    Сакам да кажам дека ова лето некако набрзо ми помина,најисполнето ми беше. Уште да ја видам другарка ми во четврток,тогаш се’ ќе биде во ред.
     
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    ааааааааааааааааааааааааааа ова носот ќе ме поремети! Кај најдов па и јас сеа да настинам, жешко е, ја едвај дишам!!!!!!!!! ќе си пукнам од мука бре :@ :@
     
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Сакам да кажам...

    ...си мислам нешто, никогаш не губам, само дозволувам да не победам. Ма ќе идам ќе се рокнам, ќе се убијам, жештиниве ме дотепуваат.

    И сакам да кажам дека, открив дека јас сум казнета горе, а некои машки доле, мамата...
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.125
    Допаѓања:
    67.165
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми фали она запознавање на нова личност и кога не можете да престанете со зборување и само викате Леле, даааааа, стварно, и јас сум таква, ау не можам и јас да го поднесам тоа, па се смеете и сфаќате дека муабетот ви тргнал и дека си одговарате(на пријателска база де.)
    Не знам од кога не сум запознала некој ваков, инстантно да ни тргне муабетот, да не мора да го тегнеш и да го влечеш. и што да правам кога не можам да зборам со тие неговите? Па немаме ништо заедничко забога, не ни сакам да зборам за нешто, ни уста не ми се отвора, па се смешкам ко некоја глувонема |(
    Дефинитивно ми треба вакво нешто, мало размрдување, некој да ми ги освежи деновите.
     
    На mims-89, crazylady, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сакам да кажам...

    СДК дека вчера вечерта кога си легнав така у кревет си правев еден монолог за тоа утре(сега веќе) денес што да напишам во СДК, затоа што беше важно да соопштам :lol:
    и сабајлево кога станав едино што запамтив беше дека треба да напишам нешто во СДК,
    другото отиде во неповрат и заборавено.

    http://www.youtube.com/watch?v=3S8qtAd2YY8
     
  12. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Што сакав да кажам? Не сакам да кажам, сакам да викнам, да се издерам колку што ме држат гласниве жици и да го пратам целосниот работен персонал на болницана наша во три лепе. Добро бре, каде го има ова, заради непрофесионализам, незнаеење, инает да нарачаат снимање со ренген 3 пати во 3 денови. Ми се смачи да слушам колку врска немаат од животот а упорно се лупаат во гради како тие се доктори, како тие знаат се, а ништо не знаат, НИШТО. Ми се смачи да слушам секој ден вести каде што си играат со здравјето на луѓето, како од инает и од караници со колегите не си дозволуваат да слушнат второ мислење и да го загрозуваат она кое треба да го спасат и лекуваат. Каде се видело доктор што ги фрла книшката и упатите на земја заради тоа што пациентот претходно се лекувал кај негов колега, но ривал. Каде им е заклетвата што ја даваат пред да почнат да работат, каде им е човечноста најпрвин. И да не се доктори, кога гледаат дека на некому му треба помош, треба да ја пружат.

    Доктор е тој кој го сака и прави најдоброто за пациентот без разлика на неговиот приватен живот и проблемите со кои се соочува моментално.
    Доктор е тој кој не гледа возраст, пол и националност кога треба да помогне.
    Доктор е тој кој не се срами да побара второ мислење затоа што никој не може да знае се, и никој не може да ја простудира целата медицина.
    Доктор е тој кој сака да испроба нови методи, а не стари кои се користеле во времето на нивната диплома. Светот се движи, новости се случуваат секој ден.

    Заради инает, заради курчење и непризнавање на незнаењето спремни се да пратат човек 3 пати на ренген, наместо да го испртат кај специјалист во тоа поле.

    Оооо Македонијо... Да ти се плукнам и во доктори и во се. Го срамите името доктор.
     
    На Miss-Independent, bittersweet, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    When the dog bites,
    When the bee stings,
    When I'm feeling sad...
    I simply remember my favourite things and then I don't feel so bad. :clap:

    http://www.youtube.com/watch?v=ikpj24WMOLw&NR=1

    Песнава ме држи во живот денес. Сламка за давеник, цевче кислород за болен, мајка за дете, е тоа е за мене песнава. Детинесто е да се поврзувам толку со една песна, но ми помага да се чувствувам подобро. :D Заедно со тестенините во сос од печурки, џоа нова сум. Со стара нога афкорс.

    Глупав грч, глупава вена, глупав недостаток на калциум. Абсофакинглутли не се согласувам дека имам некој недостаток од нешто во ваа снага, па не е од марули мајка му стара. Приметивте дека глуп ми станува пречесто употребен збор ?! Да ? И јас приметив. :|

    Денес на тапет ми се тие што ми објаснуваат дека животот треба да се живее во полн здив, еден и единствен бил, па спонтаноста дека нив им е најдобра пријателка. Зграпчи го денот, искористи го шансите. Од такви приказни ми е преку долнава баба Меца. Прво и прво, во вака отепана земја нема и некои шанси и можност за спонтаност. А второ, што први се за да ми кажат како треба да живеам, додека од друга страна ни тие не живеат нешто поразлично од мене. Македонија и Карпе Диам-от не одат заедно. :x

    Ај не замарам веќе, ќе одам да легнам малку. Аман, годишно еден месец поминувам во лежење и лечење на моите патетични повреди. |(
     
    На zhap4e и Breezy им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    Битолчанките се најубај и најдотерани хахахахаа така е одамна познато :angel: :angel: :angel:
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека го молам Господ да направи чудо и на мама да и` го скратат одморот бидејќи повеќе не можам да ја поднесам нејзината тортура. Комплетна генералка направи и мисли дека сега ќе биде вечно чисто дома.
    Мани друго, теписите се извадени, а 15 минути се караме дали може или не може да се пеглам тука. Не гледам причина, едноставно НЕМА теписи. Татко ми вика дека ќе сме дишеле влакна, ќе сме дишеле влакна, поголема глупост не сум слушнала оооодамна. |( Божем ќе дојде некој и со лупа ќе бара влакна по паркет.
    Во WC да сум ја правела косата. Не фала, млада сум да умрам од топло.
    Се мрднале сите. :x :x :x
     
    На Breezy, Smilly, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ненормална сум била што сум сакала стриптиз шипка во соба. А тие што на 20 си ги чуваат мечињата и барбиките на полици наредни, нормални се!!!
    Боже, глупости.
    Има да фатам, се од корен ќе сменам во соба, па ме заболе Сунчица моја.
     
    На Miss-Independent, najubava2010, rossonerka и 6 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    100.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денов како створен за размислување,керка ми на гости син ми на фудбал ,маж ми менува позиција на троседот,изгледа денес си закачил знаменце на него за освоена територија,се прашувам по милион пати каде оди овој живот.Болеста ме јаде,ме гризе одвнатре,се трудам да не мислам,ама болката е присутна..и така зачмаено сваќам колку без врска поминува времето.Каде се изгуби онаа девојка која беше позитивна ,за која не постоеше не може,која беше најсреќна со ранецот на грбот и ветар во косата,која безгранично веруваше на луѓето.Потонав, се изгубив себе си..
    ...на крајот на краиштата сваќам колку тешко ја добив работата а колку лесно ја изгубив..и ме нервира ова моја бесконечна желба за самоповредување..си велам остави не мисли но...денес сретнав бивш колега ,се судривме на врата речиси ,освем едно ладно-како си...ништо повеќе..е мој В. зарем не сме работеле зедно ,не сме пиеле кафе,патувале,сме се смееле на глупости,се радував како за брат кога доби дете после долги маки..а ти мене денес само како си..како да сум лепрозна..
    ..се обидувам да го прифатам тоа,нели е и тоа поентата,да се пушти минатото,да се раскрсти на вистински начин,но тоа пак
    ебено
    ме загрозува , и се додека тоа нешто има оддек во мене,ми смета,вознемирува,тоа е знак дека не сум дорасната да излезам на крај со препреките во животот..не знам како..не умеам.. :?:
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    бев Скопје.. се стопив, сменав 3 маици бидејќи се потев како свинче (ах барем да скинев 1 кило да не ми беше мака), се изнервирав бидејќи оние од студентски прашања НЕ СЕ ТОКМУ. Ама позитивното е дека пиев кафенце со колешките ми најдобри и баш ми беше фино :coffee:


    АХТУНГ! Време е за карпузззззз :inlove:

    [​IMG]

    И девојки, ако сте ЗА, дојдете ќе се дружиме на тераса и ќе го гледаме Калето ;)
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Старфиш и јас многу сакам шипка во соба, среќа имам барем во двор па си се вртам околу неа навечер :lol: Ама затоа со идиот маж мора да си имаме во спалната соба со сите пропратни реквизити :lol:
    Срам да ми е, ама тоа ти е апстиненција што ти прави :devil:

    Зошто побогу луѓето си се тешат и си веруваат во тоа се се враќа се се плаќа, сам ако не си направиш во животот да ти биде се во ред никој нема да го направи тоа за тебе, и никој никого ништо или нешто неможе да натера со сила.
     
    На Strumfeta93 и crazylady им се допаѓа ова.
  20. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денеска ги отекоа со темиве за предменструален циклус. Ама веќе, ГЛЕДАЈТЕ МАЛКУ!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.