Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    како ми се слоши, нагло. :worried: Мислев во секој момент ќе се онесвестам, почнав и да се гушам :x Стомакот ме фркна, готова бев да повратам, а до прееска ми беше се супер :?: Мајка ми вика може ми е од уроци бидејќи доста лесно ме фаќаат. Уффф сега се подсмирив малку ама уште ми е лошо и ми горат ушите. :worried:
    Арно ми рече баба ми викај си у себе
    Кој урочи к*р во очи, пи*ка на чело! :devil:
    Ајде нека се врати мајка ми од продавница па да правам колачиња :)
     
  2. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Сакам да кажам...

    Кога човек е вљубен,секогаш почнува така што се лаже самиот себе,а завршува лажејќи ги другите.
    Тоа светот го вика романтика... :inlove:
     
  3. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сакам да кажам...

    Сдк конечно и јас зелено цветче да добијам :)
     
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сакам да кажам...

    Ова..па..?А да! Сдк..
    шаркам овде,тупкам со ногата,и се мислам што би била најдобрата одмазда?!
    Па,како да ви кажам..Сте биле вие некогаш извисени? :^)
    Да почнам од почеток.
    Бешe тоа,па да овој викенд,сабота.
    Колку време седев пред плакар,али тоа е небитно нели!!
    И кога конечно го навлеков она фустанче,и омилените потпетици,погодете што следуваше потоа??
    -еден покрет кај огледалото,и онаа задоволителна насмевка!

    Си се меркав во тоа огледалоно,со поглед од кој многу лесно ќе можеше да прочиташ:aх зар можеше да биде подобро? :wasntme:
    И додека изигравав модел пред мајка ми и нејзината пријателка,чекав само еден повик,и време бешe за провод :dance:
    Си се врткав така,си потскокнував по терасана,и добив само едно
    -извини вака ама ние не излегуваме!
    Ја претпоставувате мојата реакција,нели?
    - :o Што? Како? Ама зошто ?

    Па не ми остануваше ништо друго освен да го заменам фустанчето со пижамките.И секако во вакви моменти секогаш е благото најдобар избор.
    Трагите од моите црвени усни завршија на чоколатцето,а можеби требаше на друго место? :wasntme:
    Којзнае.
    Сепак не беше лош мирисот на чоколадото зачинет со 101 далматинец по 101 пат.
    Па,тоа е тоа.
     
    На HoneyBun, teddybear, Miss-Independent и 2 други им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Сакам да кажам...

    СДК ... што и да правите овие летни денови, посебно вечери и ноќи правете го тоа полека и со сето свое битие, само така нештата се послатки ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=1xSLpoQdRrU
     
    На mims-89, crazylady, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК: Hello, hey Jo, you wanna give it a go? ;) :*
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да кажам...

    Oва душето кога ќе истресе нешто ме смее, ме умира :D :*
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека (понекогаш :$ ) се’ си сфаќам буквално. :worried: :D
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сакам да кажам...

    Оу-мај-Гад фрлете поглед низ прозорот, да видите колку е прекрасна Месечината.
    Relationship: A fall in love with Full Moon :l:

    Гледам има доста форумџики што тек сега тргаат на одмор, некои се вратиле.. Убаво да си поминат тие што ке одат, да ни дојдат поцрнети и со многу спомени и нова ‘летна‘ љубов.

    Тие што се запишуваат утре на факултет нека им е со среќа.
    Ке фрлам сабајле вода за вас :D

    И да, сакав да мавнам една опомена и апел до сите вас, да не чекате да до‘е први септември, ке го барате летото и вака распуштените денови, без обврски, учење, нервози, ама ке нема.. Затоа не ги поминувајте деновиве во досада, искористете максимум.

    Ете така, јас се искажав, сега одам да се пицнам и право у провод.
    :smoke:
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Заблуда, тој број го означува сонцето, а не ѓаволот :)

    СДК она што цел час не може, една секунда може :D
     
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК ееееееееееј љубов ме гризе :$ :inlove:
     
    На Trendafilka и Bright им се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Сакам некој да ме лупне по главава веке дупната,смотана!
    Оу гад,баш си гад кога не си ме створил за ништо!
    Како можев да опружам на сред маало?Какооо?
    :D :D :D
    Леле колку сум неспретна...Леле!
    Барем малечкине дечиња си се изнасмеаа слатко.А и оние големине "деца" сигурно,одкако влегов во влез секако. :D
     
  13. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека им посакувам мноогу среќа на сегашните матуранти, т.е. идните студенти утре на уписи и да си се запишат каде сакаат.
     
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека многу ми се јаде ама нема што :@
     
  15. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    Мене не ми е јасно. Или јас сум бавна,или надвор врне снег.

    Шо е со девојкиве? И тука,и насекаде? Зошто таа потреба да глумете ладни,нешто биЧес стил,а у... Шо добивате? Седмица на лото? :headbang:

    Хелоу,еарт ис колинг ју. Ќе се правеме ладни демек он тоа го сака бе,бла бла бла.. :puke:

    Зошто мора се да чекаме на него,на тој.. Ами,ако сакате нешто да се оствари,конците у свои раце и сплетете го како што вие сакате. Ако имате 17,18,19,20,21 година,однесувајте се така. А не,ќе си играме уште топло ладно.
    Е да бе,топло ладно. Досадна е таа,дај ваму пет камења.


    Мислам,јас стварно не можам да ги разберам тие девојки. А има суфицит на истите насекаде околу мене.
    Пример,едно мое кукле помалетко две годинки што многу си го сакам. И сега сака да му се извини на бившиот од пред една година шо му згреши нешто. Ок,нека се извини,ферско играње. И сеа она чека он тоа да го забележи. :fubar:

    Како бре ќе го забележи,не ќе ти влезе у глава?! Па не знае тој што мисли,башка и да бидеме искрени,или јас сум налетувала се на такви,но мислам дека ретки се машките што знаат и умеат да читаат меѓу редови.
    Абе оди му,отворено кажи му сакам да правам муабет.
    Или ми се свиѓаш. Или сакаш да се простиш со него. Зошто мора на него да се чека? Од кај знаиш,може тој не сака да се прости со тебе.

    Но никогаш нема да дознаеме ако не се обидеме први.


    Едно големо ДА за девојката што прва му пристапи на момчето! :clap: :D


    П.С. Овоа ми е најверојатно од нонстопското гледање на двојки околу мене,читање тука какви се проблеми ние жените сами си правиме. Е така е. Не можеме да се помириме со тоа дека е убаво. Оти тогаш не е реално. И ќе направиме нешто да стрчи. И се така.

    Така не одиме никаде. А дали и таму.
     
    На HoneyBun, teddybear, EleMental и 2 други им се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам, уствари да си поставам едно реторичко прашање ...
    Дали би било злобно ако посакам сите злобни луѓе од мојот живот да ги снема?
    Злобно е и злобна сум ама нека исчезнат ... зошто да комуницираме ако не си мислиме добро едни на други ... Оф муки оф.
    Друго, на цел ден нервози, ќе ги облечеш првите чисти перени панталони што ќе ги најдеш и обична рамбовка, излезена од бањање косата ќе ја врзеш во недоврзана полураспуштена пунџа, трчаш по улица да не ти избега автобусот, не знаеш кај ти е главата, потскокнуваш и проверуваш дали секоја проклета потребна ситница си ја ставила во ташната, додека ја дозакопчуваш едната римјанка пошто зашто дома не си немал време, па ко за беља ти ѕвони мобилниот и мора мајка ти да ти подосаѓа, и суште врзувајќи ја римјанката ти испаѓа слободната од ташна, додека го држиш телефонот без раце, се наведнуваш по слободната и додека да трепнеш сфаќаш дека си ја посеал цела ташна по земја, собираш набрзина пред да те види некој, и ко за беља ќе наиде џип поголем од авион и мораш да убрзаш па да се пикнеш во грмушки пред да те собере ... на крај застануваш и си викаш у пи*ку матер, се смируваш, ја бришеш пудрата што ти тече по слепоочниците од жештина, го допиваш шишето со вода и продолжуваш демек стабилизирана, и секој можен познат човек кој и кога би се договарале не би сакал да го видиш, е тогаш ќе го видиш... ај си викаш ќе пројде, нема да стигнат до мене муабетите што ќе ги рашират, пошто нели ти ем мокра, ем бушава ем трчаш како да нема утре ... се качуваш во автобус и само што седнуваш те станува една баба, а мораш да станеш иако ти доаѓа да ја задавиш зашто ти е комшика и после како прее*ана стигаш кај што треба да се сретнеш со кој што треба да се сретнеш и чекаш и чекаш, кога таа да ти е тотално разочарување и сфаќаш дека ништо од бизнисот и џабе вложени пари ем труд а да не спомнам и пат ... ај си викаш денов малкуцка троа лош беше и ќе видиш дека немаш батерија на двата проклети телефони а треба да се видиш со дечко ти што го немаш видено една недела, а тој ѕвонел и ѕвонел ... и после си нашол друга работа нели нема тебе да те чека, си има и друштво во животот ... и си викаш ајде океј ... попосле ќе се видиме, се симнуваш од бус мртва гладна купуваш кифла со шунка и кашкавал ама изгледа продавачката не сакала да ми каже дека нема таква и гризнуваш среќна и осеќаш печурки па почнуваш да плукаш и кифлата оди во канта, сеуте гладна и мртва уморна влегуваш дома готова да се расплачеш и на уште една препирка да почнеш да хистеришаш и да урлаш, и брат ти ти се качува на ушка, а татко ти ти поставува толку глупаво детско прашање од типот каде е уезбето без опаковка ... и почнуваш да се смееш сфаќајки дека ги сакаш и премногу и дека ништо не беше доволно вредно за на нив да ја истуриш нервозата... ги гушкаш ... се миеш ... бришеш шминка и се тураш во пижами и на фемина си ги кажуваш маките додека се надеваш дека тој ќе ти се јави зашто страшно ти треба да го гушнеш и стиснеш а не би да му го кажам тоа зашто ќе треба да го оттргнам од таму каде што е. До толку злобна не сум.

    А ти си човек што никогаш не касни, па и по цена со искршена нога да стигнам на време има да стигнам па што сака нека е ... и така сте си испланирале се до ситница ама... што дека ќе излезам на време кога некои кокони кои би ми денсале на погребот кога ќе ме видат се прават божем кој знае колку се сакаме, па да си испаднат и фраерки пред другите со кои што се движат заедно врескаат од љубов и среќа за мене, па гушкања, па уште и срцки сме пази богати ... и ете ти ... ден еднаков на срање.

    А како капак на се, имате и забиен нож во грб. Не е дека сте светица, далеку од тоа, ама боли кога некој кон кој секогаш сте биле фер ем коректни, за кој вие сте правеле жртви за тој некој да е среќен, сте го нарекувале пријател, за од една каша да си го извади газот ќе ве намести вас ... Е моја мечко, пак не си го слушај татко ти. Во право е човекот кога ми вика будала си ќерко, голема будала. Будала сум знам.

    Одмор ми треба, одмор ... сама барем три дена во некоја колиба уџум од овде, во планина на воздух ...

    И на крај вака, препрочитувајќи си го постов, ќе си кажам искрено си се насмеав ... Тоа ти е, будала, можам да плачам и да се смеам во исто време.

    и сега ќе се натепам од макароните што ми ги вари мама со топено сирење. За инает на продавачката. И ќе бидам среќна ем со полно меше, уште тој ми фали и се ќе биде средено ...

    Ако случајно не успеавте да донесете сами заклучок од долгиов ем фин пост, Марфи е педер, тежок педер, ем злобен, и го мразам ... А ги мразам и ваквите скапани денови .... кога сум толку clumsy. Не е до мене ... баксузот ме сака, или Марфи ме сака, или никој не ме сака ... едно ќе да е, точно кое не знам да ви кажам ...

    Јас ојдов, а вие останете ми со здравје.
     
    На De-lovely, HoneyBun, mysterious и 5 други им се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК утре ќе флертувам со него. Сакам да направам пак да биде како на почетокот, но ако не ми успее уште овој пат ставам крај. Сфаќам дека после неколку години врските се тапа, се прави се едно исто, ги навладува монотонија, но јас не го сакам тоа.
    Му предложив да одиме на базен, а тој се налути, не сме се виделе месец дена, јас сум сакала на базен. Е не, сакам 72 часа во кревет да ги поминам! Ми се прави нешто, со него, па веќе и без него. Збеснувам, ме убива оваа ситуација.
    Па и кога ќе ги видам момциве низ градов, бре какви се, како да не флертуваш. А си велам- Марамо имаш дечко. Па по некое време ќе ми текне дека и не сме пар, нели тоа ми го предложи заедно сме, а не сме заедно. А јас ко будала последна на светов го чекам да дојде на ден, два. Има човекот работа, имам и јас, па пак наоѓам време за него.
    Го сакам? Не знам ни јас. Им благодарам на оние кои ми го поставуваат ова прашање , затоа што ме освестуваат што ми се случува.
     
    На Adi888, n.a.t.t.y, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Марама ние во БТ викаме терај си по ќеф млада си пред тебе е животот... забавувај се до максимум и флертувај, а дечкото е како навика исто како домашните скоро секој ден ги гледаш и си навикнат на нив се караш со нив плачеш ако му се случи ниешто.... затоа терај ќеф :D :D :D :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Сакам да кажам...

    СДК дека дефинитивно на мојот компјутер(или на интернетот) му треба стручна психијатриска помош бе :envy: .Или пак мене очиве ми откажуваат...Штом се логирав на Фемина оп гледам друга профил слика со црна птица(или некое животинче) на сина позадина и пишуваше ловер(ама на латинично).Вториот пат исто со латинични букви лов.едвард...самтинг смелс фиши
     
  20. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека се разболев  :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.