Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не си сама, и јас понекогаш се чудам како може да сум таква :)
    Е сега не знам ти каква си :)
    Ама тие кои се околу мене ми велат дефинитивно ова не си ти, луда си :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Си ја дупнав главата вчера.
    Озбилно.Имам дупка.
    Фино лепо таааап од прозор.У сред кафич.
    :D
    Ми кажаа вчера да не се бањам,тек денес,a косата лом нели.Ко од хорор филм искочена.
    И ми беше страв да се бањам сама,да не ми влегла вода во дупката,па мајка ми ме бањаше.
    Леле траги-комична сум.
    :D :D :D
    Мислааам,секако дека знам дека не е можно такво нешто да се случи,ама ете шубе ми беше бе! :lol:
    Слааабо од босанскава глава,слабо... ]:)
    :rofl:
     
    На Cynthia и kankus им се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Никаква, лоша, подобро да не знаеш :lol: Ама изгледа сите си имаме такви моменти понекогаш... се надевам :wasntme:

    СДК не сакам да заврши летово. Јас сум летен човек :!:
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Па ние на иста бранова должина сме биле :lol: И јас сум летен човек :) А нив ги плаши моето ќе ви побегнам пак на море :wasntme:
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    22.957
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК браво за Новак! Ми го прави кеифот скеогаш кога го гледам, голем фан сум!
    И еве јавно и благодарам на 1209 за позајмената книга, уште вечерва ќе почнам да ја читам :)
    И трето што СДК е дека утре конечно одам на заболекар да ми го извадат забот за кој годинаипол дена собирам храброст! И пак се плашам! Не од болка, нема да ја има, туку од несакани компликации! Пуштете ми среќа утре од сабајле, ќе ми треба!
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Ми се мрчи.. ама ќе си мрчам во себе :) .
    Добра ноќ.
     
    На marama, caroline.costa, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК овие на сликиве за забава и каде вечер се погледнале ли уопште пред да излезат од дома на што личат :^) А да, потоа провинцијалките биле кичерај и незнам какви |( Одвратно...
    СДК2 денес додека чекав автобус еден Албанец ноншалантно ми го покажа средниот прст од неговата рака, колку цивилизирано, веројатно поради многу јаката причина - што ме гледаш. Уште фалеше да слегне од автобусот и да ми рече - Ај се мааме |( Простотилак.
     
    На Strumfeta93 и Magnolija им се допаѓа ова.
  8. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека помина уште еден ден, досаден како и вообичаено. Не ни се погодува и нам...кога сме зафатени со едукации се жалиме, кога сме многу слободни, пак се жалиме. Во сред ноќ тешко да „долета“ нешто што ќе ме расположи, така да најдобро би било да одам да си легнам. Лека ноќ на сите! Сонувајте си ги вашите сакани!
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк и кога те растажува, и кога те насмејува, и кога те расплакува и разочарува, дури и тогаш ...Која сум ЈАС? Кој си ТИ? Кои сме НИЕ, па да судиме...?
     
    На Strumfeta93, teddybear, De-lovely и 3 други им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк еххх да можам да се разделам на две :(
    Едната половина кај тато -едната половина кон мама ...ехх да можам
    ;( ;(

    Огромни солзи пагаат по лицето мое моменталноо,немам сила ;( помислувам веке на најлошото :x
    Ми се иде да го издишам последниот воздух во мене и доста ми беше ...доста :x
    ;( ;( ;(
    немам сили повеке ...не можам да се пронајдам самата себе се губам поради ситуацијава...не можам
    немам сили пишувам и се тресам целата треперам.
    сакам топла родителска прегратка од двајцата а не само...остави не,ова е готово !
    Ги мразам тие зборови мразам крај мразам мразам мразам..
    ;( Немам повеке сили,немам!
    ААААААААААААААААААА!!!
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кога сум во школо, со душа чекам викенд! А кога сум на распуст, не сакам. Нема ништо на тв. :?: :tmi:
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.792
    Сакам да кажам...

    Сдк гледам Сексуална азбука на мртв! :wasntme: Вики Среброва,Маја Вукичевиќ и Оливера Ѓорговска! :inlove: Вистинските!И вистински завршеток на една недела! :D
    Барса тепаше,јас ќе се офајдам!Стопанот...ах мојот стопан...прекрасен стопан.
    Утре стартуваме тактички и опасно.Не се јаде по троварници,бљуварници,џанк фудови,ѓевречарници и слични глупости. Рано наутро ко секоја добра птица,да не речам кокошка,ќе си поколвам некоја житарица уз млеко и тек дома,после 8 часа,нешто варено,количински еве колку тупаницава.
    Простете денес што се користам со прости изрази за обични работи,а не ги опевам со убави зборови,толку едноставните нешта на животот и постоењето.Едноставно не ми се сака! Само ми се сакаат моите прекрасни луѓе.
    И имам нови на фб кои ги ставам на хајд.Прееска ги забележав,одење и враќање на одмор го обележуваат со статус,евентуално со песната бамос а ла плаја...ах!Хајд! Зошто сум толку добар френд и никогаш не пишувам статуси,ниту се трудам да дебатирам зошто ми се млати празна слама и сум огорчена кучка со сериозен мајнд фак!Имам една таква,жена со сериозна фалинка (со потпис и печат од соодветен орган де),се заљуби,се среди,сега раскина,пак е низ истите срања...у превод,љубовта ги средува сите проблеми,дури и оние на лудите луѓе,во превод,заљубете се во...нешто или за промена во животот.Доста тровате наоколу глупи тролови! И после пиво да пијам со вас!Е нејќум!

    И конечно,ме фаќа тага по летово кое ете,малце,по малце,секој ден си заоѓа,а се забележува по должината на денот и протокаловите тонови на светлината кој го достигнуваат својот максимум.Убавото тркалезно сонце,потемнетиот,веќе подобледен тен,осветлената коса и тро подосвежените луѓе се само хинт дека си оди.На почетокот сите се напнати,а тогаш е пак најубаво.Летенце...убаво летенце.Поседи си...И жетвата оддамна заврши,сега е ред на светулките.Метеорски дождови до крај на август и негово отсуство кое многу се чувствува.Ова лето е многу поразлично од било кое друго претходно.
    Имавме навика да одиме на Водно и да седиме по цела ноќ за да видиме по некој метеор...а почесто и тоневме во ситните часови на августските,топли,загушливи ноќи,јадевме сладолед на железничка и чекавме дожд,често и си ги носев штиклите во рака до дома...а сега,изгледа пораснавме и двајцата...
     
    На zhap4e, Strumfeta93, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Збунета сум. Иронично е све ова.
    Ауф бе .... мораше да видам ова ? Ми е тешко сега, а ни сама не знам зошто. Уште ми е таму паметот. Нема спас за мене.. :(
     
  14. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Сакам да кажам...

    *сдк *Верував-но научив дека не секој ја заслужува мојата доверба.
    Бев искрена-но не секој знаеше да го види тоа.
    Почитував-но малку се оние кои заслужуваа да ја имаат мојата почит.
    Грешев-но моите грешки не беа како на оние кои ми забодеа нож во грбот.
    Сакав-но научив дека не е секој достоен за мојата љубов.
    Простив на сите оние кои ме повредија,но се надевам дека ќе можат да си простат самите себе. :) :) :)
     
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Сдк денес сум ептен во некое чудно расположение. Уста не затворив цел ден, само нешто кажувам и филозофирам, ако убаво ми е да не си чувам во себе се. :geek: :)
    А и да, налетав на песнава која отпрвин не ми се свиѓаше , но внимателно го прочитав текстот и се скроз се пронајдов :)
    http://www.youtube.com/watch?v=SuiYuPjDDGk
    на на на на на види шо си убава,
    е де де де не не не профи си нашминкана
    ма идам ја пред зграда у тренерка
    да дремам на бетон и да не му ја мислам
    јас сум на чисто со себе, ти можеш свашта да кажеш до утре да лаеш
    но јас, јас не живеам за другите, не не,јас не живеам за другите
     
  16. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Сакам да кажам...

    Ме боли главата и сега ќе станам од пред компјутер и ќе си легнам ако не стварно ќе ми експлодираат мисливе :@
     
  17. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    Ми се допаѓа форумот и неговата концепција како женски форум.Тоа што ме нервира понекогаш е кога ќе видам дека некој (залутан) маж се зачленува,ајде не дека е забрането,нема врска тоа,ама од 20 мислења 18 ќе му бидат во секс. |( Се лечат ли фрустрации,досада ли е,или што е?

    Ај да не мрчам само,сдк-утре ќе одам во библиотека и ќе си ја земам Крпен живот,и ќе ја читам пак.Вчера додека бев во дискотеката од нигде никаде ми текна на Доста Рожденката :lol: се сетив на прекрасното дело,ми се испреплете со мирисот на книгите од средно и времето кога мислев дека цел свет ми е на глава,а всушност и поголем проблем од двојката по математика не ни имав.
     
  18. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Сакам да кажам...

    [/quote]

    Е ако е за така шо бараат и жени во категорија секс, и тие лечат фрустрации?
     
  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    Не,форумот е наменет за жени,и темите и во секс се од жени, и 99 проценти од членовите се жени така да,не можат да лечат фрустрации на свои теми и муабети...Значи не мислев на сите,има машки кои редовно пишуваат на форумот како што забележав но не им се сите мислења во секс.Напротив,коментираат и пишуваат во секакви теми па дури стекнуваат и пријателства овде.
    Ама има и доста такви кои се зачленуваат и единствената категорија која ја читаат и коментират е секс.
     
  20. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Сакам да кажам...

    Можат, можат некои не сите повеќето се ОК а и повеќето мажи се ОК јас од ко почнав да читам не видов некој што не се понаша соодветно
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.