Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мммм се вратив неколку години назад.
    Мирисот на денешниот ден ме потсетува на први септември, средношколка кога бев.
    Да, да....
    Ете ми недостига.
    Денеска е тој филинг.
    Сега да се вратам барем еден ден во гимназија, пак ќе избегам 2 часа, верувам. :D :D
     
    На Strumfeta93, thelittle17 и caroline.costa им се допаѓа ова.
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сакам да кажам...

    СДК да е здрав и жив Кафетин Менструалот. Амин! :bow:
     
    На Mawata666, N.A.T.A.S.A, WhiteAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК се вратив. 8)
     
    На crazylady, thelittle17, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Многу почнав да сонувам последниве ноќи.
    Отровот и во мозок ли ми удри?
    Не е битно, од никаде некаде многу пари ми се насобираат. Браво.
    Денес се подигам од кревет, ќе трошам. Ќе трошам на мене.


    Пирамидка ама инспирација ми даде за луѓето за кои што вреди да се живее ех... луѓе кои ги сонуваш, луѓе без кои неможеш животот да си го замислиш, луѓе кои го вадат најдоброто од тебе. Имам неколку такви луѓе, не би ги менувала за ништо на светот.


    Има еден дечко што тврди дека веќе 4 години е заљубен во мене. Во животов никогаш ништо не сум имала со него, а тој е дечко од соништата за можеби 70% од девојките, не и за мене :doh: Има се што една девојка би посакала кај дечко, изглед, карактер, кариера. Толку добра и чиста душа јас немам видено, а и немам видено некој да чека некого 4 год. покрај тоа што знае дека нема никакви шанси сеуште да мисли дека јас сум идеалната девојка и жена за него :x Можеби сум многу себична, но веќе почнува одбивен да ми станува и избегнувам да контактирам со него, незнам како да го убедам дека неможам и несакам да имам ништо со него ни сега ни никогаш. Нема апсолутно никаква хемија меѓу нас, а за мене е тоа клучен момент.
    Поентата ми е дека кога нешто толку многу сакаме, а гледаме дека не оди, дека нема фид бек позитивен, и упорно се трудиме и одиме со главата во ѕид самите почнуваме да го одбиваме од нас тоа нешто. Don`t do that!
    Упорноста секогаш се исплати и е една од човечките особини што највеќе ги ценам НО со луѓето неможе секогаш така. Пуштете ги луѓето да прават што им е по волја, тоа е подобар начин одколку упорно да се трудите да ги натерате на нешто. ;)
     
    На crazylady, rossonerka, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...сега станувам од спиење и зошто да мијам очи кога можам директно да скокнам во бранови поголеми од мене?
     
  6. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Сакам да кажам...

    СДК успешно подготвен стек :clap:
    со препораките на најубава,секако :*
    си се накркавме со кученцето па сега ќе одмараме,остана уште нешто па кој е за, бујрум :D
     
  7. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето.А како ќе го направам тоа?
    Отсега натаму ќе гледам на сите нешта со љубов и повторно ќе се родам.
    Ќе го сакам сонцето зашто тоа ги топли моите коски, сепак ќе го сакам и
    дождот зашто тој ми ја прочистува душата.
    Ќе ја сакам светлината зашто таа ни го покажува патот, сепак ќе ја сакам и темнината зашто таа ми ги покажува ѕвездите.
    Ќе и посакам добредојде на среќата зашто таа ми ја проширува душата, сепак ќе ја поднесувам и тагата зашто таа ми ја отвара душата.
    Ќе ги прифаќам наградите зашто сум ги заслужил, сепак ќе ги пречекувaм со добредојде и пречките зашто тие се предизвик за мене.
    Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето.А како ќе зборувам? Ќе ги
    фалам своите непријатели и тие ќе ми станат пријатели,ќе ги охрабрувам
    своите пријатели и тие ќе ми станат браќа.Секогаш ќе барам причина да фалам,никогаш нема да барам изговори за озборување. Кога ќе бидам поттикнат да фалам, ќе викам од покривот!

    Тоа сакав да кажам :)

    Извадок од "Најголемиот трговец на светот"
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Има една работа која ептен ме исполнува: купувањето книги!
     
    На Theodora, LivingGlam и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    Бонжур. :wasntme:

    Чудни сме ние луѓево. Во минатото, предците ја користеле храната за да преживеат, ние преживуваме за што повеќе да се налапаме, буквално. За добро утро, добар ден и за добра ноќ - лап лап лап! Никогаш доста од неа, ставаме, ставаме, ставаме, мислиш иде гладна година пред нас, па да складираме резерви. Не се знае дали ќе роди житото годинава, кркај Џони макарони. :D

    Никогаш нема да сфатам како неколку молекули сврзани заедно не тераат да правиме чудни работи. Не знам што ни ставаат во неа, ама сме бетер од некои нарко зависници. Зависност од шеќер и адитиви, дефинитивно. Не можеме со нив, не можеме ни без нив. Дали Третата Светска војна ќе биде околу мафинси, кукиси и кока кола ? Јес, ај тинк соу.

    Не знам како едно нешто како храна може толку да ни го управува животот. О не, не си барам јас никакви изговори или што ти знам што, само забележувам она што е очигледно. Сите мачиме мака за да се откажеме од нешто такво. Модерниот човек станал мнооооогу, многу алчен. Меѓу фрлање и прејадување, одбираме прејадување. Епа, зошто да го фрлиме де, како тоа храна да се фрли. :D

    Лап, лап, лап. :rock:

    Е, пример еден. Јадев такво од Виталиа, тоа со лешник и оревче. Бидејќи е многу тврдо, го кршам. Откако дојадов, гледам рончиња паднале на салфетката. И земам јас, буц, буц, си ги избуцкав и си ги лапнав. Гледам едно нешто црнко, и викам леле, парченце од суво грозјенце. Радости, радости, залутало грозјенце кај што не треба. АХам, ептен грозјенце - МУШИЧЕ! Бог да чува од мене и таквите како мене, којзнае и како сум го смачкала без да го приметам.

    Мојата лакомост ги достигна крајните граници. :puke: ;(
    Ау ревоар. :fubar:

    И пазете од мушичките и бубачињата што личат на чоколатца, суви грозјенца и остала храна. Јебем ти револуцију човека, мушички почнав да јадам. :swear:
     
    На FortuneTeller.xD, zhap4e, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    Брука, брука! :tmi: :tmi:
    Си се шеткам јас денеска низ град и незнам како не видов и се бутнав во еден знак :$ :$ Сите околу ми се изнасмеа :$ :$
     
  11. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што ќе се случеше ако сега во овој момент беше до мене? Ако силно ме прегрнеше и да се стопев во твоите прегратки?Што ќе беше ако сега можев да те бакнам?Да замижам силно и да потонам некаде далеку во фантазијата?Што ќе беше ако можев да кажам те сакам?
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добро познато е дека „убавите работи доаѓаат во мали пакувања“ или најскапите парфеми, а да не ги споменуваме пак најсилните отрови... па така, ако и вие сте далеку од посакуваните 175 сантиметри, нема потреба да се грижите. ;)

    Добро кажано.
     
    На Evellyn, Miss-Independent, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ептен било убаво чувството кога не се замараш со ништо :$
    Криво ми е само што нема да потрае долго...
     
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК го обожавам Џош Хартнет !! Срценце бе каков е да го грабниш и да бегаш :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.016
    Допаѓања:
    81.358
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК - среќна сум!
    Не, не, не, не е тоа уште еден мој испад заради Лоалович, не се секирајте :D
    Добар е он, напредува, ама во моментов е најмалце битен.

    Значи среќна сум - се шатирав, прекрасно испадна, а добив и задоцнет роденденски подарок, замислете, ама ајде оправдано е кога се работи за странска инвестиција :D - надградба за коса на шнолички и ми се поклопува со природната боја на косата - тето, те обожавам! :*
    Епа викендов ќе се профрцкам низ градов со долга коса до половина, па нек пукну душмани! :evil:
    Нека пукне и Лоалович сосе` нив бре, јас ќе си се филмам со новата коса.

    Ќе си пеам цел ден и ноќ, богами.
    Отидов да и` се порадувам на косата, ајт останете ми со здравје! :*
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тргна денот
    ако може да се каже од сабајлечки, барем за мене
    . Избиршав прашина, поминав со правосмукалка, се избањав. И сега ќе си уживам. 8)
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК суров си е животот, само кој колку ќе осети...
     
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Зошто бе :^)
    Што ми е денеска :^)

    Денес сум најнеубаво,најфлегматично,се нај нај грозно!
    Како гом*енце се чувствувам |( психички,физички секако ...т.е. повеќе психички.

    Ај ќе мине,цркам викам на сите освен на тие што треба епа нема ги тие,епа кај се-епа кај се де,епа нема ги ...ќе дојдат кога ќе им дојде јајцето на газенцето ...АААААААААААААА !


    Сакам-кажам не знам речам ...пуу на кој се метнав вака грозно гом*енце денеска :?:

    Не сум убава денеска !
    Психички :!:


    Имајте поубав ден од мојот, :f: (да го засладам со мирис од цветчево постов да не смрди на моите псхички смрдливи гом*енца ) :f: :f: :f: :f:
     
  20. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК

    на сите не им е во ред Фејсбукот, ама кај мене си се отвара без проблем. Пу пу да не го урочам (кокошките да го серат :lol: )
    Ми се допаѓаше новиот чет, ама ме нервираше што ги покажува сите, па затоа пробав да го вратам стариот и...УСПЕА! :clap: за мене.

    _______________________________________________________________________________________________

    Мали Луѓе и Големи Човечиња

    Кога бев мала разбрав дека линијата што ги дели небото и земјата се вика хоризонт,
    но не знаев зошто го прави тоа .. си ветив дека кога ќе пораснам ќе го прашам.
    И еден од оние денови кога на покривот спремав говор со хоризонтот,
    на небото се појави шарена маѓична порта и си помислив тоа е тоа, најкраткиот пат до линијата меѓу земјата и небото .. Се викала виножито и знаев дека ќе ја поминам, само што никој друг не знаеше, а јас чекав да пораснам голема за да ја стигнам .
    Денес, кога се будам, сеуште не сум доволно голема за да ја видам разликата помеѓу дете и човек.
    А знам дека будење се вика моментот што ги дели сонот и реалноста, но не ми е јасно зошто го прави тоа кога секој ден луѓето стануваат и прават ко што треба, одат кај што мораат и цело време сакаат тоа што не можат .. убедувајќи се дека тоа е патот до сонот, за на крај да си легнат и да сонуваат вистински!!
    Ако имааш големи соништа – ти си голем човек. Ако си мал човек – ти не сонуваш, ти правиш ко што треба или како ќе ти кажат..
    .. а помеѓу мали луѓе и деца има разлика, децата можат да имаат големи соништа ..
    границата меѓу нив е таму кај што престануваат да прават ко што им кажуваат
    за да почнат да прават како што треба!
    .. а кога треба, понекогаш не мора да се сака и се почесто така растат децата во мали луѓе,
    а малите луѓе кажуваат дека не сонувале …
    Автор на “ Мали Луѓе и Големи Човечиња“: Биљана Талевска
    превземено од: http://ilike.mk/

    Го прочитав текстот и премногу ми се допадна, морав да го споделам. :!: доста интересен.

    The End.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.