Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Еднаш месечно, обавезно ни е традиција да се собереме сите другарки и да излеземе.Е вчера was the night!
    Сите скоцкани од глава до пети, средени, напарфимирани, се на место, последна проверка на изгледот на стаклото од влезната врата, пазиш како влегуваш во кола,а уште повеќе пазиш како излегуваш,фините женски манири ги презентираш на велико...
    Седнавме во кафана прво и општа констатација беше дека никој не е за вечера, само некое мезенце и некое аперитивче би било сосема ок.Келнерот ни продаваше голубарски финти, видел 8 жени на една маса,башка три се немажени и човекот да си ја проба среќата.И ние по долго проучување на менито конечно нарачавме:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    И загревањето почна,кој узо,кој водка, кој ракиичка, се алкохолизиравме,па кога скокнавме на мезето,абе никој со никого не прави муабет,сите опседнати со вилушка во рака,кој што ќе набоде,леле да видите кога дамите се претворија во термити,за 5 минути чиниите беа празни,а на даската за послужување останаа само листовите марула ставени за декорација.
    Од тука ајдеееееее,ќе одиме во кафиќ да се докусуриме, така недојадени.Повторно жестоко пиење уз благотелеќи осмех на нашите фаци, па уште сме се сликале
    [​IMG]
    знам само дека стомакот ме заболе од смеење и тогаш некој спомна: БУРЕК!!!
    [​IMG]
    И бевме да купиме, го јадовме на кејот, во ниедно време,сркавме од јогуртот како збудалени,ццццц жени,а после нога пред нога „Шта ќу куќи тако раноооо,ко ме чека тамоооооооо????“ :drunk:
    Ауууу, цела ноќ станував да пијам вода.
    А „домаќинот“ мој,вчера купил џак со компири,абе како поминувам покрај него,така ми мириса на леш,си викам не сум ич арна нешто и така полумамурна сабајле, ги извадив сите до еден и имаше неколку скапани,леле колку гадно може да мириса скапан компир,бљак :puke:
    А што го зезнале, го зезнале,од страна му наставале големи,а во средина ситни компирчиња мислиш расад му продавале :swear:
    Го отупев јас со постов,а само сакав да кажам уствари дека ги оставив цигарите и престанав да пушам :lol:
     
    На Theodora, lolyta777, Lepaaa и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Изгледа се упрпа од тебе. Затоа е вакво времево. :nod: :P
     
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк-Кога една врата на среќата ќе се затвори, друга се отвара - но честопати толку долго гледаме во затворената врата што не ја гледаме вратата што се отворила за нас." :)
     
    На AIT, Go-Girl, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    СДК времево не ме остави да спијам. Врне лупа.... а пустата ми мрза да станам да затворам прозор . Сега цел ден ваква |( ќе бидам ...


    Денес многу цртежи чекаат на мене . Конечно инспирација за тоа и за пишување :angel:
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.228
    Допаѓања:
    140.110
    Сакам да кажам...

    Многу ги сакам Џојсовските моменти на откровение. Луташ со мислите, и од нигде никаде ти светнува сијаличката како на Радован, и ти светува нешто што којзнае колку време ти било пред очи, а од некои необјасниви причини никако да го видиш.

    Можеби некому му доаѓаат во тоалет, ама мене најголемите идеи ми доаѓаат кога возам по патиштата низ земјава од која го сакам секој милиметар квадратен. Поточно кубен, малку се две димензии.

    И така вчера се враќам од омиленото место, и во моменти на наплив на идеи, од радиото ми излегува Лозано, и му вика дека како ден му било јасно. Е добро бе брат, ама да кажеше пред извесно време, што ми вреди сега. Сега и јас знам, ама џабе ми е.

    Има работи кои може да ги промените, ама за жал и такви кои не може. Ама важно е да се извади максимумот од секоја ситуација. Или што би рекол некој: „Узми све што ти живот пружа!“ :D

    Имате ли и вие чувство дека убавите круши свињите ги јадат?
     
    На Strumfeta93, ozbilnazena, Gea и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    Олелеиииииииииииииииихуууууууууу! Кој викаше бе вака, ај потсетете ме, од сабајле имам некој детски глас кој вика О - лелеееееееееееее - ииииииииииииииии - хуууууууууууууу! :D Арна сум, само слушам гласови во главата како викаат олелеиху. Ху ху. :D

    Денес, осудена на комбинацијата кревет-стол-кревет, актуелна тема ми се уписите за факултет. Со сите муабетот е тој - Каде ќе се запишуваш ?! Него, ме буни тоа што јас сум една од ретките кои оди на тоа што го сака. Сите одат на нешто затоа што било лесно, затоа што не знаат што друго, затоа што родителите така им рекле. Добро бе, како може на полни 18 години да не знаеш што сакаш. Сфаќам, на 15 се прават грешки, се запишуваат во погрешни средни школи... Ама па на 18 год да одиш на нешто затоа што ти кажале дека е лесно. :x Најлесно е да умреме, па не умираме, ако гледаме што е лесно, а што не. |(

    Еее, Македонче, се алчи по пари, по луксуз а го мрзи да одбере да го учи тоа што го сака. Млад човек, 18 години, па да го мрзи. Разбирам секојдневна мрза, те мрзи да станеш или да си земеш за јадење, ама да те мрзи да мислиш за иднината, никогаш нема да сфатам. Не, не и не.

    Трагично е што приметувам колку се сите немотивирани, неамбициозни, едноставно одат на факултет затоа што не знаат што со себе, затоа што ,,така требало,,. Не дека јас сум некоја најзрела или што ти знам што, но верувајте, тие мисли што некои поединци ги мислат, ни на крај памет не ми текнале.

    Се тешам со јадни и страдни мисли дека тој што знае и што го бива, ќе успее и ќе се снајде некако во животот. Но, големо НО. Се повеќе и повеќе мислам дека лекот е само дипломата во џеб - да се најде како тојлет пејпер - и правец на аеродром. Па нека си седат тука, нека си го живеат ,,лесниот,, живот и со среќа нека им е. :geek:
     
    На Bozica1980, Strumfeta93, najubava2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Што е ова бре луѓе, филозофии, филозофии, се изначитав 3-4 страни. Уште рано од сабајле сте почнале.

    :rofl:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Сакам да кажам...

    Се би било поинаку кога болката би ја почувствувал и тој што ја предизвикал...... :(
     
    На Rock-a-Fella, najubava2010 и SuperGirl2010 им се допаѓа ова.
  9. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Сакам да кажам...

    На лето би било многу подобро комарците наместо крв да цицаат масти... |(
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Во горниов лев агол една мува си се опнала на монитор и не и текнува да летне, море и со глушецов ја бркав, цц толку ли и е удобно?
    А поарно што е на едно место него да разлетуваше и сега ај ко е вака мирна, како да ја утепам ?
    Безврска прашање кога веќе го зна одговорот, па мене ми се гади од овие мувиве, не можам три секунди в рака да ја држам не па да ја утепам и ај ќе си се дружиме вака, таа ќе ме посматра од озгора и ќе ми се моча на монитор, а ја безпомошна ќе ви се жала од неа, море смукалката му е мајката, ама зна ќе ми ја сфатит намерата, ако стана, таа за инает ќе летнит.
    И така, имате еден летечко зујачки смирен поздрав од г-ѓа Мува мувосана, што верувале или не 10 минути си стои залепена на монитор, и не е оваа од тој потписот туку вистинска е.
    :bug: за чудо, ова е прв пат мува да не ме изнервират и да не добија желба да исчезнит од соба.
    Нема што исрцпен врло корисен пост.
    Поздрав за сите летечки инсекти посебно до комарците што ги мразам.
    [​IMG]
    БЉАК :puke:
    [​IMG]
    :hai:
     
  11. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    507
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    сдк LJUBOVTA ми го замена кафето со NEGO не го испив ...ама затоа добив по слатко кафе
    :*
    два вечери со ред се чувствувам модернистича :$ :lol: ,а со тоа исовремено привлечно и SEXY
    самодовербата си го правела и ќе си го прави своето ах ја љубам посакувам да ја имам барем 8 саати на ден ...
    конечно книгата во мои раце мирис на нова хартија не допрана не отвореан полна мистерија .....уф оргазам .....ја љубам, таа авторака умее да ме смее умее да ми направи д аго гледам светот со розеви очила барем додека ја читкам,а тој побрзо не можеше да ми ја купе ......додека јас се карав книгата веќе ми се вплеткала меѓу прстите ,сега јас неа ќе ја влеткам в раце и не ја пуштам зошто ја чекав долго
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК...не е фер... :swear: Или како би рекол Калимеро:Нема правда ;(
    [​IMG]
     
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    Таман човек ќе реши да се одмори комшиите ке се растропат :devil:
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Сакам да кажам...

    СДК

    I loveeeeeeee rain :D :inlove: :inlove:
     
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека времево многу се занесуе :fubar: . Ама ако мисли дека ке ми ја расипе вечерта...се лажеее :!: :)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  17. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам...

    Не е фер! Сакам КОСМОС и кај нас :doh:
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК нека врни, нека ги зачисти улициве, нека го навади зеленилото, нека не разлади (па нели до вчера се жалевме на жештините!?), ама нека преврни!!!, веќе претера!!! Сакам надвоооор :doh:
     
  19. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се вратив во реалноста. Времево ме врати. Се ближи есен а јас заостанувам со обврските.
    Сериозно се фатив за работа и до недела си дадов рок да ги направам семинарските.
    И еве веќе два саати правам една
    а само еден поднаслов ставив
    Со ова темпо пролет ќе ме фати додека да завршам. :)

    Иначе вчера пробав да почнам диета, залудно. Моите се вратија од вечера со пици за мене и брат ми(демек жал им паднало шо сме останале ние дома без ништо за јадење, ко фрижидерот да е празен |( ). И како можев да и оддолеам на мирисот на пицата де (која ја одбегнував цело лето) а ми стоеше на маса во кујна со знакче (видливо само за мене) - Изеди ме! :P Затоа денес не излегувам од соба, случајно да не дојдам во допир со храна, па ќе имам успешен почеток на диетата, МОЖЕБИ..

    И последно што сакав да кажам е- Не чувствувам дека ми недостига. Не знам како, не знам зошто.. мислев дека досега ќе има океани од солзи околу мене ама нема ништо.. :worried: Уште не ми влегло во глава дека е крај, дека нема да го видам повторно. Сакам сега да го “преболувам“, па неќам во септември, немам време тогаш за плачење! Уфф...
     
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк радувајте се на дождот |( ќе ве видам за месец-два кога ќе сакате сонце и +30 степени |(

    Па сеуште е лето треба да е жешко,не ве разбирам најискрено.
    Мрзниме некои 9 месеца и сега не знаеме да уживаме во топлото,сакавте дожд ете ви |( вие радувајте се а јас ќе го пудам дождот!
    Го мразам досаден е во лето ....
    Нека си се чува за во есен....
    Мршшшш лошо време М-Р-Ш!!!
     
    На Neytiri, Monroe, k.i.m и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.