Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Прваче сум веќе
    Вистина е цела
    Во жили ми тече
    Крв титовска врела


    :D Не бре се зезам, во жили ми стриу од сабајле некоја невидена позитивна енергија.
    Ама кој бил пионер и ја знае песничкава, ќе ми ја сфати асоцијацијата.

    Комбинирам од сабајле крцкави „пахуљици“, со сушени јагоди и чоколадо, си сркам кафе и си читкам нешто, и си велам - како во виорот на една луда денешница човек може да е насмеан и задоволен?
    Вести не ми се ни отвараат. Знам, признаавам, таа сум, виновна сум, не е убаво да се игнорираат вакви работи. Но мене ме депримира она што се случува насекаде. Се палат коли, згради, се пљачкаат продавници, повредуваат други луѓе. Добро бре, полудевме начисто или само нешто тлееше во нас и доволно беше мало чкорче за да се запали огромен оган?
    Стварно е луд светов :x На момент сакам да сум под земјата и да мислам дека е сеуште некое убаво време. Нешто ко у Goodbye Lenin! Ви текнува?

    Ма јок, денес сакам да блеснам а не да сум тмурна и нерасположена. Во суштина нечии убави зборови кои навистина ми измамија насмевка на лицето сабајлечки ме замислија колкава е човечката моќ врз другите луѓе. Колку со еден единствен збор имаме моќ да управуваме туѓи расположенија и емоции.
    Колку со една реченица можеме да расипеме или да разубавиме нечиј ден. Сте сконтале нели?
    Не е дека е ова од вчера :)

    Користете ја таа моќ позитивно. Маки и несреќи на светов еден куп, на никој не му е потребна вашата негативна енергија.

    Бидете позитивни и подарете по некој убав збор, сосема несебично и од се срце. Па да видите како нечиј ден одеднаш може да биде исполнет со сонце, јагоди и чоколадо ;)

    Него како идеше понатаму песничкава? :?:
     
    На senjorita-v, ozbilnazena, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    Среќен роденден и се што сакаш да ти се исполни :* :* :*
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    јессссс не сум некој си изрод ............... се надоврзувам на постот на мерлинкава значI NE IMA повеќе е такаааа
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Нешто се менува и сум во епицентарот на таа промена. Оние најважни емпириски печати се втиснуваат најчесто нежно и молкум дури и несвесно е нивното значење на почеток. Драмите од животното искуство имаат малку заедничко со трескавичниот епилог на молњите, хоророт на вулканските ерупции, безумниот од на цунамито, елегантната апсорбирачка стравичност која избива од торнадото или молкот кој настанува пред немоќта од разорноста на катастрофалните земјотерси, ова е најчесто дело на петпарачки филмаџии, новинари на кичот алијас неуспешни автори без зборови и музичари без ноти или автори чии дела се налик на таблоиди, а многу жолтила не се на арно.
    Промената има нова светлина немерлива во кандели, во позадина оди совршена дотогаш несоздадена симфонија налик на Бетовеновата петта- Судбинска или манастирска тишина. Те удира и бранува и центрифугира, додека посакуваш повеќе да те вовлече во себе. Не се‘, но нешто значајно се менува и ќе доведе до прекин на низа повторувања кои веќе станале справи за духовно мачење во фалсификаторскиот конформистички шаблон наметнат и изживуван толкупати претходно од толку лица, кој не ми е ни ми бил некогаш по мерка. Ова е почеток на нивниот крај, конечно. Слободата е на прагот од заледениот замок налик на оној од Кафка. И‘ велам -
    Добредојде.
     
    На mims-89, Magnolija, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  5. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Сакам да кажам...

    Ветероввввввввв не се поднесува :devil: сега ке дува 5 недели.Поарно нека врне барем ке преврне а не воа ветеров да ти ја однесе главата :puke:
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.527
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Е ова ти се вика спиење, надвор врне, собава мраз ладна и спиеш труп. А не претходно, хух.

    Иии сакав да кажам денов ќе ми биде исполнет ептен па добро би било да си станам од сега да се спремам полека, ама не, ја го бирам потешкиот начин, а тоа е да се нервирам и да кукам после кога ќе снема вода, и да се мислам како да се избањам и како да се средам, наместо да си станам од сега, ама нема сила што ке ме стане од столов. А и ми се јаде, ама ме мрзи да станам.

    И да, ми се свиѓа времево. :inlove:
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК the awkward moment when мајка ти ќе го крене мониторот. :rofl:
    Алиса ин вондерленд или Стојанка во Веро, не знам како да ја наречам. :wasntme: Имаше доста глупости, ама таа главната што ја видела најтапа ми падна. :| Плус и тоа вчера што го виде уште потапа, ако го виде :!: (ама видела гарант, пиххх она за такви работи |( ).
    Треба сега да соберам храброст за да остварам еден телефонски повик. Џаст ду ит. :D
    Сега си пејам It was only just a dream и така малку сум како потресена. Прво и основно, не ми се верува што песна слушам во моментов, а како второ, сонот беше... Буквално сон, за жал и само сон и ништо повеќе. :(
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    ^ако зборвиш за песната од Нели.. аку потпевнувај си ја зш за уба - уба е! (исцепив на охридски) :lol:


    СДК.. Ова сонвењево.. не е убо. На пример, денес закаснав 1 сат за на работа (очигледно не ни отидов) од тие соништа. А не ни се сеќавам шо беше, како беше.. ама ај.. уште еден слободен ден for meeeee :dance: :wasntme:
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    115.615
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Букварот го сакам
    со книгите дружам,
    на земјава родна
    верно ќе и служам
     
    На Ariel, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Вчера жешко денес намуртено време,тмурно,со ладен ветер.Секогаш ова време ме потсеќа на една личност за која правев се,па ми беше најдобра другарка барем јас така мислев :!: ,за неа имам пишано лектирата од рани зори за после да ја земи таа да ја напиши и да одиме на училиште,ја имам покривано пред нејзините родители,и имам позајмувано пари без да барам да ми ги врати,каде и да одев надвор од градот купвав нешто за неа,ја правдав пред другите.И да,морав денес да ја отворам мојата кутија со спомени каде се нејзино е сместено а бога ми има многу работи изгледа тие работи ги купуваше за да го прикире нејзиното друго лице,иако сите мислеја дека се ке фрлам од неа јас се собрав и го сместив со кутијата со спомени заедно со нејзината слика која долго седеше во мојот новчаник,и таму му е вистинското место таа е само уште еден од многуте спомени ништо повеке,иако денес кога ги видов сите тие работи од неа малце ;( и ми дојде желба се да искинам и да фрлам ама не мене гордоста ми е поголема и ги вратив сите назад, сепак и покрај сите не убави работи што ги доживеав со неа,сепак има и нешто добро,имавме стварноо убави моменти кои вредат да се паметат а неубавите ми се уште една многу добра лекција во животот и уште едно искуство.

    Но не вреди заради некој такви личности да си ги уништуваме деновите,сепак тие се тие што губат но не можат да сватат но се врти тркалото.Затоа феминки ако имате такви личности во својот живот не очајувајте само насмевнете се убав е живото и без нив :)
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ма, ептем финтаџиски го имаше опишано, еднаш таму одамна, поимот џемпер, еден од нашиве познати колумнист, меѓудругото. Пошто, нели: „џемперот е дел од облеката која детето мора да ја облече кога и студи на неговата мајка“. Па, тоа ќе му дојде како, јас правам пошто сите така прават, или пошто сите така сакаат да прават... правам. Ма колективен студ ќе да е тоа и на енормно високи температури. Ко’ она, со бременоста и симптомите на бременост кај мажот мене ми доаѓа.
    Пошто, овој многу сочувствува со жена му, ги чувствува и сите нејзини блажени болки. Па му се подуло мешето, му отекле градите, си го боли и него.
    И нели понекогаш посакувате да сте дел од толпата?!?
    Да се претопите во нешто што вообичаено не сте, пошто смачено ви е да изустите нешто и тоа да звучи ко, кога сте во накрцана до последен сантиметар дискотека во која, сосем нормално е кога сите се дерат за да се чујат меѓусебно, ал’ баш во моментот кога вие сакате нешто да кажете, оп, вашиот момент на тој, тренутак „из дубине“ изваден глас, музиката ја исклучиле.
    Хелоу евриуан! :$ Мај нејм ис Фрики, анд ајм дифрент.
    Ваљда ви се има смачено од тоа да сте под нечие око. Од тоа да ве мери и премерува, да процени да не по некаква си недај Боже екстремна околност, вие сте нус појава на општествово па, должината на вашата коса, возможно... евентуално.... можеби.... онака малкуцка или многу-цка отстапува од пропишаната за сите- должина. А, всушност, уште од старт го гледате дека тој дури и ви иде со инструментче кое не е направена за вашата фрики лонг косичка.
    Нели тоа ви доаѓа исто, како да сте невидливи, како да сте си на одмор од себе си и вашите битки со светот.. всушност и замислата за невидливост ви е тоа.
    Одите по улици и никој не ве погледнува со „чудното“ око, пошто нели, изгледате исто како и останатите, носите иста униформа, која не му дава на оној спорти вас да ви го погледне суратот. Исто мирисате, пошто истиот парфем го купувате од истата парфимерија по истата цена. Или што знам, од устата ви излегуваат некакви си чудни и безживотни за вас зборови, кои се чинат како хоровско Аве Марија... бидејќи секој пат кога кажувате нешто, тоа е нештото што излегува и од устата на останатите. Гледате едно нешто и воздивнувате на ист начин, истовремено со уште сто...двесте, триста.. петстотини или што ти ја знам колку други, па дури и главчето го наведнувате на иста страна, во ист момент трепкате со очињата, се чешкате за задникот можеби, или не всушност, пу јазк забегав, тоа не беше дел од толпата.. освен ако некој се сети дека и тоа треба да е дел од толпата :wasntme: личи на нешто што толпата би го правела.... а?!?
    Ма најбитно од се е, “не се конфронтирате со никој!“. Не се препотувате да се докажете, кога и нема како да докажете некому со кој не да имате различни сфаќања за светот, него сте со различен раст и развој (не зборам за физичкиот, не!).
    Дури осеќате и некаков си мир... зен. Светлина убава, топличка ви го гали челото. :angel:
    Ма уејк ап будало, не си ти за тоа :!: !
    Туку, сакам да ви кажам, виножитото е интересно баш поради сите бои во него.
    I'm not broken, I'm just being me! Признај ]:)
     
    На La.Reina.Del.Sur, Marilyn-Monroe, SuperGirl2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Сакам да кажам...

    Ако ја измиеш колата, неминовно после тоа ќе заврне дожд.
    Но не можеш да предизвикаш да заврне дожд со тоа што ќе ја измиеш колата. :D

    Чудни се патиштата Марфиеви.

    Одморена ви се враќам да споделуваме нови чуда.
    :hai:
     
    На Offspring, marama, Strumfeta93 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Човек-колку само тоа гордо звучи...
    Си велиме дека ние сме горе, на врвот ланецот на исхрана, си велиме и мислиме дека се знаеме, дека се тече и се се менува, дека љубовта и достоинството не одат заедно, дека каде има чад има оган и .......

    А уствари се запрашал ли некој кој тоа е толку паметен :?: , од каде па ние на врвот на ленецот на исхрана :?: , само затоа што некоја будала смислила пушка и го убила лавот, тигарот, мечката...ај да видам кој е тој маж што со голи раце ќе се соочи со тој ѕвер...

    А и си размислувам, човек и гордост, ма дај... До кога ќе се залажуваме, човек ко човек, ретко кој од нив вреди, се се тоа ситни, продадени души кои се поевтини од кутија цигари, кои талкајки ја изгубиле душата, им останале само парите, а внатре, во очите им се гледа празнината кој никога нема да ја пополнат. Во денешно време вистинско богатство се пријателите, ретко во оваа џунгла на простотилук, идиотлук и материјализам да најдеш номален човек, човек кој сеуште знае што дигнитет, човек кој ги цени високите човечки вредности, кому чувствата му се пред финансиите...

    Нема, веќе одамна го нема она човечкото окулу нас, веќе одамна ги нема насмевките на случајните минувачи, ги нема и случајните патници кои застануваат покрај автопат, а други застануваат да прашаат дали треба помош...Нема, денес секој ја брка својата среќа, па макар било и на сметка на туѓата несреќа, денес секој негде брза, а не сфаќа животот дека животот тече, тече и додека јас овде пишувам, тече и додека ти ме читаш, и знаеме сите изминатото време не се враќа, а од спиење спомени нема ;) ...

    И на крај, луѓе секојденевно се соочуваат со загуби а ние овде ќе мрчиме дека времето е лудо, денес е грч ладно, а вчера 40 степени...па лудо време-за луд свет, така тоа по навика си оди...

    И СДК живејте луѓе, живејте и радувајте му се на секој момент со вашите најблиски, живејте и бидете среќни и задовни и со малите ствари, зошто сепак деталите се тие кои ги прават нештата совршени...
     
    На marama, Strumfeta93, Marilyn-Monroe и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Фрустрациите се можеби една од најлошите работи што се мотаат во умот на човекот. Ги имаш, полн си со нив, мислиш дека ти помагаат ако ги труеш наоколу луѓето со нив, а всушност I don`t give a fu*k пак ти се одразува на тебе.
    Некои луѓе нема никогаш да бидат задоволни од животот, дури и кога имаат се, слепи се за да го видат тоа. Не, не се за жалење, така им одговара, сакаат низ животот да поминат како жртви, сакаат другите да ги обвинуваат за неуспехот на нивниот живот, така им е полесно, се чувстуваат супериорно, поминале низ животот како АЛФА, на туѓ грб.
    Тие луѓе незнаат да ги најдат убавините и задоволствата во малите и нематеријални работи. Тие луѓе незнаат да држат цврсто за рака, тие луѓе незнаат да ценат кога некој несебично им дава се. Тоа се луѓе кои неуморно би цицале се од вас цел живот. Несакам да кажам дека се паразити, ќе кажам дека се луѓе без чувства, а луѓето без чувства не се сакаат ни самите себе, а не па некој друг. Кога не се сакаш ни самиот себе незнаеш ни како да ја најдеш среќата која ти е постојано на дофат, среќа има насекаде.
    Ти ја дадов среќата на дланка, требаше да ја земеш само и да ја чуваш, а не да ја фрлиш... ама тое веќе не е мој проблем. Секој сам си прави избори во животот, а ти го направи својот. Ако ти е полесно продолжи да ме обвинуваш за секое твое бедно расположение ама пак се сеќаваш на мене. Убаво ми е да сум причина за се што правиш и што ќе правиш во иднина.
    Времево ме натера да размислувам за ова, а дождот на тебе ме потсеќа. Убаво беше.
    Со секој твој потег ми потврдуваш дека треба да сум среќна што не си веќе во мојот живот. Биди и ти.
     
    На baguf4e, marama, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    854
    Сакам да кажам...

    Се прашувам зошто животот може да биде толку суров? Пардон,не животот туку луѓето.Тие го живеат животот по нивна желба.Зошто среќата е толку неразбирлив поим? Зошто кога човек конечно ќе ја пронајде не може да ја задржи? Зар не заслужив? Кога го имам она што ме исполнува и радува,во туѓите очи изгледам себично. ЗОШТО? Не разбирам од кога уживањето во убавите моменти е еднакво на себичност...Не сфаќам.Доволно претрпев и мислам дека барем малку заслужувам разбирање.Ама не ми е гајле.Животот е мој,и мислам дека не е себично доколку уживам во него.Себично ќе биде ако не сум благодарна за овој живот кој го имам и не се потрудам да го искористам што е можно подобро ;)
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк сладок е коњакот,ама уште послатка е водичката ;)



    Еден ладен туш и добро почна денот :) .
    И :!: мн ме нервира кога на фб. другарката ќе ги стави сите слики од роденденот |( па може бар да праша дали си се свигам на сликата :^) а не оп трас бап на фб. се живо и диво.

    Епа де...
    Епа јеќе,јеќе деее ....јеќе,јеќе хитче ми е ако само тоа го знам од целиот текст :rofl:
    весела ми е ..плеткам јазик со текстот

    http://www.youtube.com/watch?v=cIUD1Z3pU1g
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сакам да кажам...

    Немам зборови да си ја искажам среќата! Моето бебе од апарат се враќа дома! :inlove: Колку ми фалеше... :(
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Јас сум себична, нетрпелива и малку несигурна. Правам грешки, губам контрола и на моменти тешко кој може да излезе накрај со мене. Но, ако не можеш да ме поднесеш кога сум во најлоша состојба, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум во најдобра :)

    Фино речено!!
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Го обожавам топлото време и издржувам. Супер ми беше минатите денови, иако се жалев дека е топло, пак беше добро. Ама денес, ладно.
    Иако ми расипа некои планови и иако имам голема почит кон сонцето, вакво време, требаше. Дефинитивно.

    Ветар шиба, темни облаци, и мирис на дожд. :mm: се чека да заврне


    Планирав да спијам до касно :lol: ама од спиење нема спомени, па станав ранко. Сега малку вас да ве подружам, па еден туш.

    Не пишувам многу во темава, а имам толку многу да кажам. Го оставам за друг ден. Денес малку бош муабет (мислење). :)

    Едит: заварна. Уф, колку е убаво. Само уште повеќе да грми. :mm: уживанции

    Едит 2/3: Да, ја сакам природата, топлото сонце :sun: , ненадајните дождови пропратени со грмотевици и светкање :rain: и она зеленило кое те исполнува со позитивна енергија. :f:
     
    На crazylady и Tanny им се допаѓа ова.
  20. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Uff само колку е убаво надвор си врни го нема жешкото време :rock: :rock:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.