Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    kafe-muabeti/sakam-da-prasam-t1298/26960.html Таму прашуваме :)

    Овде кажуваме ... ;)
     
  2. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    ааа СДК сега штотуку видов една феминка што ј знам од порано(не кажувам која е) :P
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    значи со некои луге треба да зборуваш на нивни јазик, и да им показеш заби за да те разберат ]:) :geek:
    убаво, убаво
    нервозата носи и позитивни нешта :D
    морам да признаам дека ова беше изненадување и за мене :lol: :rofl:
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    Вчера вечерта една од полошите во животот, а по полноќ муабетот на телефон можеби беше и најлошиот досега, толку многу зборови предизвикани од нервоза, гнев, толку невистинити работи беа кажани од двете страни на телефонот што сум запрепастена денес кога се е во ред околу тоа и се чудам како сум можела да потпаднам толку во афект.

    Денес, нешто подобро ми е на душа, но не и на организмов. До кога по болници, е аман бе до кога више. Сега барем ми е подобро. И зошто по ѓаволите вените толку многу ми се движат, па не мора сите лаборанти да се чудат, па за една епрувета крв по не знам колку боцкања си трпам уште од малечка, и модри црвени, темнозелени и виолетови раце. Добро е, барем се заврши, среќна сум заради тоа и се надевам нема да ми се влоши здравственава состојба зошто веќе немам сила.
    А и згора на се, па и левово уво почна да ме боли па ставав Отол, супер само тоа го чекав! Абе дома сум аптека, нема што неам, а мајка ми па од вакви и секакви останати здравствени маки и фармацевт и лекар ми е дома, од се се разбира алал да и е, џабе идам на лекар коа истото ми го кажува и само ме препраќа, оди ваму, таму, онаму, ама добро лекар си е лекар, со тапија и полесно ми е кога ми потврдува.
    Многу полесно на душа ми паѓа лекар кога ќе ми рече дека сум подобро, психички ми помага, ми се чудат, ама ако ми е убаво подобро ќе си се осигурам.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека никогаш не сум се плашела од ништо во животот. Само сум се разочарувала. И редно време е да ми се остварат плановите.
    Верувам во себе :)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека преку глава ми е од женски „карактери“ штанцани по еден ист, досаден шаблон. Не, не си силна ако пишуваш рандом цитати од Мерилин факинг Монро (впрочем, ептен ми е чудно како некој толку лесно може да се „инспирира“ од толку очигледни глупости), и не, не ти е животот сцена од He's not that into you. Ме фрапира леснотијата со која се тешите за мизерниот љубовен живот, за социјалните дисфункции и за миљонте комплекси во пакет со као демек bitchy карактер кој одамна пројде од мода.

    Каде бе со тие филмови, шпански серии и харикири претстави, крокодилски солзи и драми? Толку не можете да сте јебано нормални како и сите други, да прифатите што сте и кои сте и каде живеете, да се погледнете во огледало и да си фукнете еден убав, сочен шамар затоа што не и дозволувате на реалноста да го направи тоа за вас? А доволно иронично, се криете позади здолништето и прслукот зошто премногу е мачно да се облечат панталоните и да се заврши работата, бидејќи е валкана и гнасна и бара труд и кратки нокти. За да дојде „принцот“ да ве спаси треба да види дека не сте минорно, лигаво створење желно за пажња по секоја цена, да види дека нешто вреди позади сите иссилени западњачки идеологии и лажни перцепции на сопствените можности.

    Уа за розевите очила, ура за диоптер плус шеснаеска, да видите во какви гомна живеете и да се справите со тоа.
     
    На mysterious, LilBaby, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.057
    Сакам да кажам...

    А да се напиеш витамин Ц и едно кафе ... или Б6 витаминче
     
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека I'm back.

    Нема полош пречек дома од умрена бубашваба баш пред твојот кревет во 1 часот по полноќ. Па и како зачинче на тоа, да биде полошо - почнале да ја јадат мравките, да ја распарчуваат, што значи не е тазе умрена. |( Пред да тргнеме за Албанија, истиот ден викнавме човек да ја напрска целата куќа со Анти-Бубашвабска течност, и за тие 11 дена додека не сме дома, тие да изумрат... па кај најде да умре пред мојот кревет, за инает - мајчино...
    Ама најважно си заспав само што легнав на креветот, со цврст сон како камен - абе мојот кревет ми е најубав и најмил, макар и со милион бубашваби да е исполнет. :!:

    However, многу убаво ме испрати небото синоќа. Зајдисонце...
    Си лежам во кола, враќајќи се накај Македонија, а небото прекрасно, како да сака убаво да ме испрати до дома. Тоа беше чисто, мазно, без ниедно облаче, а последните зраци го правеа како платно со хоризонтални линии, боите се прелеваат: бебешко сино - светло пурпурно - розево - бебешко сино - потемно сино, иако најмногу преовладуваше пурпурната боја. Изгледаше толку блиску, како да ми стои до прозоророт на колата, како заедно да се движи со ист ритам, трчка покрај мене, па ми доаѓаше да ги испружам рацете и да го протријам меѓу три прста како мазна пурпурна свила, впивајќи ја цела нејзина топлина и мекост.

    Многу бев инспирирана последниве две недели, најверојатно беше до морето и сонцето, до атмосферата. Во секој момент ми доаѓаа убави мисли и реченици, така си отскокнуваа ненадејно, па дури некогаш немав можност да ги забележам, да ги чкртнам во тевтерчето за да не ми избледат. Се изнервирав, не! - повеќе се разочарав кога една вечер додека си лежев и си размислував, обидувајќи се да заспијам, ми дојде една многу убава мисла, многу убави реченици, и си реков: Овојпат не го запишувам, ќе го запамтам и утре кога ќе се разбудам уште ќе се сеќавам на тоа па ќе го запишам. И утрото главата празна, како ветре да дувнало и сите мисли да ми ги одвеало. Ветрушка сум - од чиста мрза. :|
     
    На Smilly и crazylady им се допаѓа ова.
  9. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    И толку да си заљубен не бива!
     
  10. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Сакам да кажам...

    СДК дека сега пред 6-7мин од прилика ми се случи нешто чудно :|.Таман го одлогирав мојот профил од Фемина,и оп гледам дека пишува дека сум најавена со ник Сењорита-в се изначудив... :^) .И пробав да проверам од кај тој профил на мојот компјутер,пробав да влезам во профилот и ми излезе она најавното да внесам корисничко име и лозинка...
     
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Најверојатно другарка ти е таа, па некогаш се најавила од кај тебе без да знаеш и сега автоматски го дава тоа корисничко име, самиот пребарувач. :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Сакам да кажам...

    Зошто јас секогаш имам што да кажам? :$ Зашто јас секогаш се замарам а на други ама ич не ги е гајле? Епа нече моќи!Сега јово на ново.. јас ќе си се праам на три ипол како себичњациве околу мене..јас со убаво епа кога не бива еве ви сега! :devil: :rock:
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Marama прекрасна насмевка имаш :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк денес денот ми е топ ...

    ахммм како да НЕ !

    Денес ни кафетин менструал не ми помогна и цел ден се стационирав на креветот во дневна и се полнев со благо,благооооо и пак благо!
    Ќе си пукнам !
    Тешко е да си женско,тешкооо :doh:
     
  15. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека никој не е вреден за да се нервирам. Никој не е вреден да леам солзи за него.
    Н И К О Ј
     
    На MandyLane, TheCandy880 и crazylady им се допаѓа ова.
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК
    Светов ќе беше совршен, ако сите си ја гледавме својата работа.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Стварно не можам да ја сфатам поентата на онаа емисијана „Прељубници“, не можам да ги сфатам водителите, напернати говеда што глумат загриженост за туѓите проблеми и нудат „разумни“ решенија за истите, второ не можам да разберам со кој памет се пријавуваат луѓето, зарем не се свесни дека после тоа цел град ќе ги збори и покажува со прст, луѓето пукаат ненормално сеир. Какви работи бог да чува и да брани, оваа трудна, па и оваа трудна од истиот, а тој па кога го видов еден дебељуцо тромав, стомакот како да му го дувале со цевка. Ми свират на живциве, веќе не ни ги гледам, :puke:

    Како и да е, јас си се средив, си направив пунџа, се истуширав, ставив од омиленото млеко за тело и сега очекувам повик, а со повикот и некаква понуда за вечер. Ќе биде се океј, а може и подобро од тоа.

    Ајт.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    Ммм чуството кога уживаш во храната која сам си ја приготвил... :mm: :pizza:
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    7 попладне, со вкус на портокал. Голи нозе, помалце валкани, а нетолку концетрирано забележливи колку мирисот на носени алишта и изгорена кожа.
    Лето како старост вето, живот како туѓо, а не твое гајле. И знаеш дека секогаш има кој да ти го бере тоа гајле. Јас не се грижам за својот живот, колку оние родените за тоа.
    Гледаш надалеку, а што подалеку од едно сино небо кое знаеш дека еднаш ќе го стигнеш, но едноставно ти се чека.
    Тоа што мислиш дека е тешко дофатливо, не ни пробуваш да го дофатиш. Чекаш да дојде само или се откажуваш трајно.
    Ја пробуваш по којзнае кој пат облеката на мама, сакаш да ја имаш нејзината сила, став и способност, а едноставно во секој момент знаеш дека од неа научи што се не треба да бидеш. Лојалност, љубов, понизност, трпение... ех мамо, како тебе секогаш, и како тебе никогаш.

    Зборуваш, раскажуваш, мудруваш и се соживуваш, за на крај да сфатиш дека најголем од сите твои гревови кои во моментов треба да бидат сокриени од помалите вошкосани братучетки, е дека палиш по некоја цигара. :^) :fubar:
     
    На LivingGlam, crazylady и SexyLady им се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам преку глава mi e од мајстори. |( Уште еднаш ако збрчи нешто ќе се пореметам. :devil:

    И сакам да кажам, најлошо чувство е некој да ти недостига. А тој некој е толку далеку. :doh:
    A уште полошо чувство е кога беснееш од досада, и те фаќаат хистерии за безвезе ... Глупости.
    Од мака ќе одам сладолед да си јадам. 8)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.